Кон Почетна страница


Експериментална психологија.

Избор на атрактивни состојби.

 

 

Дел 06 - "Стратегија на ефективна практика"

 

 

Глава 06-01: Стратегија на ефективна практика.

 

Содржина:

06-01-01) Ефективна практикатоа е практика на мали неповратни промени.

06-01-02) Позиција на “ловец и натуралист”.

06-01-03) Истражување.

06-01-04) Шема на змеј, линии, ливчиња и пупки.

06-01-05) Ограничувачи и чувари.

06-01-06) Позиции и состојби.

06-01-07) Промена на личностите. Приврзаност кон луѓето.

06-01-08) Социјални експерименти.

06-01-09) Описи и фиксирањa. Формални практики.

06-01-10) Сталкинг и аскетизам.

06-01-11) Слобода од доцртувања и изместувања.

06-01-12) Траектории.

06-01-13) Дополнителен параграф - список на практики кои не беа вклучени во претходните.

 

 

06-01-01) Ефективна практикатоа е практика на мали неповратни промени. Вистинската промоција започнува тогаш кога престанува спазматичната желба за епохални достигања, и кога ќе почнеш да правиш мали, но конкретни чекори, менувајќи ги навиките едни по други, доживувањето по доживување. Секој чекор ги има следниве карактеристики:

1) Постои комплетна, сто процентна јасност - што точно сакаш да направиш.

2) Тој е незначителен, така што нема (или скоро нема) сомневање дека ќе можеш да го сториш тоа.

3) Има радосна желба да го направиш тој чекор. Не е мотивирана од ЧСВ бидејќи ЧСВ не можат да бидат задоволни со таква "незначителна" храна, како што е малиот чекор.

4) После постигнувањето на резултат доаѓа до триумф, зголемување на исчекувањето и очекувањето, упорноста и одлучноста.

5) Често се појавува нова јасност, може да манифестираат нови ПрД.

Доволно е само да се стекне искуство во практиката на правење на мали чекори, како амбициозните, но бесплодните соништа за големите достигнувања слабеат, додека исчекувањето, очекувањето, ентузијазмот, издржливоста и решителноста се интензивират.

Луѓе кои се длабоко навлезени во огорченоста, и кои само сакаат да изгледаат како просветени, ги занемаруваат малите резултати, се однесуваат кон нив со надменост, саркастичност. На прашањето за резултатите од нивната практика таквите луѓе одговораат (чувствуваат во тој момент иритација), велејќи дека само мачките брзо раѓаат, а практиката води до резултати многу, многу долго време. Ако кажеш дека си научила како совршено да ја отстраниш иритацијата од погрешно притиснатото копче на твојот компјутер, како одговор слушаш дека тоа не е никаков резултат, дека тоа е глупост дека тој има сосема различни планови, дека не е заинтересиран за такви детали, дека се стреми кон целосно просветување. Колку повеќе човекот е неискрен, лукав и се држи до огорченоста, толку помалку вредност ќе им дава на конкретните мали чекори.

Резонантната слика: конец кој го повлекуваш од широката ткаенинат. Повлекуваш на едно место, а поретка станува целата ткаенина, секаде постои областа на поголема слобода. Кога правиш мал неповратен чекор, приметуваш дека тоа влијае на другите аспекти од твојот живот. Кога правиш мала непоправлива промена, како помалку да ги раздрмуваш и другите состојби на огорченост, а интензитетот и продорноста на ПрД расте.

Постојано биди свесна за фактот – кои конкретни задачи, решенија кои ги бараш однапред, кои планираш да ги решиш сега, денес, другата недела.

 

06-01-02) Во текот на практиката за зацврстување сакам максимално да се концентрирам да не испуштам ниту една секунда, затоа што во таа секунда, може да се лизне НЕ. Така се создава позицијата на "ловец и натуралист": ловец на најмалите НЕ и натуралист кој ги следии ПрД, кои се појавуваат во малите блесоци додека ловецот жестоко и немилосрдно ги бара и ги отстранува НЕ, фиксирајќи го секој момент на отстранување.

За време на практиката на зацврстување може да се појави:

*) Досада (затоа што сум лишен од вообичаените импресии) - влегува во устата на ловецот

*) Желба за впечатоцисе дели на НЕ (оди во устата на ловецот) и ПЕ од успехот на ловецот, од блесоците на ПрД (оди на поддршка, иако механичка, за натуралистот)

*) НЕ, кои постојано се појвуваат од ХГ. Порано, не ги забележував, но сега гледам дека многу ХГ се извори на НЕ, кои се забележливи само со микроскоп за зацврстување (одат во устата на ловецот)

*) НЕ од фактот дека ПрД не се појавуваат (во устата на ловецот)

*) Исчекување на ПрД, од нивното појавување, од процесот на зацврстување (со резерва кон натуралистот).

 

06-01-03) Истражување е збир на активности за постигнување на објектно-ориентирана јасност. Истражување, пребарување и откривање на откритието секогаш е придружено со исчекување. Особено впечатливо исчекување се случува за време на ПрД, особено ако претходно е непознато, а исто и во тек на изучувањето на ПрД, затоа не е изненадувачки дека ПрД резонира со радосната желба за истражување на ПрД, која пак води кон јасност и забрзување на патувањето во светот на ПрД.

Компоненти на истражувањето:

1) Јасно и колку може поточно да се идентификува објектот, предметот на истражување.

2) Да се состави и постојано да се освежува листата на сето она што е важно за објектот под истражување и што може да биде од важност за ефективно истражување.

3) постојано преживување на испитувањето на состојбата, на процесот.

4) Да се вложат напори во разликувањата на доживувањата, процесите.

5) При откривањата на нови доживувања, независно дали е тоа јасност или нови ПрД, внимателно да се фиксираат, создаваат описите.

Во текот на процесот на истражување да се одржува активната состојбата на "ловецот" и "натуралистот."

 

06-01-04) Еден од начините да се погледне на практиката на прав пат како целина е да се создаде шема која ги вклучува најважните елементи. На пример – шема на змејот:

1) Основата на шемата на змејот - "ловец" и "натуралист."

2) Ловецот и натуралистот се совршени (односно нивните активности се најефективни), ако тие се карактеризираат со четирите квалитети:

*) внимателност [кон оној што го ловат]

*) решителност [во спроведувањето на своите активности]

*) истрајност (т.е. способност да прави активности на подолго време)

*) очекување [на резултат од ловот]

(Овие четири особини ги означуваат сите ПрД од соодветните линии).

3) ловецот и натуралистот го подобруваат блесокот за четири особини, ако се пројавени со четири поволни фактори:

*) појачување на генерирање на ПрД.

Генерирање на ПрД има најдиректна поддршка за квалитетот "антиципација".

*) истражување, фиксирање и корекција на листите, описите. Тоа се листи на сето она што е важно за тековната практика - радосни желби, состав на просветени бази (односно, оние ПрД кои се случуваат барем повремено), просветени фактори, фиксирање на формалните практики, нови хипотези, резонантни описи на ПрД и др.

"Фиксирање на листите" има најдиректна поддршка за квалитетот "внимателност".

*) "забрзување". Постепено може да се акумулира како резултат на влијанието на негативните фактори - намалувањето на интензитетот на ПрД, заматената јасност, зголемување на задоволството и рутината, но јас можам и да не го приметам - тоа е како кога живееш со детето и не го забележуваш како тоа расте. "Забрзување" – тоа е инјектирање на ентузијазам и жестокост на напор, проверка на квалитетот на искреноста.

"Забрзувањето" дава најдиректна поддршка за квалитетот "упорноста".

*) "Самодоволност" - е позиција на осамениот воин, слобода од приврзаност кон луѓето, вклучувајќи ги и практичарите, позицијата на човекот кој ќе го продолжи своето патување, и покрај сè, под било какви околности.

"Самодоволноста" дава најдиректна поддршка за квалитетот "решителноста".

4) Ловецот и натуралистот не го ослабнуваат блесокот на четири квалитети, ако не се пројавени четирите негативни фактори:

*) Механичка желба за впечатоци. Негативно влијае првенствено на "одлучноста".

*) Светло-сива состојба, притаена НП. Негативно влијаат првенствено на "антиципацијата".

*) Замор или поспаност. Негативно влијаат првенствено на "внимателноста".

*) Задоволство. Негативно влијае првенствено на "решителноста"

5) Основа:

Се состои од пет позиции, од кои секоја претставува оптимална практика за секоја скандха (вид на доживувања).

*) "Сталкинг" (скандха емоција - чистење од НЕ, НП, НО, НЕС, генерирање на ПрД). Види го делот за сталкинг.

*) "Аскетизам" (скандха желбаза чистење од механичките желби, пројавување на радосните желби). Види во делот за аскетизам.

*) "Тишина" (скандха мисли - чистење од хаотичниот внатрешен дијалог, пројавување на разумната јасност). Види во делот за отстранување на ВД.

*) "Сидхи" (скандха чувствачистење од негативните чувства, пројавување на физичките искуства). Види во делот за ФП.

*) "Просветена разлика" (скандха свест која разликува - чистење од механичките разликувања преку практики како "не е река, не е планина" и други, генерирање на просветена свест која разликува). Види во делот за ПСР.

6) Просветена база. Збир од сите ПрД кои се пројавуваат од време на време.

7) Пет основни преживувања (т.е. екстатични ПрД) - пет врвови, кои се над морето ПрД.

8) Самадхи – синтеза од пет преживувањатоа се врата во необјаснетите состојби.

 

Збирот од сите осум елементи е "шема на змеј".

 

Во шемата на змејот централно место заземаат ловецот и натуралистот, а истражувањето е само дел во составот на една од четирите поволни фактори. Токму тој акцент води кон најбрз напредок во патувањето до ПрД. Позицијата на "научник", во која истражувањето е во центарот, а сето останато е околу или воопшто не се пресметува, е крајно неефективна, бидејќи скоро никакво внимание не се посветува или не се посветува воопшто на оние фактори, без чие влијание истражувањето станува невозможно.

 

Линеарниот опис може да се замени со подобар компактен дијаграм: на пример, во центарот се две букви: "л" и "н", кои ги означуваат ловецот и натуралистот. Двете букви се во центарот на кругот, во кој на еднаква оддалеченост едни од други се впишани четири кратенки за четирите особини. Лево и десно од круготпо еден вертикален ред што се состои од четири линии. Лево: поволните фактори, на десно: негативните. Хоризонталната црта доле - Основа. Лакот, кој е над дијаграмот погоре покажува просветената база со преживувања и самадхи. Додека го меморирам составот на дијаграмот, го заменувам со повеќе концизни знаци – слични на хиероглифи: во средината "л п". Околу - круг со четири точки подеднакво оддалечени една од друга. Од лево – вертикален ред со четири плуса, од десно - вертикален ред од четири минуса. Доле - хоризонталната црта. Горе - лак.

Ако постои желба да го вклучиш во сликата емоционалниот подтекст, можеш да креираш симбол. Во симболот можеш да внесуваш многу детали, колку и да сакаш. На пример – тоа е слика на змеј, која има две глави (ловец и натуралист) - од лево има глава со одреден израз (предвкус на ПрД), од десно - крволочни и дефанзивни (лов на огорченоста). Змејот има четири крила (четири особини), и четири нозе - две предни и две задни. Левата предна нога има четири канџи, со кои го стиска пленот (контрола на четири поволни фактори). Десната предна нога ги има истите четири канџи, со која оттргнува нешто од себе (контрола на четири негативни фактори). Двете задни нозе се фатиле за основата во форма на петтоаголник (основата на 5 практики, оптимална за секоја скандхи). Над главите на змејот во средината - круна, која ја има следнава структура: многуаголна основа (просветена база) на врвот се спојува во пет "пирамиди" (од петте основни преживувања), во центарот на круната помеѓу пирамидите – сјајна кругла на самадхи.

 

Шема на змеј е фиксација на акцентите во практиката, дефинирање на приоритетите. Ако има волан, тркало, мотор и светла, а ти хаотично ги користиш и едно и друго, веројатно нема да отидеш многу далеку. Шемата на змејот ги спојува деловите од практиката во кохерентна целина, доаѓа до кристализација на искуството, и тоа не е само израз, тоа е токму тоа што се доживува како појава на нов квалитет на практикасе појавува извонредна стабилност, независност од хаотичните ефекти, исчекувањето расте, стабилно и очигледно се појавуваат ПрД , постои состојба на "единствена цел".

Ќе ја потсетам аналогијата во близина на една изрека која ја кажал Гурџиев (види П.Д. Успенски "Во потрага по прекрасното"): просечниот човек се состои од колоидна мешавина - течност во која има огромен број на хетерогени честички, и секое влијание од надвор ги помешува сите честички и оние кои биле подолу, сега се на врвот и започнуваат да управуваат со целата мешавина додека следниот впечаток не го промени сето повторно. Занимавање со практика води до кристализација - најатрактивните состојби постепено се собираат под сила на резонанца, еден вид на "гравитација". Во процесот на борба на една заедница на доживувањата кои се создаваат против механичките влијанија, тие формираат повеќе блиски односи, сè додека конечно степенот на нивната блискост и концентрацијата не се зголеми толку многу да практикантот почне нов, непознат, процес на кристализација, давајќи им можност на заедничките ПрД не само одредена стабилност, туку и еден сосема нов квалитет, како и кристалот создаден во растворот кој поседува квалитети фундаментално различни од квалитетите на растворот. Шемата на змејот, е одраз на таквата кристализација.

 

Множеството на четирите квалитети на ловец и натуралист, ќе ги означиме со терминот "намера" (термин што го зедов од книгите на Кастанеда, само затоа што мислам дека тоа го означува само тоа што јас сакам да го означам). Генерирање на намерите - тоа е производ на четири квалитети.

 

Да разгледамекакви квалитети и фактори пред се влијаат на практиката, опишана од мене (се разбира, ова е многу приближна распределба, како и некои практики прават значителен придонес истовремено во неколку насоки). Разгледувањето на добиената табела ќе доведе до разбирање во тоа дека во некоја област постои недостаток на практика, и тогаш можеби ќе сакаш да смислиш практика за развој на тој дел од змејот.

 

Упорност

Проучување на концепти (таа практика бара многу долги напори во потрагата за аргументи и контра-аргументи)

Зацврстување (многу е тешко да се задржи вложувањето на напори подолго време во отстранувањето на она што порано поминувало незабележано),

15, 10-секундна фиксација во текот на подолго време.

 

Одлучност

Социјални експерименти,

Следење на 10-те правила за реализирање на радосните желби

 

Внимателност

Чистење на јазикот (многу е тешко - да се следат употребените зборови, гестови, мимики),

Отстранување на секојдневното лудило (многу е тешко – да се следат најмалите вообичаени активности)

Континуирано фиксирање на присуство или отсуство на ПрД,

Отстранување на силниот внатрешен дијалог,

Интелектуални игри

 

Антиципација

Правење на листи на радосни желби,

Реализација на радосните желби,

Креирање на списоци на просветени фактории,

Истражувања

 

ССС

Престанок или проретчување на оргазмите,

Сеќавање и преживување на личната историја (на повидок излагаат многу длабоки НП, тоа ги прави достапни за отстранување),

 

Задоволство

Сеќавање на смртта,

Директно отстранување на задоволството,

Сталкинг

 

Желба за впечатоци

Возвраќање на внимание (вниманието се возвраќа од ХГ),

Аскетизам (дава слобода од приврзаност кон механичките спазматични желби),

Директно отстранување на механичките желби и генерирање на радосните желби

 

Сонливост / замор

Реализација на радосните желби,

Физички вежби,

Генерирање на физичките искуства,

 

Составување на листи

Практиките чија цел е развој на способноста за пребарување на некои разлики, расчленување на класи и спојување во групи, наоѓање и опишување на закономерности, комбинирање, пресметување,

Составување на описи на предмети кои се карактеризираат со зголемена хаотичност и сложеност на структурата: грмушка, патот било каде, лицето, човековото однесување,

Одредување на било какви термини,

Одговори на прашањата, дебатите, коментирање [на пораки на други практичари] (додека одговориш на десетици глупави прашања на дадената тема, почнуваш сам да добиваш кристална јасност)

Пишување на статии [за изведеното истражување]

Вежбање за менување на толкувањата (го отстранува јакиот механизам за формирање на толкувања, т.е. тупост)

 

Генерирање на ПрД

Циклично доживување (создава навика за отстранување на НЕ и доживување на ПрД),

Емоционално полирање (ја отстранува НП),

Сталкинг (универзален начин за целосно отстранување на НЕ),

Отстранување на механичките желби,

Практика за сопирање на механичката свест која разликува (не е река, не е планина, контролирање на моментот на замена при заспивање, итн),

Континуирана свесност за фактот дека сега нема ПрД/има ПрД,

 

Поттикнување

Секој час фиксирање на резултатите од практиката,

5-10-15-секундно фиксирање, моментно фиксирање

 

Самодоволност

Сваќање на недостатокот (сваќање на недостатокот за самозадоволството "јас", ја уништува илузијата за осаменост),

Отстранување на доцртувањата [луѓето, особено "блиските" и кои ти се интересни] (приврзаност се јавува кон измислените личности)

Цикличната промена на личности (ја отстранува приврзаноста кон својот идентитет),

 

Може да се прават дополнувања во обликот на змејот - на секое крило, кое се однесува на квалитетот на ловецот и натуралистот, да се нацртаат кркушки, секоја од кои ќе има кратенка со две или три-букви која ја означува практиката, која се фокусира на приоритетот за развој на соодветен квалитет директно или сличен на него или неповолен фактор.

На основата, предлагам да се напише мото (или симбол под кој муцката ќе го разбере мотото), кое е релевантно за муцката во тој момент, на пример:

Независно од практиките на другите муцки,

Независно од стравувањата и очекувањата,

Независно од околностите, победите и поразите,

Јас ќе ги извршувам своите практики

Ќе продолжам да патувам.

 

Да ги разгледаме во детали составувањето на листите. Ми се допаѓа да ги делам листите на а) постојани и б) секојдневни промени. Пример на составување на постојани листи:

*) Сексуалните фантазии, што можат да се реализираат во принцип

*) Сексуалните фантазии кои се невозможни да се реализираат во принцип

*) Сите луѓе од кои некогаш ти било потребно нешто, + кои барем сакале нешто од тебе.

*) Познатите ПрД, разделени по редови

*) Просветени позадини за различни ПрД

*) Перспективно истражување за во иднина

*) Радосните желби, претпоставувајќи дека ќе бидат реализирани во иднина

*) Загриженост за иднината

*) Листата на силни стравови кои некогаш биле во мојот живот, кој конечно се реализирале, опишување на тоа - како на крај проценив ран и толку несакан исход

*) Листа на откритија по работните денови за целиот период на водење на тој извештај

 

Пример за составот на секојдневните листи:

*) Радосните желби денес

*) Истражувања кои сега ти се интересни

*) Фиксирање на формалната практика која се спроведува денес,

*) Пројавените денешни механички желби

*) Пројавените денешни ПрД

*) Пројавените денешни физички искуства

*) Какви беа денешните откритија

*) Евидентирање на проживеените 2 часа

 

Моделот на линија на ПрД се чини успешна само кога ПрД има релативно малку, но кога нивниот број расте, станува очигледно дека тој модел не е задоволителен, бидејќи доживувањата од една линија можат да се случат истовремено, или не можат да се појават, тоа не се вклопува со секојдневната појава на "линијата", како нешто строго последователно. Токму овие два факти, дека ПрД од една линија можат да се појават или не можат да се појават истовремено, како и постоењето на различни линии во рамките на секторот едно искуство, водат кон желба да се најде попрецизен модел, кој станува модел на пупка. Најточна аналогија - палење на рингла на гас, кога пламенот се пали од едно ливче по друго, и можат заедно да горат, односно да се прикажат како сите ливчиња заедно, а можат и само некои од нив. Овој поим на линијата се уште не исчезнува комплетно, бидејќи секвенца ја одредува позицијата на ливчиња на имагинарниот круг на пупката, односно секвенцата во која едно ливче го пали соседното.

Понекогаш е доволно да се манифестира една нова ПрД да би се структурата на пупката во едно место малку отворила, формирала. Детални листи на ПрД, види во соодветната глава.

Условно кажано, работ на секое ливче на сите пупки е пламенот, односно секој ПрД со зголемување на интензитетот добива екстатичен квалитет - екстатично чувство, екстатична издржливост, и др. Интензитетот на ПрД, во текот на почетокот на екстатичниот квалитет, е дефиниран како 8 во скалата од 10 бодови. Било која ПрД може да достигне екстатична форма, но колку повеќе се наоѓаат во линија, полесно се постигнуваат овие екстатични форми.

Постигнување на екстатичен квалитет е допирање на областа на "спојување" – почетен процес на синтеза на искуствата, што доведуваат до Самадхи.

 

Ви препорачувам на голем лист да ги напишете списоците на ПрД, кои се разделени на сектори, поделени во пупки и линии. Обесите го на ѕид, да би бил видлив, имајте лист од тетратка или џебен компјутер да би ти бил секогаш при рака. Прво ќе се појави инертност на неподготвеност за одредување на места за ПрД во таа шема, но бидејќи тоа овозможува зацврстување наПрД, ја зголемува фреквенција на појава и го подобрува квалитетот, соодветните радосни желби набрзо ќе се појават.

ПрД често се појавуваат во стабилни парови, јакнат и се чистат од нечистотии, едни од други, што често доведува до појава на нови нијанси, кои не неможат да се објаснат како едноставно додавање на елементи како парови. Паровите се линеарни (од еден лист), и нелинеарни (од соседните ливчиња) и интегрални (од различни сектори). После тие парови почнуваат да се појавуваат посложени комплекси на ПрД - "акорди".

 

06-01-05) Додека се отстрануваат механичките желби и се култивираат радосните желби, се разјаснува уште една работа, која е од суштинско значење - тоа покажува дека, во составот на моите доживувања, постои збир на желби, кои извршуваат само една функција - да ги ограничуваат радосните желби. Стравот е почвата на која расте таа трава. А различните стравови, кои се формирале најверојатно уште од раѓање, го хранат тоа ограничување. Структурата на тие стравови ги вклучува:

а) страв поради разочарување, ако посакуваниот резултат не е постигнат

б) страв од промена - високо конзервативен страв, со кои се зголемува механичката желба да оставиме се како што е, ништо да не се менува.

в) страв од се ново

е) низа други мали стравови.

Целокупно??о дејство на ограничувачот (кој се сфаќа како комбинација од механичките стравови за промени) се манифестира како неможност да силно и радосно сакаш. Кога чувствувам радосна желба, понекогаш имам чувство дека нешто во мене ме држи "за грлото" и ме повлекува назад, спречува силата на желбата да порасне. Како сам себе да се влечам напред со една рака, а додека со другата - назад. Така и е тоа.

Како резултат на практиката дејството на ограничувач ќе се намали, бидејќи и директното отстранување на НЕ и предизвикувањето на ПрД ја прават својата работа, полека но сигурно. Но, може да биде можно да најдеш конкретни, фокусирани практики, кои ќе дејствуваат конкретно против ограничувачот?

Од суштинско значење, е самиот факт дека присуството на ограничувач да се сфати дека овој сет на механички желби е одделен од целокупната композиција на сивата позадина, која повремено го потсетува практикантот, бидејќи сега во доживувањата, се појави нова радосна желба - желбата за борба против ограничувачот, отстранување на оној (тие, кои не се занимаваат со практика и не чувствуват ПрД нема за што да се грижат - тоа не е за да се стави крај на ограничувањата на желбите за насилство, уништување, поседување на власт, итн., а да ги укине ограничувањата на ПрД - чувството на нежност, симпатијата, блаженството, пространството, итн.) Кога ограничувачот не беше изолиран како посебен сет на доживувања, не би можело да се манифестира таа желба. Она што е веќе познато, само присуството на радосна желба е движечката сила - тоа ќе доведе до одбирање и контрола на методите за ограничување и манифестацијата на решителност и упорност во извршувањето на тие методи.

Задачата изгледа вака: сега е пројавено одредено ПрД со интензитет 5. Што ме запира токму сега да го доживувам со 10? Мошне чудно прашање, барем кога се прашував, ми се чинеше изненадно. Всушност - што ме спречува? Се чини дека ништо не ме спречува - се фокусирам на исчекувањето, на желбата за зајакнување на даденото ПрД... и сега излегува дека желбата да се зајакне даденото ПрД не можам да ја чувствувам толку силно како што сакам. Многу чудно чувство - како да се обидувам да се истргнам напред, а гумениот ластик да ме повлекува назад, и колку повеќе се обидувам напред, толку посилно ме влече назад. Не постои полесен начин да се чувствува овој отпор, отколку да се обидуваш да ја зајакнеш желбата за зајакнување на ПрД. Тоа е сосема јасно чувство на гумениот ластик. Тој ластик е еден од компонентите на ограничувачот - стравот од пораз. Стравот да не го доживеам тоа што сакам. Стравот од пораз јас го нарекувам првиот стражар на патот кон развојот на намерите. Тој стражар го заплеткал синџирот во одлучноста и на тој начин приклештил целиот змеј.

Десетици години си била разочарана од грешките, и сите тие години, се зголемувал стравот од пораз, кој ги кастрел радосните желби, бидејќи тоа е најлесниот начин за да се избегне разочарувањетоколку помалку нешто сакаш, толку стравот да не го добиеш тоа е помал и разочарувањето во случај на грешка е помало. Кога сакаш нешто многу јако, тогаш сета се нервираш, не те држи место, а ако нешто нема да работи или нема како треба - истото може да биде катастрофално, тоа може да те извади од такт со месеци или дури со години. И сега, кога ти се обидуваш драстично да ја зголемиш желбата за јаките ПрД, налетуваш на ограничувач кој те спречува од страдање. И на тој не му е гајле дека повеќе не си жртва која страда, туку дека си воин кој ќе удира во една точка, додека не ја постигне својата цел. На тој не му е гајле дека имаш подготвено ловец, кого го учиш беспрекорно да ги отстранува дури и сенките на НЕ. Стравот се манифестира автоматски, ја убива одлучноста во коренот, оставајќи само мал корен, и дека овој механизам е точен, предлагам прво да се разбере, и второ, да почне да се остранува со директен напор.

Прво, она што е неопходно да се разбере - тоа е самиот поим на "поразот" и се прави разлика од концептот за "неуспех". Просечниот човек НИКОГАШ не доживува порази, бидејќи поразот по дефиниција - е резултат на напорите насочени кон зајакнување на пожелните состојби, а просечен човек никогаш нема да направи напори, тој е играчка во рацете на слепите сили, случајни купови на околности. Просечниот човек не може да избере ништо, бидејќи не владее, не е сам на себе шеф. Ако тој брани нешто, тоа е затоа што, благодарение на механизмот тој не може да не го брани. Ако даде нешто назад, пак, тоа е само затоа што врз основа на постоечките механизми не може да не даде. Просечен човек не е оној кој ПРАВИ нешто, кој вложува напори, бидејќи било кој напор во мојата терминологија - е акт на просветена свест, акт на надминување на механизмот и изворот на напорите не е во збирот на механичките околности, а во збирот на ПрД, изворот е било кое доживување од линијата на очекување кое не може да биде стабилно манифестирано кај човекот, кој е скиснат во НЕ, концепти, механички желби и дури и не сака да се ослободи од нив, и дури и не знаејќи дека е можно да се ослободи. Кога просечниот човек вели дека вложува напори, тоа е погрешна забуна на термините. Ако тие концепти и НЕ те тераат да вложиш сила, тоа е и напрегнување, а не напор, и резултат на повеќе или помалку хаотични активности ќе бидат или успех или неуспех - околностите би се сложиле на некој начин, а ти ќе го протолкуваш како успех или неуспех, без некаква причина за тоа, бидејќи едно следи после друго, и она што најмногу те задоволува сега, за еден час ќе ти донесе плод, кој ќе те тера да страдаш. Просечниот човек не се стреми кон ПрД, тој не знае што сака, бидејќи да сакаш нешто - значи да се ослободиш од огорченоста и да уживаш во своите радосни желби, но за просечниот човек тоа е невозможно, бидејќи постојано е опкружен со огорченост. Затоа, кога просечниот човек добива нешто, тоа е секогаш она што не го сака, тоа не е секогаш тоа или воопшто не е тоа, бидејќи тој едноставно не знае - за што "тоа" се работи. Просечниот човек има тенденција кон нејасен комфорт, мир, задоволство, но тој нема идеја - што вистински сака, бидејќи не може да се ослободи од НЕ, концептите, стравовите, тупостите, не доживува ПрД и радосни желби. И ако ја достигне целта, како прво не го добива посакуваното олеснување, не му го прави животот интересен, а ако му го прави тоа, тогаш само на кратко, а потоа почнува повторно да паѓа во длабока јама на сивило, НЕ, па дури и резултатот, на кој човекот може да смета дека е пожелен, сепак сеуште не е ослободен од стравот од непосредното доаѓање на загубата. Ако некоја девојка сака маж, кога ќе го добие и ќе се заљуби, таа секогаш ќе страда од љубомора, недостиг на внимание и други работи, бидејќи сивилото, тупоста и НЕ со мажот не можеш да ги убиеш, а потоа и во љубовта наскоро ќе дојде до криза, која ќе доведе кон паѓање во целосна темнина на досада во секојдневноста, бидејќи НЕ проголтале сè. Тоа е навистина страшна состојба, затворен круг на вечно страдање, од која нема излез, освен да започнеш да вложиш напори за отстранување на страдањето и постигнување на ПрД. Смешни се оние луѓе кои се плашат од пеколот - тие не разбираат дека, пеколот, веќе долго време пристигнал кај нив, дека веќе се таму, затоа што тој е вечен и неизбежен, додека веќе не се вложат напори за негово отстранување, односно напори за да се разбие кругот на огорченоста.

Сумирам дека: просечниот човек никогаш нема да вложи напори - тој само лебди од страна на страна и тој постојано се протега што на крајот води кон фактот дека е сплеснат на сите страни. Просечниот човек никогаш не чувствува порази, бидејќи поразот - по дефиниција е резултат на напорите, а успехот или неуспехот – се неосновани толкувања на механичкиот збир на околности.

Во случајот со напорите се е поинаку. Ако си вложил напор и доживеал ПрД, тогаш искуството само по себе е цел, значење, содржина на тој момент, која не е, и под никакви околности не може да ја изгуби или намали својата вредност, тоа достигнување никогаш не може да се изгуби. И повеќе од тоа! Ако си вложил напор и доживеал пораз, тогаш тоа е чудесен чекор напред. Нагласувам - јас не го протолкувам поразот како чекор напред, но тоа е чекор напред, бидејќи така се доживува. Ако човекот не се предаде по првиот пораз, ако во него има доволно силна мотивација за појачување од неможноста да се живее во состојби на огорченост и радосна посветеност кон ПрД, а потоа со постојано вложување на напор и време и повторен неуспех, прошаран со неколку победи врз огорченоста, неизбежно е дека порано или подоцна тој ќе забележи дека поразот зајакнува и дека ако денес вложиk 100 напори во отстранување на НЕ и отстраниk ги само 5 од нив, утре ќе се чувствува малку посигурен, а една недела подоцна - дури и посигурен. Искуството во вложување на напори не се троши! Генерално, напорите никогаш не водат до пораз, тие секогаш водат до успех, но понекогаш овој успех е пораз, кога резултатот не е постигнат, а понекогаш се нарекува победа кога резултатот е постигнат. Како резултат на ова разбирање, практикантот гледа дека победата, се разбира, инспирира, но исто така и поразот инспирира, затоа што ако има пораз, значи дека имало напор, тогаш во секој случај, претставува чекор напред, тогаш во секој случај е доживеано нешто убава само по себе - напорот е зајакната навика да не и се предадеш на волјата на НЕ, а да вложиш напори.

Ќе се вратиме кон нашиот прв стражар. Тој се пројавува во целост, кога станува збор за успехот или неуспехот, но кога станува збор за вложените напори, станува ранлив, немоќен. Тој само се потпрел и стои тука, затоа што никој не го турка. Практикантот, кој сфатил – во што е работата, тој сега знае дека, како прво, стражарот може да се бутне, а како второ, тој знае дека нема да биде премногу тешко - не е посложено од вообичаеното отстранување на НЕ, затоа што ако имаш јасност во разликувањето на поразите и успесите, тоа ќе го разоружи стражарот, тоа ќе покаже дека имал фалсификувани документи - тој имал дозвола да не заштити од механичките желби во постигнувањето на успех, а не да не заштити од радосните желби за да се постигнат резултати во практиката. Стражарот е создаден за да не заштити од разочарувања и болка, тој бил креиран од страна на примитивни механизми за само-контрола, но сега не ни треба неговите услуги - ловецот ќе се справи со оваа задача на многу поефективен начин од начинот на кастрирање на радосните желби.

Гледајќи го сето ова, вооружен со својата јасност продолжувам кон отстранување на првиот стражар.

Првото оружје, како што споменав претходно – тоа е само радосна желба да го отстраниш, кое сега може да се покаже, бидејќи беше во состојба да го разликувам како посебен објект, како посебно доживување.

Второто оружје е директни напори за отстранување на "ластикот", кој се влече зад мене како опашка. Во време кога ги генерирам напорите за подобрување на радосните желби, другите ПрД, во целост ја реализирам својата практика "сечење на опашката" - правам одредени напори да се отстрани стравот од неуспех. Технологијата на вложување на тие напори е слична на технологијата на емоционалното полирање, ништо ново или комплицирано во тоа нема, затоа и резултатот не ќе ги успори да се појават – неочекуваниот блесок на сите квалитети на ПрД , на манифестацијата на целиот куп на нови нијанси и комбинации, зголемување на силата на ловецот и натуралистот, чекор напред кон создавање на моќни намери.

Третото оружје е формирање навика за искусување на радост и очекување, при поразите. Секој пат кога не си успеал беспрекорно да ги отстраниш НЕ, постои избор - да доживееш нови НЕ или да имаат горе-опишана јасност и долгогодишно искуство во вложување на напор, доживување на восхит, ентузијазам, антиципација на тоа што е направен чекор напред, дека е вложен напор, доживеен пораз, доживеана слобода од НЕ поради поразот, пред тебе се ти е отворено.

Ти препорачувам, исто така, да ја користиш практиката на механичка замена, затоа што концептот на идентитетот на поразите и успесите може да биде посилен. На пример можеш да ја повторуваш фразата "пораз – тоа е резултат на напорите, тоа е че??ор напред", или нешто друго, што резонира со исчекување.

Колку повеќе напор, толку е посладок поразот.

 

Колку е поефективно неутрализирањето на првиот стражар, колку е побрз изливот на ПрД, толку побрзо ќе се судриш со вториот стражар желбата за отсуството на промена. Тој ги врзува нозете и рацете и на тој начин го наоружува целиот змеј и нагло ја слабее неговата силата. Таа препрека, исто така, може да се нарече "инерција на мракот". Таа се појавува како темна слатка сурова инертна маса, која одеднаш се спуштила на практикантот, ги апсорбирала сите звуци и бои. Во средината на манифестации на ПрД, кога се чини дека ништо не може да се сопре во брзото напредување, одеднаш доаѓа апатијата, приметлива бела тенка магла. Тоа не е сивило, тоа не е светло-сива состојба, во него нема опции и се манифестира како слатка неподготвеност за ништо. Влегувајќи во стапицата на таа состојба, ќе се вратиш на претходната состојба - обемот на ПрД се враќа речиси до неговото претходно ниво, но и уште повеќе, секако отколку што беше пред отстранувањето на првиот стражар. Како што првиот стражар, беше совладан од расудување, јасност, радосна желба и решителност, така и вториот стражар, соодветно ги надминува расудувањата, јасноста, радосните желби и упорноста. Упорноста е поддржана од формалната практика, така што нивната релативна тежина во општите практики соодветно значително ќе се зголеми во текот на конфронтацијата на темната леплива инерција. Борбата со темната инерција е слична на движењето во каша со длабока рамнодушност по две непроспиени ноќи. Но, оваа препрека се разбира може да се надмине.

 

Во процесот на пројавување и истражување на ПрД (додека ги надминуваш првите два стражари) понекогаш се појавуваат бранови, кога ПрД, веќе познати и претходно непознати, буквално паѓаат на глава, паѓаат како лавина, а потоа мора да се справиш со третиот стражар. Кога силните (скоро да ти застане дишењето) ПрД кои се просипуваат помеѓу себе континуирано (запираат само за неколку секунди) во тек на еден час, два, три, достигнувајќи до екстатичен квалитет, кога мислиш дека ќе почне да те раскине на парчиња со ентузијазам, по некое време стапува во сила кочничарска сила на новиот вид - најмногу се слични на специфичниот замор од заситување на кислород. Така и ќе ја наречам - "замор од заситеност на ПрД". Бидејќи не е придружена со непријатни чувства, мојот совет е - отстрани ја и трчај напред. Стегни се до последниот замор, фати во секоја секунда силни ПрДкако да си го извадила по прв пат заглавениот нос од загушлива соба и вдишуваш воздух од шумата, максимално вдиши за да се сеќаваш на тоа искуство во време за да дознаеш колку што е можно нови ПрД, да имаш резерва за иднината, бидејќи секое ново ПрДтоа е кука закована на ѕидот, за кој ќе се приврзуваат во иднината, твоите радосни желби. Колку ќе потрошиш време на врвот, час или ден, - зависи од многу фактори - но во секој случај после блесокот, проследен со неизбежните реакции, бидејќи заморот од заситеност ќе се акумулира. Можеби во процесот на експлозија ПрД ќе почнат трансформација и брзата манифестација на физичките искуства, можеби тоа ќе се случи подоцна, но во секој случај, телото ќе почне да се приспособува, и како резултат на тоа преструктуирање ефектот на "заситеност од кислород" ќе се појави секој пат послаб. Повторно, зависи од многу фактори, кои се - колку брзо можеш да го надминеш третиот стражар - можеби ќе потрае два до три месеци, за време на кои силните блесоци на ПрД, во траење два или три дена, ќе бидат намалени (особено во почетокот) кои можат да траат неколку дена, една недела. Колку беспрекорно биде отстранувањето на НЕ, колку повеќе активно се занимаваш со зацврстување и формална практика, колку жестоко се бориш за ПрД, толку ќе бидат пократки роковите на намалување.

За четвртиот стражар нема што посебно да се кажува - тоа е задоволство, кое те обвива како сива слатка магла. ПрД се пројавуваат, изгледа како да е се супер ... и не забележуваш, како заспиваш во задоволството и се будиш само од фактот дека ПрД некаде исчезнале. Секој пат механизмот на вклучување на задоволството одлично се активира штом ќе го поминеш третиот стражар, и потценувањето на способноста на задоволство може да те исфрли надвор од познатото, може да те доведе до длабок неуспех, кон таложење на силни ПрД на подолги денови, што претставува јакнење на првите три стражари.

 

Првото надминување на сите четири стражари го носи практикантот на едно ново ниво на практика, кога, како што се чини, ПрД можат да се генерираат и да се зајакнат неограничено, нон-стоп. Во реалноста, тоа не работи, бидејќи надминувањето на стражарите - не е еднократен процес, туку постепенен, и ако ги надминеш сега и доживееш експлозија на ПрД, тогаш, колку е посилна и подолга, толку повеќе ќе се покаже на третиот и четвртиот стражар. Тие ќе мораат да бидат надминати, но падот ќе биде неизбежен, тогаш повторно ќе се соберат силите, ќе се стремиш напред повторно да ги отстраниш стражарите. Проблемот е обиченотсуството на навиките за доживување на такви јасни и долги ПрД и за време на твојата практика оваа навика станува посилна, ќе се навикнеш на се повеќе и повеќе јасни и долги ПрД, и физичката трансформација ги олеснува твоите напори.

По секое надминување на стражарите ќе се најдеш во услови каде пројавувањето на ПрД не се меша со ништо! Тоа е прекрасна состојба и нејзината тенденција е триумфална, придобива на квалитет на непроменетост, и овој квалитет се развива секој ден се повеќе и повеќе. Во тие околности, се појавува желба за вклучување во практика на "собивање на аспирациите".

За собивање на аспирациите, резонантните мисли се мисли за луѓето кои постигнале неверојатен степен на слобода - читање книги на Кастанеда, со опис на старите практиканти кои го зачувале нивниот живот со илјадници години, кои патувале во огромните простори на свеста, читање на будистички книги со опишување на прктикантите, кои исчезнуваат во "светлината од виножитото"; резонираат фразите "незамислива реализација", "бесконечни светови на свеста", и др. - Сето тоа резонира со чувството дека пред тебе е ширум отворена бесконечност, и ништо не може да те запре, ако бидеш беспрекорен во практиката. Тоа е неверојатно чувство - кога не фантазираш за бескрајно патување, не чувствуваш задоволство која ја собива досадата, а директно го вдишуваш мирисот на слободата, со своите нозе цврсто стоиш на новата земја.

 

06-01-06) Ќе ги воведеме термините "позиција" и "состојба". Позиција е стабилен збир на доживувања, која се формирала на тоа место во согласност со [фиксираната] желба. Состојба е стабилен збир на доживувања, која се создава независно од [фиксираните] желби. На пример, ако се занимавам со емоционално полирање и ненадејно почувствувам по прв пат доживување на сферата на празнината, на фактот дека во тој момент немало желба да се доживее опсегот на празнотијата, туку постоела желба да се доживее спокој, се појавува збир на доживувања, по дефиниција, наречени состојба, тоа доаѓа со збирот на доживувања кои се составен дел од желбата да се доживее спокој, желбата да се отстранат НП, желба да се направи емоционално полирање и спокојство, ќе се вика позиција.

"Позицијата на бодхисатви": штом се појави доживување на било која огорченост на било кое лице, веднаш:

1) совршено се отстранува НО кон огорченоста

2) се генерира радосна желба да се појави ПрД во секое суштество кое чувствува

3) се генерира симпатија и преданост (кон суштествата кои се стремат кон ПрД или кон нешто без-објектно).

 

Неопходно е да се спречи иселувањето на јасноста во врска со присуството на огорченоста во друг човек, доцртување.

 

Едно од новите состојби е "уништување на браната". Резонантната слика: голема брана од земјата која се наоѓа преку реката, водата се акумулира и почнува да ја уништува браната, низ земјата поминуваат потоци, и по некое време браната ќе се сруши.

Карактеристични знаци на "уништување на браната ":

1) Јасност дека ти си во затвор. Не мора да значи дека постои разумна јасност за тоа - кои точно огорчености се во прашање, ги истакнува контурите на затворот низ маглата: тоа е апстрактна концепција, тука е НП, таму е механичката навика, и др., но се уште не се знае – кое огорчување ќе се уништува.

2) Во пресрет на продорот на браната, очекуваниот скок кон слободата, кон ПрД.

3) Специфичните чувства на "затегнатите тетиви" - целото тело (особено во градите, стомакот) ги доживува маките - стресно, но слатко, како да тетивата е стегната и наскоро ќе пукне. Попатно, можат да се појават механички желби нешто да започнеш да правиш, да ја избришеш или заобиколиш таа тензија, но по отстранувањето на таа желба физичкото чувство ќе продолжи и ќе биде пријатно.

4) Се појавува силна желба да разликуваш - каква препрека ќе биде уништена, каде конкретно се концентрирала моќта на тој поток. Таа желба е предизвикана со друга желба - желбата за забрзување на пробивот, но тоа ќе биде брзо ако се појави јасност. Се појавува желбата да се прави разлика помеѓу доживувањата; резонантна слика со него - сакам да ја најдам површината околу која се концентрирал капацитетот. Во раните фази на ерозија на браната, бараната јасност никако не доаѓа, можат да започнат да се појавуваат НЕ, кои е неопходнпо да се отстрануваат.

5) Неуспехот да се постигне јасност доведува до желба, која сакам да ја наречам "желба да застанам". Се пројавува така да ја намалува вмешаноста во активностите, се зголемува чувствителноста кон ПрД. Состојбата резонира со појавата: "јас се претворам во слух, во прислушкување, занемувам, застанувам". Доживувањата (оние кои не се ПрД ), како да паѓаат во магла, стауваат транспарентни. Кога желбата за застанување расте, можат да се појават физички искуства - цврстина, областа на празнините. Исто така, овој ефект е придружен од страна на "забрзувањето" - јас почнувам да разликувам многу повеќе доживувања од вообичаеното, исто така можам да разликувам и да ги отстранам малите блесоци од НЕ, да ги фиксирам и зајакнам малите блесоци на ПрД.

6) Во некој момент доаѓа до продор на јасност – некој збир на огорчувања одеднаш станува очигледен, се појавува радосна желба за неговото уништување. Типично, завршните работи се завршуваат брзо, без посериозни напори, како се спушташ на санка од ридот.

7) Состојбата на уништување на браната најчесто се јавува во ситуации каде што се излегува од рецесијата во практиката (на пример, после оргазмот, или држејќи се до НЕ), како резултат на кои се запоставени од претходната јасност, оставајќи ги во сенка ПрД. Но, тоа исто така, важи и за ситуации каде што правиш нови откритија, но само во тој случај "спуштање на санка" не се случува толку јасно или целосно е отсутно и неопходно е да се вложат напори во текот на целата патека.

 

Состојбата на "уништување на браната" доведува до раѓање на радосната "желба за пробивање". Прво, нејзиниот објект не е дефиниран, и тоа може да се опише како цврста желба да се запре со доживувањето "ова глупавата состојба". Потоа - кога желбата за пробивање се зголемува, достигнува екстатичен интензитет, се појавува јасност во тоа - која брана ќе биде срушена.

 

Позицијата на "мека упорност" се формира како резултат на силна одлучност за надминување на стражарите. Директната конфронтација не може секогаш да биде доволно ефективна - треба да се направат се повеќе и повеќе напори за да не паднеш надвор од интензивните ПрД, но нивната ефективност станува сè помала и помала како резултат на зголемената поспаност, и по некое време и покрај најдобрите остварувања намалувањето се случува. Наместо директна конфронтација е препорачливо да се користи ставот на "мека упорност": јас ќе дозволам да се намали интензитетот на ПрД, како што се "забавуваш при спуштањето" не се обидуваш по секоја цена да се закачиш за постигнатиот интензитет (или длабочина) на ПрД, а го пратам нејзиното придружно намалување, вложувајќи периодични напори за отстранување на стражарите и предизвикување на ПрД. Како резултат на тоа, можам да ја фиксирам состојбата на многу повисоко ниво, од онаа на која ПрД си одат на крајот на директната конфронтација.

Позицијата на меката упорност води до фактот дека упорноста почнува да расте посилно и стекнува нови особини. Полесно се одвојува од збирот на другите доживувања, со кои што претходно беше измешана и се манифестира во одминување. Постои можност да се доживее во директна желба за доживување, што води до негова стабилизација. Кога упорноста на интензитет достигнува 4-5, сликата резонира со цврста карпа, основа, непоколебива цврстина. Резонантната слика на длабоките сили, како тешка жива лежи на дното на езерото. Се појавува физичко преживување на цврстината.

Додека тие промени се акумулираат, кон крајот на постигнувањето на континуираните ПрД, еден збор станува мото, како и главна тема на внатрешниот дијалог, како и израз на стремежот, посветеноста, одлучноста - "прави!". Се појавува јасност дека целата практика, која му претходела на остварување на континуираната ПрД, е само прв чекор, тоа е првото движењет на телото на суштеството со голема желба да се ослободи од мртвиот сон, да излезе од под надгробната плоча. Оној кој не го направил тоа, тој се мами себе си дека сака ПрД. Конечно нема желба да се грижиш за навиките, бидејќи загриженостае грижа кон нив, доцртување на нив како "сака, но не може". Станува многу јасно дека "сака, но не може" - е самоизмама или измама. Нема ништо комплицирано или неразбирливо во практиката на отстранување на oгорченоста, особено после деталното разгледување на книгата, во статиите од практичарите, и ако човекот "не може" да постигне континуирана просветена позадина, тоа значи само една работа - желбата за огорченост во тоа место е посилна од желбата за ПрД. Промовирање на практиката станува се поточна и многу радосна - на пример, желбата да се разјасни едно исто прашање на еден ист практикант може да се случи десет или дваесет пати, но не повеќе од тоа - после толку објаснување тој е сам во позиција да се врати во линијата на мислите, содржината на препораките и ако не може да го реши тој проблем, тогаш веќе никакви совети, ништо веќе не може да се промени, сето останато зависи единствено од неговите напори.

 

Позицијата "во моментов сум неискрена". Само мислам дека сум искрена, но тоа е многу пати кога се сметав себе си за искрена, но излегува дека е монструозна самоизмама, која се чини дека едноставно не е невозможно да се забележи. Значи од сега па натаму јас секогаш ќе се сметам за неискрена, да би секогаш била манифестирана радосна желба за барање и отстранување на неискреноста, добивајќи нови продирања кон ПрД.

 

Крајот на адекватноста на сеќавањето е таквото ниво на развојот на ПрД, во кое е доволно сеќавањето на ПрД да би ПрДто се случило веднаш. Одржувањето на сеќавањето е избрано по желба - на пример би сакал да ме придружува сеќавањето на поставеното прашање "што сега чувствувам?".

 

Значително ја интензивира практиката на преземање на ПрД.

Да го земеме за пример супер-напорот. Можеш да почувствуваш кон мене силна симпатија (барем 7-8), посветеност, искуство, желба (најмалку 7-8) да прифатиш доживување со супер-напор, се фокусираш на таа желба подолго време, додека не се појави проблемот на стрес-специфично напнато доживување, ја нарекувам "магнетизам" - како да си "заглавена", постои чувство на полнота, додека со време значително ослабува идентитетот, и на крај на мистериозен начин променуваш како да имаш многу повеќе силно искуство, во доживувањето на супер- напорот отколку што беше во реалноста, то ест во следните обиди за предизвикување на супер-напор да го доживееш многу полесно и поинтензивно отколку што беше можно за тебе порано.

Користењето на слики, гласови, или посебни сеќавања, или лично присуство на човекот од кого сакаш да ја преземеш ПрД, се поедноставува реализацијата на преземање. Ќе го наречам тоа "директно преземање на ПрД".

Во тој случај ако даденото доживување, не се манифестира во мене многу појасно и постојано него во тебе, таквото доживување "на магнетно залепување со ерозијата на самоидентификација", како и како резултат на огромниот пораст на способноста за извршување на супер –напор, дури и да биде предмет на условите за постоење на симпатија и радосна желба. Исто така, резултатот нема да биде и ако се само-лажеш себе си, во тоа дека доживуваш кон мене симпатија на 7-8 (а не непотизам на пример) и дека доживуваш радосна желба да се преземе ова доживување (а да не работиш со ЧСИ, на пример).

Постои ненасочно преземање на ПрД, кога преземаш комплетно нови за тебе ПрД.

 

06-01-07) Можна е една сеопфатна замена на доживувањата - "промена на личноста". Колку е поширок опсегот опфатен со доживувањата, толку полесно ќе биде да се придвижат од една личност кон друга. Ако си навикната да бидеш ограничена и несигурна, многу е тешко да се извлече ова доживувањето на нерешителност и да се замени со решителност, како што веднаш се променува збирот на доживувањата (име, облека, манири, навики, околината, вокабуларот, и др.), и замената може да биде изненадувачки лесна.

За нова личност треба да бидат избрани доживувањата, кои резонираат со ПрД.

Интересна е практиката на циклични промени на личностите. Болното "раздвојување на личноста" и другите несакани секундарни ефекти не се појавуваат.

Да би се фиксирала новата личност, направи листа на нејзините елементи и репродуцирај ги истовремено:

*) Облека. Припреми различни врсти на облека за различни личности и никогаш не ја користи облеката за "друг".

*) Изборот на фразите, зборовите. Припреми различни вообичаени изрази за различни личности.

*) Музиката која тие ја слушаат.

*) Вкусовни параметри.

*) Места за прошетки.

*) Интереси - омилени книги, теми на разговор, начини на рекреација, итн.

*) Друштва. Со цел совршено да се дотера новата личност, направи нови пријатели, кои ќе те знаат само како нова личност. Бидејќи немаат направен стереотип за тебе, тие ќе ве прифатат на начин на кој вие сами се прикажувате, а со тоа и ќе ја олесните адаптацијата кон новата личност.

Создавање на новата личност е еден многу интересен, креативен процес кој е поврзан со пројавувањето на ПрД.

Можно е да се создадат веднаш неколку личности - постојани или повремени. Ако формираш личност, која се состои од доживувања кои резонираат со ПрД, тогаш ќе посакаш да ја направиш постојана личност, така што со текот на времето, или веднаш директно да прејдеш на неа целосно. Но можеш да креираш повремени личности за конкретни задачи. На пример, да би научила како да се отстрани стравот да испаднеш глупаво во очите на другите, ефективна е улогата на будала. Влези во ново друштво и натерај ги сите да поверуваат дека си целосна будала. Однапред научи ги неопходните зборови, гестови, вежбај го идиотското смеење, одговарај неповрзано, итн. Ќе видиш, колку си зависна од мислењето на другите луѓе, колку си била во илузии од привидната слобода од оптоварувањето со нивното мислење.

Со промена на личностите, ќе приметиш неочекувани за тебе радосни желби. На пример, улогата на будала драматично ги подобрува еротските и сексуални доживувања, појасно ќе се манифестираат некои ПрД - значи дека твојата стара личност ја спречува појавата на сексуалноста, дури и не забележуваш, бидејќи цврсто си заплетена со НП оптоварена со мислење, навика за потиснување на сексуалноста, но кога си будала, немаш со што да се оптоваруваш - веќе си будала, сите тоа го "знаат", и можеш да се правиш додека ти сакаш. Состојбата на слобода од оптовареноста со мислите, како и другите атрактивни состојби, можеш да си спомнеш и да скокнеш во нив директно со вметнување во нив состав на нови личности.

Ослободување од крутите фиксации на една, механички склопена личност, води кон драстично слабеење на "поврзаност за луѓето" ("ПЗЛ") - збир на НЕ, ПЕ, концептите, механичките желби, механичките разлики, попречувањата на позицијата на самозадоволство и резонатните ПрД. Во составот на ПЗЛ има загриженост на мислењето, механичка нега, здодевност, задоволство, љубомора, страв од осаменост, концептот "мое" и друго.

 

"Заедничката практика", "заедничкиот живот" и сите т.н. "заеднички" - често е ништо повеќе од еден начин да се вежба и да се зајакне ПЗЛ. Типично нејзината манифестација лежи во фактот дека човекот почнува да не зборува за себе, туку за "колектив" - "ние веруваме", "тој разбира".

Бидејќи на практикантите им е најинтересно со муцките, тогаш кон нив има наклонетост, и ако таа не се отстрани, ефективноста на контактот драстично се намалува.

Повремено биди во потполна осаменост - оди во шумата на неколку часа или го напуштај градот на неколку дена. Можеш исто така да станеш во 3-4 часот наутро и да ги работиш своите работи, додека сите спијат. Можеш да креираш слики кои резонираат со радосната осаменост. За мене, на пример, тоа е имагинарна приказна за тоа како во моите експерименти јас случајно сум летнал во друг "простор", "време", во "паралелен свет на соништата", и патот назад е изгубен. Попладневно топло сонце, скриено гратче, есента доаѓа, земјена патека во малиот парк, од време на време поминуваат луѓе кои се многу далеку од мене, јас никогаш нема да го најдам тоа блиско суштество, сите тие спијат во длабок сон, ангажирани во безнадежен, далеку од мене живот. Целосно сам, исфрлена засекогаш од нивниот познат свет, и се што можам да направам е да ја почувствувам возбудата од осамените птици кои летаат, бурна екстаза на непредвидливоста од она што се наоѓа напред, да чувствувам екстатична посветеност кон оние што никогаш не ќе ги видам и да го продолжам своето патување, и покрај се.

Фиксирај ги значителните разлики во состојбата кога си сама и кога си со муцките. Достигни ПрД кога си во осаменост. Кога си помеѓу муцките, периодично генерирај ПрД, како да си сама, чувствувај радосно самозадоволство, сериозност на целосната одговорност за своите практики - тогаш контактот ќе биде ефективен, и наместо задоволство и сивило ќе се појави посветеност и симпатија.

Независно од практиките на другите муцки,

Независно од стравувањата и очекувањата,

Независно од околностите, победите и поразите,

Јас ќе продолжам со својата практика,

Јас ќе го продолжам своето патување.

 

06-01-08) Социјални стравови – грандиозен слој на ПЗЛ, и токму затоа големо значење имаат социјални експерименти ("СЕ"), чија цел е а) да ги идентификуваат и да ги отстранат огорчувањата, б) да доживуваш ПрД не само додека седиш на креветот (т.н. "креветна практика"), и тоа да биде во средината на меѓучовечките односи, односно во време кога oгорченостите се особено интензивни, а не лежат во еден длабок и недостапен за разликување НП. Било каков контакт со луѓето води кон континуиран проток на огорченост, но дури и кога си сама, социјалните стравови и другите огорчености кои се поврзани со другите луѓе, кои се уште се манифестираат, хранејќи ја НП, механичкиот ВД.

Додека ги спроведуваш СЕ, ти правиш дела за кои луѓето одлучуваат да реагираат негативно, и ти наоѓаш дека нивниот негативен ставС), па дури и омраза кон тебе, нивен презир, гадење, агресија – дека тоа не е страшно. Да би предизвикал кон себе НС или омраза – доволно е само чекор во насока надвор од вообичаениот живот – да се обратиш со "ти", да плаќаш со ситни пари, да не кажеш "благодарам", итн., така што можностите за спроведување на социјалните експерименти се многубројни. Си се врзала со безброј ограничувања, потиснувајќи ги радосните желби, само да би се НС од страна на луѓето (често имагинарни) манифестирал малку помалку, но тоа воопшто не е експедитивно. Отстранувањето на верскиот страв од негативните ставови на дел од луѓето и другите кои произлегуваат поради СЕ, НЕ, доведе до фактот дека социјалните стравови драматично стивнуваат, отворајќи го патот за ПрД.

Ако како резултат на СЕ се случува нешто што директно влијае на мојот живот (на пример, ќе ме удри или ќе ме казни), тоа сепак води кон распаѓање на стравовите, бидејќи во иднина верскиот страв на НС ќе биде заменет со ладнокрвна проценка на несакани последици.

Дури и повеќето едноставни СЕ предизвикуваат цела бура во практикантот, како резултат на совршеното отстранување на огорченоста, практикантот постигнува висок степен на слобода од НП и НЕ, ја зајакнува способноста за доживување на ПрД.

Ќе повторам уште еднаш: СЕ не се спроведуваат со цел да се постигне "правда" или да се казнат будалите, па дури и повеќе, да не се одмаздиш, злорадствуваш, да не се зајакне твојата значимост и чувството на супериорност, бидејќи овие доживувањата категорично не се согласуваат со ПрД. СЕ се спровеуваат со цел да се надминат механичките стравови, да се научиш да чувствуваш ПрД во било кои ситуации, да ги извадиш социјалните стравувања од длабоката НП на површината, да ги анализираш нив и отстраниш, да ги детектираш и отстраниш мноштвото на мали и големи концепти.

Обичните луѓе нормално упорно одбиваат да ја разберат намената на СЕ, обвинувајќи ги практичарите на бруталност и попуштање пред ЧСВ. Не можат да се замислат себе си на местото на практичар, бидејќи тие немаат желба да ја отстранат огорченоста и се без желба кон ПрД, и кога ќе се претстават себе си на местото на "жртва", веднаш потоа доживуваат исти интензивни НЕ кои се јавуваат кај реалните објекти на СЕ. Се разбира, во СЕ нема бруталност, затоа што кај СЕ тие се противат на илјадниците блесоци на НЕ, кои тој ги избира да ги доживува секој ден и додава уште десетина, кои, случајно, би можел да не ги доживува ако не се разнесува со негативни емоции поради секој детал, бидејќи НЕ - не е физичка болка, која ќе ја доживува секој без оглед на нивниот избор. Болката може да се "причини", а НЕ да се "причини" е невозможно - секој бира сам - дали да ги доживува или не.

Типичниот однос на обичниот "езотерик" кон СЕ - како кон глупостите, ситни и недостојни нешта. Кога тој се замислува на местото на практикантот, тој доживува ужас, но не си го признава себе си, тој дури и не може да се замисли, да не би го повредил неговото ЧСВ, тој компензира својот ужас со понижувачки став кон СЕ.

 

06-01-09) "Опис на ПрД" - е производ на било кои доживувања, кои влегуваат во резонанца со ПрД. Ако во даден момент не се манифестира ПрД, манифестацијата на збирот на доживувања, кои ние го нарекуваме "опис на ПрД", во повеќето случаи води до фактот дека одреден квалитет на ПрД се зголемува. Така, "описот" може да биде и збор, и бесмислен звук, слика, музика, движење на телото, растение, животно, поставување на предмети на масата – било што што сакаш, но најчесто се користи опис со зборовите (мисли):

1) мисли (или слики), содржината која ние ја нарекуваме "асоцијации", "споредби": "небото со зајдисонце", "земјата, која се ослободува од снегот", и др.

2) мислите кои го опишуваат карактерот на промената на било кои други доживувања, што се случуваат истовремено со опишаните ПрД , кои биле пред или после него.

3) мислите кои го опишуваат карактерот на промена на квалитетот на ПрД кое се опишува, вклучувајќи ја и зависноста од пројавување на други доживувања.

Со цел описот максимално да резонира со ПрД, неопходно е да:

а) максимално јасно да ги истакне специфичните карактеристики на ПрД, кои го разликуваат од другите ПрД

б) не користи поетизми, филозофски мудрости и други зборови кои не одредуваат посебни доживувања (како неверојатните, вселенските, супер-свесните, симпатичните, божествените, неодгатливите, вистински постоечки, итн), а само ги користи зборовите кои имаат исклучително јасно значење (како на пример куче, бор, ладен воздух, сакаш да дишеш и така натаму – тоа што си го искусил многу пати).

Со зголемување на искуството во доживување на ПрД, описите се корегираат, чистат од тежината, обраснуваат во делови кои создаваат резонанса. На пример, Скво за да опише "одвоеност" се обидува да ги користи зборовите кои ги прочитала во "езотеричните" книги, но залудно - резонанца не се јавувала додека не се појавила поддршка на резонанца со зборот "облека". Конечен опис: "кога се појавува одвоеност, личните доживувања почнуваат да се сметаат како облека - нешто што може да се облече или соблече".

"Фиксација" е дејствие за да го фиксирате фактот дека имало (има) доживување. Фиксирањето може да биде или опишување на доживување, или било каква друга форма на означување – да напишеш симбол или кратенка за тоа доживување, или да го наведеш бројот на неговиот интензитет, итн.

Честа грешка во фиксирањето на откритието: го запишуваш веднаш по неговото појавување, тогаш се појавува задоволство, хаотична отсутност. Како резултат на хартијата се превртените зборовите кои не доведуваат до сеќавањето на постигнатата јасност. За да се спречи таквиот исход треба да биде неколку пати проживеано откритието, да се навратиш кон него неколку пати, за корекција на описот кој создава резонанта.

"Формална практика" ("ФПР") - дејствија кои:

1) се вршат постојано и цврсто,

2) се мотивирани и придружени со радосна желба

3) се во придружба на сеќавање на ПрД,

4) имаат цел (директно или индиректно) генерирање или појачување на ПрД,

5) резонираат со ПрД (по можност)

6) се проследени со фиксација.

 

При исполнување на фпр неопходно е да се попречува планирањето, колку и да сакаш да си кажеш себе си: "денес ќе направам толку многу активности(има), и ќе чувствувам задоволство. Таквите фрази се дозволени само како просветена позадина. Планирањето не го попречува изразувањето на радосните желби само ако посакуваниот резултат е постигнат со спроведување на многу-степен процес во кој планирањето на активности е како регулатор кој ги поврзува силите. ФПР не е таков процес, бидејќи планирањето на ФПР е секогаш противење на радосните желби и доведува до драстично намалување на ефективноста.

ФПР во целина, и фиксациите посебно, исто така ја прават практиката на генерирање на ПрД максимално ефективна, бидејќи:

1) обезбедуваат непречено, мирно надминување на НП и "ништо не се случува"

2) формираат стабилен "мост" кон ПрД, зацврстувајќи го многу-степеното повторување на навиката за нивно доживување

3) ја зацврстуваат навиката за доживување на радосните желби, како и упорноста и решителноста да се реализираат

4) пребарува повеќе различни описи кои создаваат резонанса и го подразбираат многу-степеното проживување на ПрД

"Опис на технологиите" е многу ефикасен за ефективна практика во генерирање на ПрД. Од првенствено, "сировите" записи на проживеаното, преку многу-степеното повторување на искуството за идентификација на битните и небитните елементи до конечното формирање на листата на неопходни и пожелни етапи - така се формираат елементите на технологијата, за постигнување на саканите состојби.

Опишувајќи го ПрД кој се манифестира во моментот, ги нагласуваме "особините на ПрД", т.е. карактеристиките кои се разликуваат од свеста која разликува: "екстатичност", "пополнетост", "длабочина", "интензитет", "продорност", "шармантност". Описите на квалитетите, види ги на крајот на поглавјето "список на ПрД со описи".

 

Што можам да направам сега?

а) да доживувам НЕ, ПЕ, да се прешуштам на ХГ

б) да доживувам ПрД.

в) да вложам напори во постигнување на ПрД, исполнувајќи ФПР (бидејќи ФПР е средство за создавање и зајакнување на навиките за доживување на ПрД поради многу-степените активности за промена на доживувањата).

Повеќе нема што да се избере.

Кога ќе почнеш да се занимаваш со ФПР, понекогаш се појавува сонливост, чија силина може да биде непобедлива. Обидите да се наспиеш не те доведуваат до никаде, бидејќи причина не е во недостатокот на спиење, него дека си сместен во непозната однапред состојба се прекинува континуираниот проток на ХГ, постои просветена позадина. До сега ти биле познати само две состојби - сонување и бдеење со силна и својствени на НП и ХГ. Отстранувањето на непроменливите атрибути на бдеењето, механички води до лизгање во друга популарна состојба - сон. Ако не подлегнеш на дремката и го задржиш ФПР, правејќи паузи сè додека поспаноста не се повлече, тогаш проблемот ќе го снема. Најефективни за отстранување на сонливоста се било кои интелектуални, психолошки и физички игри, натпревари, ПЕ.

Практиките на секојдневни, секои два часа, секој час, секоја минута, по 15 -, 10 - и 5-секунди, фиксирањата можат да се комбинираат и менуваат, извршувајќи ги постојано или на одбран временски период. Тие водат кон фактот дека интензитетот и исполнетоста на животот е зголемен за неколку пати.

Секојдневната фиксација советувам да ја изведувате секогаш - на крајот на денот да ги сумирате направените записи, да резимирате за проживеаниот ден, како што ја резимирате годината да се одвојат откритијата, да се фиксираат резултатите од спроведените експерименти и ФПР, да се освежи листата на радосни желби, да се резимираат секундите проживеени во ПрД и итн. Луѓето се навикнале да се однесуваат кон денот како кон некоја ситница, но целиот ден надвор од практика значи цел ден залепен во задоволство, сивило, НП и НЕтоа е голем чекор кон смртта, зад кој ќе има многу голем траг на сивило и НЕ. Препорачливо е да го поделиш својот живот на денови и да го броиш животот во денови, а не во години - тоа овозможува отстранување на механички незаинтересаниот однос кон еден ден.

Ако денот се поистовети со "годината", тогаш секои два часа, можат да се идентификуваат со соодветните месеци. Секои два часа ("2чф") или едночасовна фиксација ("ечф"), јас исто така советувам секогаш да се извршуваат во било кое време, вклучувајќи ги и ноќе, затоа што тоа придонесува за подобро спиење, бидејќи се должи на фактот дека спиењето е прекинато со проживувањето на ПрД, не се случува многу-часовно лепење во НП, исто така придонесува кон вон-телесно искуство и искуство во луцидните соништа. Дури и ако резултатот на тој час, биде запис "ништо не е сторено", или биде фиксиран само списокот на доживеани НЕ, тогаш тоа ќе биде доволна активност која ќе те разбуди и мотивира.

Вообичаените грешки во тек на ечф: "почетна суета" (спазматични обиди да почнеш нешто да направиш, лежерна паника), "почетна инерција" (мислите, "имам уште еден цел час, сега ќе ги завршам моите работи и продолжувам со практиката"- само-измамата води кон пораз); "постојана инерција" (почетната инерција трае речиси цел час и доведува до завршна суета), "завршна суета" (спазматичен обид барем во последната минута да се направи нешто – да се означи поразот, само-измамата, недостатокот на интерес кон практиката).

При едно-минутната фиксација (емф), 15-секундна (15сф) и 10-секундна фиксација (10сф) се фиксира, на пример, целокупната оценка на состојбата за определен период на време. Предлагам да се користи скала од 1 до 9, каде што "5", одговара на "ништо не се случува", "6" – слаба просветена позадина, "7" - одржлива ПП со блесоци на ПрД ", 8" – постојани ПрД, "9" – силни ПрД со блесоци на екстатичност. И слично, надоле: "4" - слаба НП, итн. во тек на емф постои можност да се прикажат повеќе проценки, како што се одредување на максимален интензитет на НЕ и ПрД, интензитетот на напорот, итн.по избор.

При 5-секундната фиксација ("5сф"), може да се користи иста или поедноставена нотација. На почеток може да се чини дека емф (да не ги спомнуваме почестите фиксации) – е нешто невозможно. Во практика, се чини дека емф се целосно компатибилни со речиси секоја активност (фиксацијата може да се врши и ментално), и не само да не "одзема време", туку спротивното - го прави исклучително богат, кој треба континуирано да врши сеќавање на практиката на ПрД, на тој начин спречува неконтролирано лепење во НП и НЕ, долготрајна ХГ, што води кон постигнување на стабилна ПП и неочекувано голем број на интересни забелешки и откритија. Искусните практичари се во состојба да спроведуваат емф по неколку часа по ред, а 15-10-5сф во тек на десет минути. Може да се нацрта аналогија: ако дискот не е форматиран, значи дека не можеш ништо да запишеш - животот на просечниот човек е токму таков, лета, како сонот. Ако дискот се форматира, тогаш може да биде добро исполнет - животот за време на фпр е полн до крај, и проживеаниот ден се доживува како да поминала цела недела.

Многу се ефективни практиките на изразување на желбата на глас ("ИЖГ"). Ако ситуацијата не дозволува да се изразува желбата на глас, тоа може да се направи во себе, по можност, придружена со блага артикулација на усните. Препорачувам:

1) да се врши ИЖГ во серии, не помалку од 10 пати во серија, најдобро од 50 до 100.

2) по секоја долга серија направи пауза и да ги наслушнеш ПрД кои настануваат, отстранувајќи ги ХГ.

3) ако ХГ за време на паузите станат премногу досадни, препорачливо е да се почне со нова серија.

4) избирај конкретни желби: "сакам да чувствувам лојалност", "сакам да се чувствувам себе си во соништата", "сакам сите да можат да доживуваат просветени доживувања".

5) да ја скратуваш изговорената фраза, доколку како резултат на повеќе повторувања на пократката верзија е цврсто поврзана со целосното звучење, на пример, наместо "сакам сите да можат да доживуваат просветено доживување" - "сакам за сите ПрД".

6) да бидеш свесна дека оваа практика ќе доведе до забележителни промени, кога е направена околу 1000 пати ИЖГ во текот на денот.

По неколку дена интензивно правење на фпр, препорачувам да се одмори на 1-2 дена, дури и ако тоа води до лизгање во слаба ПП. Ако ПП во поголемиот дел се заменува со непосакувана позадина, скрати ја паузата, бидејќи ќе се појави радосна желба за продолжување со фпр, постигнувајќи одржлива ПП. За време на паузите, често препорачувам (без фиксирања) да се вратиш на прашањето "што јас сега доживувам?". Во текот на паузата можат да се појават значајни откритија - нови јасности, нови ПрД.

 

Предлагам во процесот на ИЖГ да се контролира следното:

1) да повторувањето на фразата не стане механичко, така дека секоја фраза е придружена со најмалку слаба, но манифестирана одговарачка желба. Времетраењето на секоја активност на ИЖГ е околу 5-10 секунди.

2) постојат ли ПП или блесоци на ПрД за време на ИЖГ

3) постои ли токму сега радосна желба за продолжување со ИЖГ, со исчекување

 

Кога ќе се постигне значајно искуство во ИЖГ, и кога желбата јасно се разликува како посебно доживување, ИЖГ може да се модифицира како "континуирано генерирање на желби" ("КГЖ"): но со тоа изговарање желбата се прекинува (вклучувајќи го и ВД), и контролата се извршува само да би се желбата јасно изложила. Времетраењето на таа активност се сведува на 1-3 секунди, која ја забрзува манифестацијата на интензивната ПП, но треба да се има во предвид дека со отсуство на изговорањето се зголемува веројатноста за појава на "заспивање", подмачкување на практиката, лизгања во ХГ - особено во време кога ПП е уште кревка и слаба.

 

Кон фпр, исто така се однесуваат следните практики:

*) Механички замени [очигледно лажни концепции].

*) преживувања [значајни настани од личната историја, со отстранување на НЕ и генерирање на ПрД]

*) Фиксации на јасност. При тоа се повторува фразата која резонира со јасноста. На пример, со повторување на фразата "јас сум поинаков" се фокусирам на јасноста во фактот дека имам свој начин, без оглед на тоа кој што за тоа мисли и што ќе ги реализирам радосните желби независно од тоа - кој што прави и што не сакам механички да ги имитирам другите. Тоа ја отстранува приврзаноста на позадината кон луѓето, доведува до манифестација на исчекување, до бескрајно патување, и др.

*) возвраќање на внимание [со ХГ до посакуваната состојба]. На пример, го поставувам прашањето "што е сега?" го засилува вниманието на моменталната состојба, сеќавањето на ПрД и радосните желби, предизвикува бавни НП и слаби НЕ.

*) емоционално полирање.

ФПР се "спасителен круг" за време на рецесијата, бидејќи тоа е наједноставното нешто што може да почне да се направи - да изведеш една од ФПР, пак на крајот состојбата ќе почне барем бавно, но неизбежно ќе се променува.

Често се појавува радосна желба за спроведување на ФПР дури и кога се манифестирани јасни ПрД, екстатична позадинасе појавува ефект на "пумпање", кога се зголемува квалитетот на ПрД. Желбата да се занимаваш со ФПР исчезнува само на степенот на постигнување на екстатично ПрД, кога екстатичноста достигнува степен на "неподносливост".

Креирање на нови "просветени навики": реализација на радосни желби за постигнување на тоа да некоја одредена активност (по можност таа која се врши неколку пати на ден) секогаш да биде придружена од минимум напор за произведување на одредено ПрД , и како максимум - манифестација на тоа ПрД. На пример, може да се осигураш дека секој пат кога ставаш вода во чајникот, доживуваш радост или чувство на убавина. Но, токму СЕКОЈ пат. Можеби на почеток ќе потрошиш 5 пати повеќе време да го ставиш чајникот да зоврие, но по една недела или две, доживувањето на ПрД за таа активност ќе стане навика, и ќе можеш да започнеш нова борба. Направи го тоа чекор по чекор - остави ја мегаломанијата на оние кои никогаш не ќе се променат, и прави еден по еден конкретен чекор, во согласност со радосните желби.

 

06-01-10) ЧСВ – чувство на [сопствена] важност. ЧСИ - чувство на [сопствена] инфериорност. Жалост [кон себе]. Навредија [мене]. Агресија [кон тој, кој е против мене]. НЕ кои се собиваат и кинаттоа е реакција на негирање на јас, а ПЕ e реакција на поддршка на "јас", така што важноста на самиот себе која произлегува од илузијата "јас" - е основа на НЕ и ПЕ. Дури и ЧСИ е резултат од ЧСВ, бидејќи се појавува кога "јас-важна" е повредено и кога не постои можност да се заштити тоа значење. Кога постои ПрД, мислата за "јас" станува слаба, несигурна, одѕвонува во позадина, но кога постои екстатично ПрД, "јас" е сосема илузорна.

Ако си искрена, брзо ќе забележиш дека аргументите за илузорната природа на "јас" не менуваат ништо, и неопходно е да направиш нешто исклучително специфично за да ослабне најмртвата страна на таа илузија - ЧСВ. Како исклучително ефективна практика, ја предлагам практиката на "сталкинг". Практиката на социјалните експериментирања е одлична прелиминарна вежба. Многу различни информации за сталкингот можат да се најдат во книгите на Кастанеда. Сталкинг е намерно создавање на ситуации од кои обичните луѓе бегаат како од оган: каде што максимално се собива твојот ЧСВ, и ти совршено ги отстрануваш настанатите НЕ и ПЕ. Најдобар начин да создадеш таква ситуација – е да бидеш на власт или во сферата на влијанието на еден тиранин: тап, агресивен, арогантна личност (или група на луѓе), која има за цел да навреди, понижи, потисне други луѓе, кој знае како да го направи тоа и има многу можности да го стори тоа. Повеќето "страшни" ситуации, кои само може да ги замисли просечниот човек, се најповолни за практикантот кој се занимава со сталкинг.

Сталкингот завршува со пораз, ако престанеш да се стремиш кон совршено отстранување на НЕ, како и ако постои желба за одмазда, убивање или да му наштетиш на тиранинот, бидејќи тоа значи дека си ја земал позицијата на жртва, која ја губи војната против ЧСВ и сам си почнал да бидеш тиранин.

Сталкингот завршува со целосна победа, ако а), без разлика што, твојата упорност и одлучност остануваат силни, ти и понатаму совршено ги отстрануваш НЕ, и доживуваш ПрД, и б) ги одржуваш оние позиции, што си одбрал да ги задржиш (на пример, да се зачува физичкиот интегритет или интегритетот на банкарската сметка итн.)

Со цел да се постигне максимален јасен резултат, неопходна е точна пресметка. Вистинските тирани се реткост, и ако ти недостасува еден, не постои гаранција дека ќе најдеш друг. Кога ќе се соочиш со тиранинот, мора да паднеш во рамките на неговото влијание, да ги истражуваш неговите механизми, да бараш начини за манипулација, усовршувајќи го искуството за менување на своите личности, и покажувајќи му се така да тој може да го покаже квалитетот тиранин повеќе видлив. Никогаш не се одморај на ловориките - секогаш можеш да сториш повеќе, за да играта би станала посигурна, да би го зголемил притисокот врз твојот ЧСВ од страна на тиранинот.

Листа на резултатите од истражувањата на тиранинот може да се состојат од следново:

*) кои начини за собивање твојот ЧСВ тој ги поседува. На пример, дали тој бесно вика, или иронично се смее, или се зеза со некого, и сл.

*) кои "копчиња" и како можеш да ги "притиснеш" за да манипулираш со него, принудувајќи го да те тероризира.

*) кои се начините да се излезе од неговото влијание, завршувајќи со експериментот, неговите главни слабости. На пример тоа може да биде:

а) стравот од постарите тирани (шефови, роднина, пријател, итн. - сите оние кои ги препознава како негови "легитимни" тирани)

б) страв од губење на имотот, статусот, позицијата, парите, итн.

в) страв од зезање, да биде понижен - еден од најсилните стравови на тираните, бидејќи да се биде тиранин, значи да имаш многу "ранлив" ЧСВ.

г) страв од нејасно однесување. Нејасното однесување предизвикува страв, затоа што е тешко да се управува, и секогаш постои опасност од губење на контрола.

Ако тиранинот не земе секира и не те убива, без предговор, тогаш тоа значи дека има голем број на "слабости", односно ограничувања на неговото однесување. Идентификацијата и истражувањето на тие ограничувања е и цел за да се испита тиранинот.

Практиката на сталкинг открива дека голем дел од грижите на иднината не е толку во стравот од одредени околности, туку и во стравот од собивање на ЧСВ. Наглото слабеење на стравот од иднината води кон ненормален раст на восхит и други ПрД.

Критериумот за успешен сталкинг - задоволство, кое го доживуваш во моментот на интеракција со тиранинот. Кастанеда напишал дека војниците намерно користеле интеракција со тираните со цел да чувствуваат интензивно задоволство - тоа се случува како резултат на беспрекорното отстранување на НЕ во многу тешки услови, кога повеќето се вклучени во најмоќните механизми на нивното создавање, започнува масовно појавување на ПрД.

Аскетизам - практика чија цел е надминување на (т.е. совршено отстранување) на совладување на вториот дел на загриженост на иднината - страв од околностите. Јас создавам ситуација во која постои навика за доживување на јаки ПрД (првенствено ЖКС), при тоа внимавајќи да не предизвикам непоправлива штета на физичкото тело.

Примери:

*) во топло да пијам топла, многу невкусна вода

*) спиење во бучно, миризливо, неудобно место

*) јадење на пресна храна

*) завиткајќи се во дезинфицирана бодликава жица, да би се по секое движење, создаде силна физичка болка (да не се дозволи гангренозно воспаление) и така натаму - можностите се бесконечни.

Она што е важно не е тоа - како твоите активности ќе изгледаат на надворешниот набљудувач, важно е - што ти чувствуваш. Доколку ги правиш "лажните подвизи на аскетизам", спиеш на шајки, и со тоа доживуваш ЧСВ, ЖКС, други НЕ, тогаш таквиот "аскетизам" ќе те доведе на исто место каде се и сите огорчености - кон сенилност и распаѓање.

06-01-11) Желбата за доцртување и исфрлување ("ЖДИ") е секогаш механичка, бидејќи радосните желби секогаш резонираат со разумната јасност. Лесно е да се потврди дека ЖДИ ги задоволува карактеристиките на механичките желби.

Неможно е да се посвети искреност во една работа, а неискреност во друга. Одбивањето на желбата да се признаат и да се истражуваат манифестациите на другите луѓе, придружени од желбата да се задржи, сепак, нивната посакувана слика, неизбежно и драстично ја намалува способноста да се прави разлика помеѓу доживувањето во самиот себе, што води кон тупост, НЕ и други огорчености.

Работата со доцртувања е камен на сопнување за голем број на практиканти, па сакам да направам збир на примери за анализирање на примери по типот на збирката "прашања и одговори": парови "дел од извештајот" - "коментар".

Најдобрите милитантни доцртувања се појавуваат кон луѓето кои ги сметаш дека се "блиски" или "добро ги познаваш". Поврзано со тоа дека дури и најблиската околина на практикантот често многу агресивно се однесува кон неговата практика, бидејќи ако тој се обидува да прави разлика помеѓу доживувањата и да развие јасно мислење, ја отстрани концептуалноста, а потоа прекине да ги зема здраво за готово, сликите кои луѓето ги креираат и одржуваатќе посака искрено да ги разбере доживувањата на луѓето од околината и да створи свое мислење кон нив.

 

Многу широко е распространето лажното потпирање на доцртување во предизвикувањето на ПрД. Ако замислиш дека девојката која ти ја галиш, чувствува нежност, таа нежност ќе се зголеми. Ако замислиш дека чувствува злорадост (од, на пример, тоа што ги отфрлила твоите реални или замислени љубовници), нежноста исчезнува. Оттука и мислата: "сакам да чувствувам нежност. Ја доцртувам во неа нежноста и сам ја чувствувам. Нежност за мене е атрактивно доживување, зошто да ја одбивам?".

Односно доцртувањето се зема како начин за доживување на ПрД. Сепак, и покрај очигледноста на таквиот од на мислите, тој е лажен и доцртувањето е огорченост, односно не само што не придонесува за манифестација на ПрД, но токму спротивното - го спречува. И ако сакаш да доживуваш ПрД посилно, повеќе разновидно и почесто, потребно е да го разбереш ова. За да се постигне јасност, треба да се посвети внимание на следново:

а) доцртување - тоа е култивирање на неискреност, сузбивање на искреноста. Искреноста секогаш резонира со ПрД, со јасноста - без оглед на тоа што си пронашла на крајот од пројавувањето на искреноста. Неискреност секогаш доведува до општа тупост, зголемена НЕ, неможност да се прави разлика помеѓу доживувањата и - следствено - за одбирање на посакуваните, а тоа значи неможност да се доживее радосна желба, кон култивирање на ПрД. Покрај тоа, искреноста - сама по себе е многу атрактивно ПрД.

б) доцртувањето често е придружено со анксиозност, дека ќе бидат (само) изложени, НО поради тоа што може да се забрза изложеноста или да се зголеми контрастот помеѓу "боцките" и доцртувањата, другите НЕ. Колку е подалеку додатната слика од "боцките", толку е поголема во тебе позадината на вознемиреност.

Од таа опсервација може да се изведе претпоставката дека, меѓу другите доживувања во човекот често има траги на разумна јасност во тоа дека е неискрена и доцртува други - на пример во форма на слеп внатрешен дијалог, кој е активно потиснат. Тоа значи дека било кој човек може да се идентификува и да ги отстрани доцртувањата, ако има таква желба, и продолжувањето на доцртувањата само значи недостаток на желбата да се биде искрен.

в) доцртувањата се препрека за нежност, симпатија и други ПрД, бидејќи доцртувањето да не се уништи, мора да се престане согледувањето на манифестациите на човекот, постојано да се потиснува јасноста во неговите манифестации и на крајот, наместо жив човек ќе имаш пред себе само гипсана фигура, кон која е невозможно да се доживее нежност или симпатија. Изборната неискреност, на која сметаат оние кои сакаат со помош на доцртување да доживеат ПрД, е невозможна.

г) обидот "ништо не претставуваш" води кон комплексната форма на самоизмама, кога ти само мислиш дека ништо не претставуваш, но се однесуваш како што се однесуваат луѓето, кои доцртуваат. Од страна е многу добро илустрирано, и лесно се идентификува со помош на искрено истражување на самиот себе.

д) кога на било кој начин култивираното доцртување се руши (а тоа секогаш се случува порано или подоцна), бројот и интензитетот на НЕ се зголемува до катастрофално високо ниво, па дури и може да се појави желба никогаш да не чувствуваш нежност и симпатија. Како резултат на тупоста не си во состојба да разбереш дека причината за овие НЕ не е во ПрД, туку е во фактот дека имаш култивирано тупост. Кога доцртувањето е уништено од желбата да се постигне јасност и искреност, секогаш имаш многу јасни блесоци на ПрД и радосни желби.

е) желбата за доцртување е секогаш механичка. Замисли дека си ја изгубила способноста да комуницираш со твојата девојка/дечко - веднаш се појавуваат силни НЕ: чувство на загуба, ЖКС итн. Тоа е во контраст со општо прифатеното мислење, не е знак на "љубов", туку обратно - најсигурен знак на механичка желба, односно желба, мотивирана од огорченоста, но не е ПрД (на пр. ЖКС, ЧСВ, жед за поседување, љубомора, страв од осаменост, здодевност или сивило, итн). "Љубовта", е сфатена како комбинација на ПрД, како што се нежност, приврзаност, лојалност, итн, никогаш не се придружени со НЕ при помислата на разделба, неможноста за комуникација. Ако НЕ произлегуваат, тогаш твојата симпатија кон вмешување со доволна количина на механички желби кои ја УБИВААТ нежноста и симпатијата. Приврзаноста, која се сфаќа како збир на механички желби и НЕ, секогаш се појавува до тој степен до кој ти доцртуваш на човекот. Приврзаноста се појавува само при доцртувањата. Ако почнеш да го истражуваш човекот и прекинеш со доцртувањата, тогаш без оглед на резултатите од овие истражувања ќе откриеш дека се бесмислени или јасно усмерени, амбициозни личности - во секој случај, твојата приврзаност ќе исчезне, а ПрД ќе се зголеми.

Желбата за доцртување се зголемува по оргазмот, лепење во сивило, досада, ЖКС и други НЕ. Кога постои ПрД, постои искреност и желба по било која цена. Кога постои НП, постои нездрава приврзаност кон "цена", односно одбивање да се разделиш со доцртувањата како средство за постигнување на задоволство, спас од сивилото.

ж)колку се посилни доцртувањата, толку повеќе НЕ се појавуваат како одговор на предлог за истражување на тој човек, а особено ако некој се обиде да го ??стражи тоа сам, а и тебе воедно. Кога си искрена, овие предлози и иницијативи предизвикуваат кај тебе бран на симпатии, посветеност, предвидување на наоѓање на огорчености и ослободување од нив.

з) бидејќи доцртувањата се манифестираат највеќе со "најблиските" луѓе со кои комуницираш често, дури и ако подоцна се обидеш да добиеш искреност, и отстраниш НЕ и генерираш ПрД, ефективноста на напорите ќе се стреми кон нула, бидејќи поголемиот дел од времето ќе култивираш тупост и приврзаност (т.е., НЕ и страв од НЕ). Невозможно е да не се забележи дека отстранувањето на доцртувањето драматично ја зголемува ефективноста на практиката во се останато, а појавата на нов бран на доцртувања драстично се редуцира.

и) но што да се прави со главниот аргумент – зарем доцртувањата "помагаат" да се чувствуваат ПрД? Ако при доцртување на некој човек чувствуваш нежност кон него, тоа значи само дека нежноста се манифестира и ПОКРАЈ, а не благодарејќи на доцртувањата, и да би можела да чувствуваш и нежност и други ПрД директно сега е многу посилно и подолго, ако продолжиш да ги отстрануваш доцртувањата . Кон тој човек или некој друг или во безобјектна форма.

к) зајакнување на приврзаноста кон гипсената фигура, ја ускратуваш јасната дистинкција, и на крајот се многу интересен за тебе човек може да ти помине пред твојот нос, а ти полна со тупост и НЕ, нема да го приметиш, и со тоа ја губиш можноста да одиш кон ПрД многу брзо, бидејќи ништо толку не го забрзува пројавувањето на ПрД, како и нивната резонанца со манифестациите на другите луѓе, кои ти даваат причина да претпоставиш дека тие доживуваат ПрДа да не зборувам за губењето на една ретка можност за размена на искуствата во практиката за постигнувањена ПрД.

ј) доцртување на нешто на човекот е неспојливо со симпатијата кон него! Тоа може да изгледа апсурдно, но сепак тоа е очигледно. Кога доцртувам, создавам фиксирана лажна слика и чувствувам задоволство поради тоа. Но, зад стаклото на таа слика се наоѓа суштество кое чувствува огорчување и можно е да се стреми кон ослободување од нив. И јас би можел да помогнам, да се осигурам дека тоа суштество веќе не доживува огорченост, за да ги олеснам неговите напори во постигнување на јасност и ПрД (ако тие напори постојат, наместо да се доцртуваат), но јас одбирам да не ја гледам огорченоста, туку обратно - го мотивирам да ја одржува самоизмамата. Доцртување нешто на човекот - значи да се коваат шајки во капакот на ковчегот. Тоа значи дека култивираш задоволство и потполна индиферентност кон него. Тоа е апсолутно во спротивност со радосната желба да се ослободиш од огорченоста и доживееш ПрД, со позицијата на бодхисатва.

 

Истражување на доживувања кај другите луѓе вклучува:

1) создавање на листа на прашања, кои ќе си ги поставуваш, ако би одлучил да постигнеш искреност и да се истражиш самиот себе

2) добивање на одговори од тие прашања од човекот кого го истражуваш

3) во случај на општи, нејасни одговори – поставување на дополнителни подетални прашања

4) споредување на човековото однесување и неговите одговори, идентификување на противречности, нејаснотии, нови поставени прашања

5) создавање на ситуации во кои човекот кој се анализира се однесува така што можеби ќе се појави основ за претпоставка во составот за неговите доживувања

6) Ако човекот вели дека "сака нешто", тогаш треба да се дознае (и види) - што тој направил за реализација на таа желба, какви се резултатите

7) Ако човекот вели, дека "разбрал нешто", тогаш наведишто тоа знае, и да се види - дали се сменило неговото однесување во согласност со неговото наводно разбирање, да се дознае - што тој направил за промена на неговото однесување во согласност со наводното разбирање, какви се резултатите од неговите активности

8) при толкување на одговорите или активностите на човекот не се ограничувај на само една интерпретација – секој пат најди 2-3 или повеќе, а потоа истражи ја нивната автентичност, конзистентност со останатите постапки и зборови на човекот.

 

Типични грешки при истражувањата:

1) прашањата се поставуваат без заби, однапред-прилагодени за тој човек, да не би се предизвикал НС, да не му се создадат потешкотии во одговорите

*) решение: да се вклучат во својата листа прашањата од листите составени од "муцките" (види го колекцијата на статии), да им се понуди на "муцките" да додадат во таа листа некое прашање.

2) одговорите се прифаќаат со верба, а не како материјал за понатамошна анализа - не бараат противречности, не се создаваат ситуации во кои човекот под истражување ќе се води така да би имал причини да потврдиш или побиеш или да ги конкретизираш неговите одговори.

3) истражуваниот е неискрен, и сака само да се лаже самиот себе, да добие потврда по било која цена за своите идеи. Тоа е комплицирана ситуација, затоа што ако човек се одлучи да лаже, никој не може да го спречи во тоа.

*) решение 1: замоли ја "муцката" да ги прочита записите од твоите истражувања

*) решение 2: прочитај го своето истражување, така да изгледа како да ги читаш записите на некој друг, непознат за тебе човек

4) погрешно се претпоставува дека истражуваниот човек знае – кои конкретни доживувања тој ги претставува еден начин или на друг, и дека неговите симболи се идентични со твоите. Всушност, луѓето речиси никогаш не мислат за такви работи, безумно го повторуваат она што го велат во одредени ситуации. Затоа, ако човек каже, на пример, дека чувствува нежност, тој всушност може да чувствува тоа што не е нежност, туку е сочувство, грижа, друштвеност, желба за соборување на здодевноста и сивилото, па дури и страв, но, чувството на должност, чувството на вина, па дури и злопамтилото и злорадоста! (На пример, ако девојката го милува момчето, мислејќи дека го зема од својата соперничка).

*) решение: прифати ја пораката од доживувањата на човекот само како предмет за анализа, споредувај ги нив со други зборови и изрази, подготви заклучоци врз основа на здравиот разум и твоето искуство во следењето на себе и другите луѓе.

5) погрешно е да се верува дека е невозможно да се разберат доживувањата на друг човек. Првиот обид да се постигне јасност ќе биде мака, а главната тешкотија нема да биде во тоа дека јасноста е неостварлива, манифестацијата заплеткана, итн, а во тоа дека треба да се надмине инертноста на тупоста, механички ЖДВ, стравот од постигнување на јасност. А само јасност да се добие, генерално е многу, многу едноставно.

*) решение 1: отстранувај го стравот од јасноста и другите НЕ

*) решение 2:вежбај

*) решение 3: Ако нема јасност, тогаш и однесувај се како да ја нема. Еден тип на самоизмама е да мислиш, "па, јас не знам што тој чувствува, но се однесуваш со него како точно да знаеш - што тој чувствува, то ест култивираш доцртување.

6) Се доцртува некое "јас" во прилог на оние доживувања, кои се на погрешно место. На пример: "да, тој сега се однесува како животно, но тој е сепак добар човек - добро, некаде, длабоко во себе, во целина, така да јас се уште го сакам." Така да креираш доцртување и го применуваш преку сите доживувања, обидувајќи се да не се фокусираш на постоечките доживувања, него на своите доцртувања.

*) Решение: биди свесна дека ја немаш дури и перцепцијата на "јас", не е да се спомене и перцепцијата на "тој". Постоит перцепција, постојат разлики во овие перцепции, постојат поврзувања со различни перцепции, така што во секоја време си свесен за своите манифестации, во интерпретацијата на овие манифестации и во врска со ова, во нивните радосните желби.

7) Доцртување нешто на човекот се случува од "далеку", без да се оди во близок контакт со него. На пример, многу често им се доцртува нешто на уметниците, писателите, политичарите, проповедниците и другите луѓе кои ги гледаш само во многу ретки моменти и во многу специфични околности каде што човекот знае дека е објект на внимание и настојува да ја одржи саканата слика.

Типичен пример - погрешна е претпоставката дека ако сликата или песната или слично за тебе е просветена позадина, тогаш тоа значи дека човекот кој се создал, искусил (барем во моментот) ПрД. Повторувам дека просветената позадина може да биде дури и пикавец од цигара во тоалетот. Даденото доцртување е интересно од фактот дека желбата за негово одржување е многу стабилна и покрај фактот дека минималното истражување открива многу "боцки".

*) решение: воспоставувај со луѓето колку што е можно поголем интимен контакт, истражувај ги, ако сакаш да добиеш престава за нивните доживувања. Никогаш не знаеш однапред - кој дел од нивното однесување веднаш може да ја здроби зградата изградена од доцртувања.

8) "лажно прекинување на доцртувања". Мислиш: "можеби, сепак, тој дури и не е многу интелигентен и сензибилен човек", и престануваш да комуницираш со него, мислејќи дека доцртувањето е отстрането. Всушност, тоа воопшто не е така: "тој е интелигентен и сензибилен" си ја заменила со друга, најверојатно кога си била мотивирана од НЕ. Парадоксално е, но во овој случај, можеш само да ја сметаш во својите мисли дека тој е тап и нечувствителен, но продолжи да се однесуваш како да е тој мудар и разумен, вклучувајќи и жалост поради изгубениот контакт со него, на здодевноста кон него и др.

*) Решение: истражувај го човекот, не прави збрка од негативните и позитивните доцртувања

9) Форма на самоизмама - за да се започне "да се истражува" човекот, така да доживеал НС кон тебе и го прекинал контактот - моментно, па дури и трајно, тогаш ќе помислиш дека: "се обидов да ги истражам, но не ми успеа - одби, се навреди и си отиде" . Се разбира, ќе продолжиш да ги задржиш непроменети нивните доцртувања.

10) Доцртување поради појава на споредни атрибути на доживувањата кои одговараат. На пример, човековиот живот е толку мрачен, што тие навистина сакаат да имаат барем една ПЕ, одат во кино, организираат "празници", но на крајот често со навреденост гледаат дека ПЕ или не се појавуваат, или многу брзо се прекинуваат, а се заменуваат со здодевност и НЕ. Потоа, во очај, тие ги појавуваат споредните атрибути на ПЕ – почнуваат гласно да викаат, да се смеат, да се забавуваат, а луѓето околу вас без никаква анализа доцртуваат споредни атрибути дека човекот всушност се соочува со ПЕ. За избразденото чело доцртуваат креативна замисленост, за насмевка - симпатија и ведрина, и така натаму.

*) Решение: исто како што е под точка 7)

11) Грешка "па не може човек така да лаже!" Може. Без разлика на било што - социјален статус, занимање, однос кон себе, и др, човекот е способен за монструозни лаги, кои тој може да ги поддржува, да ги развива во текот на произволно долг временски период. Често самите луѓе почнуваат да веруваат во сопствената лага.

*) решение 1: слушни ги приказните на другите луѓе за себе, кои си ги следел некое време, истражувал и споредувај ги со своите сеќавања. На пример, родителите можат да ти кажат дека "никогаш немале контрола врз твоите мисли, дека не те принудувале да размислуваш на ист начин како нив." Спореди го со своите сеќавања. Токму сега, кажи им ги своите мисли, кои се спротивни на нивните концепти и погледни ја нивната реакција.

*) решение 2: истражувај го своето сопствено лажење, неискреноста која се прикажувала во минатото.

*) решение 3: прочитај ги одговорите од другите практичари за истражување на себе, другите луѓе.

*) решение 4: цврсто стои на ставот дека со цел да кажеш некое вакво или такво мислење, потребно е да имаш основа за тоа, и "чесното лице" на соговорникот нема таква основа.

*) решение 5: детално и написмено фиксирај ги резултатите од своите истражувања, спречувај ги механизмите за нивното сузбивање.

12) Кога човекот се заплетува во контроверзност, не можејќи да продолжи да ја поддржува лагата, или да го одбрани концептот, ако тврди за барем минимум здрав разум, па понекогаш ја признава неговата лага или лажниот концепт, или тоа дека има НЕ и така натаму. Погрешно е да се земе како појавување на јасност - тоа може да биде само начин да се врати твојата друштвеност, ПО, да ја промен темата и да заборави на сè, а потоа, повторно да се однесува како порано.

*) Решение: ако човекот постигнал јасност, тоа е проследено со одредено однесување - да се провери дали е:

а) вложува напори за промена на своето однесување во согласност со јасноста што може детално да се информира за тие напори - што сум правел, што работев, што не успеа, кои беа откритијата, забелешки, прашања, итн. Ако нема никакви детали – значи дека немало напор, немало желба да се зацврсти јасноста, значи - тоа не било јасност, тоа било тактички потег.

б) направи корекција на другите претпоставки, кои се спротивни на таа јасност.

в) не доживувај иритација кога повторно ќе го покренеш тоа прашање.

г) иницирај разговори на таа тема, за зајакнување на јасноста, и така натаму.

13) Понекогаш договороте само тактички трик кој се користи за прикажување на широчината на своите погледи, да ја отстраниш високата топлотна отпорност, да ја промениш улогата на наставник која не работи, улогата на пријател во надеж дека тоа ќе работи и успешно ќе влијае на тебе.

*) Решение: ист како што е во точка 12.

 

Некои типични реакции на луѓето и најчесто објаснување за нив:

1) "Јас не знам, не размислував за тоа" - обично значи "не сакам да размислувам за тоа" или "имам размислување кое сакам да го сокријам од тебе." Проверка: предложи му да размисли за тоа, погледни на реакцијата.

2) На прашањето "како се чувствуваш во врска со такво и такво однесување на некои луѓе" следи одговорот "секој има право на свој начин на живот...", "нормално се однесувам", "никако не се однесувам", "ги прифаќам луѓето такви какви што се" - обично значи "ги мразам", "ќе ги уништам". Проверка: кажи му дека ти или некој близок на него човек така се однесува и погледни ја реакцијата.

3) "не може да се изрази со зборови", "чувствата не може да се објаснат", "може се да се прифаќа така како што е", "можно е едноставно да се биде во хармонија со светот", "доколку се тоа се анализира, се губи интегритетот" => "не сакам размислувам за своите доживувања", "сакам да чувствувам НЕ, тупост", "ми здосадија твоите прашања, тоа не ми е интересно".

 

Истражувањето на самиот себе, напорите во разликувањето на [своите] доживувања во голема мера го олеснуваат процесот на доцртување, создаваат основа за разумни претпоставки.

 

Процесот на создавање на доцртување, искуството на нивната изложеност, вежбање во формирањето на разумни претпоставки, будењето на просветената свест која разликува и многу друго е многу ефикасно во процесот на запознавање и зближување со новиот човек. За да се консолидираат повеќе навики и спречување на тркалањето во механичките желби на "доцртување и заборавање на се" неопходно е да се создаде стандарден синџир на постепено приближување. Пожелно е да се промовираат други практиканти, кои ќе го следат твоето однесување, ја анализираат твојата конверзација, извештаите, заклучоцитеод страна гледано доцртувањата и поместувањата можат да се видат 10 пати појасно одошто можеш ти сама вклучена во процесот.

Еве една верзија на таков синџир: запознавање со девојка на интернет.

За време на креирање на секој нов "портрет", споредувај го соговорникот со претходните. Во процесот на создавање на портретот по можност образложи ја секоја своја претпоставка за неа.

Однапред изготви листа на параметри и изрази, со кои ќе ја проценуваш (на скала од 1 до 10) секоја личност.

*) Постави оглас на сајт за запознавање. Најмногу одговори од момците добиваш ако напишеш дека си во потрага по партнер за секс. Наведи дека писмата без слики не ќе ги разгледуваш. Кога ќе добиеш многу е-мејл, избери ги оние со кои ќе работиш понатаму - по можност оние писма за кои што најмногу си заинтересирана. Напиши им нешто охрабрувачки во одговорот, за да добиеш повеќе писма. Барај од нив да испратат слики, со кои јасно се покажува телото и такви, кои јасно го покажуваат лицето.

*) Внимателно прочитај ги првите две или три реда од писмото. Опиши го во детали портретот на авторот, како што тој се појавил во твојата имагинација.

*) Прочитај го неговото писмо до крај. Направи нов портрет.

*) Одбери ја најмалата и нејасна фотографија, направи нов портрет. Потоа истото - со слики од телото, со слики од личноста кое добро се гледа.

*) Напиши писмо со сексуален текст и доби одговор на него, прочитај го и направи нов портрет. Напиши писмо, кој се состои од празни интелектуални формации. Прочитај го одговорот и направи нов портрет. Напиши писмо, кое ќе го протолкува како израз на силни НЕ. Прочитај го одговорот и направи нов портрет. И така натаму. По желба и по можност продолжи со допишување, секој пат нуди некоја нова мисла. Да соговорникот не би го изгубил интересот, возбуди го со половични еротски слики (свои или не, според желбите), увери го, дека сакаш што поскоро да се видите, само да најдеш слободно време.

*) Телефонирај му и ангажирај се на детален разговор, осврнувајќи се на различни, вклучувајќи ги и критичките теми: сексуалните фантазии, искуства, хомосексуалноста, насилството, семејството, љубомората и предавството, работата, целите и интересите. Состави по секој разговор, нов портрет.

*) Сретни се на неутрална територија, разговарај, прошетај, погледни го во живо.

*) Имај секс.

*) Кажи му дека сега имаш ново момче (маж, деца, работа, родителите ти бранат, итн), и дека со него нема да се забавуваш - погледни на неговото однесување после прекинувањето на односите.

*) Спореди ги сите портрети. Проанализирај, направи заклучоци, напиши ги откритијата.

Таа шема е ориентациона, и во вистинска ситуација самата ќе ги одредуваш приоритетите, ќе го прошириш или прекинеш процесот на било кое место.

Обичниот човек проживува само неколку такви приказни низ животот, и секако ништо не истражува, не анализира, не прави заклучоци, односно не добива никакво искуство. Можеш, во рок од еден месец да добиеш многу повеќе искуство, да постигнеш јасност во однос на другите луѓе, отколку останатите луѓе за целиот свој живот.

 

06-01-12) "Траекторија на развојот" – е стабилен збир на секвенцијални фази во развојот.

(Напоменувам (види во подглавјето "листа на термини"): "развојот" е збир на промени што резултираат со зголемување на обемот или интензитетот на било кои особини на ПрД. "Промена" – е создавање на нови навики како резултат на вложениот труд. "Напор" – е концентрирана и интензивна радосна желба. Резултат е манифестација на саканите доживувања, по напорите за да се постигнат овие доживувања. "Радосна желба – е желба, која резонира со исчекување и други ПрД).

 

Со грубо приближување траекторијата на развој изгледа вака:

1) во првата фаза, вложувам напори на сите фронтови - изведувам различни практики кон кои постои радосна желба. Ќе ја означам оваа фаза како "фронтален притисок". Интензитетот на рж варира од 1 до 6, стабилноста на рж е мала или средна.

 

2) Во некој момент, како резултат на зголемување на фронталниот притисок се јавува "пробив на искреност, силен излив на јасност дека за сето ова време, во некоја област не сум била искрена, сум разместувала некои силни огорчености, на кои сум толку навикната, да не сум сакала да правам разлика (огорчена доминанта).

 

3) Со пробивот на искреност следи појавувањето на "циклонот", чија цел е идентификување и отстранување на оваа неискреност.

 

(Ја напоменувам дефиницијата на циклонот: тоа е радосната желба

*) со интензитет над 5-6, до 10;

*) исклучително отпорна на влијанија од други доживувања, со многу долго траење на појавување, па дури и во споредба со другите рж;

*) придружена не само со ПрД, исчекување до 10, но и (барем од време на време) "физички искуства" - како "излив на волја", цврстина, радост, и др.

*) кои силно резонираат со "жестокост", "стремежот".)

 

Времето што изминува од почетокот на фронталниот притисок до пробивот на искреноста (tp),

а) е обратно пропорционално на квадратот на "коефициентот на змејот" ("коефициентот на змејот" - "Od" - интензитетот и фреквенцијата на манифестација на упорност (во идентификување и отстранување на НЕ, генерирање на ПрД), решителност (во совршено отстранување на огорченоста, во посветеноста за доживување на ПрД), искреност, антиципација),

б) обратно пропорционална на "коефициентот на ПрД" - "Oo" (интензитетот и зачестеноста на други манифестации на ПрД, ФП, радосни желби, напори во разликувањето, итн.)

в) директно пропорционален на квадратот од "коефициент на агресија" - "Na" (интензитет и зачестеност на појавата на агресивни НЕ)

г) директно пропорционален на "коефициентот на огорченост" - "Nn" (интензитет и зачестеност на појавата на сите други НЕ, НП, механички желби, инерција на тупоста, итн.)

 

tp= (Na2 * Nn) / (Od2 * Oo)

 

4) Циклонот води кон голем пораст во напорите да се разликуваат доживувањата, зајакне беспрекорноста во отстранувањето на огорченоста ("практика на зацврстување"). Циклонот создава посебни, тесно фокусирани олуи на радосни желби.

 

5) Резултат на практиката на зацврстување е "каскада од откритија" или "пробивање":

а) се појавува една по друга на јасност

б) со невиден интензитет се манифестираат веќе познати и нови особини на ПрД, ја зголемува стабилноста на нивното појавување

в) се зајакнува "позицијата на змејот" во целина.

г) силни и постојани радосни желби водат кон брз развој.

д) станува очигледна радосната желба за изучување на литературата за практиката - да се чита книга, статија. Точно и кратко (што претходно се нарекувало "суво"), започнува да резонира силно со радост, аспирација.

е) се зголемува радосната желба за формална практика, зацврстување на откритијата

ж) се зголемува радосната желба за утврдување на резултатите, создавањето на опис, технологијата

з) се зголемува радосната желба за што повеќе и повеќе вложување на напори за разликување на доживувањата

 

"Фаза на синџирни реакции" - првата и најактивната фаза во каскадата на откритијата. "Синџирна реакција" - појава во која секој пат јасноста и делумно (понекогаш значително) се ослободува од огорченоста која се јавува речиси моментално, речиси без напор, во текот на фокусирање на одредена тема.

Меѓу множество на откритијата јасно се разликуваат а) "ситни откритија" и б) "крупни откритија". Карактеристични особини на крупните откритија – попатни блесоци на екстатични ПрД.

"Фаза на прибирање на плодовите" - втора фаза во каскадата на откритијата. Се карактеризира со радосна желба за интензитет од 5-10 за да се зацврстат откритија – повеќе-патни доживувања на постигнатата јасност и други ПрД, со фиксација на резултатите.

 

6) Поради механизмот што го имам наречено "четири стражари, се појавува опаѓање. Времетраењето и длабочината на првите пет фази е поголемо, додека падот е помал, кога ПрД кои се појавуваат се приближуваат кон екстатичните. Знаејќи дека шестата фаза доаѓа неизбежно, практикантот е подготвен да се насочи кон практиката на "нежно повлекување", штом забележи дека и покрај неговите напори, оваа фаза се појавува, што овозможува падот да биде помалку развлечено и да биде понежно.

Почнувајќи од одреден момент, падот нема да води кон појава на огорченост, но се создава повлекувањето во позицијата на "нежна практика", имено:

а) појавена е континуирана ПП - мал и среден интензитет

б) ПрД се манифестираат речиси постојано - главно со мал и среден интензитет

в) напори да се направи разлика во доживувањата се манифестираат речиси постојано

г) присетување на ПрД

д) ловецот на НЕ функционира беспрекорно во случај на нивното појавување

е) не се појавуваат значајни откритија

ж) се прави селективна работа на ситуации (плус разгледување на минатите ситуации) со цел во своето однесување да се внесе некое ново откритие

з) формалните практики се периодични

и) се оддржува јасноста дека "нежните практики" во било кое време можат да доведат до тотален пад, ако заспиеш во удобност, ако се предадеш на навиката за доживување на падот

к) се одржува константна ниво на внимание кон појавување на нови радосни желби, нови напори.

 

Јасност во постоењето на траекторија на развојот, желба за негово истражување, искуство на разликување, опсервација, проучување на неговите фази - сето тоа води кон појавата на "импулсот" - радосна желба за мешање во овие фази, да се внесат во нив нови елементи за промена на траекторијата со цел да се зголеми ефективноста на вложените напори.

"Вкрстен импулс": како резултат на јасноста во неизбежноста на појавата на падот на крајот од циклусот, на фазата на каскадата на откритијата се појавува радосна желба за повремено правење на фронтален притисок веќе со нови граници. Во тој случај, падот е особено краток и ситен.

 

2006-01-13) Во тој дополнителен параграф ќе ги ставам оние практики кои се докажале како најефективни во одредени ситуации, но не биле вклучени во претходните параграфи.

*) "Милион ПрД" - се појавува желба да се направат милион акти во појавата на ПрД и една од причините што таа рж може да резонира силно со ПрД, е дека желбата за таквото продорно акумулирање ја отстранува една од најпознатите широко распространета огорченост која се состои во напаѓање на мислите-скептиците (и импотентноста која следи потоа) како што е "сега е веќе вечер, денес во секој случај, не многу да се направи, ќе почека до утре." Практиката на акумулирање и фиксирање на општите количини на генерираните ПрД води кон фактот дека дури и еден поединечен акт на ПрД е придружен со ентузијазам и исчекување.