« Maja »

Том 1: « Форс-минор »

Глава 08


...Снегот беше сув и тврд, жестоките ветрови го направија толку тврд, да ногата мораше да ја ставаш со напор, за да застанеш правилно на место. Клунот на чеканот за мраз чкрипеше кога се заглавуваше во него, но лесно излегуваше од него. Западниот врв на планината Елбрус беше како пријателски блескав бел рид, а во позадина светло сино небо. На него се закачил облак, и оваа идилична слика значи дека таму има гневен ураган. Се чинеше дека тој врв не е премногу далеку - во тоа време бевме оддалечени километар и пол од континуирано надминување, главоболка, ненормален замор, несоница, горчлив воздух и возвишената убавина на безмилосните планини.

Околу блескаше сива магла. Паѓаше снег, но сеуште не беше ладно. Беше ден, но да се оди напред повеќе не беше возможно и не можеше да се направи апсолутно ништо - ја направивме аклиматизационата прошетка нагоре со ранците, се спуштивме 200 метри надолу и поставивме шатор. (Толку тешко беше да се искачиме нагоре, а сега се спуштаме!!! Тоа е варварски!). Сепак, ги оставивме заврзани јажињата во најтешките места, така што утре качувањето по мразот веќе нема да е 3-4 часа, како што беше денес, туку половина час. Лежевме во вреќите за спиење и секој размислуваше за нешто свое. Олег веќе има херпес - вчера тој не ги намачка усните со крема против изгореници, а денешниот мраз тоа само го доврши, неговите усни беа потечени, испукани, а очигледно тоа е прилично болно. Поспаност на момент ми се појавуваше, па ми поминуваше, целосна апатија се чувствува во воздухот. Во шаторот брзо стана жешко и јас дури и не можев да разберам - како се чувствувам, и тоа многу ме замараше, отколку да чувствував одредена болка. Штом само ги затворам очите, веднаш ми се појавуваа слики од минатите денови... чекор по чекор се качуваме по бескрајните снежни полиња на Елбрус - одиме врзани заедно, јас сум во средината... десетина чекори, одмор, десетина чекори, пак одмор... животот е поделен на парчиња од десетина чекори... на нозететешки како тегови пластични обувки "Асоло", на стотина чекори - голем одмор, јас едноставно паѓам на снегот на страна, на ранецот и легнувам на него, устата ми е ширум отворена и собирам воздух, лишена од кислород, срцето ми чука, јас ги затворам очите и се опуштам со целото тело и го фаќам секој миг од одморот... но што е тоа - не можеш ни да се опуштиш, да дремнеш, треба само да ги затворам очите и повторно се од почеток, повторно, јас одам, а најлошо од се – се уморувам од оваа опсесија уште повеќе, отколку од реалноста! Се згрозувам, обидувајќи се да се исфрлам заморот што подалеку и да размислувам за нешто пријатно... очите се затвараат... јас одам назад на почеток... момците нешто дискутираат, ги разгледуваат планините со двоглед... ужасна зона на пукнатини, само што не ме повлече во неа - под нозете одеднаш се појави празнина снегот го снема, јас ја губев рамнотежата и паднав на десната страна, но не паднав во длабока пукнатина, но заврзана со јаже, заглавив во снегот со главата надолу, рацете некако стојат зад мојот грб, покриени со снег, не е возможно да се ослободам од ранецот, висам и се смеам гласно - сфаќам дека момците ќе ме извлечат сега, не се плашев воопшо, но сега ми е страв... небото има сино црна боја... се ми се врти пред моите очи, повторно сакам да ги оттурнам овие слики, но не можам, и тоа уште повеќе ме заморува, таа проклета планинска болест... некои делови од фрази упорно ми се вртат во глава и нема одмор...

- Мораш со нешто да се занимаваш - нечиј глас упорно паскуваше да ме извлече од оваа самоизмама - да... тоа Андреј ме закача. - Најдобар начин да се аклиматизираш брзо е да си најдеш себе си некоја занимација. На пример, можеш да изградиш заштитен ѕид околу шаторот (Што??!! Никако…) или да сошиеш нешто, или да поразговараш, а ако само така се тркалаш, само повеќе ќе се заморуваш – чудно, но вистина.

Од секое движење, гадна мачна болка во главата, одмавнав со главата, обидувајќи се да ја протерам, и речиси вриснав од новиот бран на болка.

- Еве, напи се. - Андреј ми подава неколку апчиња.

- Што е тоа?

- Напи се, кога ти велам, не грижи се, ова е калиум цијанид, ќе ти биде полесно ...

Не е смешно ... аналгетик? Пијам, се трудам, се подигам на лакти во вреќата за спиење и седнувам.

- Што правеше во Мексико? – го прашувам Олег, само нешто да прашам.

Со внимание гледа во мене како да ме студира, и одеднаш, преку непристапните и набабрени со херпес усни се појавува насмевка, тој изгледаше како да почувствува дека го прашувам не само од љубопитност.

- Знаењето, кое би можело да ми помогне да излезам надвор од границите на овој свет.

- Зошто токму таму?

- Па веројатно си го читала Кастанеда? - кога кимнав со главата, тој продолжи, - сакав да најдам гатачи. Мислев дека ако дојдам до тие места и ќе бидам способен да ја извршам намерата, дека ќе дојдам во контакт со нив. (M-да... дали е се во ред со неговата глава? Појдов во планините... што ако и сега ќе иде да го бара светот на гатачите...) Но, или намерата ми беше лоша, или сите гатачи умреа, ништо не се случуваше. Секоја недела јас се преселував од место до место, во таа дива и не многу пријателска земја, но не сретнав ниту еден човек, кој барем малку би бил поврзан со магија. Сретнував само обични луѓе, до ушите зараснати во секојдневниот живот. Да се живее во урбаните средини не беше можно, поради бучавата и нечистотијата, во туристичките центри беше многу скапо, а надвор од градовите и подалеку од туристите - е небезбедно. Би можел да кажам многу за овие патувања, но тоа не е важно, бидејќи не бев заинтересиран за патувањето во банална смисла на зборот. Бев скоро на сите места, кои се опишани во Кастанеда, освен, се разбира, оние чии имиња не ги кажал. Можеш да го замислиш моето разочарување кога ги најдов таму најобичните места, највобичаениот живот и толпа на надуени туристи. Мислев дека сум подготвен за тоа, но очигледно не.

Неколку моменти тој беше тивок, со попарени очи, како да му беше тешко да продолжи, па кај мене повторно се појавија доверба и симпатија - тој тражеше, дури ако овие пребарувања се некако луди, но сепак тоа е повеќе за пофалба, отколку спокоен живот, кој човештвото го живее, полн со копнеж, трошејќи го своето време и енергија за подобрување на условите и бескрајните обиди да се добие доволно за храна. Се сетив на една од моите поранешни другарки, која прво се дружење со мене, која се чинеше дека е иста како мене, но потоа одеднаш се ожени и ја најде смислата на животот, прво во организирање на дневната соба, ходникот, кујната, бањата... а потоа за да се ослободи од својот сопруг, кој и досадил, но да не изгуби ниту една полица, лустер, завеса...

- Речиси две години од залудно пребарување конечно ме доведе до едно сосема незабележително место. Немаше некои посебни згради, посебни природни убавини, но имаше нешто што ме привлекуваше како магнет. Еден мал град во северниот дел на Мексико, јас бев таму во поминување, па дури и не се сеќавам на името, а потоа кога сакав да го дознаам, испадна дека не е можно. Стигнав во овој град во доцните утрински часови, а наскоро требаше да стане многу жешко. Ручав во ефтин ресторан и отидов да шетам низ градот. (Сепак, во него има премногу незадоволство, фрустрација, нема радост, туку болен напор). Мислев дека е време да си одам дома и покрај фактот што цврсто одлучив да не се вратам до тогаш, додека не го најдам она што го барав. Но, овие две години, толку ме исцрпија, имаше толку многу измама и болка на уништување на илузорната надеж, да се повеќе ми се појавуваше желба да се откажам и да станам нормален човек. Од овие мисли само ми стана полошо, не можев повеќе да продолжам со потрагата, а не можев ниту да ја отфрлам, тоа беше еднакво на самоубиство.

- Зошто си мислел дека само таму можеш да го најдеш она што го бараш?

- Затоа што таму ме привлекуваше, затоа што Кастанеда учел таму.

- Но, кога ја виде реалноста, сеуште ли чувствуваше дека ова е местото каде што можеш да најдеш нешто?

- Не знам што тоа беше, кога го видов. Јас не се сеќавам. Или не сакам да се сетам. Веројатно, таму се ми се измеша - и надежта и амбицијата и желбата, и стравот од губење на последната поддршка, бидејќи бев сигурен дека ќе ја најдам.

- И што се случи во тој град?

Олег гледаше на ѕидот на шаторот, очигледно се мислеше – дали да каже или не. Неговото лице беше многу сериозно, а јас замолкнав, да ненамерно влијаам на неговите размислувања, па да одлучи да не ми каже. Андреј, ова прашање не го интересираше воопшто, па ако во почетокот тој се правеше дека слуша, сега веќе не можеше да одолее на поспаноста и спиеше половина седнат, со смешно отворена уста. Но, Олег ова се чини дека не го забележува.

- Го најдов она, што го барав.

-???

- Да, го најдов во ова од господ заборавено место, го најдов она што го барав напразно за цели две години меѓу античките урнатини и мистериозните планини.

- И што најде?

- Ќе ме сметаш за луд..:) Но, каква разлика... Сега веќе се е изгубено, и сега веќе нема никаква смисла, и ако мислиш дека сум полудел, ништо нема да се смени... Полека си одев по улицата и се прашував каде да се сокријам од жештината, бидејќи не видов ниту еден парк, ниту едно место, каде што би можел да седнам во сенка. Во последните неколку дена, јас спиев лошо, имав кошмари, и често седев на балконот и пушев цигари една по друга... Залутав по овие сиромаштии, главата ми беше тешка, и во одреден момент, одеднаш ми се чинеше дека ја губам свеста, можеби тоа беше од топлотниот удар. Застанав и се потпрев на ѕид од груби камења. Како од под земја пред мене се појави мало, босо, валкано девојче со изгребани колена. Ме погледна со симпатии со големите убави очи и направи гест со раката, кој значеше дека ме повикува. Ништо не се прашував од бучавата во мојата глава, отидов напред со голема тешкотија, и едвај успеав да се фокусирам на нејзиниот валкан жолт фустан. Одевме напред многу кратко. Таа ја турна со темната рака рѓосаната порта, и се најдов себеси во една мала градина со високи овошки. Веднаш сакав да паднам во сенката, бидејќи моите нозе одвај се одржуваа, но таа ме влечеше по рака и инсистираше на тоа да одам во куќата. Јас не се сеќавам каква беше куќата, но запомнив дека внатре беше темно и ладно. Штом влегов во ходникот, слабоста ме совлада, и за момент дури и го изгубив видот - а можеби и од тоа што дојдов од сончевата улица, во темната куќа. Девојчето викна нешто, а нејзиниот јасен глас заѕвони одекнувајќи низ куќата. Веднаш слушнав чекори, и почувствував дека ме држат нежни и силни раце. Ме одведоа во собата, ме седнаа во фотелја, се чувствував малку полесно, и можев да ја видам интериерот и онаа што ме донесе тука.

Тоа беше една жена - силна индијанка, или мелез од низок раст. Лицето и беше строго, но пријателско, и покрај отсуството на дури и мала насмевка. Таа ме стави на сламен душек и на лош шпански ми кажа дека сега ќе ми донесе вода. Јас останав сам во затемнетата соба, а потоа дојде и стравот - каде всушност сум јас? Отидов до прозорецот, ги потргнав дрвените ролетни, но ги видов само овошките и високиот ѕид во близина. Жената се врати многу брзо, ми ја подаде чашата со студена вода, и ме праша што правам во овој град. Јас реков дека јас сум тука на поминување. Не сакав да ја заплашам со приказните за тоа дека барам волшебници и гатачи, веќе бев научен на горчливо искуство - локалното население само се забавуваше со мене, кога ги прашував нешто како "дали знаете како да дојдам до гатач?" Но, таа знаеше дека сум дошол токму за тоа. Пиев кисело-слатка вода, и телото ми стануваше се потешко. Ми се спиеше, па ме стави на душек, што се чинеше многу удобен и покрај фактот што беше прилично тврд. Уште некое време го слушав нејзиниот глас, дали нешто потпевнува, или полека рецитираше на неразбирлив јазик за мене, се спои во мене, што предизва чувство на целосна безбедност. И одеднаш се најдов себеси во една пустина област, но тоа не беше сон! Тешко е да се поверува, но тоа не беше сон.

Андреј кивна, свртувајќи се кон другата страна, Олег се деконцентрираше, па застана на неколку секунди, но речиси срамежливо погледна во мене и продолжи.

- Неколку пати сум имал разумни соништа, затоа знам што е тоа, но ТОА беше сосема поинаку, тоа беше реалност. Јас бев во пустината исто, како што сум денес овде со тебе. Јас потполно владеев со своето тело, можев да се справам со сето она што сакав, ја допирав скаменетата сува земја, се штипев себеси, што се само не правев, за да бидам сигурен дека се ова се случува – дека е реалност. Немав никаков сомнеж дека тоа не беш е сон - со жештина повторно кажа - иако подобро би било тоа да беше сон, бидејќи тогаш ќе немаше такво страдање, тогаш јас би се вратил дома и би продолжил да живеам како обичен човек... Одев низ пустината, далеку можеше да се видат планините и јас знаев дека сега нешто ќе се случи, но не бев исплашен, затоа што го очекував ова толку долго. Многу наскоро видов човек кој доаѓаше кон мене. Кога останаа само неколку метри, јас конечно можев јасно да го видам. Тоа беше индијанец во работна облека, како да за момент ја оставил работата во поле, за да една минута разговара со мене, а потоа повторно да се врати на својата работа. Тој ми пријде многу блиску, и по ѓаволите – ми изгледаше токму онака како што јас ги замислував гатачите во книгите на Кастанеда! Никогаш нема да ги заборавам неговите очи, тоа беа очите на Бог! (Сепак, момче, со тебе нешто не е во ред ...). Тој ми кажа неколку фрази - "можеш да дојдеш со мене, но потоа никогаш нема да се вратиш назад, но во моментов твојот татко е на умирање од рак, а покрај него нема никој, кој би можел да го олесни неговото страдање." Во тој момент имав такво страдање, таква неверојатна жалост кон татко ми, да само што не сум заплакал. Тоа беше вистински шок - како можев да одам напред, знаејќи дека татко ми, кој ми даде ЖИВОТ, сега умира во мизерија? И како сум можел да се ослободам од оваа уникатна шанса да се ослободам од досадата, сивиот живот, да одам во бесконечност? Не можев да направам избор, и ја пропуштив својата шанса...

Олег направи пауза и стана сосема темно, како да повторно ја доживеа својата трагедија. И одеднаш сфатив дека тој на никого не ја кажал оваа приказна, јас бев првата која дозна за овој измислен или неизмислен случај, но што навистина не беше измислено – тоа беше болката, што го спречуваше да зборува.

- Кога се разбудив од таа страшна раздвоеност, видов дека седам на тротоарот во близина на грубиот ѕид, а околу мене е преполно од локалните деца. Тие веројатно мислеа дека сум пијан, и се смееја на мојата несмасност. Во моите уши ѕвонеше, целото тело ме болеше, како да сум бил претепан, нозете едвај ме носеа... Со големи тешкотии стигнав на хотелот, а по патот не сретнав ниту еден човек, кој би можел да ми помогне. Во хотелот паднав на креветот и веднаш заспав. Не знам колку долго сум спиел, но се разбудив во друг град, друг хотел, во друг кревет. Не можев да се сетам како дојдов до тука. Се чини дека во неадекватна состојба сум седнал во автобус, потоа изгледа дека пиев пиво... многу пиво... со некој зборував... и некој ме донесе до тука. Дури и неисчешлан, го зедов мојот ранец и истрчав до рецепцијата за да дознаам како стигнав до тука. Рецепционерот ми ја дал неговата книга, но во исто време, му направил знак на момчето-слуга да повика полиција. Во книгата го видов својот потпис покрај датумот на доаѓање што не ми значеше ништо - не можев да се сетам на ништо. Ова ме разбесна, и почнав да барам од рецепционерот ниту сам незнам што, а можеби дури и сакав да го претепам, ако не беше полицијата, која требаше да дојде секој момент. Излегувајќи надвор од хотелот, го грабнав првото такси кое го видов, појдов кон железничката станица, и само тогаш помислив – а зошто јас всушност помислив дека рецепционерот повикал полицијата? Некој вид на бескрајна фантазмагорија и неразумни дела на дивјаштво... лудило, речиси лудост... мене во оваа земја ништо друго не ме интересираше, па наскоро си заминав дома.

- А што се случи со татко ти? Дали тоа беше вистина, дека тој е смртно болен?

- Тоа е вистина, но и тука дојдов премногу доцна, кога се вратив, стигнав само на поминот.

По овој случај почнав да го гледам Олег уште помрачно отколку порано. Бев сигурна дека сето тоа што го вели, се најчести халуцинации - веројатно нешто се напушел во Мексико, таму постојат многу различни отрови. Бидејќи имав сериозни сомнежи во врска со неговото ментално здравје, решив да зборувам за тоа со Андреј, бидејќи качувањето - тоа не е прошетка во паркот, каде што во секое време можеш да си одиш дома.

 



<< back forward>>