« Maja »

Том 1: « Форс-минор »

Глава 05


Камењата на брегот на езерото, од кои започнува патот, изгледа мрачно. На секои десет метри стојат војници со автомати, по лошите патишта бучно скокаат стари, искршени автомобили, парталави моторикши и портокалови камиони, насликани со слики од индиските епови. Мали, во некои места некомплетни, и само понекаде варосани куќарки прилепени една до друга како варени кнедли... Изгледа тие се изградиле многу долго, толку долго што тие веќе успеале да остарат, и имаат форма, како да ќе се срушат. Од вратата на една куќа во мене со восхит и љубопитност ме гледаат јато на неверојатно валкана деца... Можеби никогаш и не се перат? Парталави, боси, во искината облека, со ужасни мрсулави носеви, но со сите овие карактеристики нивните лица се убави и не изгледаат како детски. ...Во стомакот ми се појавува чуден копнеж, стрес, нешто како да се шири од мене до нив и ме спојува, со целото тело чувствувам благо повлекување и сурова одбивност истовремено. Не знам зошто, но дефинитивно сакам што побрзо да си одам од ова место.

Повторно индиска Волга, со непријатни стари седишта, пак сиромаштија, целосно уништена и нечиста, и кога населените места, конечно завршија, јас испуштив воздишка на олеснување.

Директно над нас беа стрмните карпести ридови, а од левата страна - долини, планини, бескрајни тераси на оризови полиња. Во долината меѓу сивите камења се гледа една мала крива рекичка, негирајќи ги моите мисли дека сите грандиозни планински реки се брзи и турбулентни.

- За време на монсуните, реката се излива и станува десет пати поголема – се слушна гласот на Шафи како да е зад сцената.

Облачно е, и покрај тоа што сонцето секогаш пробива низ облаците, далечните планини беа скриени во магла, и се добива впечаток дека долината оди никаде, спаѓа во празнината. Погледнувам на долината каде што исчезнува, и се чини дека таму нема ништо, дека на тоа место се завршува вообичаениот за мене свет, а дека јас се наоѓам на еден мал остров, а околу мене потполна неизвесност. И како што може да се стигне до крајот на високата планина и да се гледа долу во бездната, или во далечината, подалеку од хоризонтот, можно е да се задржи здивот и да се приближиш до работ на тој остров и да ја набљудуваш таа неизвесност, која може да изгледа безлично, но само на прв поглед.

Понекаде, земјоделци работат во полињата, меѓутоа најмногу тешка работа извршуваат жените и децата, а мажите само ја водат работата. Се прашувам што работат другите мажи?

- Шафи, зошто во полињата работат само жени?

- Поради тоа што тоа е женска работа.

- Во која смисла?

- Жените секогаш работеле во полињата. А мажите го продаваат она што го направиле жените.

- Но, работата на поле е многу напорна, а мажите би можеле да им помогнат на жените. Бидејќи ако жените работат во домаќинство и се ангажирани со децата, зареем не може да им се олесни барем дел од работата?

На неговото лице приметив незадоволство и негативни ставови кон мене. Еве ја, неговата природа! Додека се држам до она, што ми го нудат, добивам за возврат извештачена цврста насмевка. Еднаш штом ќе направам мал чекор на страна, се доведе во прашање фактот во што човекот верува, веднаш ќе видам, што за себе преставува. Искрениот однос ја соблекува маската и ја изобличува извештаченоста, конечно се соочувам со реалноста, и како ова ме освежува! Од оваа пукнатина на вообичаените рутини во светот, никнуваат нови размислувања, кои се базирани на вистински искуства, отколку на фантомите, што резултира во автентичен интерес кон животот, страста живее, зависна радост за истражување. Што е за мене поинтересно - да се живее во разбирлив, познат, удобен, лицемерен картонски свет или да се спроѕиставиш на тие стихии, кои толку верно ме научија да не ги забележувам? Се чини дека одговорот е едноставен, но колку е тоа така, таа секојдневност. Како слатката сирена да ме мами, заведува, ме успива во мртов сон, и не ми остава ниту малку спомени за тоа, каде појдов.

- Госпоѓо, тука е сè така како што треба да биде. На сите им одговара, и никој нема да менува ништо. Тоа ќе биде против волјата на Алах.

Аха, не можам да аргументирам со тоа - кога на сцена излегува Алах или Исус Христос, можам само да се повлечам, бидејќи освен омразата, која ги брани заветите на своите богови, ништо нема да добијам - ниту интересна дискусија или опис на искуство, ниту разумни аргументи.

Жените во Индија се исто што и добитокот. Ова не е претерување, нема ни збор за било каква еднаквост! Навики, поттикнати илјадници мрачни години од предците, се уште се толку љубоморно чувани, така да оној кој има различно мислење за нив во Индија, многу ризикува за неговиот живот во вистинската смисла на зборот. Но јас се уште тоа не го знаев. Не знаев ниту дека мажите и жените на улица не може да се држат за раце, во секое време полицаец може да ви пријде и да ве удри по рацете со пендрек. И ова се случува на улиците на Делхи! А што да кажам за сите тие безброј маала, па таму има камено доба, од кое сакаш да избегаш, без да гледаш наназад, да брзо заборавиш на се она што си го видела.

За девојката што се мажи, роднините треба да му платат на младоженецот и неговата фамилија, затоа што сега тие ќе го хранат овој ѕвер. И ако нема пари, семејството на невестата лаже – ја даваат девојката да се омажи, а потоа не ги даваат парите. Страшно е да се замисли што се уште(!) некои младоженци им прават на некои жени во тие случаи. Тие ја палат девојката... Оваа приказна ми ја кажа богата индијка, која целиот свој живот се бори за правата на жените во Индија.

Или еве уште една приказна во низата на ужасот – таа беше позната во целиот свет, беше во светските вести. Во Индија, уште постојат просперитетни касти, и се уште не е дозволено на некој од повисока каста да се земе со некого од пониска каста и обратно. Значи, еден млад човек се заљуби во една девојка од пониска каста, и покрај сите напори на роднините не сакаше да се откаже од својата сакана. Како пример за сите ги санкционирале - линчувани се пред сите жители од селото - се разбира, во целосна согласност со волјата на боговите и предците. Си ги претставувам овие добри, мудри лица на старешините, кои пресудуваат - "обесете ги и двајцата." И тоа се случува сега – во нашето време. Мислев дека јас живеам во светот на напредокот и разумот...

Споредбата на жените со домашни говеда не е сосема оправдана, бидејќи за убиство на една крава индусот може да го казнат, а за убиство на една жена, во најдобар случај ќе биде ставен неколку години во затвор. Но, јас не мислам дека жените - се нешто како жртви на индиската култура, кои безмилосно ги искористуваат злобните индиски мажи. Секој живее на свој начин. Рускиот маж вдишува отров и пие алкохол, европјанинот седи во досаден просперитет, а индиската жена избира да биде стока, и таа љубоморно ги чува сите локални обичаи, и ги едуцира своите деца во целосна согласност со обичаите на своите предци. Суровоста често се комбинира во еден човек со бесна сентименталност, влошување на самосожалувањето одеднаш се претвора во огромна омраза, а понижувачката ситуација на жените во Индија е придружена со фанатичко поклонување на децата пред мајката. Некој смета дека е еден хармоничен систем на урамнотеженост, а според мое мислење тоа се само две страни на една паричка.

...Жените во светлите сари носат врз главите огромни пакети на трева, речиси снопови. Тенки фигури со совршена поза, завиткани во светло зелени, розови, црвени, жолти, сини ткаенини, нежно, полека се движат по темно жолтото поле, со острови од зелени тревки на ориз.

- Здраво! - Не можев да одолеам и им мавтам на жените и девојцињата кои одеа по патот. Глупаво е, се разбира... но што ми останува да направам, ако сакам да го изразам моето сочувство, но не знам како поинаку да го направам тоа!

Нивните очи блескаа, на нивните лица со појавија насмевки - неверојатно, ти треба некоја непосредност, тоа е убаво... Се прашувам - како тие ќе реагираат ако сакам да ги фотографирам? Имплицитно не очекувам агресија, секако (не сум во Западна Украина), но барем го очекувам нивното незадоволство... Но, не, се поредија, ги наместија сарите - сите со истата смешна сериозност, безгрижност... ете од кого треба да учат оние пауни што шетаат во богата облека! Свечено застанаа. Чекаат.

- Госпоѓо, тоа е среќа за нив. Никој досега не ги фотографирал, тие знаат само од слушање што е тоа фотоаппарат - дофрли Шафи.

- Се надевам дека тие не се плашат?

- Не, госпоѓо, како може од ВАС да се плашат! – види го лажго, сите негови фрази ги гради и ми ласка за моето чувство на важност, и тоа му успева. Јас веќе се навикнав на фактот дека сум "госпоѓа", јас можам да бидам главна, па дури и арогантна, но дали е навистина така лесно да ме фати во такви евтини фрази и слатки интонации? Очигледно е дека сето ова е лицемерие, а сепак почнувам да забележувам дека полека се вовлекувам во оваа игра, веќе озбилно.

- Шафи, прашај ги ако сакаат, можам да им платам...

- Госпоѓо, вие сте направиле за нив подарок, на кој тие ќе се сеќаваат цел живот.

Да, овие жени оставаат многу поповолен впечаток отколку богатите индијки. Дури и жените во години изгледаат многу убаво – згодни, со затегнати тела, се соочуваат со сериозност, но без никакви грижи, спокојни, но не и троми, нема тага, ниту задоволство, и тие не изгледаат глупаво. Во целиот нивен изглед има посебна убавина. Се присетив на нашите селанки - секогаш скандалозни, секогаш незадоволни силни баби, со лица на кои има неизбришлив печат од континуираната загриженост и нервоза. И ракија, се разбира. Мислите за нашите жени предизвика во мене нејасна вознемиреност, ма нека одат во...

Ги повикувам, го дотерувам фотоапаратот на «play», ги покажувам на екранот сликите, кои испаднаа. Мирисаат на оган, чад и стара облека. Боже мој, колку ентузијазам, светли бели заби, се смеат и го прикриваат лицето, се срамат! Разиграно се закачаат, се смеат на цел глас - се чувствуваат слободни. Јас не очекував таква енергија, мислев дека се уморни... а кај мене умора, таа е цврсто поврзана со лутина, тмурност, а кај нив тоа го нема...

Уште еден час со пријатни, но еднолични пејзажи, и патот се претвора во серпантин. Боровите шуми се качуваат по светлиот зелен килим од трева. Како ги сакам боровите дрвја! Мирисот на смола, вкус на иглиците, меките борови гранчиња... понекогаш како да гледам златен сјај, кој што потекнува од нив, се меша со густиот мирис и донесува чувства некаде многу далеку – на едни одамна заборавени спомени од детството, во шуплините на спомените или таму каде што можеби ќе бидам.

Конечно, пристигнуваме на една мала кружна платформа со поглед на терени за голф, ридови кои изгледаат како џиновски зелени бранови, што преминуваат во недоволни карпести планини. Ова е крајната станица на автомобилите, и што е чудно ги има доволно многу, и покрај фактот што нема туристи. Не е сончево, заладено е, одам на чај во едно од отворените кафулиња, во кој има долга дрвена маса и различни столови... Зарем е странец? Изгледа дека е. Додека одев, успеав да му додадам по нешто за да стане привлечен маж. Од раното детство, секогаш сакав да се заљубувам, и невнимателно се заљубував во сите по ред. Понекогаш ми се допаѓаа такви идиоти, што ми е срам и да се сетам на нив:)

Пријдов доста блиску и тој како да ме почувствува мене и се заврте. Автоматска насмевка, вообичаен поздрав, празен поглед, добродушна неутрална фацијална експресија – најобичен странец, со кој би можело да се дискутира само за насоките и цените. Но, сепак го поздравувам и седнувам покрај него... Зошто?

- Од каде сте? - автоматски машкиот глас ја кажа првата по ред фраза.

Но зошто токму "од каде си" "каде ќе одиш", "колку долго си во Индија"... што се сите тие – зареем се од глина? Зошто да не прашуваат: "Што бараш во твоите патувања?", или "Што мислиш - зошто овие планини го будат такво расположение во мене, како кога ќе се разбудам ноќе и не разбирам - дали да станам и да прошетам, или да пробам да заспијам повторно", ...или било што може да каже или да праша, ако душата не му е направена од картон, ако има барем малку трошка на живот таму, но очигледно, тие се направени од картон...

- Од Русија, - му одговорив мрзеливо, но сепак ставив насмевка.

(Сега ќе каже - "О! Русија! ")

- О! Русија! Никогаш не сум бил во Русија. Мислев дека сите руски девојки се високи и силни, а ти повеќе личиш како французинка. Јас сум од Англија. Си била ли некогаш во Англија?

- Не, некако не ме привлекува Европа. Особено сега… – дали ќе разбере или не? Не, не разбра. А сега ќе каже - "да, овде навистина работите се на поинаков начин", како да не сфаќа дека само морон не може да види дека тука се е различно...

- О, да! Тука сè е поинаку.

Генерално тоа е стил на разговор на картонски луѓе -разменуваат забелешки, на кои стои печат "општо прифатено" и "добар за одржување на разговор со тетки и чичковци од старата добра Европа." Во овој случај, подобро е да не ги погледнете во нивните очи - тие во овие моменти не изразуваат ништо добро, то ест нема ништо во нив, и чувството на комуницирање со нив – воопшто не е пријатно, благо речено. Ако сакаш да почувствуваш во европјанин, кој патува во Индија, некоја живост – покажи му вкусни колбаси или некои ситници, веднаш ќе се попали и во неговите очи ќе се запали искра, во која ќе можеш да видиш интерес кон животот.

- Овде луѓето доаѓаат да бараат нешто, а во Европа луѓето работат - не знам зошто тој се насмеа.

- Јас веќе не работам.

- Како што работиш?

Интелигентна конверзација се врти... немо го гледам во очите, но ништо не се промени – едноставно само фонографската игла скокаше до следната песна, ако оваа не е успешна. Кое прашање е на ред?

- Дали ви се допаѓа Џаму и Кашмир?

- Не, има премногу напната атмосфера - веројатно сите се плашат дека секој момент може да започне војна.

(Само не кажувај, како било тука пред десет години...)

- Да, пред десет години овде беше се поинаку. На Дал Лејк, беше невозможно да се најде слободен простор - толку многу имаше туристи. И сите доаѓаа тука не на три дена, како сега, туку на неколку месеци. Ние не сакавме да се враќаме дома, тука беше нашиот дом, нашиот рај на земјата, рај за сите оние, кои не сакаат да седат во канцелариите, да работат на кариерата облечени во костум. Тоа беше најромантичното место во светот каде што можеше да бидеш таков каков што си. Правевме на островите луди забави, тука беа најдобри диџеи од целиот свет... - кажува така, како да најдоброто е зад нас, и сега таму се само спомени, и само кога ќе се присети, тој навистина живее. Повторно замириса на гроб. Добро, не можам повеќе, како побрзо да се збогувам со овој човек кој нема сегашност? ... Нешто ме допре на грбот, и се повтори тоа чувство по целото тело. Се вртам и гледам дека кон нас доаѓа еден дечко, гледа во мене... ми се допаѓа кога така ме гледаат... како да не се сомнева дека би можел да ме однесе со себе... но не затоа што е самоуверен.

- О, а еве го и Дени! Дени, ова е Маја, таа е русинка, можеш да замислиш?

- Здраво, Маја - Дани седнуваа напред , а јас можев да го гледам.

Тој има веројатно околу триесет години. Пријатно лице - воопшто не такво кое се смета за убаво, но имаше нешто многу привлечно за мене. Нешто пошироки од обично образи, нос во неправилна форма (најверојатно е последица од скршеница) спокојни, но не и рамнодушни очи, во кои толку многу сакаш да видиш блесок на интелигенција и сериозност, усни, кои се чини дека би биле пријатни за да се бакнуваат... И, особенно ми се допаѓа, што не ја држи постојано таа вештачка насмевка на лицето, како што прават повеќето странци за време на разговорот, а дури и кога тие само немо си одат. Се смета дека насмевката укажува на тоа дека се е во ред, дека се задоволни од својот живот, и сите ние треба да се насмееме и имаме таков живот. Не дај Боже! Јас не гледам во беспомошната гримаса ништо пријатно - најчеста лоша навика, која јас потоа почнав да ја забележувам и кај мене од премногу долгото комуницирање со странци. Состојбата во овие моменти е мртва и сива, а чувството на лицето - затегнато и вештачко, па решив да бидам внимателна, во текот на комуникација да се насмевнувам само кога сум сигурна дека сакам (а сакам не премногу често), и остатокот од времето лицето треба да биде смирено и релаксирано.

- Дали сте многу долго во Индија? - неговиот глас ми се допаѓа премногу.

- Петти ден.

- Петти ден? Можам да замислам како се чувствувате - како во пеколот, нели?

- Не, сега веќе не. Тука е, повеќе или помалку, мирно, особено во споредба со Делхи, иако и понатаму имам чувство дека сум измамена на секој чекор.

- Да, така е, најверојатно... Колку плаќаш за една соба? Ти живееш на Дал-Езерото во куќа-брод?

- Да. Дваесет долари на ден, со вклучен доручек.

Двајцата се насмеаа.

- Соба за двајца тука вреди 3-4 долари на ден, а храна за цел ден за еден - пет, шест долари максимум.

А дали го слуша овој разговор Шафи?.. Не стои премногу далеку, погледнува и лицето му е загрижено, дури и незадоволно. Сигурно овој клошар стравува дека нашата дискусија ќе се однесува на цените овде, што друго би можело да го вознемирува?- Што? Сериозно? - разочарување и изненадување се одразија на моето лице. По ѓаволите! - Јас уште во Делхи го платив тридневниот престој тука.

- Овде тоа е заеднички трик - ќе се најдете во една туристичка агенција и тие ви ја продаваат најнеповолната стока... Секако, вие им рековте дека сте прв пат во Индија.

- Да.

- Со оваа чесност можеш да си ја потпишеш сопствената смртна казна:) во никој случај не смееш да го кажеш ова - во најлесната опција ќе изгубиш само пари, како што тоа се случи со тебе.

- Тие ме плашеа со сите видови на ужаси, кажаа дека пред неколку дена, две руски девојки биле исечени на парчиња во хотелот...

- Па, се разбира... така ти го предложиле НИВНИОТ хотел, нели?

- Па, да.

- Тие се мајстори во такви трикови...

- А кажете ми, колку чини да се оди половина ден по езерото на шикара?

- Двеста рупии најмногу. Четири долари.

- !... Јасно...

- Дали имате прирачник "Lonely Planet"?

- Не, а што е тоа?

Дени извади од ранецот дебела книга со светла корица и ми ја подаде. (Од аголот на моето око, гледам дека Шафи полека лицето му станува сиво.)

- Водич при патувањата. Неопходно нешто. Тука се сите информации за Индија - цените, хотелите, патувањата. Сè е многу детално, со карти, програми, препораки, со ова е невозможно да се изгубиш.

- А дали овде може да се купи?

- Во било која книжарница! Што се однесува до книжарниците во Индија, ќе уживате... се разбира, ако сте заинтересирани за книгите за езотерика.

По ѓаволите, се разбира, дека сум заинтересирана за езотеричната литература! Во последниве години се единственото нешто што го читам, иако понекогаш со задоволство можам да го прошитам Кафка или Хесе... Но, се чини, дека Дени и англичанецот се сретнале сосема случајно и дека немаат никакво меѓусебно познавање на каков било начин. Ми се појавија еротски фантазии, се испреплетуваат, играат како делфини - прескокнуваат еден преку друг на површината, а потоа одат подлабоко. (Ти размислуваш за исто, нели? Ти исто така си помислил каква е мојата кожа на допир, дали имам прекрасни гради, убав задник...) Малку зашеметена, но ја сакам оваа состојба, апсолутно задоволувачка - дури и ако нема да има продолжување, тоа нема да предизвика моја фрустрација, бидејќи јас не очекувам ништо, уживам во моментов.

- Тука во планините може да се земе коњ - Дени ми кажува само на мене!

И веднаш ми станува непријатно поради англичанецот, дури и покрај фактот дека тој ми е антипатичен, и индиферентен - затоа што ние (и сега ми се јави "ние":)) планираме да го "напуштиме". Без разлика дали тој сфатил тоа или навистина сакал да направи нешто друго (не сакам да навлегувам во тоа, сакам брзо да се ослободиме од него), но со изговор: "О! Тоа не е за мене!" англичанецот, засекогаш исчезна од мојот поглед. Атмосферата стана жешка, небото стана помеко и златно, јас и Дени во тишина гледавме еден на друг, а Кашмир стоеше како декорација за еден суптилен танц на погледите.

- Дени... - се изгубив, закашлав, дури и грлото ми се исуши... - Дени, ќе ни треба ли водич? – се разбира, воопшто не сакав Шафи да биде со нас, но ако се изгубиме...

- Не, водич не ни е потребен. Во туристичките места во Индија ретко ви треба водич ако сте сигурни дека нема да одите во планините на неколку дена, но и поголемиот дел од планинските правци се толку проодни, што е малку веројатно дека ќе се изгубиш. Индусите, се разбира, сакаат да те заплашат, велат дека водичот е потребен дури и кога одиш до тоалет. А и по патот тие секогаш ќе те наведат до продавница или ресторан во кој работи нивниот чичко или брат. Не верувај им слепо на индусите - понекогаш тие се многу итри, иако често не се опасни.

- Па, добро:) Ајде, јас ќе му кажам на мојот водич тука да ме чека.

Шафи глуми насмевка, на која јасно се гледа, како ја прикрива огорченоста и вознемиреноста. Сфати, верувам, дека веќе немам доверба во него, и најлошо од сето тоа – дека веќе немам потреба од него. Со напнат глас одговори дека ќе ме чека тука не подолго од три часа.

- Зошто ги диктираш своите услови? - кажа Дени сериозно, но љубезно, и тоа веднаш ми даде бран на симпатија. - Зарем не ти е платено за цел ден?

- Да, но ...

- Нема, "но". Маја, колку му плати?

Јас сум збунета - едноставно не би сакала да дојде до конфликт... дали да му кажам на Дени дека Шафи - не е само случаен минувач, и дека не сакам да го видам неговото лице незадоволно уште два дена? Но, немам време да одлучам, да размислам... нека биде што биде!

- Педесет долари.

Аха, лицето на Шафи поцрне, - залудно се обидува да го задржи мирниот израз на лицето. Тој изгледаше како ученик кој го мрази наставникот, но сфаќа дека во оваа ситуација не може да го изразат гневот. Можеби дури и забитее ги стегна ...

- Педесет долари? Автомобил со возач за целиот ден чини петнаесет долари, а мислите дека вашето работно место чини триесет и пет долари? И за триесет и пет долари не можеш само да седиш тука и да пиеш чај, колку и да е тоа потребно?

Молчиво, со попарени очи, а јас се чувствувам многу непријатно, а воедно и некој вид на симпатија нова за мене и радост во исто време. Го гледам Дени - тој е мирен и сигурен. Многу ретко во мојот живот имало ситуации да со своите постапки ги ставам луѓето во непријатна ситуација за нив, и не затоа што секогаш сум чувствувала симпатии, туку затоа што се плашев да направам такво нешто, да излезам од тие нацртани граници, иако јас секако наоѓав оправдување во секој случај. И сега одеднаш сфатив дека ми се допаѓа оваа ситуација, дека во неа може да се слушне текот на животот, и дека мојата напнатост во таа ситуација - е лушпа, која сакаш да ја исфрлиш како нешто сосема непотребно.

Одговор од Шафи не добивме, па Дени рече дека ќе се вратиме за пет или шест часа.

Тесниот асфалтен пат води кон планините, уште е влажен од последните дождови. Небото е покриено со густа магла, но веќе се чувствува приближувањето на сонцето – само што не пробило низ превезот. На огромните полиња понекаде има фигури со опрема за голф. Боровата шума, која се качува по стрмните карпести падини – по неа не можеш да шеташ, на неа можеш само да гледаш... Дури и овде, далеку од валканиот град и војниците со автомати, на секоја гранка виси напнатост, како струен напон од... 220:) – имам чувство, дека ако допрам, ќе добијам електричен шок.

- Дени, дали ти се допаѓа овде?

- Нејасно чувство. Ако се сруши се, што го изградиле луѓето, веројатно ќе биде убаво. А вака... не, тука е некако вознемирувачки.

- Јас, исто така, го чувствувам тоа, но не разбирам зошто. Се чини дека овде, во планините, треба да биде поинаку, отколку што е во градот... Или јас едноставно не можам да се релаксирам, да ја отфрлам од себе тежината од импресиите?

- Дали мислии дека на расположението на луѓето не влијае духот на таквите места?

- Не знам... но како можам тоа да го дознаам? Како тоа можам да го измерам?

- Со своите чувства, се разбира, никако поинаку.

- Се разбира, ... Па, во принцип, да, се разбира:) Дали воопшто може да се разбере што е светот без своите чувства? Бидејќи, без разлика што јас разбрав, тоа сепак ќе бидат МОИ чувства, МОИ доживувања. Јас често размислувам за тоа. Но еве што уште гледам – моите чувства не се нешто нескршливо. Денес тоа може да биде едно, утре - друго, а ситуацијата може да биде иста. На пример, овие места. Не сум сигурна дека утре ќе ги видам исто како и денес, што значи дека не постои причина да се верува дека некако ја впило таа телесна напнатост, бидејќи тоа можат да бидат особините на моето моментално доживување на светот. Но... ете ти кажуваш дека го чувствуваш истото, и овие аргументи, како да се лизгаат по површината, без да се допира суштината, но дали можат да ја допрат воопшто? А што е тоа "суштина"? Се чини да ја разбирам, но не можам да се изразам... или не ја разбирам... во глобала, се е многу збунето:)

- Но сепак денес, го доживуваш тоа место на овој начин. Твојата состојба, лицата на луѓето, планините, воздухот, интонацијата на минувачите, нивните погледи – во сето ова чувствуваш тензија, нели?

- Да, така е. Но, ова не значи дека оваа тензија постои независно од мене.

Се замисли... на неговото лице не беше изразено незадоволство или фрустрација, и тоа ме задоволува, навистина ми е убаво. Големо мнозинство од луѓето со кои разговарав на различни теми, најчесто појавуваат неверојатно незадоволство, кога на нивната гледна точка и се заканува најмалку едвај видлива опасност, но ако тие не можат да објаснат нешто, потоа тие стануваат бесни и фрустрирани. Кога нешто не е јасно, луѓето обично го земаат најзгодното, најудобното објаснување. Луѓето не сакаат да изгубат ништо од своите убедувања, дури и ако тоа е глупост, како придобивките од рачното миење, наспроти машините за перење. Се сеќавам дека еднаш успеав да изгубам три часа на оваа тема, уверивајќи како машината за перење е средство за заштеда на време и вашата кичма, а моите противници, млад брачен пар, застанаа во одбрана на рачното миење како единствен можен начин за да се постигне вистинската чистота и белина. Три часа подоцна, конечно, дојде да се мразиме едни со други, бидејќи не најдовме било каква точка на која можевме да се согласиме меѓусебно, па никогаш повторно не се состанавме. Што можеме да кажеме за ваквите верувања, кои ја држат целата сложена структура на виталните столбови - за семејството, односот помеѓу мажите и жените, за воспитувањето на децата и така натаму. Моите соговорници секогаш можат да најдат можност да доживеат некаков вид на отфрлање, ако јас разумно го бранам мислење спротивно на нивните вообичаени верувања. Дури и повеќе од тоа - во случај, кога бев најубедлива и им обезбедував непобитни докази, па сфатив дека буквално секоја комуникација меѓу луѓето е само пикирање на шеми, не е дури ни комуницирање воопшто. Луѓето се како паралелни линии - никогаш не се пресекуваат во комуникација, иако тие мислат дека се заедно во контакт.

- Ова е позната точка на гледиште - светот не постои надвор од нас, но сепак не ја разбирам - вели Дени, по неколку минути на молчење. - Сосема е јасно дека ако мене ме нема, светот нема да престане да постои. На пример, утре може да умрам, и знам дека светот ќе постои, затоа што секој ден некој умира, но светот останува. Луѓето доаѓаат и си одат, но светот не исчезнува. Исчезнува само мојот свет... иако се уште тоа е мистерија - како ова може да се случи? Можеби ова е едно од најтешкото, што можам да го замислам – дека ЈАС можам да исчезнам, да престанам да постојам... тоа е надвор од моето разбирање, јас само не сакам да размислувам за тоа, не знам - како да размислувам за тоа.

- Ми е пријатно да разговарам со тебе Дени. Дури и ако ние не се договориме за ништо... во секој случај – ми е пријатно. Јас дури и не знам што ми се допаѓа - можеби искреноста?

- Интересно...

- Што тоа конкретно?

- Па тоа што зборуваш за искреноста, како најважно... сега ќе ти кажам - зошто, но прво сакам да ти кажам дека...

Дени запре, и замолкна, јас исто така, некое време стоевме и се гледавме. Тишината, која се создаде помеѓу нас за тие неколку минути, воопшто не е тешка, нема тензии, како што секогаш се случува.

- Искреноста не е само во твоите зборовите, Дени, туку и во твојата тишина. Ти разбираш што сакам да кажам?

- Не, не разбирам.

Лесен бран на разочарување.

- Не разбираш?

- Не... но чувствувам! Одлично чувствувам:)

Ние двајцата се смеевме, а малите планински врани ја превземаа нашата смеа и ја однесоа далеку кон врвот, кон ливадите.

- Си играш со мене:) – го туркам со рамото.

- Секако. И тебе ти се допаѓа тоа. Јас го знаев тоа од првиот момент, кога ти ги видов твоите очи.

- Јас исто така...

- А до каде стигнавме во однос на постоењето на светот околу нас? Каде бевме?

- Со самиот факт што ми ветивте прво дека ќе кажете нешто во врска со искреноста, заборави?

- Да... сега се обидувам да се определам – што е за мене најмногу важно, што без причина не смеам да го изгубам, ниту да заборавам. Разум - глупост, подготвен сум да живеам, без да бидам премногу паметен. Убавина? Не... Искреност. Искреноста - тоа е, она што неизбежно би ја избрал. Без неа, сум мртов. Јас дури мислам дека не постои никаква глупост сама по себе, никаква грдост, никаква бесчувствителност - ова се е само последица на губењето на најважното – искреноста пред самиот себе.

Го повлеков за рака.

- Дени, па веројатно и страста исто така, зависи од искреноста?

- Ти си играш со мене?:)

- И на тебе ти се допаѓа тоа:) ... Ајде понатаму. Значи, јас не велам дека светот не постои надвор од нас, само велам дека не знам, дали има нешто надвор од моето доживување или е надвор од мене, а јас дури и немам начин да го дознаам тоа. Ако постои доживување на сите тие планини - дали тоа значи дека постои некоја "јас" или постојат некои "тие" "надвор од мене" и дека постои некој процес на "доживување" помеѓу "мене" и "нив"? Што е тоа "надвор" а што "мене"? Сè што можам да кажам е дека постои такво нешто, што јас го нарекувам "доживување на планините", па дури и самото прашање за постоењето на нешто "надвор од мене" е невалидно, лажно, бидејќи произлегува од прифаќањето како фактот дека постои "јас", постои "надвор" и одвоено од сето постои доживување, а ние не знаеме ништо за тоа. ... Не ми е јасно како тоа практично да го воведам во мојот живот, затоа што сега не можам да почнам да мислам дека постои "доживување на планините", а не "јас", која "доживува" "планината". Или ова е само недостаток на искреност? За волја на погодноста во смисла е да се свртиш кон смислена лага? А сепак... јас не сум многу голем специјалист по психологија, но како човек кој се стреми кон искреноста, можам само да кажам една работа - постои доживување, и тоа е сè, што ми е познато, но дали постои нешто надвор од тоа - едноставно не знам.

Дени брзо ме разбра.

- Добро, значи можам да зборувам само за тоа, дека на ова место постои такво доживување, кое е наречено "чувствувам сончева топлина" или "гледам небо" или "слушам глас", но не знам што е сонцето, небото, што е гласот сам по себе. Се чини дека е така, иако да бидам искрен, ова се само некои апстрактни расудувања, кои јас навистина не ги разбирам.

- И јас:) Што е понатаму... ако се свртиш назад, планината ќе остане, и можеш да го провериш тоа кога ќе се свртиш. Ова значи дека таа постои и кога не ја доживуваш.

Ние двајцата се смеевме, со чувство дека неодоливо тонеме во лизгава двосмисленост.

- Не, тоа значи дека во тој момент кога ќе се свртам, немам доживување, кое јас го нарекувам "гледам планина", а кога ќе се свртам - таа одново се појавува.

- Но, ти се сеќаваш, дека таа е позади тебе, само не ја гледаш.

- Јас можам да замислам дека ако се свртам, ќе ја доживеам планината, а сега постои само доживување на мислата за планината или ментална слика на планината. Јас еднаш прочитав во една книга, една фраза, која долго време ја имав во својата глава - Дени малку оживеа и појде побрзо. - Таа фраза е: "никогаш не знам што е зад мене, бидејќи јас секогаш гледам напред. И кој знае, можеби сето тоа што сум го видел, престанува да постои кога не гледам."

- Ништо не можеш да знаеш за тоа, можеш само да зборуваш за тоа како го доживуваш... Хм... што правиме со сето тоа, Дени?

- Засега, ништо - тој стана сериозен - но за мене тоа не е само апстрактно мислење, јас се обидувам да почувствувам зрак на јасност, и понекогаш и успевам во тоа, но често - не.

Да, тоа личи на слепа улица. Ме интересира - дали личноста може да се едуцира, сама да дојде до вистината, или секако треба да има некој кој ќе му објасни и покаже? Првата мисла ми се допаѓа повеќе, но не можам да ја потврдам со свој пример.

- Навистина ми е интересно да разговарам со тебе. Не можам да го спречам тоа изненадување:) Дали многу си прочитала, многу си размислувала?

- Да, читав многу... а потоа размислував за тоа, што го прочитав, а потоа и уште размислував, а потоа престанав да читам, бидејќи тоа не менуваше ништо во мојот живот. Таквата литература не даваше ништо друго освен емоции, ретко се среќавав со нешто навистина значајно... можам да ти именувам неколку имиња, но тие имаат малку да ти кажат, тоа се руски писатели - Бунин, Набоков, Газданов...

- Бунин и Набоков, ги знам!

-? Обично сите го знаат само Достоевски, не знам што ги привлекува луѓето толку многу, тотално црнило... Па, тогаш почнав да читам книги за психологија, религија, од различни искуства, но дури и тогаш не можев да најдам ниту една книга, по што не би се чувствувала нејасно и заблудено – целосна несигурност во се - и во однос на термините, како и начините за да се постигне т.н. просветени состојби... Ете на пример, од Кастанеда ги прочитав сите единаесет книги, можеби пет пати, и ќе ги препрочитам повторно, но тоа е како капење во топли води – те подигнуваат и спуштаат, како одговор на прашањето "што конкретно да правам" таму исто го нема. И така филозофијата... сите тие Хегел, Кант - тоа е воопшто тотално лудило, дури и немам зборови. Отпадок. Дали го читаше тоа?

- Па, се разбира дека го читав:) Шопенхауер, Ниче, Кант, Сартр... Некое време филозофијата беше мојата страст... и се разбира таа литература која ти ја спомна исто така ме инспирираше - неодамна - Кортазар, Љоса...

- Дали тоа ти го измени твојот живот?

- Да.

- ?? Да?

- Да.

- И како го промени?

- Јас престанав да верувам дека философијата знае нешто, и дека психологијата сепак нешто може - тоа ме отрезни.

- Ах, да... Еве и јас го мислам истото:) Копав во ова мочуриште три години, се додека конечно не сфатив дека сето ова е само жонглирање со фантомите, апстракциите, што не се разбираат како да се применат во својот живот. И така, и вака пробав - добро, ти знаеш, најверојатно, како тоа оди:) - воопшто, не ми одеше ништо... и еве сега ништо не читам – немам што. Можеби еден ден сама ќе напишам нешто, се разбира ако најдам нешто за што ќе сакам да пишувам:)

- Идејата е интересна:) Само сакам да направам нешто вистинско, да нема сенка од онаа ветувачка значајност, од која е создадена целата литература. Сето време очекуваш, дека сега ќе биде важен чекор во сфаќање, но на крајот не се открива НИШТО конкретно... Уметничка форма се користи од страна на авторите, не како рамка, туку како параван зад кој се крие комплетниот недостаток на разбирањето за значењето на својот живот, а најлошо од се - сите овие комплицирани конструкции на разговори се вклучителни со цел да се сокрие фактот за ова недоразбирање. Само една бесрамна лага. Кога прв пат се осмелив да си кажам дека го сметам со целиот овој "колорит" на човечката култура како лажговци... во еден момент дури и помислив дека човекот е безизлезна гранка на еволуцијата на природата.

- Толку е лесно да мизантропија.

- Толку е лесно да се дојде до вистината. Сепак, заедно со комплетната разочараност во луѓето и нивната култура, во мене остана многу силна желба да најдам такви луѓе и такво искуство, кон кои јас би можел да чувствувам вистинска симпатија, па затоа и не станав мизантроп.

- Знаеш, јас дури и се сретнував со современи филозофи и "мудреци". Ми беше интересно да видам - како овие луѓе живеат, веројатно имаат еден необичен живот, животот на мислители... не, се е тоа исто - компир во кујната, жена со плетенки, ништовност, депресија, амбиција, агресија, завист...

- Жена со плетенки - тоа е страшно:)

Телото одговори на неговата смеа со сладок бран, кој помина од врвот до дното, а тука и патот одеше нагоре, и ние наскоро дојдовме до жичарата.

Одамна не сум била во планините! Елбрус... По тоа качување помислив дека никогаш нема да пријдам на мало ридче, дека нема да отидам таму ниту на кратка прошетка. Безмилосна стихија, која ми го земаше мирот од моите соништа на неколку месеци...

- Сакаш со коњи или со жичара?

Се прашувам зошто две билет шалтери? Не можам да поверувам на очите - една благајна е за жени, а другата - за мажи! Ова сеуште се случува?

- Вообичаен феномен за Индија - Дени се насмеа - особено за муслиманска држава. И во локалните автобуси е исто – од една страна се - седиштата за мажите, од друга - за жените.

Пристапот до кабините беше одделен со железни огради. Да, тоа е општество - мажите и жените не можат дури и во ист ред да застанат! Тоа е повеќе како параноја отколку религиозност. Но доволно е, играјте ги овие игри без мене! Јас ќе одам до прозорецот со своето момче, па уапсете ме, ако сакате.

- Дени што ќе ми направат, ако го направам ова:) - лесна загриженост се уште постои.

- Ништо, ти си странец!

Погледнувам наоколу, во секој случај. Неколку индиски туристи зјапаат во нас повеќе отколку на планините или било што друго, но никој не прави никакво движење кон нас.

Во кабината за искачување влегуваат уште неколку луѓе, се преправаат дека не гледаат во нас, зборуваат на некој јазик, кој потсетува на звук на некое непознато животно, стресно се смеат. Впрочем, сто посто дискутираат нешто за нас. Тие се разбира се целосно безопасни, но сепак постои непријатно чувство. Па, нека одат по ѓаволите, нека гледаат, не ја разбирам таквата заинтересираност... кога бев прв пат во планините, не можев да гледам на ништо друго, освен врвот, кон кој се качувавме.

 



<< back forward>>