« Maja »

Том 1: « Форс-минор »

Глава 29


Тропањето на вратата во сон ми се чинеше толку гласно, како некој да ме протресе силно неколку пати. Беше темно. Денес, имам утринска турнеја на Ганг ... Викнав преку вратата дека сум разбудена, и со очите затворени го вклучив светлото ... додека се облекував - хаос на мисли и слики. Полу-заспаната состојба и затворот во една соба предизвикува чувство на изгубеност, кое се измеша со непријатност и исчекување. Фотоапарат, нотес, пенкало, дуксер (наутро на реката е ладно), часовник. Излегувам.

Раното будење и излегувањето на улица пред зори е силно поврзано со сеќавањата од раното детство. Само во раните утрински часови, пред зори, можев да бидам сама со себе. Сите спијат, ти си сосема сама, тивко се облекуваш, за да не дај Боже, вратата да чкрипне. Се симнав до влезот. Ја затворам вратата. Испружајќи го јазикот, го вртам клучот - готово! Слобода! Ги воздржувам емоциите со кои сум преполна. Тишина ... Тапо одѕвонуваат тивки чекори, притиснувам само едно копче и одеднаш диво чкрипење на лифтот - се чини дека сега ќе ја разбуди целата зграда ... но не, и понатаму се е исто. Се чувствувам како на некоја друга планета. Какво чудо – ниту една жива душа! Само што овој пат јас разбирам - како сите тие ми досадиле ... Улицата е темна, ладна, мистериозна. Тука живее лежерна магла ... Таа сега е сосема поинаква, таа е жива. Опкружува, но не дели, туку напротив, се спојува со оние дрвја, со она што дури и не можам да го видам, со онаа темна точка зад дрвјата, како да тоа не е само мрак. Таа дише, живее! Лежерен страв, и одеднаш - неочекувано задоволство поради тоталната осаменост. Знам дека ќе дојде, ја чекам и таа избива, го милува срцето со слатко голицкање, со продирен вртлог излегува од телото, ја буди нежноста, желбата за љубов. Кого? Да љубам. Без било "кого", само се предавам на ова исчекување, и почнува да живее, не му требаат сите услови за тоа - тоа едноставно постои. Полека, како во сон, поминувам зад куќата, вртам зад аголот. Сега ме нема. Се е нурнато во темнината, светлината од ламбите не навлегува тука. Мирисот на влажни ноќи, мирисот на живот, што јас го немам. Половина час подоцна се ќе почне да свети и ќе дојде крајот - вртлогот се ќе вовлече и нема да се задави. Сакам да останам засекогаш во оваа темна, влажна слобода. Сакам еден ден да се вратам тука - во оваа слобода, во оваа безгрижна среќа на љубовта. Знам дека наскоро ќе исчезне, дека ќе заспијам, ќе се претворам во кукла, како и сите други. На подолго, многу долго време, низ многу години. Знам дека треба да се вратам, и не сама. Не сакам сама. Сакам да им го дадам тоа чувство на другите, сакам да го излијам, распрскам, да дадам сè, и колку се појаки сликите на радосните самопредавања, толку е посилна цврстината, таа замрзнува во нејасен волумен, во неа почива се, апсолитно се. Ќе се вратам тука, јас сум без неа - ништо.

Доле веќе седеа неколку странци. Веднаш ставија поспани насмевки штом ме видоа мене. Ставајќи го бетелот на усна, "хотелскиот човек" (токму така на англиски ги нарекуваат овие вработени) чешајќи го газот со ентузијазам, не изнесе на местото на поаѓање. И навистина е ладно ... дуксерот ми е добредојден. Веслачот не дочека на брегот, време е да се оди.

Брод по брод нежно оди од брегот и лежерно одиме понатаму. Веслата не сакаат да го нарушат спиењето на Ганг, се оттргнуваат од него нежно, како да кинат влакно од заспан тигар.

- Колку има овде "гати"? – се слушна некое прашање.

- Околу 360 – веслачот не беше расположен за комуницирање.

- А колку треба време за да пропливаат сите?

- Околу три часа.

Разговорот се прекина. Секој гледа на своја страна, замотувајќи се подобро, за да се стопли.

Еден ден ќе можам да извршам неверојатно патување во една сосема друга реалност. Морам да најдам начин. Одеднаш, убод од страв - што ако случајно ме однесе некаде, од каде што не знам да се вратам – што ако се изгубам? Околу се ќе биде исто, луѓето, градовите, ќе има некој вид на живот, но тоа е друг живот, други луѓе со поинаква приказна, а можеби тоа и воопшто нема да бидат луѓе ... или нема да има луѓе? Јас се изгубив и не знам како да се вратам назад – таму, каде што живеев, каде што живеат оние, што ги сакам, со кои правам практика. Целосна осаменост ... разнесена во друго пространство, во друга реалност, во друго време, кое е од нас одалечено можеби стотици или илјадници години.

Постои слика која е најјасно поврзана со комплетната, целосна осаменост. Попладневно меко сонце, мал, стар град, есента доаѓа, патека со прашина во еден мал парк, клупа, седам на неа, повремено поминуваат луѓе, кои се бескрајно далеку од мене. Никогаш нема да најдам тука некој близок - барем малку. Сите спијат, сите се задлабочени во безнадежниот далечен за мене живот. Јас останав сосема сама, фрлена таму засекогаш, од каде што нема излез, и се што можам да направам е да ја чувствувам возбудата од летањето на птиците, да почувствувам темпераментна екстаза на непредвидливост од она што ме очекува, да чувствувам љубов која меисполнува кон оние што јас никогаш нема да ги сретнам, и да продолжам со своето патување, без разлика на се.

Во текот на празниот брег се појавува светла трака - наскоро ќе се појави сонцето. Чамецот плови во близина на брегот, кој ги мами и привлекува луѓето. Со големи бокали земаат вода (се надевам не ја користат за готвење? Изгледа ...), сите се мијат, четкаат заби, мажите се нурнуваат од скалите, кои се соблекуваат до шорцеви, жените влегуваат во вода со сари, кои веднаш се лепат кон телото, толку нежно оцртувајќи ги скриените гради. Тие се мијат во сари! Тоа е надвор од моето разбирање ... се молат, со рацете споени, со затворени очи, со лицето свртено кон сонцето. Зјапам во лицата ... не се гледа некаква радост, повеќе личи на религиозна секојдневица ... Тука и таму седат мали групи на влажни луѓе и ги слушаат своите учители ... Делфин! Како тоа може да биде? Уште еден!

- Делфини?

- Аха - речни!

- Но, реката е многу валкана!

- Но во тоа место се влева друга, така што тој проток е чист, но силен - можете да видите, како чамецот тешко се движи.

Црвен диск на сонцето ... може да се зјапа во него од непосредна близина, никогаш претходно не сум видела вакво нешто. Оваа боја е смирувачка, сакам со едно движење да се фрлам во него, отфрлајќи се ... да го разложам со орловски крилја воздухот, монотоно пеење на молитви, мали свеќи на големи суви лисја, управувани од водениот тек, разнобојни чамци, кои светкаат од блицевите на фотоапаратите ... разноличен и бучен брег, кој со камените скали се спушта во водата, која гори од изгрејсонцето.

А што е ова? Нешто лебди еден метар подалеку од нашиот чамец, многу личи на човечко тело. Германката пред мене, исто така го примети, пребледе, се намршти, и се припи кон нејзиниот сопруг. Да, точно, труп ...

- Мртво тело – рамнодушно кажа веслачот. – Тоа овде го има, во најголем дел ... Ние сега ќе пловиме по гатови за палење, затоа отстранете ги фотоапаратите. Ако некој примети, веднаш ќе испрати брод со полиција.

- Но, таму сега нема оган!

- Тоа не е важно, сепак не може. Таков е законот.

Пловиме многу блиску до брегот. По црниот јаглен на брегот, седи бушаво мало девојче од пет години во валкано силно розово фустанче ... нозете и се раширени, бесрамно и се гледа пичката ... Изгледа дека тоа е нејзиниот песок – што таа таму прави?

- Секое утро тука собираат злато. Круни, прстени, и - ма знаете ... - носен коментар на веслачот.

До колена во вода стои маж со големо сито - тоа е јасно дека е во потрага по злато на овој начин ... И девојката, исто така - такво е нејзиното детство.

Мејн гат, тука запираме, ние можеме да излеземе на брегот и да се фрлиме во акција. Но, тоа само се чини интересно - всушност се чувствувам како кисела краставица во туршија. Нема место за другите култури. Лизгави, калливи скали, сиромашни, кои се залепуваат како комарци, речиси непробојна толпа на влажни тела, врескања, кои потсетуваат дали на кавга, дали на весел разговор. Сите зјапаат на мене, се смеат, ме поздравуваат ...

Речиси веднаш по излегувањето на сонцето, стана топло. Да, ова е фантастична, неверојатна глетка, но на неа сакам да гледам само од далеку.

- Еве тука да застанам! – ми се чини дека најдов едно пусто место со мало отворено кафуле.

- О-ок, госпоѓо.

Четири дрвени маси, излитени столчиња, правливи менија, неколку нечисти келнери - типично кафуле во Индија. И тоа не е најлошата опција! Со блага загриженост гледам столица на која имам намера да седнам, поминувам со прстот на масата - изгледа неуредна, но примерокот се чини дека е чист.

- Здраво! Можам ли да имам појадок овде? - глас од позадина.

Не е лош дечко, но некако извештачено се смешка ...

- Се разбира:)

- Јас сум Рој.

- Маја.

- Мило ми е.

Симпатичен е, но едноставно не можам да разберат зошто сум апсолутно рамнодушна кон него? Претходно, такви ми се допаѓаа - подвижен, темнолик, малку црн ... Морам уште да разговарам со него, можеби тогаш ќе ми се допадне? Тој изгледа некако неодлучно, а би сакала да покаже активност. Не ... се чини дека така ќе молчи или ќе праша некое глупаво прашање, подобро е јас да го прашам нешто.

- Денес сакам да ги видам локалните храмови, сакаш да одиме заедно?

- Сакам! - веднаш живна, во очите му блесна дали надеж, дали радост поради ослободувањето од тоа што сега нема потреба да мисли што следно да направи, сега сè е одлучено за него.

- Дали ги познаваш овие места?

- Па, во принцип, да, јас живеам овде веќе два месеци ...

- Два месеци? - не можам да поверувам дека некој тука може да живее два месеца. - Јас сум тука само втор ден, и веќе размислувам дека е време да најдам некое почисто и потивко место. Што правеше тука сето ова време?

- Се обидувам да научам да свирам на некои етнички инструменти, одам на курсеви за јога и ведска филозофија, се запознавам со луѓе, читам.

- Но, тоа веројатно може да се направи било каде на друго место во Индија?

- Веројатно ... Но, мене ми се допаѓа тука.

- Неверојатно!

- Значи, ти наскоро си заминуваш? – на овие зборови почувствував благ немир, најверојатно се должи на фактот дека тој повторно почна да губи надеж.

- Мислам дека сакам. Тука уште сакам да одам на Сарнатх. Дали некогаш си слушнал за тоа место?

- Таму Буда ја одржал својата последна проповед пред да го постигне просветување.

- Па, тоа и јас го знам:) Дали е таму интересно?

- Има многу храмови, чисто е, ливади, паркови ... но мене не ми се допадна - премногу личи како музеј. Храмовите во Варанаси исполнети се со посебна сила, веднаш ќе го почувствуваш тоа, а таму е се како играчки.

- Со сила велиш:)

- Да, сила. Варанаси, локални храмови, Ганг – тоа се места на сила.

- Дали си го читал Кастанеда?

- Нешто, но поентата не е во тоа. Навистина ја чувствувам таа сила.

- И, како ја чувствуваш?

- Како? Како ... Никогаш не сум се обидел да ја опишам. Мислам дека тоа не прави никаква смисла, тоа мора да се почувствува:)

- Едно на друго не му смета. Знаеш, многу луѓе велат дека тие имаат посебно искуство, но всушност не можат ништо да опишат.

- Можеби не ги разбираш? ... Ох, извини, не мислев да те навредам, но тоа е возможно. Намкај Норбу Ринпоче велел дека додека немаш искуство во постигнување на просветени состојби, ќе поставуваш прашања, во се ќе се сомневаш, ќе се обидуваш да го разбереш тоа со разумот, но она што тој го вели е невозможно да се разбере разумно. Во тој случај, тој советува да не се откажуваш од учењето на будизмот, туку да се обидеш да се промениш на ист начин, така да неговите зборови ти допрат до срцето, а не до разумот.

- Се чувствувам исто како на предавање:) А зошто се повикуваш на некого? Дали ти сам имаш некое гледиште по ова прашање?

- Имам, се разбира, тоа се совпаѓа со мислењето на Намкај Норбу Ринпоче.

- Значи, ти си го формирал своето мислење самостојно, пред да си слушнал, што кажувал Ринпоче?

- ... Не, не претходно- се наежи од срам - но кога го слушнав тоа, јас веднаш сфатив дека тоа е токму она, што толку долго не бев во можност да го формулирам. Веднаш ја прифатив оваа гледна точка ... и не само што ја прифатив, туку ... Па, воопшто ми се чини дека тоа е многу јасно.

Познати мотиви ... но, што да изберам? Да одам помеѓу искубаниве кои зјапаат со ококорени очи, не сакам, да пловам со чамец се заморив ... момчето ... симпатично, да ... можеби само треба да зборуваме помалку? Се потпирам на столицата, се вдлабнувам во своите желби. Добро, ајде да видиме што од тоа ќе испадне.

- Значи, тебе тоа ти е нејасно. Па, да речеме. Мора да се разбере, дека јас не се обидувам да го побијам твоето искуство, јас само те прашувам да го опишеш. Ова не значи дека јас те разбирам, ако немам такво искуство, тоа ми е јасно, но можеби во описот, ќе ја почувствувам твојата искреност, живост, а можеби и обратно. Можеш ли да ја видиш разликата помеѓу она што ти го велиш, и од она што јас го барам од тебе?

- Искрено не, не многу ... Мислам дека мистериозното искуство воопшто не може да се опише.

- Па, на пример, Кастанеда некако го опиша. Рамакришна го опишувал. Кришнамурти го опишувал, па и Намкај Норбу Ринпоче, исто така, го опишувал! И, патем, не постои сомневање дека ова е фикција. Порано мислев дека ова е генијална измислица, но сега - не.

- Можеш да ми кажеш, зошто се случува ова?

- Можеби ... некое друго време.

Во последните минути почна да ми се појавува труење од разговорот, и како разговорот течеше понатаму, се повеќе ми беше тешко да ја надминам оваа чудна тежина, која се појавуваше во вид на блесоци на иритација. Чудно ... Секогаш ми се допаѓаа такви разговори, па уште и со симпатични момчиња. Можев со часови да разговарам за волшебници, јоги, нови откритија на психолози, но сега таа фонтана чудесно пресуши. Јас дефинитивно не сакав да зборувам, сега тоа го сметав како "префлање од празно во шупливо."

- Добро, Рој, сакам сега да одиме на прошетка до храмовите. Судејќи според картата, тоа не е многу далеку. Ќе дојдеш со мене?

- Да, да, па ние се договоривме.

Јас никогаш не би помислила дека момчиња со таков изглед може да имаат проблеми како што се несмасност, вкочанетост, збунетост, загриженост во врска со твоето мислење. Или тие стануваат херои само поради несигурните девојки?

Имав впечаток дека помеѓу момчињата и девојчињата воопшто не постојат нежни и доверливи односи. Борбата меѓу ништожноста и самоуверената праведност. Па, освен во првите неколку дена или дури и часови, рамнотежата е балансирана, а потоа започнува со заеднички страдања. Еден страда од фактот дека тој "не е сакан", а другиот - од фактот дека "е сакан". Каков вид на љубов е ова? ... Да, тоа е само страдање! И токму тоа и се нарекува љубов! Многу пати сум сведок на еден таков механизам – како, момчето ме заморува, и јас дури и да почнам да размислувам за тоа како да раскинам со него, а одеднаш тој почнува да се однесува студено кон мене, и не сакам да раскинам, туку почнувам да го барам неговото внимание, да чекам на негови повици, станувам љубоморна ... Љубомората - тоа, исто така, е речиси синоним за љубов. "Тој е љубоморен, тогаш те љуби" – каква ужасна глупост! Кога јас сум љубоморна, јас се претворам во ладнокрвно одмаздољубиво чудовиште, подготвена да го уништам сето она што ме прави љубоморна. Како може да не се гледа тоа? Како ТОА може да се нарече љубов? Како љубомората може да биде компатибилна со нежност, со радост, со симпатија, со стремеж? Тоа е толку очигледно за мене сега ... не ми е јасно како сум живеела без оваа јасност за сите овие години ...

Стандардниот однос меѓу "половите" е вид на однесување, кога се штитат еден со друг од љубомората, загриженоста. И без оглед на она што го добивате во замена за сето тоа-од рутина и сивило - тоа исто така меѓу паровите се нарекува "вистинска љубов". Често слушам фрази како "тој никогаш не ја изневерил неа", и тоа автоматски треба да го одразува фактот дека тој ја сака. Никој не се грижи што архетипски "тој" чувствувал тогаш, и дали тој едноставно бил импотентен ... А еве уште еден: "тие живееле среќно 50 години ..." гроб ... слика на "најсреќни" мртовци - таа креативна природа, готви и ги вади семките од праска. Тој е исто така интересна личност ...

Директно над моето уво слушнав изолирачки животински крик, што дури скокнав на самото место и скокнав на страна. Се свртувам и гледам суштество, чија старост е невозможно да ја одредам дури и околу. Се чини дека тоа е машки пол, судејќи по недостатокот на градите и нешто што виси помеѓу нозете, завиткано во една мала грутка на материјал, исто како и мажите во африканските племиња. ... Долг, дебел и застрашувачки опаш, дивјачки очи, кои просто ме прободуваа, чупава кратка коса која штрчеше на сите страни, дугачок стап во рацете, на кои висат црвени и златни ленти ... Што е тоа? Тоа е дефинитивно човек - поточно, дефинитивно некогаш бил човек, но сега ... зјапам, и разбирам дека опашката, се разбира, не е реална, но изгледа многу природно. Луд просјак? Хипнотизирана гледам во него, обидувајќи се некако да ја дефинирам својата слика за него во светот.

- Хел-л-лоу! - повторно вресна суштеството, не престанувајќи дрско да зјапа во мене. - Бакшиш? Пари? Само неколку рупии ...

И, сфатив кој е тоа! Не се сеќавам како овие луѓе се нарекуваат, но суштината на нивната практика е дека тие се обидуваат целосно да го имитираат божество на кое се поклонуваат. Читав дека Рамакришна се поклонувал на Хануману, инду бог-мајмун. Значи и овој ... прави добро:) Па, држи 10 рупии! Задоволно вресна неколку пати, просветлениот ученик на антички култови со скокање галопираше во насока на храната - мала количка, на која се продаваа банани, суво овошје и се разбира бетел.

Неговите бушави роднини лудуваа на дебелите обраснати дрвја и големите рамни покриви на храмот. Некои постојано се стремеја да ја нападнат вкусната количка, па трговецот секогаш мораше да има во рака дебел стап и застрашувачко лице, да во случај на напад би можел да го изрази својот отпор.

- Ти се допаѓа тука? - го прашувам Рој.

- Да, многу. Тоа е антички храм, зарем не мислиш дека тука се е упиено во Шакти?

- Не, не чувствувам. Имам само малку љубопитност, но ништо повеќе. Може ли тука да се фотографира?

- Надвор - може, но од тоа место не може - очигледно малку се вознемири од фактот дека јас не изразувам било каква восхит.

Ги сликав локалните девојки, на чија убавина не можам да престанам да и се восхитувам, и му дадов знак на Рој, дека може да одиме кон следното светилиште.

Улиците се релативно слободни од сообраќај, патиштата преминуваат во прљави "поланки", во кои што живеат луѓе. Нивните "домови", се направени од картон, нечистотија, и полиетилен, слични на животински јами во кои што тие се затвараат со нивното големо семејство за време на ноќта. Колку има деца од сите возрасти! Сите се црни, со прашина, боси, често тотално голи, ползат, трчаат, се валкаат во калта, така што на која било европска мајка веднаш ќе и пукне срцето. Но, на сиромашните индијки не им е грижа за тоа. Некои од нив се зафатени со "домаќинството" – веднаш тука, во железен барел гори оган, и во криво тенџере врие вода, која што пред малку ја донесоа постарите деца, а некои деца спијат на душеци, искинати како од животни. Мажите ги нема на видик. Претпоставувам дека тие доаѓаат само во вечерните часови ... не можам да кажам "од работа" ... Каква работа тука може да има? На средината на сета оваа криза, на земјата седи бремена жена (по кој пат?) млада, многу убава жена во крпи. Таа изгледа апсолутно среќна, насмеано лице на топлото сонце и ги затвора очите, како да лебди далеку во соништата. Или можеби таа навистина е среќна?

Животот на сите овие луѓе е предодреден од самото раѓање. Тие знаат дека никогаш ништо не ќе можат да променат, дека нема да бидат во можност да заработат доволно пари за да излезат од сиромаштијата. Највеќе што можат да направат е да најдат пари за да купат храна и минимум облека. Нивните глави не се оптеретени, ниту со желба да добијат образование, ниту со желба да направат кариера или да купат некоја сопственост, бидејќи токму со тоа му поминува целиот живот на европскиот човек ... Тие немаат ништо и никогаш ништо нема да имаат? Можеби животот на сиромашните само од страна изгледа комплициран, но во суштина тие не би го менувале за ништо, бидејќи за нив овој живот е јасен и за да се одржува мора да се применуваат минимум напори.

Следниот храм исто ме импресионираше како и претходниот, и Рој се чини дека прилично се вознемири, особено поради тоа што целиот пат со него, јас речиси не кажав ништо. Но, нешто дефинитивно ме привлекуваше кон него, и покрај навидум потполната индиферентност. Кај влезот на хотелот повторно го погледнав и итро се насмевнав, при помислата дека ако тој покаже барем некоја иницијатива, јас би го поканила на ручек, а ако не, тогаш ништо ...досадно е.

- Слушај ... Ние сме многу различни, Мајо, но сакам да кажам дека ми се допаѓаш многу. Верувам дека секој човек се пронаоѓа себеси во нешто ... Ајде да ручаме заедно. Добар ли е тука ресторанот?

- Не е лош:) Ајде да одиме.

 

А неговиот пенис испадна многу пријатен - и на вкус, и на допир. Мал, малку заоблен нагоре, еластичен... Ако не брзаше да сврши, би можело да биде малку повеќе интересно... можеби да. Или можеби не. Не ми е јасно – доживеав задоволство, а се чувствувам како да ме уништиле, иако не сум свршила. Сето тоа се случи толку брзо, како да влегов во собата за момент, на пат кон кровниот ресторан. И се е толку празно и сиво, што ќе биде подобро ако тој замине во моментов од мојата маса.

- Што пишуваш во твојот нотес? Дали е тоа нешто како дневник?

- Аха, - едвај одговарам.

- Јас, исто така имам свој дневник, но не го носам со себе ...

Со тешкотии ја изедов својата храна во негово присуство (среќа што не е зборлест!), реков збогум и стигнав речиси до прагот, но тој ме фати мене и ми го побара мојот е-мејл. Некое време се двоумев, не знаејќи како да го одбијам (а го сакав токму тоа), но сепак му го дадов е-мејлот, и речиси избегав, оставајќи го во тотална конфузија.

 

"** Октомври

Додека шетав по должината на брегот, се појави активен внатрешен дијалог за тоа како ќе ги опишам на некому овие впечатоци. И во еден момент, се појави силна желба да се обидам да го запрам, за да видам - ​​што ќе добијам. Грчевито држејќи ги мислите за опашката, се обидувам да ги прекинам на средината, но тие се појавуваат повторно. Кога скоро се откажав од овие напори, сликовито се сетив на лицето на човекот во возот, кога тој зборуваше за внатрешниот дијалог, и така сакав барем за момент да бидам во негова кожа ... барем за момент да го почувствувам вкусот на слободата од мислите ... се прашувам - дали би можел да ми помогне во тоа?

И одеднаш стана тишината, и приливот на мисли престана. Во исто време се прекина и задоволството кое ги придружуваше овие фантазии. За момент тишина, сè беше мирно. За момент сето се смири, имав впечаток дека околу нешто шушкаше пред малку, но сега се исчезна и јас бев оставена сама на себе, но не само сама, туку пред "лицето" нешто незамисливо – за него одговараат зборови, "безлична стихија "" ледена тивка празнина. " Јас изгледа паднав во тишина и бавно, "погледнав" на својот живот од неа. Се појави мисла која предизвика силна реакција - "ништо не знам за тоа, како да живеам. Нешто правам толку долго, имам цели, кои ги преферирам, но всушност јас не знам ништо за тоа зошто живеам и зошто што работам, и кон што ќе доведат овие активности. " Оваа мисла како да ме исполни сета, иако стануваше подлабока, како да имаше големина и тежина, со која ме исполнуваше. Поточно кажано – ја доживував оваа мисла вака: "ништо не знам за тоа, како да живеам." Оваа мисла се доживуваше како прашање, но одговорот воопшто не беше важен. Потоа повторно се појави тишина, почувствував шум од далеку. Во тоа време, гледав надолу кон реката Ганг од високиот ѕид гат, и видов оваква слика: преку реката доаѓаше повик на она што е зад неа, од другата страна. Тоа е - нешто неверојатно, сосема различно од тоа, со што се среќавав во животот. Имав сигурност дека тоа нешто е состојба во која што може да бидам, поточно, во таа состојба ме нема ниту мене, ниту било кој друг, туку она што сега го нарекувам "јас" може да биде оваа состојба. Се појави сигурност (и ова е исто така ново – во новите мисли не се сомневав, во нив не дека тие беа едноставно вистинити, туку имаше и посебна сигурност) во тоа да овој повик стане поинтензивен, морам да замолкнам, сепак, треба тишина - комплетен недостиг на мисли и емоции. Нешто од каде што доаѓаше повикот, тоа беше таинствено, но не и детско и од бајките, како што е вообичаено искуството на мистерија, туку безмилосно, студено, апсолутно апстрактно. Тоа беше атрактивно, но не многу стабилно. Во ова доживување немаше ништо познато за мене.

Ова чудна сигурност во себе ... Многу е едноставна и радосна, многу природна. Нијанса на тотална бестрашност. Се појави мисла дека оваа состојба е поврзана со фактот дека неодамна реализирав многу желби. Претходно желбите едноставно ме влечеа во сите правци, но сега малку ме пуштија на слобода, бев слободна и се вратив на она што ми требаше најмногу. Доживував слобода и сигурност дека можам да правам што сакам, иако во тој момент и немав никаква желба. Ова неподготвеност ми даваше посебно задоволство. Се појави јасност дека огромен дел од моите желби - тоа и не се мои желби воопшто, тоа е само механизам, кои од брзање, кои од имитација, или од страв, а таквите желби се вистинска болка, а при нивниот престанок се појавуваат сосема различни желби, на кои треба да се препуштиш како на ветер, на некоја речна струја, или на друга стихија, и во времето на таа безрезервна посветеност ти и самата си таа стихија.

Таа чудна сигурност во себе ... Зборот "во себе" тука е излишен. Тоа се смета како апсолутна зрелост. Се верува дека искуството од наоѓање во таа сигурност се собира, и дека секоја секунда во неа има важност, нешто се менува. Таа има посебен квалитет: неотповиклива, неповратна, како да, ако си била во него, тогаш ќе станеш поинаква, дури и кога тоа го нема. Тоа остава свој белег. Сето останато е повеќе од површно, минливо, и не постои никакво чувство дека се акумулираат години, а тоа ме одвојува од сиот мој минат живот. Дефинитивно нешто се менува ... сакам да го видам тој човек, сакам да му кажам дека едноставно сакам само да останам таму и да слушам, сакам да ги видам неговите пријатели. Само сега почнав да сфаќам - каков е благословот што имам таква можност, бидејќи тој самиот ме покани, но јас не сакам да одам со потполно празни раце, сакам, исто така, да го изненадам - сакам веќе малку да бидам поинаква, сакам да се здобијам со поголемо искуство. "

 



<< back forward>>