« Maja »

Том 1: « Форс-минор »

Глава 30


Интернет кафето, го приметив точно на два чекора од хотелот. Мал загушлив аквариум, начичкан со компјутери, и преполн со скакулци, гуштери, пеперутки и мушички - сето тоа мора постојано да го чистиш од пред мониторот и од себе. Овде е друга Индија - нејзината светла слика. Тука е чисто, кога влегуваат посетителите ги отстрануваат своите чевли и седат боси. Сопственикот на салонот е внимателен, соодветно се однесува за време на разговорот, со него можеш да се нашалиш, и да поразговараш за било што. Од лево и десно седат странски туристи, поточно туристкињи ... со поглед пронајдов една девојка која седи од левата страна ... доста симпатично лице, флексибилна, седи, си пишува писмо, си игра со босите нозе ... длабоко во телото нешто ми се разбуди, се разгоре, замјаука како мало игриво маче. Можеби му пишува на момчето ... а на кого јас ќе пишувам? Јас исто така имам момче ... да, прво ќе му пишам на Дени ... моето момче, како сега би сакала да се умилкувам на твоето тело:)

"Здраво, муцко! Јас дури и не знам од каде да го почнам моето писмо и за што да ти пишувам ... од оној момент кога го добив твоето писмо во Ришикеш, многу нешта се случија, што веројатно можам да напишам цела книга за тоа. Не можам да верувам дека поминаа само две недели - тоа ​​што го доживеав, не може да се спореди со мојот досегашен живот.

Се запознав со некои неверојатни луѓе ... како се празни сите зборови во споредба со она што јас го доживувам кон нив. Љубов? Симпатија? Нежност? Тоа не е се, тоа не е тоа. Само немој да бидеш љубоморен:)

Не, не можам сега ништо да ти опишам. Ќе ти кажам една работа - практиката на прав пат стана суштината на мојот живот, друг пат за мене засега не постои. Се запознав со луѓе кои се занимаваат со оваа практика ... можеш ли да си го замислиш тоа, Дени? Се запознав со овие луѓе, и тие ме променија целата - повеќе ја нема онаа Маја, која дошла во Индија пред шест недели. Како би сакала сега да си покрај мене и заедно да одиме во Бодхгају - тоа е местото каде што можеби ќе се сретнам со еден од нив. Можеби - ако имам "среќа". Ми е страв да помислам дека никогаш нема да ги видам. Веројатно, нешто слично си доживеал кога си се разделувал со Лобсанг?

Секој ден пишувам за своите напори, своите откритија, а ти? Гледам дека тоа е многу, многу важно. Треба само да пропуштиш неколку дена, ништо да не напишеш, па веднаш престануваш да сфаќаш што се случува, како и да не е се толку лошо, но ништо не се менува ... Таква магла нема, кога го запишуваш тоа.

Досега, сеуште не успеав да отстранам ниту една негативна емоција, но ... Како можам да го опишам тоа ... Дени, сега знам што е целосна слобода од сите огорчености. Тоа беше подарок ... Тоа едноставно се случи, немам идеја како. Целиот свет се промени. Целото тело како да влезе во просторот, или просторното ткиво во телото. Можам да го допрам воздухот со прстите, и тој беше толку густ. Целото тело беше заситено со блаженство, секоја негова ќелија. Немав соништа, само ги затворав очите во текот на ноќта и отворав наутро и знам дека додека спиев, се случуваше нешто важно и прекрасно. Јас бев на небото. Утро, прободено со тенка светлина на раното сонце, ден, исполнет со дебел златен нектар, вечерта, огнена обоена со заоѓањето на сонцето, кое фрлаше жесток предизвик. Помеѓу мене и небото немаше граници.

Целиот свет на секојдневниот живот и се она што е вообичаено, престана да постои за тие неколку дена ... јас не се сеќавам колку долго траеше - три дена? Една недела? Дали ова има било какви значење сега, кога тоа го нема?

Мислев дека тоа не може да се заврши. Пливав во океанот на радост и јасност, како дете ... Сега пишувам и сакам да плачам од очај – што ако никогаш не можам да се вратам на ТОА?

Јас немам идеја како ќе живеам понатаму. Со големи тешкотии, го замислувам своето враќање во Москва. Но чувствувам дека тоа е неизбежно.

До крајот на ноември ќе бидам во Индија, засега не знам каде точно, сето тоа зависи од тоа како ќе се одвиваат настаните во Бодхгају, каде и планирам да одам, штом добијам билети.

Јас често мислам на тебе, и тоа е супер, бидејќи мојата практика започна после запознавањето со тебе ... мислам дека ова не е само коинциденција, чувствувам дека во тоа има нешто повеќе отколку само механички збир на околности. Кој знае, Дени, што не очекува во иднина, как оби можела да се развива нашата комуникација? Секој пат кога мислам на тебе, во мене како да доаѓа бран на инспирација, радост ... Тоа се доживува како силна експлозија за желба некаде далеку, во висините ... јас дури и не знам што сакам од тебе, тоа не е само сексуална привлечност ... иако и тоа исто така:)

Твоето девојче "

 

Писма од родителите ... На зборот "Опамети се", кое го засени моето ѕвездано небо во Ришикеш, се додадени уште неколку збора. Не, не сакам да го прочитам, дури и не сакам да погледнам со едно око, во оваа темнина, сакам да излезам и да ја затворам вратата зад себе. Не сакам да живеам во таква околина, полна со огорчености, која се вика "взаемни односи". Не сакам да се тркалам надолу во пеколен контејнер од една дестинација до друга. Се чувствувам како да ми се врзани и рацете и нозете, сакам да врескам, да се мрдам колку што можам, и од тоа јажето се повеќе ми навлегува во телото се повеќе и повеќе, сепак одеднаш, болката станува целосно неподнослива, но јас не се откажувам, постои чувство дека јажињата започнуваат да слабеат, дека ќе успеам да се спасам. Не, сеуште нема да се ослободам, тоа е само уште еден суптилен знак, моментален бриз на слобода, но тоа значи дека постои шанса, значи може да избегам!

Родителите ... од самото раѓање, ден по ден, тие ја усовршуваа нивната уметност да ме манипулираат. Тие сакаа само една работа - да ме наведнат, да би можеле полесно од мене да добиваат впечатоци, кои на нив им се потребни. Како јасно го гледам сега сето тоа! Прво, тие беа строги и ригидни, особено мајка ми. Кога почнав да се тетеравам, кога научив да лажам, почнаа да користат морал, повикуваа на митска свест. А, кога конечно почнав да лудувам и отворено да се спротивставувам на легалното насилство, тогаш почнаа да ме притискаат со самосожалување и чувство на вина. И сето тоа, само за да добијат од мене тоа, што им беше потребно, да ме изедат со сосот, кој им беше по вкус.

Два чекора до хотелот во десет навечер, се покажа како тест на издржливост. Жените во тоа време на отворено ги нема, но и понатаму е бучно, преполно е со луѓе и загушливо. Сите на улица веднаш почнаа да ми дофрлаат по нешто, штом излегов од кафулето. Овие извици секогаш ме плашеа. Јас никогаш не можам да разберам - без разлика дали тоа се пцовки, без разлика дали гласно зборуваат, или пријателски те поздравуваат. Во прирачникот пишува дека во Варанаси туристите исчезнуваат често, така да одлучив брзо да стигнам до вратата на хотелот, но тоа исто така не е лесно - асфалтот е покриен со слој на прав, кој се меша со лизгави кори на банани, со кои се тргува токму тука. Моето бегство се претвори во акробатски перформанси, предизвикувајќи смеа од сите страни. Гласно извикувајќи од изненадување, болно се удирам по газот и сфаќам дека сум целата во тоа. На целото тело ги чувствувам валканите улици и вниманието на тие особено пријателски колички. Само нека се обидат да ми пријдат ... ќе вриснам на цел глас, така што ќе им ѕвони во ушите, не сум ниту јас толку невина ... Но, никој не се осмелува да ми помогне, и јас сум неверојатно среќна. Претстава со еден човек ... досадна претстава - се чувствувам опкружена со сценографијата, не можам да ги прифатам овие луѓе и оваа околина, како нешто реално. Еве и сега ми се чини дека имам чувство на срам поради тоа, но тоа чувство веднаш исчезна, се распрсна како надојдена рамнодушност. За момент, ми се причини дека можам сега тука, на средината на улица да седнам и да почнам да мочам и дека нема ништо посебно во тоа, како што можам да го направам тоа во шумата помеѓу дрвјата и птиците?

 

«Lonely Planet» непристрастно објавуваше дека државата во која се наоѓа Бодхгаја, е една од најсиромашните држави во Индија и во исто време една од најпознатите криминогени, освен, се разбира, Џаму и Кашмир, па затоа штом се стемни, се прекинува со секое движење на патиштата, поради можните напади од страна на разбојници и убијци. Од оваа причина, отпадна опцијата да одам во Бодхгаја со директен автобус од Варанаси - во туристичките агенции ми препорачуваа да се откажам од ова, бидејќи туристичките автобуси од време на време се нападнати, ограбени, а понекогаш криминалците не запираат и почнуваат да убиваат. Државната власт еднаш се обиде да стави на секој странски турист по еден полицаец (за нивни пари, се разбира). Играта на руски рулет не ми е атрактивна, па затоа и избрав, иако индиректен, но повеќе сигурен начин - со железница до Гаја, а потоа за половина час со такси до Бодхгаја. Секој пат кога размислував за она што ќе бидам во можност да ги запознаам луѓето кои успејаа да предизвикаат мочуриште на негативни емоции и други нешта, кои ги вовлекоа сите и се, чувствував неверојатна возбуда, повторно се чувствував како дете пред кое се отвора прекрасен свет.

Се сеќавам дека во длабокото детство, кога секој поглед беше откровение, доживував нешто слично, само уште појако, почисто, искрено ... Лежев во креветчето, се држам за дрвената решетка, и одеднаш желба да се искачам. Почнувам да се искачувам тешко, се припивам до дрвените решетки, а по неколку минути на тешко качување, сепак станувам, и какви чувства имав тогаш! Тоа беше прво патување на кое сега се сеќавам, и тоа беше толку возбудливо. Сега, кога гледам деца што се искачуваат, се тркалаат, обидувајќи се да ползат, а родителите грижливо, "ги повлекуваат назад во креветчето, сфаќам дека тие не се ниту свесни дека ова не е само обично движење, реакција, како кај полжав или амеба, туку страст поради првото откритие, дека човекот всушност минува низ нешто многу важно, а него немилосрдно, под маската на "грижата", го враќаат назад во креветчето.

Една од најлошите перверзии - тоа се пелените. Мислам дека тоа е фашизам - не метафорично, но буквално. Замотувањето со пелени е циничен потсмев на самата природа на човекот, тоа заслужува казна, вклучувајќи и затвор. Го сфатив тоа само кога во сеќавањата ми се појавија првите спомени од детството - веднаш по раѓањето, кога ме однесоа во собата за бебиња и замотаа во пелени. Сега се сеќавам на тој ужас кога цврсто ме завиткаа во тоа платно и не можев никако да се помрднам, а тие ме превртуваат како што тие сакаат. Еве, носот ми е закопан во тоа платно, сега очите вперени во таванот - јас само сум нешто, што паднало во рацете на овие изроди, во окови, врзана, се сеќавам на очај од немоќ – вистинско страдање, никако детско. Сигурна сум дека тоа го доживуваат сите бебиња. Колку зборуваат за породилни трауми, за тоа како тоа влијае на идниот живот на човекот, а никој не размислува за тоа, каква траума доживуваат децата, ставајќи ги на неколку месеци, не само во самица, туку и полошо - во платнен ковчег, во лудачка кошула. Ако јас имав таква можност, тогаш сигурно на некого што ќе му се роди бебе, ќе го завивав во пелени што појако на еден ден или два ... можеби тогаш проблемот ќе исчезне сам по себе.

Друго сеќавање од детството - кога прв пат видов снег. Имам една година, јас трчам низ собата, трчам до прозорецот, се качувам на столчето, гледам ... и чувствувам шок - на улица се е бело-бел и густ, мек снег. Истиот ден ги натерав своите родители, да ме изнесат надвор, го галев снегот, го дишев неговиот мирис, си играв со него, се смеев и бев среќна, и колку повеќе мислев на тие моменти, кога чувствував неверојатна среќа поради првите откритија, се појасно ми стана дека тоа нема да се повтори веќе никогаш. Таа јасност – како повик на погреб, кој пристигнуваше во поштенското сандаче секој ден. Ме претплатија без мое знаење или согласност, додека бев беспомошно дете. И секој пат кога планирав да излезам надвор, да одам до поштата и да го удрам по рацете оној, кој ми го праќа овој материјал, јас поминувам покрај поштенското сандаче, без желба го отворам, ја земам позивницата за погреб, внимателно го сфаќам значењето на текстот, и се во мене се спушта, умира. Нозете се ослабени, целта се замаглува и повторно ништо не можам да сторам.

Сега мојата сигурност е толку фатално потресена. Поштенското сандаче го фрлив во ѓубре, позивниците за погреб сега нема каде да ми доаѓаат и додека ми стават ново сандаче, имам време да одам до пошта и да ја избришам својата адреса од приемната листа.

 

Радосниот стремеж кон Бодхгаја се судри со реалноста на индискиот живот. Во Индија, тешко е да се планира нешто однапред, но во таква дупка паднав по прв пат. Се покажа дека можам да купам билет само под услов ако доставам ваучер – од каде ги имам индиските рупии (?!). Значи, морав да доставам документ од менувачницата. На целиот пат до Варанаси, никогаш не сретнав таков чуден услов – се испостави дека тој закон е воведен само оваа година, па се разбира не сум можела да имам никаква потврда. Морав итно да одам до менувачница, да разменам рупии за долари, а потоа да променам долари во рупии, и така добивајќи потврда. Но залудно бев во брзање ... судбината не сакаше да ме пушти надвор од Варанаси тој ден.

Менувачница во градот едноставно немаше. Сама по себе таа појава е неверојатна (насекаде, во сите туристички центри, каде што бев пред и потоа, на секој агол имаше менувачница), но не е катастрофално – нема менувачница нема, ќе ги разменам парите во било која продавница за накит или свила ... А, и се уште можам да разменам пари во мојот хотел (таму ми понудија размена, но по граблива стапка). По ѓаволите! Оваа топлина ме попречува во размислувањето ... мене не ми е потребна само размена, проклето ми треба потврда, без која не ќе можам да купам билет и да си одам од градот. Добро, во градот мора да има банки.

И навистина имаше банки. Првата банка која што ми беше на пат е «Bank of India», каде што ми беше речено дека денес тие не менуваат пари. Следната беше Андхра банка - таму долари во кеш не разменуваат, бидејќи во нивната канцеларија во Делхи нешто со нешто не се спојува. На што конкретно мислеа - е несфатливо. За да се разберат индусите, кои зборат на англиски, не е секогаш можно - лош изговор најмалку, а ако е уште измешан и со постојано џвакање на бетел ... Кога устата на соговорникот е полна со плунка, крваво црвена, да би кажал нешто, човекот мора да ја фрли назад главата и да зборува како да го маваат со камшици неговото грло. Тоа е сосема надреална слика.

Па, добро. Имам кредитна картичка ... да, госпоѓо, но сега во целиот град не функционираат сите телефонии, да се повлечат пари од картичката е невозможно.

Поминувајќи по топлината уште околу еден час, јас се откажав и решив да го завршам тоа утре, но утре ситуацијата само се влоши, бидејќи неочекувано (за мене) во градот се одржуваше локален "фестивал", и поради тоа, сите банки беа затворени. Директорот на една банка љубезно ми изјави, дека тие утре можеби ќе отворат, но бидејќи фестивалот ќе трае три дена, не се знае дали тие ќе разменуваат пари или не. Најлошото во сето тоа е дека, како што ми објасни рецепционерот во мојот хотел, всушност никаков посебен празник не е на повидок, бидејќи "фестивалите", индусите ги имаат речиси секоја недела. Боговите ги имаат во неверојатен износ, и секој има "своја" недела, или барем три дена во годината, кога во нивна чест се организираат верски активности.

Во Варанаси, во тој индиски Вавилон, се измешани сите религии на светот, а празничната епидемија особено преовладува. Денес, сикхи, утре муслиманите, задутре шиваити, после задутре нова година и по една недела повторно нова година – грмотевици од петарди и огномет, небото е полно со хартиени змаеви, уличните звучници се скршени од прејаката смеса на звукови, по улиците бескрајни паради со тапани, труби и огромни коли, од кои се дели храна за сиромашните и урбаните неработници.

Од некоја чудна причина, не се мачев мислејќи дека може да биде доцна и никого да не видам во Бодхгаја. Имав чудна, дури и еден вид екстатична сигурност, дека ќе бидам таму точно кога е потребно - ниту порано, ниту подоцна.

Моментот на вистината пристигна по два дена кога немаше празник, сите телефони работеа, беше обичен работен ден од неделата, но сите банки … ме одбија без било какво објаснување - не менуваме и тоа е тоа! Ете како. Ѓаволска стапица за глувци.

 

"** Октомври

Плановите се расипани поради одредени околности. Планови, планови ... целиот живот е полн со планови. Дали сум видела најмалку едно лице што живее без планови, од чувства и желби?

Ништо така не те стиска, не постои ништо што те стиска во минатото, како плановите за во иднина. Кога доживувам нешто реално - нешто што се случува сега - можам, се разбира, паралелно да правам некои планови, но веројатно тоа ќе биде прекршување, а не продолжение на моите чувства. Ништо од она што сега се случува во мојата душа во моментов, не е поврзано со плановите, перспективите, мислите за иднината. И спротивното е точно - процесот на планирање целосно не е во согласност со преживувањето - секој пат кога планирам нешто, се одвојувам од реалноста и се стремам кон смртта.

Но, како тогаш да превземам било каква активност? Како да живеам? Како можам да си направам омлет, ако не купам јајца однапред и не испланирам да одам до кујната, да го вклучам шпоретот, итн?

Не знам како да одговорам на ова прашање, иако ми се чини дека и покрај тоа, јас го "знам" одговорот - но не можам да го изразам со зборови. Во мојата глава ми се врти приказна – тој, како да објаснува нешто, но од каде се појави ... а ... па тоа е Андреј, тој ми кажа за тоа, на планината Елбрус, кога лежевме поради ураганот ... интересно ... оваа приказна излезе на виделина токму сега, и во овој момент, а пред ова не се сеќавав воопшто што ми кажувал ... сепак, во онаа состојба ... Приказната е следна - некогаш далеку во Памирските планини, сретнал старец – имал повеќе од 70 години, неговата колиба била во оддалечената планинска клисура. И ете живее таму така тој старец, има своја градина, и таму ископува во градината некој зеленчук, на пример - "ротквица". Тој ги копа неговите ротквици, ги полива наутро, попладне и навечер. И од една страна, се разбира, тој знае, дека утре ќе се разбуди, ќе оди во тоалет, ќе го земе копачот и ќе почне повторно да ги копа своите ротквици, а од друга страна, тој размислува за животот, поточно за потокот за продорното моментално чувство, сегашниот момент, тој живее со тоа, и станува сосема јасно дека копањето на ротквица - тоа е само работа, која му дала, да речеме HEШТО – наречии го тоа бог, или судбина, и ако тој не копа сега тука – тој ќе копа на друго место, или не би копал, а би носел послужавници во кафуле, или би предавал на студенти. Тоа не е ништо друго, туку она што тој ти го предложува како форма токму сега во моментов. Секој од нас седи некаде во својата столица. Секој од нас реализира во својот живот одредена верзија на бесконечен спектар на можни настани и околности, и ако тој ги гради своите планови и се надева дека со тоа ќе добие нешто - ќе биде повеќе мртов отколку жив. Ако јас само го следам она кон што ме влече срцето, што реагира на внатрешниот акорд - тогаш сум жива, навистина жива, без оглед на тоа дали мојот разум ќе изгради некаков вид на план или нема – тој план нема да има големи тежини, тоа ќе биде ... па, како препорака, без разлика дали тоа е препорака на разумот, и јас во следното чувство на свежина и момент ќе одлучам – дали да ги следам препораките или да се тргнам настрана. Мерка за сето тоа - чувство на посебна внатрешна интензивна ведрина - таа смиреност, која има тенденција на планински поток. Го знам ова чувство! Точно го знам, изгледа, се чини, го сфатив тоа токму сега. Што друго ми е познато, и што уште сум заборавила ...? Можеби ми е уште позната и слободата од негативни емоции? Можеби сум запознаена и со тивката радост? Претпоставките се апсурдни ... од гледиштето на разумот ... но и покрај овој чуден начин, овие мисли одекнуваат ... интересна конфронтација меѓу разумната сигурност и живото одекнување од внатре ... можеби во моментов ниту една од страните не може да надјакне ... но и тоа е веќе напредок - претходно не би обратила внимание на таму некои суптилни чувства, ако тие се толку очигледно спротивни на она, што јас го “знам ".

 



<< back forward>>