« Maja »

Том 1: « Форс-минор »

Глава 04


Мирисот на раните утрински часови ме извлекува од хаотичниот куп на соништа и веднаш станува тивко. Како да се фати таа фина рамнотежа, кристалниот мост помеѓу спиењето и будењето, кога се уште нема грижи и проблеми, кога ќе немаат време да те обвијат мислите на претстојниот ден? Се чини дека овие моменти - се почетокот на патот, во еден сосема поинаков свет, но оваа состојба е нестабилна, па... да заспијам или да се разбудам? Стабилната и вообичаена реалност толку моќно те привлекува со впечатоци, да немаш сили да се спротиставиш... и сама не забележав, како се појавив на дрвените скали кои ги поврзуваат куќата на газдите и гостинската куќа.

Сончево е, небото е без облаци, но не е топло. Златна есен... само не така минлива, како кај нас, но сепак, дури и тука, овој шарм полека исчезнува – ако не во зима, тогаш во секојдневност... потрага на вечна среќа – тоа е потрага за дух. Кадифено сонце, лежерна светлина, неверојатни тонови на тишина, која се согласува со овој период од годината – успевам да дофатам нешто такво, и да се пренесам во длабочината на овие чувства... барем не за долго...

Шафи е веќе тука. Лесен појадок, и веднаш на покривот, под големите сенки од дрвјата, кон стара лежалка, која не само што го прима моето тело, но исто така се меша во необична шара на моите мисли и чувства со расположение на оние кои сонувале тука пред мене, со сета бескрајно долга историја на овие места.

"Што повеќе сакам?" – се насладувам со оваа идеја, а потоа ја отфрлувам. Сончев мир, прашина на тие епохи... одеднаш се појави загриженост. Зошто? Дали нешто се обидува да се пробие... или е фактот дека задоволството и загриженоста се неразделна двојка. Во раното детство, на Нова Година или на "роденден" јас одеднаш сфатив дека неколку часа подоцна се е готово, оние луѓе ќе престанат да бидат затегнато насмеани, лампите ќе згаснат и повторно ќе почне основната рутина. Ги гледав возрасните и разбрав дека празникот - е како маска на срдечност на нивните лица, тоа е само однадвор, се е лага, а не вистина. Тоа беше толку страшно, што веднаш ја потиснував загриженоста која ме гушеше и веднаш одев кај моите пријателки да продолжам да се забавувам. А каде да брзам во моментов? Па јас пораснав, нема повеќе безгрижна самоизмама. Наивна радост на златната есен, меуркаста веселба на празникот или неработна смиреност – сето тоа може да биде само привремен одмор, мал одмор пред нешто многу возбудливо и грандиозно.

- Кои се вашите планови за денес? – Шафи ѕиркаше со главата низ отворот што доведува до покривот.

- А што ми нудите?

- О, има многу предлози! Вие само треба да изберете. ("Само"!.. Па, во тој збор "само" е целата поента на животот). Можам да ве однесам во планините, има неколку часа возење до три прекрасни места - Гулмарг, Сонмарг, Пахалгам. Секоја од нив има свои убавини, па би ве советувал да ги посетите сите нив, и можете да почнете со било што. Сепак, во планините мора да појдете во раните утрински часови, така што денес е подобро да патувате со чамец по езерото. Тоа ќе трае околу шест часа, ќе видите голем парк со цвеќиња. Ова е многу забавна прошетка.

- Идејата со чамец ми се допаѓа:)

Шафи, се чини, исто така му се допаѓа тоа што многу бргу се согласувам.

- Значи, веднаш после појадокот, ќе ве чека шикара (тако се вика локална гондола).

И покрај комплетната совршена љубезност и гостопримливост, не може да ме измами со неговата надворешен пријателски однос, и дури будала би сфатила дека првата работа што сака е да заработи пари, така да испадна глупо што едноставно ја прифатив неговата понуда, без да ги знам сите детали.

- Колку ќе чини тоа?

(Aха! Судејќи според фактот дека прашањето видно го замисли, ја постигнав целта).

- За вас, како мој специјален гостин, тоа ќе чини само $ 30.

Скапо! За истата цена може да се купи турнеја во Европа, иако без личен туристички водич или автобус, но сепак... Да му кажам дека оваа цена е премногу висока, или не? Што тоа во него се случува? Се чини незадоволство заедно со срам... веројатно разбира за што јас размислувам. Страв е страв, но за парите ми е жал, а и срамот треба да се надмине - сакам сама да си го изградам сопствениот живот, а не да земам совесно и слепо се она што некој се обидува да го наметне врз мене.

- Тоа не е евтино. Што викате за добар попуст?

Морам да признаам, - одличен актер, тој е интелигентен, и успеа да ме вклучи во неговата игра. Лицето му се искривува во тажна гримаса, како да разговорот почнува да го измачува, и во тој момент доживувам уште еден бран на срам, па дури и вина за тоа што не сакам да платам толку. После тоа, сфатив дека тоа е омилен трик кај индусите, кога сакаат да добијат од тебе три пати, дури и десет пати поголема од нормалната цена - како одговор на изненадувањето и незадоволството од високите цени што тој ги претставува, покажувам уште поголемо изненадување и незадоволство, што покажува дека веројатно цела ноќ сум сонувала кошмари, ако мислиш дека тие ти бараат тројно зголемување на цената, додека тие прават попуст, а сега тие не сакаат да имаат ништо со тебе, затоа што ти си свиња, не го цениш тоа што ти се нашле во пресрет... Ако си во поблиски односи со индус, тогаш тој веројатно ќе го прикаже страдањето, покажувајќи дека многу сака да направи попуст, но не може, и не сакајќи да се чувствуваш виновен, ти на крајот веројатно ќе се согласиш со неговите услови, поверувајќи му на својот "пријател". На тоа и се надеваат.

- Госпоѓо, тоа е и така специјална цена, верувајте ми. Се разбира, можете да излезете и таму ќе добиете понуди за различни патувања, можеби дури и поевтини, но каде ќе ве одведат – не се знае.

Тоа е точно! Веднаш се потсетив на сите ужаси во Делхи, од кои веќе не се надевав дека ќе избегам.

- Верувајте ми, јас не добивам многу од тоа. Му плаќам на сопственикот на шикарата најголем дел од парите, му плаќам на возачот за неговата работа, плаќам на полицијата некој вид на данок, и резултатот е малку пари за мене, а сега во семејството само јас работам, знаете, дека овде секогаш има војна. Претходно јас самиот би ве возел бесплатно по езерото, како пријател... Толку сум засрамен, што морам да земам пари од вас, но немам друг избор.

Неговиот говор, зачинет со соодветни изрази на лицето, ме импресионира, и јас како од надвор слушам како се согласувам со цената, велејќи дека за мене е радост - да му помогнам на неговото пошироко семејство. "На крајот на краиштата, тоа е безбедно, дури и ако сум преплатила", - обидувајќи се да се тргнам подалеку од нејасното чувство дека сум измамена, бесрамно искористувајќи ги моите чувства.

Омлетот не е ист со оној на кој сум навикнала - се чини дека го прават без млеко, само ги кршеле и мешале јајцата. На вид не е вкусен ... но кога ќе го пробаш и не е толку лош! Го натопувам со топло чоколадо, и веднаш кон водата, сонцето, да бидам сама. Фрлам во ранецот нотес, фотоапарат, том на Кришнамурти, шише вода - јас сум подготвена за патување.

Зборот "шикара" одговара со општиот дух на претстојното патување, за кои ќе платам многу импресивна цена за локалните стандарди. Се чувствувам како ќерка на милионер, околу кој се врти целиот свет поради нејзините пари. Не ми донесува специјална радост , бидејќи немам милиони, а очекувањата кај сите индуси, се такви, како да ги имаш.

Овој пат добив сосема поинаков возач на чамецот, него вчера - на средна возраст, со жесток поглед и презирна крива уста. Се обидува да создаде впечаток дека тој нема никаква загриженост за тоа што тој е принуден да живее во сиромаштија, и дека тој нема никаква почит кон мене, за разлика од сите други жители, и дека тој е свој господар, дури и кога работи за некого. Во тој повик има - болка, надразливост, напнатост, како тој постојано да го следи секое негово движење, да не ја уништи толку форсираната создадена слика.

Јас не сакам да размислувам за овој човек. Сакам да читам книга, да сонувам, да лежам на перниците... Тој седи на носот на шикарата, далеку од мене, а јас се кријам зад завесите.

Чамецот полека лета кон сонцето и далечните ниски ридови. Го отворив нотесот... во детството ми се допаѓаше да го пробам "вкусот" на книгата, мирисот на книгата - ќе ја отвориш книгата, мирисаш помеѓу страниците - некои мирисат на остарено, досадно, некои - радосно, надевајќи се, овде и сега, како да се вратив во детството и автоматски ја мириснав страницата од нотесот. Јас веќе заборавив - како е тоа - да пишувам за себе... постојано давам опсесивна желба да му дадам на тоа некој облик, елегантен... затоа што пишувам за себе, само за себе, ова не е статија... кој ужас... не работи, не ми доаѓаат мисли да само течат врз хартијата без нападна цензура... да... новинарството - тоа е полошо отколку проституцијата... мора се да се научи одново – радост на едноставен збор, без оглед на каприците и вкусовите на издавачот и на потрошувачот. Јас сум потполно слободна, и одеднаш видов дека не можам да ги искористам предностите. Морам да направам обид да ја пробијам оваа вкочанетост, која му смета на слободниот проток на зборови, бидејќи тоа е толку едноставно - да се биде искрен со себе си... едноставно... дали е? Тоа е дури и смешно... ма, како може да биде така...

Можеби една од најболните состојби - е вообичаеноста. Во тие моменти (па какви моменти, векови!) не сакам ништо, освен да сакам барем нешто. Оваа болна празнина од која цело време се обидувам да избегам некаде, било кои впечатоци, секогаш ме стигнуваат, често неочекувано, а потоа, во средината на акцијата одеднаш сето тоа ќе биде неинтересно и сиво. И кога ќе разберам дека никакви трикови не можат да го надминат ова сивило, состојбата е доста грозна - и што да се прави следно? Да чекам додека да помине? Не... видов како тоа се случува - прво, чекаш неколку часа, а потоа неколку дена, а потоа те покрива депресија од која имаш две опции - во психијатриска болница или на работа од утро до вечер - то ест, исто во психијатриска болница. Мора да се бара некој излез, бидејќи да се живее така е невозможно. Луѓето живеат, да, но јас - јас не можам да изгнијам жива, не сакам. Мора да се најде излез... Не сакам да живеам, како да се е одамна проучено и е добро познато, како да е покажана фаталната неминовност на секојдневниот живот, бидејќи е јасно дека мирот во нас и понатаму останува мистерија, но најстрашно е што оваа мистерија конечно ќе престане да биде мистериозна, станува никаква и сива, а со секој изминат ден, постепено се претворам во цврста грутка со сива боја. И телото е сиво, сива е и крвта и мозокот и срцето... како да се помирам со тоа? Колку имало револуционери, кои се обидувале да го претворат светот околу нив, кои не биле задоволни само со разговори и соништа за слобода, бидејќи им била потребна многу реална слобода, но каде се тие револуционери на кои не им одговараат разговорите за внатрешната слобода? Дали сето тоа е безнадежно? Некогаш, многу одамна сите верувале дека земјата е рамна, дека атомот е неделив, дека летањето е невозможно, дека ѕвездите се залепени на небото... но тоа не попречува при живеењето, не ппопречува на дишењето и љубовта, каква разлика има – дали тие се залепени или приврзани? А неизбежноста на тоа сивило, таа празнина, надминувајќи ги сите и се - е нешто сосема друго. Вечно, спазматичено, очајно бегство од досада, фрустрации, замор... Дали е таква природата на човекот? Но, што све ќе се смени од таквите мисли?

Ја спуштам раката во вода, таа е топла, темна и чиста. На половина метар под површината живеат густи и цврсти алги, се креваат од калливата длабочини, меки, страшни...

Со аголот на моето око гледам како се приближува чамец... опа! Колку многу цвеќиња во него! Мал, речиси со црна боја и буквално исушен човек, фаќајќи се на работ на нашиот чамец, го повлекува кон себе да стигне со мене лице в лице. Без да каже ништо, ми подава неколку букети, речиси и не ми остава никаков избор - добивам впечаток дека тие ќе му паднат, ако не ги земам. На изразот на лицето му се мешаа решеноста да го продаде цвеќето како знае, и тага како да веќе знае дека тој ја загубил битката.

Рацете ми се пружаат механички по цвеќињата, но јас веднаш застанав и ја занишав главата.

- Не ми требаат цвеќиња.

- Тие се многу евтини, госпоѓо.

- Не сакам ниту евтино, ниту скапо - тогаш јас не знаев дека во Индија најдобар начин да се ослободиш - е само да одиш напред, без да гледаш назад, да не одговараш, бидејќи секој одговор би можел да се толкува како продолжение на контакт, а со тоа и можноста на било кој начин да ти продадат свој производ. Јас некогаш постапував на ист начин, кога како тинејџер на Арбат продавав капи и командантски часовници на странци - бев толку упорна, дури бев и способна да одам за некои навидум пријателски странци преку целиот Арбат, молејќи го да купи нешто . Обично тоа се завршуваше успешно, па трикот ми е познат на мене, но по толку години, јас заборавив на сето тоа.

- Госпоѓо, овие цвеќиња – се вашата среќа. Денес е голема прослава, голема прослава, направете еден мал бизнис за моето семејство - тој зборуваше многу лош англиски, но неговото значење добро го разбрав.

Гледав во насока на возачот со надеж дека тоа ќе ме заштити од оваа напаст, но возачот се чини дека беше на негова страна, затоа што гледаше на другата страна, и се преправаше дека не ме забележува. Веслата стоеја мирно, како да планирал тука да стои вечно. Па не, јас ќе ти, јас ќе ти кажам кој е кој... иако незгодно, што сигурно кај цвеќарот ќе предизвикам незадоволство.

- Сакам да одиме понатаму!

- Госпоѓо, моето семејство ќе се моли за вас, госпоѓо, одлично изгледаат, многу се убави, - трговецот брзаше, но нашиот чамец безмилосно тргна поонатаму.

Емоциите, кои се појавуваат во такви ситуации, се слични на оние кои ги придружуваат приказните за бездомните животни - има дури и љубители кои организираат засолништа за мачки и кучиња, толку се загрижени за нив и сосема искрено веруваат дека за кучињата и мачките најголема среќа - е четири ѕидови, мека софа и топол тоалет. Ме чуди зошто тие не се свесни колку околу има бездомниц врани, каква несреденост и едноставно опустошена е судбината на врапчињата, ежовите, лисиците... Нема поголема глупост од тоа да се рамнат луѓето со животните, кои ја сакаат за нив онаа човекова среќа, која патем, ниту едно лице не ја направило среќна. И сожалувањето, кое се појавува кон индусите - тоа е истата сорта. Овие луѓе сами си го бираат својот начин на живот, и сега јас не мислам дека тие се жртви на ужасни околности. Веќе долго време ме болеше срцето поради едно мала индиско девојче (колку се неверојатно убави децата во Индија!) кои копаат по канализации, по канали, преоѓајќи од еден куп на ѓубре кон друг, но на нивните лица (што се тие убави!) не може да се видат страдањата кои автоматски им ги додаваме. Не, сосема спротивно - насмеани и енергични, тие можат да ја почувствуваат страста за сладост. А кога одам со автобус или воз, и видам со широко отворени очи, како наизглед љубезните, "културни" индуси фрлаат право под нивните нозе храна, пакувања, лушпи и други остатоци, така што до крајот на патувањето сите се закопани во отпад, и потоа полека почнувам да разберам – дека тоа е нивен избор, тие така живеат, бидејќи така сакаат.

Легната на перниците го согледувам просторот кој се појавува од сите страни и чувствувам физичко задоволство од фактот дека мислењето не се среќава со ѕидовите и глупостите, и слободно може да се погледне во далечина. До брегот има стотина метри, не него пат и ретки автомобили, кои се чинат нереално, како да се играчки од оваа дистанца. Уште подалеку се наоѓа и се спојува со хоризонтот еден рид на ниски планини. Некаде на ридовите се наоѓаат убави мали хотели. Некогаш биле преполни со туристи, а сега се бесмислен споменик за мирното минато. Досега сум сретнала само еден турист - јапонецот, но веќе имав забележано многу локални жители, кои се многу загрижени за тоа како да се доближат до туристот и како да заработат од него, или барем да го допрат и да разговараат со него.

На левата страна тука и таму има неколку куќи бродови на мали острови, а далеку понапред - ништо, апсолутно ништо, освен далечните планини, обвиткани во едвај видлива магла.

(Да појдам таму утре во Сонмарг...) Се тоа - нејасно, но упорната желба да стигнам конечно таму, на место каде што јас навистина ќе уживам. Можеби таму...

Уште еден чамец како да излезе од под вода и се упати кон нас. Зарем повторно ќе ми досадуваат! Сакав да се одморам, платив екскурзија, се качив на чамецот, појдов низ езерото... Иритацијата која се појави исчезна кога во чамецот видов само две девојчиња. Едната е многу мала – можеби пет години... а постарата... дванаесет? Леле, какви очи... а помладата не изгледа како дете за кое има потреба од нега. Од навика, доживеав нешто како нежност, кога ја видов таква мала и тенка, но како да се сопнав, кога го видов нејзиниот поглед – тежок, како кај возрасни жени. Да... изгледа, тука е нешто сосема друго, дури и децата не личат на деца. Замрзнавме за момент, секој во неговиот чамец, се приближуваме полека, но веднаш штом чамецот нежно се доближи, постарото девојче веднаш ми фрли во мојот скут голем, влажен лотосов цвет, и во тој момент немам ни сенка на сомнеж дека тоа може да се заврши многу лошо. Се насмевнав широко, мислејќи дека им се допаднав на овие девојки, доколку тие се решиле на таков начин да ме поздрават. Девојчето, приметувајќи ја мојата насмевка, одеднаш безобразно и лакомо го грабна работ на нашиот чамец како мало животно, кое нема да го пушти за ништо на светот.

- Сто рупи, госпоѓо! - Таа бараше, ја држи раката, буквално да ме удри по раце.

- Што? Сто рупи? (Зарем личам на будала?) Ајде земи го цвеќето назад...

Налутено, се обидувам да го вратам цветот, но таа го турка со сета сила. Какви манири...

- Еј, девојче, не го сакам вашиот цвет!

- Но, вие веќе го земавте! - девојчето се претвори во орел, кој фатил во своите канџи глушец, поглед ладен, глас побарувачки.

- Јас го зедов? Ти го фрли на мене, да не заборави?

- Госпоѓо, вие имате цвет, сега дадете ми пари. Овој цвет е свет, треба да го купите.

- Ништо не сум должна! Земете го веднаш, или јас ќе го фрлам - лута, покажувајќи дека сега ќе го фрлам цветот далеку во водата, но се плашев да го направам тоа - што ќе правам ако се скрши? Таа ќе ми побара двојно поголема цена.

Го повикувам на помош мојот возач, но свињата, со презрителен поглед кажа дека ако јас го зедов цветот, тогаш морам да платам - такви се локалните обичаи. Почнувам да објаснувам дека ништо не земав, се чувствувам како будала, која не може да се оправда пред возрасен чичко. Но, можев да ги заплашам со полицијата, бидејќи тоа е вистински грабеж, но толку се збунив... по ѓаволите, ќе платам минимум... дали долар е доволно? Земете педесет рупии, и бегајте. Ма се исто, затоа што ме зезнаа, како мало дете, како будал ... а згора на сè друго и непријатно се чувствувам пред возачот на чамецот, па дури и пред девојчињата, кои ме измамија!

Готово. Доста беше. Побарав од возачот самостојно да се справи со трговците, и да не ги пушта блиску до мене, и се заканив дека ќе се пожалам кај "шефот", ако уште еднаш мора да сама да се справам со нив, па кога половина час подоцна во близина засвети уште еден чамец, тој очајно почна да мавта со рацете, викајќи нешто, па тој чамец само помина покрај нас.

Шумолењето на веслата, вода, што тече директно во рацете, раце, неподвижни над водата, мисли, кои бегаат од рацете... времето течеше во делови, тогаш застанат во вид на транспарентен облак, па повторно изливајќи се во вид на поток. Но, тие зборуваат помеѓу себе, тие дефинитивно разговараат едни со други! - враните надлетуваат. По еден час или два, се појави еден голем двор, кој широко чекори до ридот. Треба да се загреам... излегувам од шикарата и целиот метеж на крајбрежјето застанува, се врти кон мене. Одам по пристаништето, завиткана од необичното и нејасно внимание кон мене од сите полови и возрасти. Зошто жените се покриени со марами? Зошто кога ќе ме видат мене, тие срамежливо го затвораат лицето? Некои луѓе се свртуваат, се смеат дали од срам или од фактот дека мојата појава им се чини апсурдна. Кој може да ги разбере... не, ништо смешно на мене нема - панталони, кошула изработена од нежна, но непроѕирна ткаенина, се е чисто (или можеби само тоа е причина:), сето тоа е во согласност со локалната етика, колку што знам... но, што се оптеретувам со ова! Што ми е гајле, што овие луѓе се смеат? Упорно се обидувам да се убедам себеси, дека сето ова е глупост и одам понатаму, отфрлајќи ја загриженоста што подалеку.

Низ трговските редови лежерно одат индусите од малкуте во оваа земја "средна класа". Колку смешно тие се облечени! Во очи на многу парталави, со кои е преполна Индија, тие се правеа важни и го покажаа своето достоинство на секој чекор. Па, како мали деца... им беше дозволено да глумат возрасни, и сето тоа што тие можат е да ја прикажат сопствената важност, но во суштина може да се види дека сето ова е имагинарно, ништо зад неа не се крие. Без сјај на социјална самодоволност со која се карактеризира поголемиот дел на Европејците од средната класа, за овие не треба да зборуваме, постои само една наивна желба да се покажат. Какво празно лице имаат... какви непријатни очи имаат...

Колку отпад има тука! Сите тезги се претрупани со нив - пластични играчки, привезоци, огледала, монисти, шноли, влечки, касети, пенкала, брави, бебешка облека, пердуви од паун, и така натаму и така натаму, се со одвратен квалитет, кој само можете да го замислите. Зјапам во крупната индијка во светло розова сара, преку кој има облечено износен џемпер со турска шара. Таа чувствително претура по отпадот и се однесува како голема дама во златара. Црната коса е залижана со нешто мрсно (како одвратно...) и косата во плетенка, рацете се прекриени со десетици тенки нараквици, кои тропаат со секое движење. И што – зарем целиот живот така тропа? Сјаен лак на прстите веќе се испукал, дебелите прсти се преполни со прстени од светкав жолт материјал... Но што јас правам? Болна раздвоеност: од една страна ми е непријатно да гледам во нив, од друга страна - љубопитно. И не е дека уживам во посматрањето на сето ова, не... само ми е смешно после се - црвената дамка на челото на жената малку се распаднала и изгледа како фарба, движењето е тешко, иако е сеуште млада. Да, таа едноставно сака така да се движи! По ѓаволите, тие се сите такви! Движењето - тоа е нешто... како некои пингвини, а не жени – ширејќи ги нозете на страна, полека се преклопуваат од страна на страна, како да се обидуваат да го префрлат стомакот пред себе, помеѓу нозете. Па дури и богатите млади индиски жени, кои се уште не дошло време да ги зголемат своите масти, се движат на ист начин. Сосема ирационално чувство на претстојниот контакт со сегашноста – стомак нема, но тој веќе постои виртуелно, ова е некој вид на несреќа, а кога тие велат за континуитетот на генерациите, за годините на индиската култура, веднаш пред моите очи се појавува тој непостоечки стомак, а не статуата на Шива. Не можам да замислам таква жена како трча или игра или генерално како работи нешто слободно и природно. Се чини дека сиромашните така се сплотиле со единственото место (со кујната), каде што можат да се чувствуваат како господарки на нешто, и дека им е се што им е потребно за живот е да научат да се движат меѓу шпоретот и масата.

Сликата на индиската убавица во нежното сари, која ја гледав во кино-салата од моето детство, во реалноста имаше само на рекламите на сапуниците.

- Госпоѓо...

Што е сега? Индиец со мустаќи во избледена кошула, која наводно некогаш била бела. Весело ме гледа, и повторно не можам да се одвратам од таков еден невин и насмеан човек.

- Може ли да се сликам со вас? Моето семејство ќе биде среќно ако се согласите.

Што да правам? Не сакам да бидам фотографирана, но немајќи време да смислам оправдување и мавтајќи со раката, јас се согласувам. Па, сега неговиот ден не поминал напразно... возбудено мафтајќи со рацете, го фаќа за рамо човекот кој поминува, му објаснува каде и кога да притисне, го собира неговото семејство - сопругата и двете добро нахранети деца (колку се грди во Индија децата!), ги мести околу мене, така да јас останам во преден план, ја крева главата високо, ја протега устата во насмевка и им дава знак - притисни копче! По кликнување моли да застанете за момент, се стрчува за да ја премота траката на филмот и се враќа во иста положба. И повторно истата надреалистичка слика, како и слика на фигури во форма на чамци во близина - жената и децата цело време се уште стојат како картонски додатоци, како да немаат никаква врска со мене, ниту со било кој друг. Можеби тие спијат? Овој пат индиецот претенциозно ја ослободи левата рака, ја нафрли неговата десна страна и беше налик на некоја воинствена карикатура од старите советски весници. Можеби тој само сака да го насмее некој, да направи смешна слика? О, не, не... тој е сериозен, и другите не се смеат...

Смеејќи се и весело мислејќи на тоа, какви кретени се тие, влегувам во кафуле во потрага по ладно ласси - тоа е нешто како јогурт.

Не благодарам, слатки не сакам – ги пробав, кога појдов од Делхи, од овие слатки ме болат и забите. Сладолед исто така не ми треба, и натписот: "сто отсто сигурен" воопшто не ме охрабрува. Се што не е подложено на термичка обработка, може да ме однесе во болничкиот кревет со треска или туберкулоза. Повторно зјапаат во мене... - двајца индијци, очигледно ме проценуваат - дали е можно да се запознаат со мене. Дури ми е мака кога помислувам на тоа. Го пијам лассито и си заминувам.

Градината воопшто не е убава: секаде штрчат неатрактивни ретки цвеќиња. Изрезбан камен столб, низ кој тече вода, беше покриен со лизгава, гадна зелена патина. Кратко исечена трева, пауни, кои скитаат и ниту еден странец. Многу е тажно сето тоа... не произведува впечаток на луѓето кои се на одмор, гравитацијата се чувствува во воздухот. И ова место не ми се допаѓа, и се уморив - можеби од тоа континуирано внимание, дали од фактот дека во целиот Кашмир јас бев единствениот турист. Доста ми е - се враќам во чамецот.

Предлогот на возачот да ме однесе до плантажата со лотос, со ентузијазам го отфрлам. Плантажа... и лотоси - уште еден судир на моите фантастични мисли за Индија со карпа на секојдневноста. Колку повеќе се фантастични очекувањата, толку повеќе реалноста е погрда. Можеби овие очекувања и ме трујат?

Во исто време ги одбивам махатмите, камасутрата и симпозиумот на дервиши, само сакам да ручам и да прошетам таму, каде што има помалку луѓе, а повеќе природа.

Пред десет години, кога група на напушени туристи направија опсада на Кашмир, мојот Вергилиј очигледно имал доволно, и судејќи по блесок во неговите очи, конечно почувствував нешто како природен афинитет и ме однесе на мал остров, каде што имаше храм, огромно дрво и еден мал ресторан во форма на брод.

Се качам на покривот (кровот е моја љубов од детството!) и седам во сенка на големото, зелено дрво. Најжешкото време од денот, и како и обично напади на апатична летаргија, сакаш да колабираш во фотелја и да го пустиш твојот мозок на пасење. Понекогаш, ако не потклекнеш и продолжиш да се однесуваш како да доживуваш подем на енергија, можно е да ја изгубиш мрзеливоста, но сега ништо не се случува. Немам моќ за ништо, топло е...

Како да пловиме некаде... и тоа многу живописен дел... "улици" помеѓу постоечките куќи толку тесни што надвиснатите гранки на дрвата се испреплетуваат, формирајќи над главата чудно испреплетен зелен шатор, низ кој се пробива сончева светлина. Од дебелите, крупни и големи, криви листови ѕиркаат големи розови лотоси. ... Веројатно околу пет? Сончев ден се завршува, во шест часот веќе се стемнува во Индија. На зајдисонце, во воздухот се појавува посебно спокојство, па сакаш да застанеш и да ја осетиш оваа состојба, но тоа ти бега - помеѓу дрвјата, во брановите на водата, во вечерната свежина...

Шафи... точно, веќе е на пристаништето, неговото лице е полно со очекување на моите восхитени коментари, но јас сега веќе не сум учтива девојка. Мака ми е од тоа лице?... Не, разбирам, не ми е јасно како тие живеат... чекорат преку себе, глумат нешто постојано... Или можеби дури и не им е мака од тоа? Можеби им се допаѓаат сите тие разговори, слични на џвакање на тоалетна хартија? Дали јас некогаш ќе бидам исто таква и дали исто така ќе ми биде сеедно - со кого и што разговарам? Бррр... се наежив од овие мисли.

 

- Одлично место за медитација! – се слушна гласот на Шафи на покривот.

Се прашувам што му значи на него тоа медитација?

- А ти медитираш?

- Не, госпоѓо, јас сум муслиман, но знам дека медитацијата - е многу добра работа.

- Ха! Од каде знаеш, ако не го правиш тоа?

- Многу од светите луѓе го прават тоа во нашата земја, затоа знам дека е многу добро.

- Добро, Шафи, токму сега ќе го направам тоа, па погрижи се за тоа никој да не ѕирка овде со неговиот нос, важи?

Не можам да престанам да се прашувам како луѓето се бескрајно далеку од било каков вид на јасноста, па дури и од желбата за тоа... Сепак, што е тука чудно? Разумните битија не шетаат наоколу во крпи, па зошто да бидам изненадена, што сè уште не сум сретнала еден единствен човек, кој ќе биде во можност дури и малку разбирлив за да објасни, што мисли, кога зборува за разумност, јасност, нирвана, самадхи, и друго "нематеријално".

На кровот, сум конечно сигурна - овде никој друг нема. Само тука си дозволувам да се опуштам, како да тоа оптеретување ме штити!

Монотоното пеење во далечина личи на очаен, тажен крик... И, навистина, денес е верскиот празник... но дали тоа е важно? Зошто се сетив на тоа? ... Ги затворам очите и се обидувам да го смирам умот, сакам на момент се да исчезне.

Дури и малото време поминато во тотална неподвижност може да доведе до многу необични чувства - вообичаено доживување на физичкото тело почнува да се замаглува. Сега се чувствувам како безоблична еластична маса во движење - нешто што е изопачено, бавно преоѓа, се опоравува од земја до земја, нишајќи се на нишалото, паѓа далеку, долу... кровот под мене се растргнува во различни правци, само што не сум паднала од него... А сега сум под кровот, и тој ме притиска одозгора...

Ваквите појави се чести за мене - тоа се случува од раното детство. Се обидов да зборувам за тоа со родителите, пријателите, и сфатив дека никој не чувствува такво нешто. Сето ова не ми се допадна, поради тоа што ми сметаше да заспијам, ми правеше непријатност, дури и се лутев, што не можев како сите нормално да заспијам и принудена сум да учествувам во чудни игри на природата. Потоа се појави истражувачки интерес. ...Да одам ли во планините утре?

- Шафи! Утре сакам да одам во планините!

- Одлично, госпоѓо. Јас ќе ви бидам водич.

Неочекуван пресврт. Човекот сигурно е услужлив, но идејата да поминам со него цел ден, некако не ми се допаѓа.

- А дали ќе ми треба водич таму? - се обидувам да го прашам ова прашање, така да тој не може да разбере зошто јас прашувам, и уште еднаш чувствувам бран на неискреност, кој ме труе.

Како ме нервира таа загриженост со мислењето на секој човек за мене, со кого свесно или несвесно се среќавам! Ја мразам оваа импотенција, тоа ми попречува во животот... како иглест полиедар кој е заглавен некаде во мојата душа, и потоа обиди се да го плукнеш, но со крв... а всушност и не е доволно - затоа што сеуште неизбежно паѓам во ситуации, кои не ми се допаѓаат!

- Па, се разбира, тоа се планини, каде што можете да се изгубите.

Зборот "планина" остава вистински впечаток и овозможува да ја оправдам мојата слаба волја, - сега можам да си се смирам со тоа дека немам избор – сепак се тоа планини...

- Па, тогаш утре, во шест часот наутро (шест наутро??? И тука тоа ме фати со своите безмилосни шепи!). Ќе ве чека доручек. Добра ноќ, госпоѓо.

Слушам чекори кои се одалечуваат, крцкави скали, некој гракна, некој се насмеа - и тишина... Четири дена во Индија, а ништо не се случува! Каде се мудреците, наставниците, местата на сила, мистериозни храмови? Истата рутина, како и секогаш, но уште и константна напнатоста... Планини... Во планините сè ќе биде поинаку.

 



<< back forward>>