« Maja »

Том 1: « Форс-минор »

Глава 02


Веќе поминаа 15 часа, откако стигнавме до планинскиот теснец, и се влечеме по тесниот пат серпентини, каде што едвај има место да се разминат автобус и џип. Левата страна на автобусот, малку, малку виси над бездната, камењата летнати од под тркалата, рапидно се тркалаат во амбисот, а ако се појавиш на прозорецот и погледнеш надолу, се појавува комплетна илузија дека тркалата речиси паднале во бездната и автобусот само што не почнал да паѓа. Индусите кои седат покрај, не обрнуваат внимание на ова. Што е тоа - цврст карактер, или индиферентност кон животот? Сум слушнала случаи дека паѓањето на автобуси во бездната и не се толку ретки во Индија, и малку па малку па ќе се појави мал јад, адреналин и мислата дека ЈАС не можам да умрам така - грдо, недопадливо поради небрежност на некој возач.

Триесетчасовната заробеност во автобусот, целосно ме измори. Болки во телото од заморот и долгото мачно седење, и веќе не ми е грижа за планините надвор од прозорецот. Дали се ова Хималаите? Ниски, сиви, со ретка вегетација, толку апсолутно непријателски и многу слични едни на други. Кон таинствениот збор "Хималаи", се поврзани исто толку, колку и одгризокот кон јаболко, но сепак тоа беа тие - но само подножјата, на бескрајни милји при патувањето на нашиот автобус. На дното по големиот камен тече тесна река со боја на бетон, повремено се појавува сонцето, и сите мисли се само за тоа, кога ќе заврши ова монотоно тресење.

Бучна група на странци, која се забавува цела ноќ, а сега, исто така, изгледа бледо - сите се уморни од дваесет и четири часовното возење и тромо ги разменуваат искуствата, плановите, информациите за цените и хотелите, не сфаќајќи дека веќе по втори, или трети пат зборуваат за тоа. Зборувајќи живеат свој живот и не сакаат да престанат, наместо искуство, донесува само замор и досада. ... Не сакам ни да слушам некој како зборува, ниту да учествувам во нив. Убаво се чувствувам како летам во просторот и времето, и да не си поврзана со некого, со никакви планови.

Села, луѓе, бескрајна серија од куќи долж патот, тие живеат тука... се раѓаат, живеат, раѓаат и умираат - токму тука... неразбирливо... како мала се шетав во вечерните часови во есен или зима, се загледував во осветлените прозорци од куќите, гледајќи: фигури на луѓе... зборуваат, јадат, одат, гестикулираат, ... тие живеат таму... Од некоја причина во секое време се чувствував страшно непријатно, како да се создаде обично доживување, престанав да бидам и станав тој човек таму... само така јас станав нешто "помеѓу" нас – што виси во средината и тоа ме плашеше - страв од губењето на индивидуалноста, на себе. Дали тие живеат таму... навистина би можело да има некој вид на живот, освен мене, таму каде што ме нема и никогаш нема да ме има? Во ова нешто има заедничко со стравот од смртта, уште од најраното детство: лежејќи во кревет плачев, замислувајќи дека кога ќе умрам, животот ќе продолжи, но не за мене, мене нема да ме има НИКОГАШ... така и никогаш не бев во можност да излезам на крај со тоа "никогаш"- не е можно да се прифати тоа, тоа може да се прикрие, да се фрли, да престанеш да размислуваш за тоа, и кој знае - што друго заборавам, намерно предавајќи заборавени цели делови од својот живот...

Покрај пролетуваат луѓето и нивните куќи - направени од картон куќи за "Анти-Барбики", свртени наопаку. Целиот нивен живот е на дланка, точно пред тебе. Се капат, јадат, учат, се бришат, колнат, плачат, се смеат, и сето тоа може да се види од прозорецот на автобусот – огромен спектакл на должина од две илјади километри, во која мене ме нема и никогаш нема да ме има.

Наскоро повторно ќе биде вечер... Дали има завршница? Автобусот повторно застанува, во пролазот се појавува еден човек, кој прави звици кои личат на молитва, а некогаш и на агитација. Пауза за ручек? Петнаесет минути на тврда подлога. Јас веќе се навикнав на фактот дека на секое застанување на автобусот во него влегуваат неколку луѓе и прилично некултурно ти ја туркаат во лицето секоја храна, која ја продаваат, така што тој лик воопшто и не го гледам. Човекот е упорен, и конечно, го привлече моето внимание со фактот дека во рацете држи една чинија. Внимателно ја гледам и го читам своето презиме на неа - неверојатно! - звуците кои ги сфаќав како говор на мештаните, испаднаа дека се обид да го прочита тоа што е напишано. Со широка насмевка, нешто кажуваше... аха, неговото име е Рам. Па, добро Рам. За прв пат од доаѓањето во оваа земја насмевката на овој индус ми се чини соодветна. Збогум, проклета крнтија!!!... Значи можеш да заборавиш и како се оди... Неворијатно! - Стара "Волга".... Не, само слична, но сепак е смешно. Само ми е трет ден во Индија, а имам впечаток дека поминаа десет дена - речиси на секој чекор викам: "Невозможно!", "Тоа не може да биде!" "Неверојатно". На крајот од светот одеднаш да излезеш од хаосот на источните бои и да завршиш во една скршена Советска крнтија! Во автомобилот нешто шушка, нешто што подсетува на музика, возачот радосно пее, па дури и танцува на самото место - ние си одиме, збогум правлив автобусу! 
Наскоро, од двете страни на патот почнаа да се појавуваат мрачни камени плевни.

- Ова е градот?

- Да, госпоѓо – рече возачот со неговата интонација.

- "Госпоѓо?" Ах, да ...

Јас се потсетувам дека сега сум станала "госпоѓа", како и секоја бела жена во Индија. Зборот "госпоѓа", беше официјално прифатено форма на учтивост и толку тесно се граничи со покорноста на слугата, кој ненамерно предизвикува инстинкт за командување. Во скромната Европа, а уште повеќе во Русија, такво нешто не може да се искуси. Потоа, неколку пати ги видов во очите на сиви, оние обични европејки поради тие ситни, но звучни знаци на робовска покореност.

- Дали е тоа градот?

- Да, госпоѓо!

- Каде ќе живеам? – Ми станува неудобно со мислата дека ќе ме остави во некое ужасно место.

- Ние ќе дојдеме до големото езеро, госпоѓо, а на него се бродовите - големи куќи, бродови.

Тој зборува примитивен англиски, или има таков примитивен говор? Цело време ми се појавува мисла - навистина ли е толку глуп? Или мисли дека јас сум глупа?

- Тоа езеро се нарекува Дал Лејк - и, токму, разговара со мене како со дете од две години.

Периферија!... Иако, во Индија перифериите не се толку различни од центарот на градот, особено ако градот е мал. Шри Нагар - главен град на Џаму и Кашмир, но ја имав таа среќа да бидам сигурна дека нечистотијата и сиромаштијата се исти насекаде - во центарот, и на периферијата. 

Разјадени се сите патишта, се распаѓаат и поцрнеле од влагата на куќите, безкрајни ѓубришта... најверојатно, само така би можела да представам обичен град после атомска експлозија. Не можам да се навикнам на фактот, дека тука е секогаш валкано, па дури и природата се чини правлива и валкана... Петнаесет минути на нејасна вознемиреност и напади на анксиозност, конечно доаѓаме до големото езеро - широко сценско место меѓу колиби и паркови, која внесува смиреност и ладење во напнатата атмосфера на уличниот метеж, наполнет со фигури на војници со автоматски пушки.

- Венеција Кашмир! - Рам задоволно се насмеа и со блескавите очи покажа кон езерото, обидувајќи се да направи наплив на емоции кај мене, и признанието дека "неговото" место е преубаво.

Конечно го гледам тоа суштество – не е висок, дури и е мал, и не е јасно колку години има. Не е облечен лошо од страна на локалните стандарди, но многу случајно, како што и огромното мнозинство на индусите. Нема брчки, кожата му е мазна и еластична, како кај многу младо момче, но изгледот воопшто не е младешки. Неговото однесување има ентузијазам, но во очите нешто што кај мене еруптира тага, но сега сум премногу уморна за тоа и почнав со ревизија на околината.

Долги редови на куќички, кои се простираат до лотусот, магла околу езерото, куќите бродови, со имиња кои предизвикуваат бура на емоции на сите почетниците кои ја бараат вистината. ... "Ретрит Шива", "Танцувачка Шакти", "Насмевка Лакшми", "Кон Рајот", "Заспаниот Кришна"... скокам во голем шарен брод, многу сличен на гондола со индиски орнаменти и со задоволство се фрлам на малата софа со мали перници, и сакам да пловам на тој брод подолго време, конечно можам да се одморам од патот, а и од грижите... на тоа езеро може да се живее! Тивкиот Гондолиер го спушта веслото во водата и полека не води некаде во малите улици во водениот Харлем.

Чамецот сврте во длабината на куќите бродови, па уште еднаш сврте, и уште... - тоа изгледаше како улици на вода. Речиси и да нема луѓе, но и оние кои беа, беспрекорно гледаат во мене, како на суштество од друг свет. Некој ќе се насмевне, но повеќето од љубопитност изгледаат сомнително, па дури и налутено. Можеби нивната фрустрација е резултат на војната, бројот на туристите во овие места, во последните неколку години станал се помалку и помалку, и сега е речиси блиску до апсолутната нула... Туризам - нивниот главен извор на приход, и сега тие гледаат дека јас не сум сама, и на лицата им се гледа мачно разбирање – јас веќе некаде патувам, мене некој ме фати во мрежата... постојаното очекувања за можен воен конфликт со Пакистан, континуираните напади на кашмирските сепаратисти го претворија овој рај од 80-тите години во намуртен крај на алчни мрзливци, а туристите тоа не го сакаат, и мене не ми се допаѓа премногу.

(Што, по ѓаволите, ме донесе тука?)

Годолиерот нешто монотоно, но со чувство потпевнува. Не можам да опуштам, по долгото патување, дали да легнам на перниците или на нешто друго? Рам ми климна со главата, одобрувајќи, додавајќи нешто на својот англиски, како "Вашиот пат беше долг, госпоѓо, но Вашиот одмор само ќе биде уште посладок..." Рамномерни капки на вода, нежно лулкање на чамецот, во спокојот на езерото... лотоси кои пловат покрај...

Очите се затворија, јас се 'уште се сеќавам - каде сум... и уште едвај се сеќавам... но еве сликите од соништата навлегоа во реалноста, и во бисерниот одраз на езерото, јас се гледам себеси во некој чуден град, покрај мене оди Рам, и нешто ми кажува. Мојот водич, тој ме води. Доаѓаме до еден чуден објект, а јас не можам да разберам, што го прави толку да изгледа необичен? Се вртам кон Рам, да го прашам, но него го нема никаде. Повторно, погледнувам на тој објект – дали е трошна палата, или антички хиндуистички храм, заборавен од боговите и луѓето, а нешто дефинитивно ми е познато во ова место... едвај го чувствувам мирисот на распалени камења, дрва... се е толку познато, но толку далеку...

- Добре дојдовте, госпоѓо! - паралелно со овие зборови, чамецот удри во бетонските столбови, на кои беа прицврстени скалите, кои водат во куќата.

Се стресов и се разбудив. Една мала дрвена платформа во предниот дел на куќата и на неа млад индус, целиот облечен во бело - широки панталони и долга кошула, достигнувајќи речиси до колена.

- Како помина патувањето?

Разговорајќи за тоа како во туристичката агенција во Њу Делхи ме излажаа, ветувајќи дваесет часа патување, наместо триесет, и колку е тоа тешко - седејќи речиси триесет часа во една позиција, а во таа позиција е непријатно да се спие, воопшто не сакам (ма ти и сам знаеш, зошто поставуваш глупави прашања - подобро дај ми када со топла вода, широка мека постела, меки крпи...) љубезно одговарам "ОК" и излегувам од чамецот, откажувајќи ја љубезната подадена рака на Рам. Не ми поминува нејасното чувство дека во сонот се случило нешто важно, и дека ова не е предвремено будење, јас дефинитивно би ја открила тајната на тој храм.... Блага налутеност на човекот облечен во бело... Рам размени со него неколку зборови, придружувајќи го неговиот говор со активни гестови, а потоа луцидно скокна во чамецот и даде знак дека може да си оди. Чамецот споро си заминуваше, и пак видов нешто тажно во неговите тапи очи. Тој престана да ми се чини тап, па дури и ми падна жал за него, колку тажно дете...

- Довидување, госпоѓо! Кој знае каде и како ние ќе се сретнеме повторно, но ако некогаш ќе ви треба водич - срцето ми пролупа во тој момент – побарајте го Шафи - покажа кон човекот во бело – и тој ќе ви каже, како да ме најдете.

Тој ми предложи да ми биде водич - како да начул, да го шпионирал мојот сон! Таква чудна коинциденција... но тоа не може да биде само случајност, особено кога воздухот, како да почнува да зуи... Ако не можам да најдам едно од толкувањата на таквите соништа, тие сеедно не стануваат бесмислени - затоа што во истиот момент, кога тоа се случува, доживувам нешто што носи надвор од обичните и вообичаени начини на животните закономерности. Всушност во тој момент е внесено навестување дека постои нешто друго, иако се уште е недостапно за моето разбирање, но ако обрнам внимание на тоа, тогаш кој знае што може да донесат овие знаци?

 



<< back forward>>