« Maja »

Том 1: « Форс-минор »

Глава 07


Кабината на жичарата силно тресна и неколку пати се заниша и се отвори во непробојната магла, - во радиус од дваесетина метри, ништо не се гледаше, освен карпестата почва со ретки китки на мокра трева - имаше само дожд. Сите гледаа наоколу во конфузија, не знаејќи што да прават во тој непробоен облак, кој исто така се закануваше со нов дожд. Што не тераше да дојдеме тука во овие временски услови?

- Ќе седнеме ли во кафулето дури се растера маглата? - Не сакам да идам на тоа влажно.

- Сакаи билен чај?

- Сакам:)

- Што ти е толку смешно?

- Се сетив како Шафи со многу сериозен поглед зборуваше со достоинство за тој чај – дека го собираат девици.

- Да? ... Како луѓето сепак сакаат да лудат! Девственост е посебен вид на лудило... Не можам да разберам дека живеам во тотална лудница. Зошто, оној за кого девственоста има ТОЛКУ значење, не може да биде страствен, сензуален... Убедена сум дека зад ваквиот став има ништо друго освен целосна фригидност.

Сакам да се смеам, но се воздржувам, гледајќи дека моето расположение не се вклопува со сериозноста со која Дени одговара на прашањата.

- Но, тоа не е секогаш наш сопствен избор - да бидеме толку срамежливи, стегнати, бидејќи сето тоа ни се наметнува и не е толку лесно да се излезе од тоа, затоа мислам дека таквите заклучоци, како што се "какви се сите девици" се неосновани. Ние сите сме различни, секој човек на крајот на краевите...

- ...е посебна вселена:)

- Па, нешто слично, не знам како да го формулирам тоа...

- Мислам дека само си ја видела оваа реченица и само си ја превземала, па затоа не знаеш како да ја формулираш, малку е веројатно дека навистина размислувала за тоа... Знаеш, обично не ми предизвикуваат симпатии и интерес оние кои упорно настојуваат во човекот да видат вселена, според мое мислење ова кажува не за широчината на душата, туку за слаткиот страв да имаат свое мислење, за вкупната немоќ, за неспособноста да ги изразат своите вкусови и да ги остварат своите желби. А што можете да очекувате од човек кој се плаши слободно да ги изразува своите желби, кој дури и не се стреми кон тоа да разбере вистински – какви се неговите параметри? И овој страв е разбирлив, бидејќи ако разбереш што сакаш, што тогаш да правиш со желбата да го добиеш тоа? И ќе биде "добро", ако таа желба ќе одговара на стереотипите кои живеат во тебе, а ако не одговара? Ќе мораш да живееш во постојана раздвоеана состојба, или да почнеш да правиш некои чекори, кои можат да бидат неповратни, а кој е подготвен да го смени неговиот живот без можноста да се врати на стариот, па дури и со непредвидливи последици? Многу полесно е да се бутне својата искреност што подалеку, а на површината да се задржи привидната мирољубивост и безрбетната широка отвореност, и се дава пример за здрав екуменизам. Кога немав храброст да си признаам себе си, само мал дел од вистината за себе, станав уште помизерен отколку што бев порано, но јас не жалам што ја изгубив конфорноста, задоволството и смиреноста. Подобро е да се умре отколку да се живее мирно во овој живот.

Јас не очекував тука во едно кафуле, во Шри Нагар дека може да сретнам таков соговорник. Веднаш излегоа грабливите шепи – колку би било убаво да си го присвојам момчето! Но, веднаш ми станува мачно - не сакам да го спакувам својот интерес во обична картонска кутија. Веќе ми се разви алергија на било каков вид на непотизам - кога ќе чујам фрази како "Тие се заедно веќе десет години", веднаш ми станува мачно - не постои сомнеж, дека кои и да биле овие луѓе, нивниот живот заедно е триумф на досада, рамнодушност, сивило... и за две години се убива се што некогаш било живо, инспиративно, радосно. Но повторно - немаш доволно одлучност и искреност да земеш да ја прекинеш таа врска... мачно ми е од истата таа синтагма "нашите односи".

Новата кабина, која пристигна ја исфрла новата тура од млади индуси. Ужасно бучни, суетни, пеат, се туркаат - тоа ќе изгледаше природно, ако тие имаа десет години, но тие имаа по дваесет, триесет години... никакво изразувачко лице, испакнати очи. Па барем не се агресивни ... влегувајќи во кафулето, тие сигурно мораат да поминат покрај мене и Дени. На својот пријателски, љубезен начин ни приоѓа пар на индуси и не прашуваат да се фотографираме со нив. Колку што можам учтиво ги одбивам, но тие само се преправаат дека се откажале - заминуваат неколку чекори и се обидуваат да ме фотографираат мене, така што јас нема да забележам. Мораше да седнам така да ми го гледаат само грбот. Некое време се гураа тука покрај нас и сфатија дека нема да успеат да ме сликаат, па продолжија понатаму.

И покрај фактот дека не направив ништо против својата волја, сеуште се чувствувам некако отруено, бидејќи неизбежно го правев она, што не го сакав.

- Како ми оди на нерви тоа ненормално внимание. Да беше девојка, ќе разбереше... Тие секогаш сакаат да бидат фотографирани со мене. Што потоа ќе прават со овие фотографии? Ќе ги прикажуваат на своите роднини, како видете колку сум јас супер, се фотографирав со странка? Јас веќе одлучив дека ќе ги одбијам, иако порано мислев дека е непријатно.

- Одлучи да ги одбиеш?

- Да, а што те изненадува тебе? Дали мислиш дека тоа...

- Јас сум изненаден дека ги одби, но не убедлливо! Напротив - како да си ти крива.

- Да, точно... но веројатно не е толку важно, тоа е ситница, најважно е дека ги одбив.

- Значи, мислиш дека ова е само ситница, и не губиш ништо со тоа? И јас мислев така претходно, и тогаш одеднаш сфатив дека дури и многу губам, ако ништо не променам во својата позиција, дека таков ќе ми биде и целиот живот. Неверојатно, ситуацијата се повторува .

- Која?

- Едно лице... добро, не е важно кое, многу интересна личност, исто така, го привлече моето внимание на фактот дека сум измамен ако мислам дека ситниците не се важни - големите глупости се задржуваат на ситото на анализа, се искривени, се гасат, а ситниците проаѓаат директно и силно бодат. Според него, токму внимателноста кон ситниците го разликува вистинскиот трагач по вистината од сонувачот.

Дени дефинитивно се постави некако сурово, но со тоа не одбива, во тоа не се чувствува никаква ароганција или агресија. Што има во тоа? Нешто толку блиско и се чини одамна заборавено... Тој вели тоа што ми е интересно! Никако не можам тоа да му го признам – прво ги голтам неговите фрази, без размислување, затоа што однапред знам дека со луѓето е здодевно, дека во најдобар случај ќе слушнам некои видени филозофски или езотерични фрази, зад кои има апсолутно ништо - нема рефлексија, нема работа, нема пребарувања, без вистинско искуство. Ама овој човек се чини дека самостојно размислува, - дали такво нешто воопшто постои?:) ... Иако понекогаш ми се чини дека се обидува да се отцепи од стереотипите, понекогаш малку претерува и паѓа некаде на спротивната страна од вкупното негирање.

Се испоставува дека Дени е малку запознаен со теренот, и бидејќи временските услови можеа да се променат во било кое време, како што често се случува во планините, го завршивме чајот и се одлучивме да продолжиме со прошетката. Никој не сакаше да го следи нашиот пример, па наскоро ние бевме оставени сами во маглата.

Имам многу мало искуство во јавање, но Дани ме увери дека нема да има проблеми - коњите тука се добро издресирани и реагираат на најмалото движење на нозете на јавачот. Така и беше. Допир со левата нога за на лево, и коњот се врти на лево, допир со десната - десно, со двете нозе одеднаш – поаѓа полека напред, повлекување на уздата - успорува. Порано мислев дека коњот е нешто како автомобил, доколку не внимаваш, можеш да се забиеш во нешто, но стравувањата биле целосно неосновани - ако коњот не почувствува солидна контрола, ако му дадеш до знаење дека си се препуштил на мислите, тој сам ќе појде по вообичаениот пат и ќе одбере оптимална траекторија на движење. Кога конечно се наиграв со тоа "управување", па појдовме малку побргу, но неколку пати почувствував болка во задницата од телото на коњот, па потоа се вратив на патеката, и сега со Дени одевме рамо до рамо.

Многу брзо маглата исчезна, небото одеднаш стана сончево и јасно, далеку долу меѓу облаците од магла, како школка се откри зелената долина. Време имавме многу, планините околу беа искапени во магла, прилично тенката вегетација не го прикрива нивниот изглед. Ние молчиме, повремено размениваме погледи, секој мисли за нешто свое.

Одеднаш, Дени почна да збори. Зборуваше како да го продолжи разговорот кој беше прекинат за миг, одеднаш страсно, како да се разбудило нешто, што многу го болело:

- Јас не сум прв пат во Индија, на многу места сум бил овде, често ги гледав луѓето во очи, сакав да ги најдам одговорите на прашањата кои ме измачуваат мене, но се она што го слушнав, не ми даде никаква радост, ниту надеж, во тоа не се чувствуваше никаков живот, ништо вредно. - Замолкна за неколку секунди, небаре мери, дали да продолжи или да престане. - Не можам да го живеам својот живот само така, не можам и не сакам! Не знам како живеат сите овие луѓе, кои ден по ден го поминуваат времето во грижа, или во забава, и не се оптеретуваат со потрагата по главната смисла во својот живот, главната содржина која ќе го пополни до крај. Видов овде постојат многу луѓе кои себеси се нарекуваат учители, но во нивните очи, немаше искри на потрага по вистината, немаше очајно стремење за животот, кое јас сакам да го најдам. Општо земено, што е карактеристично за сите овие учители - задоволството и добро хранетото задоволство. И често тоа е само бизнис или хоби. Не можев да го прифатам фактот дека тука во Индија, не најдов едно од оние суштества кои би биле носители на некои посебни Познавања - водечки, откривачки, повторно создавачки, и не сакав да се предадам, одлучив дека ќе се обидувам дури не најдам, затоа што немам што да изгубам, не сакав ништо друго. Знаеш, дадов отказ. Зошто јас треба да работам? Немам недостаток на пари. Го отфрлив сето она што моите пријатели го живеат во Франција, ги отфрлив всушност дури и сите свои пријатели, бидејќи го нема помеѓу нас, главното... Во последните две години се враќам дома два пати годишно, земам пари и веднаш се враќам тука - тие пари ми се доволно за тука, но недостига најважното - вистината по која дојдов. Јас едноставно не знаев што ќе правам ако не ја најдам...

Ако при следното вртење одеднаш се појави сино море, помалку би била изненадена сега, отколку од тој неочекуван страствен монолог. Дени како да жали што се тоа го кажа, беше јасно дека му е непријатно, исто така и јас се почувствував непријатно, така да некое време молчевме, но тоа веќе не беше мирна тишина, таа беше подготвена да боцне. Конечно одлучив да го скршам молчењето и да кажам нешто како одговор.

Луѓето мислат дека зборуваат. Всушност, разговор ги води нив, тие се како коњи, кои се контролираат со уздите, и кои го следат. Тоа е она што јас го зборувам, не е она што јас би го кажала. Му реков дека видов дека му е непријатно, дека не постои причина да се чувствува непријатно, дека целосно ја разбирам неговата желба, дека и јас сум во потрага по вистината, и дека поради тоа допатував тука, и дека ми е симпатичен, а и неговите зборови... Не, готово е, време е да замолчам - доволно беше со бомбастичниот израз, сето ова не е тоа, во тоа нема никаква симпатија што ме опфати, и секој збор ме води подалеку од тоа чувство.

- Тоа се не е тоа, Дени, тоа е слаткоречиво ѓубре, тоа не се живи зборови, не знам зошто почнав да ги кажувам. Сакам да кажам нешто сосема друго, но не знам како.

- Маја, понекогаш јасно може да почувствувам дека за мене тоа е прашање на живот и смрт, а понекогаш мислам дека тоа може така да се случи, ако одам да спијам, се вратам кај себе во Франција и да станам граѓанин, или обичен турист... – во неговиот глас немаше повеќе очај, имаше само нервоза, како стравопочит од оние патувања што се наоѓаат некаде напред и никој не знае – какви ќе бидат за него.

- Ти велиш "не знаев", "мислев", "не можам да го прифатам фактот дека ништо не најдов" - се е во минато време, но... дали сега нешто е променето?

- Маја - тој застана, ги зеде моите узди, го повлече мојот коњ кон него, го погали неговата муцка и се загледа во моите очи. - Јас всушност најдов нешто во своите патувања, нешто, но чувствувам дека ова е посебен мирис, мирис на нешто реално, тоа ми дава надеж, тоа ме погодува толку длабоко, а јас... јас сум кукавица, Маја, се плашам да ја проверам оваа шанса, бидејќи се плашам да ја изгубам, се плашам дека или нема да успеам, или, ако успеам, дека нема да најдам таму излез. Сакам да ти ја кажам оваа приказна, веќе цела година, не знам што да правам со неа, понекогаш дури и се плашам да размислувам за тоа, само се греам покрај... како покрај оган... во неа има мирис на надеж, и јас се плашам од неа, се плашам од губење на последната надеж. Навистина ми се допаѓаш, ја чувствувам во тебе, страста за животот и разумноста... и уште нешто... и за прв пат во текот на целата година имам желба да ти раскажам за оваа средба... Тебе. Дали си заинтересирана?

Тивко климам со главата, но, всушност, сакам да се фрлам во него, да го гледам во очи и да му кажам дека тоа е неверојатно, дека нешто такво не може да постои - случаен состанок во кафуле, и толку блиска средба!

- Тоа беше точно пред една година. Јас се вратив во Франција, ги зедов парите и првата мисла ми беше да ја променам околината и да одам во Латинска Америка или Австралија. Никако не можев да одлучам - каде да одам. Некако, ова прашање ми се чинеше многу важно - веројатно затоа што во патувањето до Индија секогаш барав потрага по вистината, и да одам на друго место за мене беше како еднакво да се откажам од пребарувањето, во корист на приемот на банални впечатоци.

На крајот имав еден сон: многу стар, напуштена зграда, не е разрушена, прилично е силна, но одсекаде се чувствуваше старост. Таа стоеше во близина на реката - триесетина метри. Широки мермерни столбови предводена од работ на водата до влезната врата. Контурите на зградата беа нејасни, а сепак почесто таа личеше како античкиот храм од Шива – такви има многу на брегот на реката Ганг, или на Индискиот Океан.

Во тој сон, слушнав чуден звук - низок, густ, кој одекнува, тој се слушна од внатрешноста, а потоа се чинеше дека е во мене, но нешто во мене се бореше против мојата волја, но јас го надминав овој отпор и се предаде на тоа, и тогаш тој звук ме исполни – комплетно, без остаток. Знаеш, нешто слично може да се почувствува кога стоиш покрај огромно ѕвоно, кое ѕвони... Звукот ме повикуваше, мамеше, влечеше, трепереше од горе надолу, претворајќи го целото тело во напнат прилив на радост... Кога се разбудив, плачев од благодетните стремежи, кои ги доживеав, кога се предадов на тој звук.

Чудесно, по овој сон ми се појави апсолутна јасностми се одеше дефинитивно на Хималаите, и никаде на друго место. Истиот тој ден, заминав за Непал.

Никакви специфични планови и временски рамки, јас немав, па кога стигнав во Катманду, пред мене беа отворени сите правци. Да, Маја, во Непал се ВИСТИНСКИТЕ Хималаи, не заборавај да отидеш таму, сигурно! Тоа не може да се пренесе со зборови или слики или со снимање, тоа е нешто неверојатно.

Следното утро полетав за Џомсом - мало селце помеѓу две осумилјадни села - Анапурна и Дхаулагири. Таму е неверојатно убаво, и можеш слободно да шеташ по широките патеки. Сакав целосна осаменост, во четири наутро, отидов надвор на патот кон Горниот Мустанг. Мислев дека само ќе прошетам, бидејќи оваа област е затворена за туристи, и дозволата за влез е 700 долари по човек, но на контролната станица немаше никој, решив да продолжам.

Неколку дена безгрижно слободно скитав ваму и таму, и, конечно, застанав во мало село покрај Ло-Мантанга. Без ранецот се чувствував многу поудобно и одев далеку во планините, таму каде што немаше жива душа, и еднаш зад еден мал планински венец, ненадејно открив еден прекрасен тибетски манастир. Имав впечаток дека лебди над земјата! Знаев веднаш дека јас сакам да одам до него, и прво помислив дека ќе ми бидат потребно само половина час, но на крајот ми беа потребни околу три часа. Ме поздравија со пријателски, мирни насмевки. Никогаш не видел дека тибетанците, особено монасите, покажуваат љубопитност, така да не ни сфатив - дали тие навистина не се љубопитни кон странците, или тие едноставно не сакаат да ме засрамат со нивното внимание.

Со знаци им објаснив дека јас барам дозвола да останам. Тие се согласија со неочекувана радост, ми дадоа една соба и храна. Никогаш не сум видел такво убаво место, кое би ми се допаднало ТОЛКУ многу. Дури и помислив дека можам да останам тука подолго, на неколку години, а можеби и цел живот... Беше уште мрак кога ме разбуди силна врева – нервозни коњи, остри звуци на тибетски огромни рогови, пригушен татнеж на гласови. Отпрвин мислев дека е само сон, толку беа нереални овие звуци, како да тие или дошле од далечното минато, па дури и од друга димензија... Кога сфатив дека не спијам, веднаш скокнав и отидов надвор, кон бучавата. Целиот двор на манастирот беше исполнет со тибетски монаси, меѓу кои имаше едно лице, поради некоја причина веднаш помислив дека е некој врвен Лама. Тој беше висок и изгледаше цврсто, но главната работа е дека тој имаше многу продорен, многу цврст и длабок поглед... Знаеш, Маја, твојиот поглед е сличен на погледот на тој Лама - веднаш ми го привлече вниманието на него.

Одеднаш сфатив дека ако сега не му пријдам, тогаш можеби ќе изгубам нешто најважно. Бев многу загрижен, бидејќи не знаев дали на овој начин смеам да дојдам до човекот, дека можеби ќе ме исфрлат поради тоа... Но, ме влечаше кон него како магнет, и јас отидов... Монасите учтиво се тргнаа и одеднаш се најдов пред него - веднаш пред неговите очи, од кои имав такво чувство како да сум на висока планина, и низ мене дува топол ветер. Се почувствував непријатно од една страна, а од друга страна, продорен, исполнет. Бев збунет, бидејќи не знаев - како да се однесувам, не знаев што да му кажам, а во исто време сакав да заживеам во тој момент – се случи нешто многу важно, но не немав време да разберам - што. Мислев дека на мене влијае таквата необична комбинација на сето негово опкружување - безгрижните лица на тибетските монаси, острите бои на нивната облека, пригушени со утринската темнина, звуци - истите оние кои беа слушани тука пред илјада години. Лама едвај се насмеа, кога виде дека јас занемев, и одеднаш почна да кажува на разбирлив англиски и ме поканети да дојдам кај него денес на пладне.

...Еден час пред пладне, јас веќе трчав во манастирот, предизвикувајќи весела смеа кај момчиња монаси, прашувајќи со знаци - каде е најважниот Лама, кој ме покани да го посетам.

Лама ме прими во мала соба на вториот кат на гомпа. Монахот кој ме донесе, се поклони и си замина, бевме оставени сами. Ламата се викаше Лобсанг, како одговор на моите прашања, рече само дека е мастер на тантричката медитација, дека сега е на еден долг пат и понекогаш е долго време во манастири во Дармсала, Дарџилинг, Варанаси и Шри Ланка, каде што се состанува со другите монаси, спроведува настави, испити. Оттука и неговото добро познавање на англиски јазик, бидејќи сите овие места се полни со странски туристи, а покрај тоа познава и неколку монаси, кои дошле во Индија од Франција и Англија, се замонашиле и неколку години живеат тука, целосно асимилирани. Во последните години, тибетските монаси, особено во манастирите, кои се наоѓаат на местата на развиен туризам, активно го учат англискиот јазик, и во едно одделение, често може да се види стар монах и млад ученик, упорно обидувајќи се да учат англиски јазик.

Се обидов да му кажам на Лобсанг - што ме доведе во Индија, но сите зборови ми изгледаа празни, бидејќи како да се изрази основната желба која никогаш не излегува јасно и дефинирано на површината на свеста, туку само избива како чисто поточе некаде длабоко внатре? Лобсанг едноставно и отворено ме гледаше во моите очи, како зборував, се чинеше дека ова гледиште продира во мене и зборовите ми беа почувствувани како небитни, а тишината меѓу нив стана толку интимен звук, што конечно престанав во средината на реченицата и замолкнав.

Лобсанг некое време неподвижно седеше, како да слушајќи, внесувајќи се во моите мисли, а потоа рече дека молчењето може да каже многу повеќе од зборовите, за тој, кој знае како да го слуша. Тој додаде дека молчењето води таму каде што зборовите се немоќни, но сепак, зборовите исто така се потребни, бидејќи ако не се има јасен разум, луѓето едноставно ќе се изгубат во светот на молчењето. Кажувајќи го ова, тој одеднаш гласно и силно како дете се насмеа. Неговиот краток говор направи извонреден впечаток врз мене. Јас бев одушевен не од смислата што тој ја рече, туку тоа - КАКО тој тоа го рече. Ако истото го реков јас, тоа ќе звучеше помпезно, длабоко, претенциозно, па дури и глупаво, но тој го рече тоа толку едноставно и толку лесно. Слушајќи го Лобсанг, јас ненадејно разбрав сосема јасно лтрф само говрот на оној, кој има фантазии, соништа, звучи помпезно, но кога ќе зборуваш само за тоа, што е вистина за тебе, тогаш нема извештаченост, говорот добива неочекувана моќ и способност за растурање на недоразбирањата.

- Да, точно! – Го прекинав Дени, и се насмеав. - Некогаш, многу одамна ми се чинеше дека новинарството е нешто многу интересно, и кога зборував за него, мојот говор течеше величествено:) Кога почнав да го проучувам новинарство, па уште и кога почнав да работам како новинар, се соочив со животните приказни, и сфатив дека сега повеќе не сум во можност да зборувам за тоа на истиот начин, па и на луѓето не им беше интересно да ме слушаат.

- Да, јас овде во Индија, многу слушнав како различни луѓе зборуваат за нивната пракса – тоа се и верници кои дошле да учат јога, како и инструкторите по јога - и секогаш во нивните обраќања се чувствуваше извештаченост, подуеност, анксиозност, како да те наведуваат и како да им е страв да не се фатиш на мамецот. Лобсанг беше првиот човек кој ТАКА зборуваше, дека тоа е совршено јасно - тој разбира што зборува, и некако не разбира апстрактно, туку АПСОЛУТНО точно разбира, бидејќи тој зборува за своето вистинско искуство. Бев изненаден до длабочините на мојата душа од неговата смеа - веројатно дури и повеќе, отколку од неговите зборови. Никогаш не сум слушнал такво нешто. Така, можеби, децата се смеат на небото, кои се многу мали и кои не искусиле било какви грижи во својот краток живот, кои никогаш не се намуртиле. Гласно, отворено, директно, заразно. Никои зборови не можеа да го отворат повеќе од смеата. Во истиот момент почувствував кон него една продорна интимност, што никогаш кон никого не сум ја искусил, ниту претходно, ниту после него. И сега, ако сакам да се вклучам во искуството на невиност и отвореност, се сеќавам на неговата смеа и... колку ми е жал, Маја, што не можам да ти ги кажам моите сеќавања... јас сум сигурен дека би ти се допаднал овој Лама.

На неколку минути бевме тивки. Дени веројатно потона во спомените, а јас се замислив дека ја споделувам неговите загрижености - оние за кои што зборуваше, кога ми кажуваше за стравот од губење на парчето надеж. Неговата приказна беше толку добра во прво време, почнав да се плашам од некој банален крај. Дури и помислата ми помина да му го одвлечам вниманието на некој друг разговор - не сакав да го расипам впечатокот. Толку лесно можев да замислам дека се ќе се заврши многу лошо - на пример, Лама ќе му каже дека треба да илјада пати да изговори "Ом мани падме хум", а потоа сите ќе бидат среќни... Колку пати сум била разочарана од краевите, а толку одушевена од почетокот! Колку само пати на крајот наоѓав разнобоен балон... Колку многу ветувања, и секој пат - разочарување. Се сеќавам со каква радост и исчекување ги читав "Играта со бисери" - целата книга водеше до нешто, го ветуваше откривањето на суштината на Играта, а што добив на крајот? Ништо... апсолутно ништо. Истото се случи и со Кафка... тоа е како кога ти покажуваат убава книга со марки, со потписи, со панделки, со вовед, предговор и поговор, во кој важни луѓе пишуваат за тоа - колку е важно тоа што е внатре, како е тоа мудро, а кога ќе ја отвориш книгата, можеш да видиш дека постои скапа хартија со монограми, но нема текст. Колку прочитав книги за јога, медитација, психологија... некој советува да седиш во различни пози, некој некако да дишеш, некој зборува за боговите, потсвеста и надсвеста, монади и дарми, а на крајот - ништо. Само ментална мастурбација, во најдобар случај и во најлош случај – чиста комерција.

- Дени, не ми кажувај дека мораш илјада пати да изговориш "Ом мани падме хум", важи?

Зачудено ме погледна, застана во чудење, а потоа се насмеа гласно, така што неговиот коњ се исплаши и скона на страна.

- Сега ме разбираш, Маја!

Патот нè доведе до мала рекичка, која скокаше по грамадата од камења од горе, со високи карпи.

- Ајде да одиме горе, таму е убаво - Дени ми помогна да се симнам од коњот, ги врзавме коњите и отидовме кон потокот.

Јас не сакам ништо друго, кога имам прилика некаде да се искачам, тоа е задоволството - лесно да скокаш по камењата, како да се издигнуваш над нивниот хаос, отскокнувајќи, спуштајќи, наоѓајќи упориште во последниот дел од секундата, така што прилично брзо се искачив и наскоро најдов многу удобно место, каде што имаше две дебелички тревни места, кои се наоѓаа на голем камен точно еден до друг. Па на еден од нив и седнав.

Потокот лежерно поминуваше под каменот, а повремено ретки капки едвај достигнуваа до мене. По неколку минути се појави и Дени и седна на другиот камен до мене. Стана жешко, па ја кренав маичката, истурајќи го стомакот на сонцето. Ги симнав патиките, се испружив и ги положив нозете на колената на Дени. Тој многу нежно ги зграпчи моите нозе со неговите раце, едвај ги допираше, и тоа така чувствително, како да се обидуваше да пројде низ тенката ткаена чорапа. Јас секогаш чувствувам - дали лицето има суптилно еротско задоволство, кога телата полека се отворени едно кон друго, како да се кријат зад завесата. Таквотоа суптилнo еротскo задоволство е невозможно да се доживее со човекот кон кој не чувствуваш никаква нежност, симпатија, восхит од запознавање на блиско суштество. Тоа токму расте од оваа симпатија, како нејзино продолжување. Со сексуалното искуство е различно, затоа што одат во спротивна насока - прво допир, а потоа сексуално возбудување, па дури тогаш може да се предизвика бран на нежност и симпатија, а може и да не се појави, а ако ги нема, сексот останува повеќе или помалку интензивно задоволство, кое се стреми да се заврши со оргазам и да остави зад себе досадно задоволство, кое граничи со разочарување. Кога штотуку почнав да ги остварувам своите сексуални желби, тогаш немав време за еротика, само сакав да го добијам она нешто што не сум го имала - да го зграбам што е можно поскоро и повеќе да компензирам тоа што не сум го добила. Ако нас не не учеле уште од најраното детство дека сексот е "фу", да имаше многу можности да се мазиш со своите врсници, да немаше страшна нетолеранција на околината за детските еротски желби, ние не би биле толку опседнати со страста за сексот или омразата кон сексот, и ќе ги градевме своите односи повеќе на симпатии и љубов, отколку на форми и подготвеноста или неподготвеноста да се предадеме. Кога бев дете, толку сакав нежност, но наместо тоа, само ме тепаа со зборови и раце.

Се пржев на сонцето и размислував за се по малку, а во меѓувреме Дени нежно ми ги допираше прстите на нозете, галејќи ги потпетиците, нежно стискајќи ги, и пријатно чувство почнува да се крева од ногата па нагоре, по пат како полека допирајќи на нешто во длабочината на стомакот, а потоа се спојувајќи со искрите на нежност во градите и продира дури и повисоко, се претвора во суптилна скокотлива радост во грлото, испарува во облик на сончев сјај и оди некаде над мене... и тоа е подобро од било кој секс, жими мајка...

- Што рече Кобсанг, Дени? Мислам - што кажа од битните работи? Сакам да ја знам суштината, веднаш кажи ми. Каква и да е - таа, барем, нема да ги смени чувствата, кои се родија од твоите раце, така да ајде само храбро!

Дени малку се збуни, што ме изненади - тој изгледаше прилично искусен и опуштен - навистина само го домислив дека е искусен љубовник? (Можеби тој е девица ??:))

- Не е толку едноставно... Се уште не разбирам: она што тој ми го рече – дали е тоа во суштина, или не? Од една страна како да се изрази прилично конкретно, од друга... некако во мојата глава не ми одговара - како тоа може да се претвори во реалност.

- Дени!! Не измачувај ме, инаку ќе си ги повлечам своите нозе.

Заканата беше ефективна, и Дени ја продолжи својата приказна.

- Стоев пред него и сфатив дека немам што да го прашам, зашто да поставиш прашање - тоа не е толку едноставно. Замисли дека пред тебе стои човек со полно знаење, а ти имаш можност да поставиш прашање - прашање во кое си го инвестирал целото твое пребарување, сиот свој очај, сета своја надеж. Во мојата глава се појавија сите видови на смешни прашања, како што се, "како да дојдам до нирвана?" или "што е суштината на учење на будизмот? ", но знаев дека сето тоа е глупост, дека пред овој човек не е ништо невозможно дека сите "паметни" зборови, само исчезнале како прашина, почувствував дека не можев да му кажам искрено - тоа би било лага, и ми остана само да кажам нешто едноставно - толку едноставно, што и да се каже гласно, се чини е непотребно. Бев очаен - мојот живот е толку празен, што немам ни што да прашам, но како да најдам одговор ако не можам да поставам прашање?

Лобсанг ја крена раката и со шепата ми покажа да се смирам. Потоа ги затвори очите и седеше минута или две, неподвижен и молчеше. Гледав во неговото лице и не можев да престанам. Како невидлива светлина да го осветлуваше одвнатре. Не можеше да се нарече убав на вообичаениот смисол на зборот – не е убав и нема совршена форма на пропорционалност, нема правилни црти на лицето, дури и неколку груби, строги, но тоа не е нешто што може да се види на лицата на обичните луѓе. На неговото лице не постои ниту еден отпечаток на агресија, претензии или самозадоволство, туку само одредена суровост, сериозност, како да гледа од својот брод во турбулентното море, подготвен во случај без двоумење да ја исполни својата напорна работа и да го пренесе бродот преку бурата.

Чудесно, оваа озбилност не беше мрачна или оптоварувачка - таа беше искриво радосна, иако јас се уште не разбирам - како тие работи може да се комбинираат, да не го видев лицето на Лобсанг, а да го слушнев својот сопствен опис, најверојатно не можев ни да го замислам тоа, или би замислил нешто постојано вообичаено напнато или вообичано опуштено.

Кога Лобсанг ги отвори очите, тој ми рече нешто чудно. Тој ми рече дека вистината е отворена за секој кој искрено ја сака, и луѓето не ја наоѓаат, не затоа што е многу добро сокриена, туку затоа што тие само се преправаат дека ја бараат, но всушност бараат нешто друго, но не сакаат тоа да си го признаат. Тој рече дека дури и меѓу тибетските монаси има многу такви што не ја бараат вистината, кои дури и за време на медитација, размислуваат за тоа – дали наскоро ќе достигнат просветлување, и за тоа – колку уште имаат време да си одат од манастирот, а да не биде касно да формираат фамилија, ако нивната пракса нема да биде успешна.

Тој рече дека настаните што се случуваат со обичниот човек, не водат никаде, затоа што обичниот човек не е заинтересиран за вистината, тој е заинтересиран за имотот, вниманието на другите луѓе, добивање на искуство, дебатирање за работи, и како резултат, животот се претвора во ѓубриште, а настаните кои му се случиле, тоа е само еден од деловите на тоа ѓубрште.

Тој рече дека постои едноставен начин да се најде свој пат во секоја смисла на зборот – и во наједноставната и во најдлабоката. За да го направиш тоа мораш да "слушаш" специјален повик од внатре, и кога ќе го "слушнеш" никогаш нема да го помешаш со нешто друго, никогаш не посакаш нешто различно од овој повик, ќе ти се чини најбитен, најсладок, највисок во твојот живот, и само затоа тој повик ќе ти го покаже твојот пат, затоа што ќе треба да го промениш својот живот, за да тој не би исчезнал и те остави да го "слушаш" почесто повеќе и подлабоко, да би станал она што тој открива во тебе.

Тој истакна дека зборот "слуша" го употребува во фигуративна смисла, дека кога ќе се појави тој повик, потоа ти самиот стануваш тој повик, и никој не може да го слушне – ти си сам тој повик.

Кажувајќи го сето ова, тој замолкна и ме погледна како да се обидува да ме чувствува - како јас ќе се чувствувам за она што беше кажано. Во ова време немав проблеми за да поставам прашања, и јас веднаш го прашав: "Лобсанг, ШТО треба да се стори, за да се слушне тој повик. ШТО конкретно да правам, Лобсанг?" Тој кимна со главата и кажа дека за да се слушне повикот, ќе мора да молчиш, многу тивок од внатре, затоа што кога нашиот тмурен живот е гласен, кога мислите, желбите, негативните емоции постојано се заменуваат меѓусебно, тогаш од таа бучава не се слуша тивкиот повик. Кога повикот доаѓа, тој звучи многу тивко, само после долга практика, тој почнува да звучи погласно и погласно се додека не дојде до најдобриот звук кој плени во целина, секоја клетка во твоето тело и душа, те исполнува со силна блажена вибрација. Гледам, рече тој, дека си запознаен со она што јас го зборувам.

Јас бев изненаден од неговите зборови, па дури и сакав да му кажам дека тој греши, дека никогаш ништо такво не сум почувствувал, и иако јас разбирам за што тој кажува, тоа е само интелектуално ниво, го разбирам само описот, а не тоа доживување. Но Лобсанг така гледаше во мене, што јас замолкнав, едвај се отворив, а потоа веќе знаеше се за мене - и, се разбира, тоа е токму ТОА – тоа е "звукот" од соништата! Лобсанг точно го изрази она што не можев да го изразам - тоа воопшто и не беше звук, само зборот "звук" беше најсоодветен и тој беше исполнет со оваа неверојатна полнотија, во која има сè. Ова беше токму повик, кој никаде не повикува, кој е самиот пат. Магливите спомени блеснаа многу сликовито, пак го доживеав сето тоа многу јасно, и Лобсанг, насмеан, се согласи - "ете гледаш..."

- Дали го праша - како да станеш тивок, како да го направиш тоа? - Бев малку разочарана од тоа што го слушнв, па само чекав да слушнам нешто како што е "смири го својот ум" или "разбери дека сè во овој свет се илузии" или "замисли дека сè што живее во прошлиот живот биле твои мајки, и сакај ги сите нив, за да потоа можав да станам и да си одам дома, и така веќе е време за вечера.

Јас застанав и почнав да се облекувам.

- Да, секако дека прашав. Тој кажа дека прво треба да престанам да ги доживувам сите негативни емоции.

- Аха, јасно ми е...

Ги стегнав врвките и застанав, нозете малку ми потекоа.

- Ајде, Дени, дојде време, гладна сум и по малку уморна, а имаме уште половина час на коњи назад до жичарата.

Назад ние се враќавме во тишина, понекогаш малку забрзувавме, јас сум навистина уморна, немав желба да зборувам за било што. Како повторувајќи го моето расположение повторно падна магла, висејќи над ниските дрвја, обвивајќи со влага.

- Збогум, муцко! - Го погалив својот коњ, давајќи му ги уздите на сопственикот. - Повеќе никогаш нема да се сретнеме повторно, нашето заедничко патување заврши.

Гледајќи во неговите крупни очи, одеднаш почувствував толку акутна болка од разделбата, да посакав да заплачам. Јас никогаш, никогаш повторно нема да ја видам него, никогаш... вечноста нè одвојува, еден ден и мене ќе ме однесе... како глупаво е тоа - одеднаш да доживееш болка од разделбата со коњ... не, не е глупо, едноставно се скрши нешто внатре и веќе не сака да зарасне.

До автомобилот стигнавме во целосна тишина. Шафи, кога ме виде, се расположи (веројатно му недостигав:), галантно ја отвори вратата.

- Госпоѓо.

- Фала, Шафи. Чао Дени, помини некогаш на гости, доколку сакаш. Можеш и вечерва, но подоцна, сакам да вечерам и да лежам во кревет, можеби и малку ќе спијам, а околу девет дојди до мојот "хотел", ќе седнеме и ќе разговараме повеќе. Шафи, ако тој изнајми шикара, дали возачот ќе може да ја најде твојата куќа?

- Да, госпоѓо, се разбира, се е исто како и во градот. Еве, за секој случај - му даде на Дени визит картичка.

- Јас дефинитивно ќе дојдам денес. Ако спиеш, ќе можам ли да те разбудам?

- Да. Шафи, ќе му ја покажеш на Дени мојата соба.

Шафи, очигледно сфати дека меѓу нас се раѓаат не само пријателски односи, па итро намигна.

- Добро, госпоѓо, како ќе кажете.

 



<< back forward>>