« Maja »

Том 1: « Форс-минор »

Глава 33


Се разбудив порано од вообичаеното - околу пет часот наутро. Соништата ми беа хаотични, сето измешано во каша - Бодхгаја, некои слики од детството, гласовите на лудите индуси кои ме замараа со крици, нудејќи хотели и секакви дребулии, така да сакав да ја фрлам сенката на овие лепливи глупости, и да заспијам повторно и да видам во сон нешто повеќе пријатно. Отидов на балконот, наоколу беше темно - никаде светло, се е мртво.

Навечер, тука е релативно ладно - можеш дури и малку да се смрзнеш. Сепак, локалните клими - не се за мене, бев уморна од топлина. Не е важно колку се мијам, сепак сум леплива и нечиста. Се уморив од досадното и континуирано внимание на индусите - дури и ако тие не се обидуваат ништо да ти наметнат, со сигурност ти поставуваат прашања, зјапаат, дофрлаат ... Можеби со нив треба поинаку? Се уморив од страшната збрка и неверојатната нечистотија, која е тешко дури и да се замисли во толкава количина, и која постои во Индија.

Да, изгледа како да се разбудив во не баш свое најдобро расположение. Каков вид на глупости од мене излагаат? Вчера, овде, во оваа посрана Индија, бев со луѓе, со која не само што сум подготвена да одам леплива и нечиста, туку сум подготвена да влезам со нив и во ѓубре ... Кога сум покрај нив, ми станува не важно тоа што се случува околу, како да светот на вообичаениот живот не ме интересира, лизгање на бесмислени холограми на невидлива сфера, во кој го живеам својот неверојатен живот.

И еве тука стојам на балконот и уживам во своето сенилно незадоволство, потопена во познатата полудепресивна состојба, како да ни вчера, ниту во возот, ниту во Ришикеш, Кулу, никого не сум сретнала и ништо не доживував. Како тоа може да биде? Кај Кастанеда читав дека тој сосема заборавал на цели парчиња од неговиот живот, кој ги поминувал со маѓепсници. Тој го објаснуваше така, да од позиција на гледиште на создавање, позиција повторно се префрлила - и толку, ти повторно си обичен човек ... А што ако засекогаш се преместам во лелекав старец, во која успеав да потонам така тивко и опуштено?

... Но, јас ништо не знам за она што е поентата на создавањето! Вчера ми се чинеше дека никогаш нема да паднам во таква глупост – дека нема да се потпирам на она, какви доживувања не поседувам. И еве, уште еднаш се фрлам ... и што да правам? При мислите дека е потребно да се откажам од сите мисли за поентата на создавање, едноставно затоа што немам никакво доживување на поентата за создавање, се појави ужасно чувство на загуба, како да ми се одзема омилената играчка. Ете како тоа смрди ... Очајот ме гушеше, сакав да заплачам и да се пожалам - сето одново и одново се навалува на мене ... Не е важно што сфатив вчера, што и да доживеав вчера - Јас неизбежно, неизбежно, неизбежно ... Ма, какви се ова глупости? Ако не е едно, тогаш е друго. Што да направам околу тоа - не разбирам. Подобро да одам да спијам, отколку да го ставам тоа во себе во еден газ, па потоа во друг.

Се вратив во собата повторно легнав во кревет, малку лежев, се протегав ... сега да ми биде тука Кристи ... спие, топла, нежна, да ја умилкувам по телото и ... градите, да и ги лижам брадавиците и бакнувам нозете, да ја грицкам за вратот, да се играм со нејзиниот цврст газ ... раката ми се лизна надолу, со прстите го допрев клиторисот, а телото го обземаа топли бранови на исчекување. Јас ги зтворив очите и се препуштив на тоа задоволство, од време на време доаѓајќи до оргазам и застанувајќи, така што после новиот бран на возбуда да се разлее уште поголемо возбудување, да го допрам уште повисоко небото ...

Сонот се повеќе и повеќе ме зафаќаше, стискаше ... сладок полузаборав, прсти, кои ми замрзнуваат, подлегнувајќи на сонот, па потоа повторно ме враќаат кон фантазиите, и повторно сон ... сликите се мешаат ... лица на Сарт, Кам ... цврстите гради на Кристи ... ние две како се прегрнуваме, се милуваме една со друга со прсти ... нејзините усни ... еве Кам лежи на трева ... Кам ... Кам? ... Дали е ова сон или не? Одеднаш, како лупата да извади еден дел од мешаните слики и чувства, го фиксирам цврсто, јасно, формирајќи еден остров на јасност меѓу џунглата на полусвесноста, успано доживување, и тоа беше толку јасно, дека и тој остров – тоа сум "јас" и дека хаосот околу него – сум исто "јас".

Ефектот на лупата беше неверојатно јасен. Островот доби форма на правилен круг, се обои во интензивно виолетова-пурпурна боја, па гледав во таа лупа, и се што видов низ неа – јас не само што гледам, јас тоа и го доживував, то ест, јас бев набљудувач и тој што го набљудуваат истовремено. Тоа е толку природно, толку лесно, по ѓаволите, како тоа може да биде? Како?

Интересно, а дали можам да се вратам на вчерашната вечер? Веднаш се појави ливадата, каде што сите седевме – еве го Сарт, кој зборува со русокоса девојка, тука е Кам, еве сум и јас ... ЈАС?

Можеби тоа се само халуцинации? Тоа дефинитивно не е мојата фантазија! Кога си замислувам, тогаш знам што сакам да замислам, случајно ги мешам матните слики, а сега немам никаква идеја, никакви произволни манипулација на ликови, слики - само сакав да го видам тоа и го видов, но она што јас го гледам, а не можам да интервенирам, да фантазирам. Тоа беше како да гледам филм со заговор, кој не можам да го сменам ... и го гледам толку јасно, како на филмско платно!

Не, ова не е фантазија, тоа е нешто посебно што живее свој живот, кој јас не можам да го гледам. Ене, седат оние двајцата кои вчера и не ги препознав, но сега светлата виолетова светлина ги осветли нивните лица, па моето внимание го привлече тој што беше посилен, помажествен, на прв поглед ... Сакам добро да му го видам лицето! Слика се префрли послушно по волја. Се загледувам во лицето, го гледам зголемено, многу јасно, дури можам да сакам и да ги гледам порите на неговата кожа ... Никогаш не сум имала таков добар поглед!

Не е веројатно дека така изгледа? Таа мисла воедно ме воодушеви и уплаши. Не, се разбира дека не, тоа е сон, мој сон ... Но, кое задоволство го добивам од овој сон, од оваа игра, јас дури и не знам како да го опишам – вакво нешто не ми се случило порано. А што ако сега се одеднаш исчезне, онака како што неочекувано се појави?

Не, тоа не исчезнува, јас дури и можам да се оддалечам со мислите, а таму животот продолжува. Како се убави неговите очи! Премногу крупна слика, а да можам малку да "се помрднам" ... остар бран на страв ме погоди во градите и пројде како ураган по целото тело - тие очи ме ГЛЕДААТ! Тоа не може да биде, тоа е премногу, оваа игра претера ... Морам итно да запрам со ова чудно искуство, сакам да излезам од оваа игра, не сакам повеќе, не сакам, ветувам дека повеќе нема да ... пурпурното место беше матно и речиси исчезна, неверојатно... се извлеков … се чини дека заколнувањето помогна.

Со олеснување воздивнав ... но една минута подоцна моето расположение се промени. Како можев? Како можев да го изгубам ова искуство? Итно назад! Неволно ги распаднав импулсите на страв, се вратив да ја "оживеам" сликата. Повторно ливада, на неа седат луѓе, се доближувам ... до неговото лице ... дали да гледам во неговите очи, или не? А што ако повторно видам дека тој гледа во мене ...? Сепак ќе погледнам ... Сега, поблиску ... и повторно удар на страв – тој СОСЕМА СИГУРНО гледа во мене! Стравот е се посилен, бран по бран налетуваше, никогаш не сум била толку исплашена .. Не, доволно е за мене, јас едноставно веќе нема да ... не можам! Не можам да го тргнм погледот од сликата!

Овој човек ме фати! Тој забележа дека јас го гледам и цврсто го прифати мојот поглед! Морам да ги отвора, своите очи, бидејќи јас не спијам, морам наскоро да ја изгубам оваа успана состојба во која се појави оваа заблуда ... Ништо не ми излегува! Леден терор - Сега ќе ме замрзне целосно. Не можам ниту да ги отворам очите или да мрднам со рацете - ништо! Телото ми е целосно парализирано, и од тоа се гушам во страв.

Сакам да вриснам, но не можам да го мрднам мојот јазик ... Готова сум. Во тој момент, страв дојде до некоја граница, над која неочекувано се појави потпора, поточно засега само навестување за тоа. Ги собрав сите сили во една грутка, во еден очаен напор, и се обидов да се помрднам, и отфрлувајќи ја од себе камената плоча, тешка еден тон, конечно се свртев на левата страна.

Па, добро, појде ... сега морам да ги отворам своите очи и да станам ... или моите очи се веќе отворени? Во секој случај, гледам на целата соба ... Но, како можам да ја видам цела? Во тој момент, сфатив дека сум толку надвор од било што, што би можело да биде, што дури и никакви емоции не се појавија, само со обновена енергија се разбудија тешки порази на стравот: моето тело лежеше од мојата десна на грб, се уште скаменето, а јас гледав на него, лежејќи на страна" свртена во спротивна насока!

Извикав гласно и тогаш сфатив дека својот крик го слушам само јас - телото лежи неподвижно и не може да направи никакви звуци. Што треба да направам? И тогаш се појави светла мисла која дури и не ја анализирав, бев подготвена да пробам било што, кое би можело некако да ми даде барем некои шанси за спас. "Гласно", вриснав неколку пати, "Сарт, помогни ми". Веќе не можев да се утешам дека сето тоа е само сон или фантазија – се беше премногу, премногу реално. Но, криците доведоа до тоа дека стравот брзо избледе далеку, барем веќе не ме преплавуваше мене, туку се нишаше некаде на дното. Продолжив да годовикувам Сарт, и никаде во централниот дел на "мене", доволно опширен, се основа мир. Мирот се интензивираше и се претвори во спокој, чиј интензитет се зголеми до таа мера што почнав да вибрирам. Стравот клокотеше "во мене", "надвор", но никако не можеше да проникне во областа на спокојот, вибрацијата на смиреност за него беше несовладлива препрека, па продолжив да чувствувам и понатаму труење од стравот, иако тоа беше некаде на периферија. Во тој момент се слушна гласот на Сарт: "Гледај го во очи и препушти му се." Тоа беше дефинитивно гласот на Сарт, не можешеда бидам грешка, но не можев да разберам од каде тој доаѓаше, тој се појави во некоја точка во областа на вибрирачкиот спокој.

Довербата во Сарт беше неуништива, и ја отфрлив неодлучноста, и како да скокам во ладна вода, се концентрирав, посакав да го видам повторно пурпурното место, и наскоро го видов повторно, "се вратив" на ливадата и повторно (без сомнежи) го видов тој човек, "долетав ", се загледав во неговото лице и уште неколку секунди не можев да се одлучам. Ајде, ајде, доволно беше со оваа малодушност ... земав длабок здив, и конечно го погледнав во очи, и повторно, како шок, се стрессов од страв – па, дали можам да се навикнам на тоа?

Овој пат во неговите очи имаше насмевка, но јас не се смеев. Не знаејќи што следно да направам, јас само продолжив да го гледам во очите, а наскоро тие се приближуваа, но без мое учество. Се чувствував како да "во мене" се вклучил автопилот, и дека тој прави нешто, на што јас не би можела да влијаам, а и ниту пак се обидував, тешејќи се себеси дека Сарт ми кажа да му верувам на ова суштество. Дојдов доволно блиску што сега гледав само едно негово око – десното око, тоа беше огромно, го затораше целото видно поле, а во него се откриваше неверојатен живот. Само од далечина, тоа беше око, а во вакво приближување, тоа беше нешто неописливо, неискажливо, па се фиксирав на неговата зеница, која беше единствениот силен остров во океанот на окото, па зеницата силно се стреми и јас влетав во неа, губејќи ја во истиот момент било каквата свест.

 



<< back forward>>