« Maja »

Том 1: « Форс-минор »

Глава 01


 

- Вегетаријанско, или нормално?

- Што? А... Да, вегетаријанско ...

- Извинете, вегетаријанско повеќе нема, може ли нормално?

Еве исто, како и секогашимаш најдобри намери ...

- А за кое месо станува збор?

- Пилешко.

Пилешко како пилешко, може, - гладна сум.

Зајдисонце, чиj одсјај се гледа низ авионското прозорче, на плоштадот на пазарот за време на викендот - гласови, крикови, луѓе, музика, разговори - во главата владее вообичаен прогонувачки хаос.

 

... - По ѓаволите, Маја, весниците треба да се штампаат, а твојата статија се уште не е таму! Уморна сум од истава работа секојдневно! - повторно, и повторно се слуша гласот од слушалката... 

- Ќе биде! 

Мобилниот лета во торбата, се паркирам, прелетувам низ контролниот пункт, нервно го притискам копчето во лифтот, чекам - 10... 9... 8... Колку долго ова може да трае?... Кабинетот на главниот уредник, лицето на нова секретарка, која е толку нашминкана, да потсетува на семафор, и со презирна гримаса покажуваНе е тука. Па затоа знам кој сега кружи околу мојата маса... точно знам...

- Но вие ме испративте на отворањето на ресторанот, Всјеволод Владимирович! Затоа и немав време да ја уредам статијата, утше изутрината ви реков дека ако отидам, ќе немам време да ја завршам. Ви реков...

- Маја, отворање ресторани, презентации... да, тоа е напорно, Маја, јас сум петнаесет години во сето ова, и мене ми е исто јасно - очајно одмавнувајќи со главата, допирајќи со раката на неговото грло. - Но, тоа е наш леб, знаеш подобро од мене, какви се овие примедби? Заработуваме за леб - мачкаме на него масло, ќе одиш некаде во Аргентина да направиш извештај за Амазонките, на пример... И во секој случај, јас не разбирам зошто секогаш ми префрлуваш за се нешто? Не ти се допаѓа оваа работа? 
Не ми се допаѓа оваа работа?
 Ова прашање се јавува се повеќе и повеќе и секој пат се повеќе се влошува - така што посакувам да ставам крај на новинарството засекогаш, но секогаш се појавуваат различни "но", и повторно, и повторно истрчувам надвор од домот во урбаните тмурни рани утрински часови и се враќам од тие големи брзини од соковникот секоја вечер. За моето работно место во новинарството, дипломираните студенти може само да сонуваат, и јас некогаш сум го сонувала, кога бев студент, но сега се помалку ми е јасно, зошто ми требаше ова... Еве го главниот и одговорен уредник на престижниот весник - целиот негов живот помина во ненормалниот вртлог од итни статии, штампарски примероци, хистерични рекламодавци, испушени простории на редакцијата, компоти и ќофтиња од мензата, ексцентрични службеници, кои секогаш некаде брзаат, брзо влегуват во се она што ни било најважно пред неколку минути. И што сега? Има само четириесет години, но изгледа како исцеден лимон, тежи околу стотина кила, очите му се изедени од никотин и вечно е растргнат на сите страни – одејќи споро кон лутина и огорченост. Еве и сега стои пред мене (мисли дека тоа јас стојам пред него - типичен егоцентричен Хомо Фабер), речиси не запени од огорченост, и не може да му се каже ништо, не постои можност. Тој е како некој механизам, кој не можеш да го слушаш, ниту да го гледаш. Кога тој се дере, очите му се застрашувачки празни и бесмислени. Но, исто така, веројатно некогаш бил инспириран од новинарството... дали јас би сакала иста таква судбина?...

- Дали воопшто ме слушаш? Што ме гледаш како теле? Стоиш, лебдиш... Но што е тоа бе - јас со неа како со човек... Ајде помрдни се, сите чекаат на тебе, без твојата статија, се е залудно, што наместо неа да ставам - твоите соништа? Туку ќе те ставам недела дена да составуваш насловипа ќе видиш...

- Плукам на вашите новости - доаѓам до прозорецот, погледнувам надолу - мравките живеат, не запираат ни за момент.

- Што? Што си дозволуваш?

Дури и не гледам во него, но што има да се види... и така е јасно дека тој сега е потечен и зацрвенет од бес. Во моментот се вознемирив, бидејќи сеуште за ништо не размислував, како во тој случај би продолжила да живеам... од различни агли на собата ѕиркаат, како творови од дупки, службеници - некои со страв, некои со индигнација. И во исто време, се појави таква радост... добра, небаре задува ветар, како да ти дува во грб и агресивно те прилагодува за задоволување со животната стихија. 
Копнее
в да ја избркам загрижноста и храбро конечно да го погледнам во очи и да кажам дека јас сум една млада жена, дека сакам да живеам, дека сакам да се наспијам, да се најадам со компири и риби, да прошетам, дека сакам да се ебам, на крај на краевите, не само за време на викендите... ах тука во најмала рака би испаднала глува сцена.. А испадна поинаку - мозокот веднаш донесе лоша работа - почнав да размислувам во текот на сите предлози, зборови, за да ја скријам парализираната вознемиреност и да изгледам пристојно... 

 

- Чај, кафе, вино? стјуардесата загрижено ме запраша.

- Не, само минерална вода... ви благодарам...

 

... - Маја, па не си до толку луда туку така да ја напуштиш таа работа! Сергеј, таа сигурно влегла во некоја секта, сигурна сум - мајчиното срце не може да се излаже, донеси м те молам валидол (лек за срце)... Маја, мора да ни кажеш на сите одеднаш, заедно, сите ние ќе разбереме, и не ќе мораш да се откажеш од работата и да одиш во која било Индија... . Ти одиш сама??? Дали таму ќе те чека некој?... Имам параноја? Безобразно суштество, како се осмелуваш да зборуваш така со својата мајка? Сега ќе ставам клуч на брава, додека сите глупости од тебе не излезат... Татко! Зошто ќутиш, кажи нешто!

Налутено е лицето на татко... зарем некогаш не беше поинакво, не толку замрзната во оваа мртвачка гримаса?

- Ти што, да не те фатиле трговци со дрога? Сакаш да ја донесеш дрогата од Индија? Имам свои луѓе во полиција, ќе те пратат... Сега ќе те... - се откажа, беспомошно замавнување со рацете, црвено лице.

Сега - што? Ниту тој не знаеше. Само заврши расипаната плоча... Но, тој е едноставно робот! И ако само тој би...

 

Се приближувам кон Индија секој момент, се повеќе и повеќе ми се бришат сеќавањата за редакцијата, курсевите за јога, рејки, психолошки семинари, тантрички тренинзи, готварски филозофски дебати до утро и до повраќање, и повеќе не е толку важно, што пребарувањето за истомислениците заврши со целосен неуспех - јас почнувам со нов живот. Нешто во мене точно знае, дека никогаш повеќенема да се вратам.

 

... – Ма тргни се, мала кучко! Секогаш знаев дека ќе си најдеш друг, и дека нема да се грижиш за моите чувства... Ти никогаш вистински не ме љубеше. Многу го жалам твојот нов избраник, бидејќи и од него ќе ги избришеш нозете...

- Дали имате ќебиња? Ми се спие.

- Да, сега ќе добиете.

Црните прозорци на авионот, цел авион спие, смешно отворени десетици усти... ќебињата се груби, но добро, одговараат...

 

...Вратата на редакцијата се тресна. Ладна вечер во август, воопшто не е исто, како вообичаено - светот се менува, во воздухот заѕвонува возбудлива и радосна антиципација, и сета главна забрзаност на Пушкинска е како декорација од картон, која само што не паднала. Се стана полу-реално и безначајно во споредба со тоа што те повикува во непознат правец. Помеѓу куќите светнува залезот и за краток миг, избувнува низ куќите - како да те повикува од сите страни. Каде?

Се уништи сонот за револуционерната новинарка, која ги променува конзервативните умови, која ги разбива предрасудите, која гори од нови идеи, за нови откритија... но од самиот почеток тоа беше јасно, но верував до неодамна, зги затварав очите на очигледното - тоа е кукавичлак, се разбира, но како да си признаеш, да веќе долго време не го правиш тоа, што навистина го сакаш? Како да ги отвориш очите и да видиш дека си се споила со безлична биомаса, како да запре тркалањето по одредена линија и да излезеш од тој смртоносен вртлог?...

 

- Веќе е Ашхабад?

Полупоспана одам низ ходникот, седнувам во фотелјата. Три часа во транзит салата, а потоа уште три часа лет – за шест часа сум во Делхи... Делхи... како необично, не можам да верувам - "Јас летам за Индија, дали е возможно!.. и која свиња ги измисли овие метални столици со дупки во транзит салата? Ниту може да се седи, ниту да се лежи... ќе го обесам за јајца тој глупак, кој ги има измислено овие... еден час се обидувам да се сместам, само некои кошмари се појавуваат во мојата глава.

 

...Страшно беше туку така да се фрлиш со главата напред во неизвесност, да се следи загрижениот и упорен повик, да се прецрта сето тоа што било стабилно и јасно. Кога се откажав од својата работа, месец дена одев низ шумата и претурав по интернетот, во потрага - што светот дише, читав... повторно би можела многу да читам, но старите книги не ми одеа, а новите – кои треба да ме заинтересираат, не ги најдов, и во почетокот на септември во џебот ми се најде пасошот, повратен билет со отворен годишен датумот на враќање и виза за ИндијаОпростувајќи се со минатиот живот, јас ја затворив вратата на својата куќа, која веднаш се изгуби во бескрајната низа на настани и појави.

 



<< back forward>>