« Maja »

Том 1: « Форс-минор »

Глава 27


Ниту од еден газ на светот нема таква страшна реа, како што има во Индија. Отсекогаш сум чувствителна на мириси, како чувствителни животни. Метро, автобуси во близина, лифтови - местата на мојата миризлива тортура: овој човек ова утро, јадел горчливо сирење, а оваа тетка истурила на себе цело шише на евтин парфем, а соседот од десната страна, очигледно има расипан стомак, а оној од лево – е пушач, сив како асфалт... А пензионерите што мирисаат на нафталин! Нивниот мирис ме доведува до некој гробен ужас. Дали моето чувство за мирис стана поакутно? Тешко... но сепак вака порано не беше. Можеби е тоа поради тоа што не излегував надвор од областите каде што се туристите, а од место до место се превезував во запечатени автобуси. Но, можеби хималајските региони на Индија се повеќе чисти отколку континенталниот дел? Замрзнуваат ли сите глупости таму, или што?

Мирисите кои продираа од секаде, не дозволуваа на долго време да го одвлечеш вниманието од темата за нивното потекло. Мириси... не, тоа не се мириси, тоа е смрдеа, реа, печат очи!

Господе, што може толку да смрди, што дури и солзи ми навираат во очи? Мешавина од сите видови на гомна, корозивни хемикалии, реа од лешеви, густи прашини и издувни гасови, бескрајни планини на гнили ѓубриња во распаѓање – со ова ме дочека периферијата на Бенарес, низ која за жал многу споро се влечеше возот, како да уживаше во секоја педа. И никаде не можеш да се сокриеш... грлото ме гребе, веќе сум отруена со овој отров до ушите, јас не само што го дишам, туку и го издишувам. Кашлица, која боли во грлото - не е толку лесно да се воздржиш од кашлање, бидејќи сета оваа гадост ќе влезе во тебе. Не толку одамна Бенарес беше преименуван во Варанаси, но имав впечаток дека во Индија, освен имињата ништо друго да се промени е невозможно.

Моите сопатнички, две индиски жени (најверојатно мајка и ќерка), продолжија да зборуваат како ништо да не се случило. Имав впечаток дека не можат да затворат уста, зборат непрестано – само прават пауза за спиење во ноќта, седејќи една спроти друга на турски начин, повременно поправајќи ги сарите на главите. Движењата им се целосно автоматски – зафрлување на последните метри сара на главата како марама. Модерните индускињи носат таканаречени пенџаби, но ако го напуштиле сарито, тие не можеле да се откажат од ова нападно движење (можеби тоа им дава некоја цел во животот?), и секои десет до петнаесет секунди, го префрлуваат час на едно, а потоа на друго рамо широкиот шал, кој постојано паѓа на рамењата, и кој најверојатно се носи со цел целосно да ги покрие рамената, вратот и градите од љубопитните очи.

Каде и да се наоѓаа, што и да правеа индиските жени, - шаловите и марамите продолжуваа да им паѓаат, а тие стрпливо ги местат и ги поправаат, не симнувајќи ги дури и дома (!), кога мијат подови, готват храна. Јас веројатно би полудела од таква потреба, но едноставно тие не го забележуваат тоа.

Возот направи неколку последни грчеви, и конечно застана. Погледнав низ затемнетиот прозорец, - точно така перон. Во вагонот веднаш влегуваат облечени во црвено индуси, со очи кои френетично бараат клиенти. Тоа се носачи, и јас сум за нив - работодавец. Дури петмина од нив стојат пред моето купе, туркајќи се едни со други со лактови, се обидуваат да го привлечат моето внимание, но јас не можам да се фатам за тоа. Јас сум спокојна, ладна и сигурна во себе. Ајде момци... разделете се – со гест покажувам да се тргнат настрана, и излегувам на гнасниот (па каков може тој се уште да биде?) перон.

Во принцип, тоа е само перон формално - за некои тоа е куќа, каде што се мијат, спијат, јадат, размислуваат за филозофски аспекти на веданта... ма се шегувам, само се шегувам, се разбира:) - едноставно целиот нивен живот лежат на искина постелнина, бесмислено загледани во хаосот на станицата. Ќе заборавев - се разбира, тие уште тука и мочаат и серат. Дебели стаорци и глувци со нивните опашки кои смешно изгледаат, муви од сите големини и бои, исцртани кучиња со лишаи, сакати, питачи, патници, лебарки со големина на глувче – сето тоа се мрдаше со продорна снага и тропот на тркала. Морам да излеземе што побргу од тука...

На влезот на железничката станица - уште една препрека: напад на рикши. Тие плачат, се молат, го блокираат патот, трчаат пред тебе, од страна, од позади, се обидуваат да ти го погледнат лицето, барем на момент да видат во тебе надеж. Знам што сакам. Знам колку сум подготвена да платам. Тоа потсетува на авто-обука - гласните мисли ги повторуваат научените на памет инструкции од «Lonely Planet». Нема да се повлечам ниту еден чекор.

- Педесет рупии до Шивала гат.

- Овој автомобил госпоѓо, не, овој, госпоѓо, Шивала гат, педесет рупии, госпоѓо! – викаше загрижената толпа на рикши во дует. Некој дури и почнува да ме повлекува за мојот ранец, но се плашат да ме допираат.

Го одбирам помеѓу нив слабиот краток човек, кој не покажува луда активност, како да мисли на нешто друго. Сакав да мислам дека тој е заљубен или посветен на било која религија. Му кимнувам со главата, укажувајќи дека ќе се возам со него.

- Каде е твојот автомобил?

Покажува со прст на мала црна буба со мали тркалца, и сите други питачи, кои не беа победници во оваа лотарија, се откажуваат со разочарани лица. Но, штом влезам во автомобилот, тие веќе заборавиле на мене, на нивниот неуспех - таков е нивниот живот, во таква борба им поминува секој ден. Таму никогаш нема ништо ново, и грозната смрдеа, измешана со пропорции на пеколот и со леплива топлина, за нив тоа е само обичен невидлив воздух.

Автомобилот се движи, почнува многу да се тресе, создавајќи заглушувачка бучава и со предизвик достоен на Шумахер, галопира напред - во хаотичниот хаос на сообраќај. Топол и валкан воздух, наметливо разгледување на сите страни во моето мало светилиште... Возењето би требало да биде краткотрајно. Што побргу да стигнам, па да се истуширам. Не ми се излегува надвор - сите индиски градови се исто мизерни и грди, освен местата каде што има историски споменици и туристички атракции. Ако не си подготвен да имаш прекумерна содржина на адреналин, тогаш Индија – не е земја за да експериментираш, тука треба строго да се следат инструкциите на водичот и советите на оние, кои веќе имаат искуство во патување низ оваа земја.

Еве го и светиот Бенарес, кој засега не се разликува од било кој друг град. Не можам да замислам, како може тука да се живее... Се сетив,како порано на една лекција по јога, во Москва еден луд предавач, рече дека тој имал сон - да се откаже од се и да се насели во Ашрам, во Бенарес, но засега кармата не му дозволува да оди, ниту до својот учител во Индија. Тогаш, се разбира неговите зборови не ми изгледаа луди, и зборовите "Бенарес", "Ашрам", "Учител" предизвикуваа во мене возбуда на очекување – дека некаде постои Тоа.

Градот на Шива, богот на смртта во индуизмот, на бреговите на светиот Ганг – старите верници се собираат тука и ја чекаат смртта. За да биде изгорен во Бенарес на бреговите на реката Ганг - е, според нивното мислење - точка во милијарди раѓања, престанок на кармата, спојување со Шива. Како едноставно е сето тоа... Не е важно како си го проживеал својот живот, што си правел, што си чувствувал - не е важно ништо друго освен дека твоето тело е изгорено тука. Исто така треба да се биде толку инфантилен, да би живеел со такви примитивни верувања! Или овие верувања едноставно се јавуваат како последица на карактеристиките на народот?... Колку долг ќе биде овој пат, кој ми ја тресе душата...? Не, индуизмот дефинитивно не ми е симпатичен - колку појасно ги гледам деталите од оваа појава, уште помалку ми се допаѓа. Во Варанаси, нема да останам долго време.

Па, конечно! Зграда, чиј дел е сличен на европската конструкција, и тоа е мојот хотел. Лирски наслов - «Sunrise Hotel»... влагата и нечистотијата веќе почнале да го зафатуваат, и десет години подоцна тој ќе се спои во екстазата со камено-ѓубревата џунгла, за која не можам да кажам дека е град.

И во внатрешноста е истата влага и мирис што започнува уште во индискиот аеродром и се шири секаде, каде што ќе допрат индусите. Ми приоѓа ќелав мал човек... со крвава уста! Што е тоа со него? Имам впечаток дека устата му е полна со крв, и дека не може ниту да зборува од тоа нормално – ја фрла главата, зборовите кои се слушаат се како одвратно клокотање (да се јавам во полиција, брза помош ?)...? , но чудно, никој не е изненаден, никој не обрнува внимание! По ѓаволите... уште едно лице со иста уста, со обилна плунка исплукува црвена течност на тротоарот. Гадење, се вртам... Ме дочекува уште еден, по мое мислење, хотелски работник. Никогаш не можам да разберам, како може да се направи разлика помеѓу вработен од обичен минувач - сите се подеднакво валкани, и нивните очи се исти - стаклени, како кај кукли. Зениците се едвај видливи... по ѓаволите, тие личат како вампири.

Подоцна дознав дека многу индуси се "навлечени" на бетел – тоа е слаба дрога, која законски се продава на секој агол. Асфалтот на сите улици на Бенарес, а и ѕидовите на многу куќи се на ниво на човечка висина, црвени од плунка, отруени со бетел. Овој град едноставно тоне во бетел, сјаејќи во рефлексии на стаклени очи!

Собата беше многу обична - валкани ѕидови и сива постелнина, бесен вентилатор, камен под, тресечка маса со прашина, неудобен стол... Собичка, каде што само може да се спие. Вратата на балконот, како и ролетните се цврсто затворени. Одлучно ги пуштам бариерите кон свежиот воздух... по ѓаволите, заборавив каде сум... од улица доаѓа топол, задушувачки смог. Затворам назад се. Но, затоа има топла вода, па дури и ТВ понуда за само еден долар на ден. Им реков дека јас и за без пари да е, не би го користела, и конечно, оставена сама на себе, во односна тишина и изолирана од насилниот надворешен свет.

Се прашувам зошто тие ги прават прозорите на собите кон ходникот...? Обиди се сега да го отвориш прозорецот... а ако удрам со тупаница по ролетните... Е тоа е веќе подобро... И зашто јас мислам за сите тие глупости? А штода правам? Понекогаш мислите малку се смируваат, а понекогаш едноставно пукаат, а потоа треперното сивило опфаќа сè. Се чувствувам како конзерва, која е врзана за опашката на мачката - мислите летаат и јас летам заедно со нив и се удирам од асфалтот, така да треба да се затнат ушите... Тоа сивило потсетува на физичката слабост – ги стегаш мускулите да направиш потег, а тие веднаш се опуштаат, но... најстрашно нешто е што во сета оваа сива состојба има "свој шарм", чувствувам задоволство од фактот дека станувам таква расипана супа. Се обидов да замислам дека во моментот можам да притиснам само едно копче и да почнам да доживувам храброст, само-дисциплина... ужас! Дури и со оваа опција, НЕ САКАМ никакви промени. Значи не сакам да се промени ништо... и сакам, и не сакам, затоа ништо не се случува... па тоа е и причината зошто има незадоволство, бидејќи се тераш себеси да го правиш она што не го сакаш. Не, не е така - кога се тераш себеси да го правиш она што сакаш, и што не сакаш во исто време. Што глупости... Како може да биде ова, пак ја избирам оваа глупост, наместо собраноста? И што значи тоа да "сакам", и да не "сакам", во исто време? Ова не може да биде, повторно, некаде јас не разбирам нешто, некаде во размислувањето нешто не е во ред. Како да се сместам тука... Ако оваа маса се доближи до креветот... ако го ставам на неа нотесот - ќе се добие нешто како работна соба во удобен затвор - па тоа е многу добро, навистина! Прво се појавува ужас, како кај некои затуцани домаќинки - како може да се живее во ТАКВИ услови, истражува, пишува нешто, но ако трезвено и непристрасно се погледне... ова се многу добри услови - ништо не ти одзема внимание, можеш целосно да се концентрираш на нешто свое. Јас не очекував дека ќе уживам толку во затворските услови:)

Добро, се враќам назад - што јас сега чувствувам? Дали сакам да ја променам својата состојба или не? Дури и не така. "Промена" - ова е нешто активно, сега тоа не е прашање воопшто. Дали сакам да кликнам на копчето и сивилото веднаш да исчезне? Не сакам. Не, не сакам! И во исто време нема. Но, што е тоа... тоа е идиотизам! Не можам да одлучам – дали го сакам тоа сега или не го сакам? Како можам да се разберам во нешто посложено, кога не можам да разберам таква едноставна работа! Значи сакам или не сакам? Сакам. Не, не сакам. Не, сакам. Тоа е невозможно... И тоа е она се... сето она се, што тоа не може да биде? Се чини дека најдов жаба, што ме спречува да живеам... – тоа е она "не може да биде." Што тупам јас сега со "не може да биде"? Мора да се има храброст и да се признаат фактите, а фактите се дека јас во истов реме и сакам и не сакам. Но, се случува чудна работа - ако сакам во моментов, тогаш кој не сака во моментов? А ако навистина не сакам - кој тогаш сака во исто време? Кој сака? Кој не сака? Ова прашање веќе е поинтересно... Кој? А што е тоа "кој?"... да... ќорсокак. Повторно сум во ќорсокак. Па, повторно ми останува само да се вратам на она што го доживувам. Останува фактот – дека во исто време постојат две желби – независно од тоа- што е тоа "кој". И излегува... да, кој тас од вагата ќе се надмине – тој и ќе биде. А што мене, всушност, ме чуди? Еве на пример, сега сакам да одам и да мочам, а воедно и да седам на брегот на Ганг и да седам тука и уште малку да размислувам. Но, ова е секогаш така, секогаш има неколку желби, а на крајот се случува она, што е резултат од овие сили - ако риба, рак и штука, го повлечат моето кајче во различни насоки и со различни сила, во некој правец тоа ќе се движи. Значи, прашањето е поинакво - дали е можно да се зголеми едната желба, а да се ослабне другата? О... па ова е право лудило, каква џунгла:))

Тропање на вратата - и, што е тоа? Пасош? Ах, да пасошот... подоцна... подоцна реков! Сама ќе го донесам својот пасош, да, подоцна, сама ќе дојдам, да, на рецепција, знам, да...

Добро, значи постојат неколку желби - во моментов. Еве уште една се додаде – да го однесам пасошот на рецепција. Секоја желба не се појавува толку едноставно. Сакаш да мочаш бидејќи мочниот меур притиска на мозокот – од ова чувство не можеп да побегнеш, тоа силно укажува на тоалетот. Наместо тоа, сфаќам дека кога ќе отидам во тоалетот, ќе се ослободам од тоа чувство... и, се е јасно. На Ганг, сакам да одам затоа што сакам да уживам, љубопитноста ме вози, добро, не само тоа, се разбира, дури и здодевноста, бидејќи ако не ми е здодевно, тогаш нема да имам посебен жар во желбата да одам и да го видам. Ја знам разликата помеѓу радосните, спокојни желби и фаќајќи грчеви, кои не можеш да ги наречеш желби. Токму сега е спазматична, бидејќи го нема вообичаениот збир на искуства - само голи ѕидови и јас со мојот дневник. Сепак имаат желба да го однесам пасошот - таа е диктирана од непријатности – сепак таму ме чекаат... и се разбира дека ова е глупост, затоа што никој таму не ме чека, тие воопшто никогаш ништо не чекаат, пливаат во безлична супстанција од бетел, но загриженоста се уште постои – ме научија, се навикнав... И имам желба да се разберам со ова прашање - "кој сака." Оваа желба е најжива - придружена е со исчекување, интерес, да добијам вистинско задоволство од своите несмасни напори.

Добро, прашањето: "кој сака", го оставам на страна - немам идеја како да одговарам на тоа, иако постои контрадикција - ако "јас" сакам една работа, како може "јас" да сакам во истов реме и друга? Или тоа е само префрлување на вниманието помеѓу желбите? Јас сум во право, можам да ја видам и масата, нотесот, и ѕидовите - знам дека некој вршел експеримент: на зеницата е заглавен сензор, кој одразува ласерски зрак, и кога човекот само "гледал на масата", "истовремено" гледајќи ги сите предмети, тогаш неговата зеница излегува, дека прави голем број на микроскопски активности - со огромна брзина погледот го скенирал просторот, кој бил во неговиот видокруг, и затоа ни се чини дека ние гледаме на сето тоа истовремено. Значи веројатно истото е и со желбите и со сите други работи - во исто време може да се мисли на две работи, може да се види собата, може да се сака ова или она – едноставно вниманието исто така брзо се преместува. Па, на крајот, ова објаснување може да биде вистина, или половина точно, или целосно погрешно, но исто така, по ѓаволите и со него – мене не ми требаат објаснувања, ми треба нешто повеќе. Како да се зголеми една желба, за да ги надмине другите?

Како да се зголеми... и "кој" тоа ќе го направи? О... па ова би требало да го направи, "некој", но "кој"? "Јас"? А "јас", кој е тој? И зошто тој "јас" ќе може да ја зајакне токму таа желба? А како...? Труба... Ќор-сокак.

Ќе се обидам да променам нешто барем механички – менувајќи ја позицијата, зацрвстувајќи ги своите рамена, правејќи други изрази на лицето, и колку подолго седам, се повеќе непријатно се чувствувам. Креветот ме привлекува, ме привлекува со перницата, потпирачот, на кој може да се потпрам... ме привлече. Сега, нема сила на земјата што ќе ме натера да станам, сега сакам да лежам. Само да не мислам на она што сега се случи, инаку нема да можам мирно да лежам. Битката со сивилото е изгубена, таа ме заплетка, ме проголта, обидувајќи се да ме раствори во својот валкан, несјаен заборав, се без трага. Да се боцнам и да заборавам... сивило - најмоќна дрога.

Јас често забележував дека кога ќе стигнам до нова локација, новите впечатоци во првите два дена толку многу ме оглушуваат, да воопшто престанувам да постојам на некое време – не останува веќе било каква конвенционална желба или емоција, па дури и чувство - сива празнина, апатија, спазматично фаќање на впечатоци - повеќе, уште повеќе, многу повеќе. Потоа задоволството од впечатоците почнува да опаѓа, се појавува замор, желба да се одмориш, да останеш сама со себе, и паралелно да почнеш да оживуваш, враќајќи им се на желбите, интерес во животот. Се прашувам со што е тоа предизвикано? Тоа ми личи како труење... Првите денови моето внимание едноставно е искинато на парчиња, без моја желба. Мои... но кој тогаш сака впечатоци? Повторно истите глупости... морам да знам каде сум, затоа што гледам на се, иако тука повеќе поточно е да се каже тоа дека не зјапам во нешто, туку дека погледот се лепи на секој детал, мислите постојано го цицаат она што го виделе, како што пајаците брзо, брзо ја ткаат паужината - така се создава слика на новата локација. Воопшто е нејасно, како да се одолее на тоа. А ако не разгледувам од страна?... Како да сум се загледала во бездна... можам да замислам како сум стигнала на новото место и како не гледам наоколу, не знам каков е светот наоколу. Леле! Допирам нешто такво... погледнувам зад сликата на светот, а зад неа - немилосрдни клокотни елементи, која што претвара во прашина се што ќе допре.

... Немам повеќе желба да лежам. Тоа "јас" повеќе не сака да лежи или "тоа само" не сака? Ако "тоа само" - тогаш каде сум "јас" и како тоа "јас" може на нешто да влијае? Ми здосади ова прашање! "Мене"? "Кој", "ми" здосади? Да... веројатно така може и да се полуди:) Веќе е само два часот, најголема жештина, дали да прошетам по познатото шеталиште? Предмет на рецепцијата (кој е тоа - вработен или случаен минувач – кој би сфатил ..) почнува да прелива струи на зборови за тоа дека сум била многу среќна, бидејќи тука утре ќе има празник, и тоа е најдобро време да се патува со брод по реката, а потоа да се помине по муслиманскиот кварт и да се види како тие рачно прават свила.

- Утре наутро можете да видите како многу луѓе доаѓаат в зори на брегот на реката Ганг, да се фрлат во светите води, да се помолат, да донесат подароци на реката. И само утре мајсторите на свила ќе ги отворат своите прозорци за надворешните набљудувачи, тоа е многу, многу интересна глетка. Можете да направите ретки фотографии... Па тогаш утре во пет наутро, јас ќе ве чекам овде.

Супер! Ќе добијам многу искуство. Што тука некој ми мрмори во мојата глава? Да не подлегнувам на хипнозата и да не верувам на тие ветувања? Ајде, па што... ако ми здосади – ќе се вратам дома. Подоцна, станав уверена дека истиот говор го одржа пред секој новодојден гостин - имав можност да го набљудувам тоа во живо, но тој тоа го правеше сосема бесрамно, без да посветува внимание на фактот дека јас сум присутна на овој циркус.

 



<< back forward>>