« Maja »

Том 1: « Форс-минор »

Глава 11


... Бескрајни ридови обраснати со неверојатно зелена трева, а над нив - жешко небо во три часот попладне, испрекинати облаци кои брзо патуват. Фрлам едно око на овој свет, кој постоеше само за мене, и слушам еден познат звук, кој не ми е јасно од каде се создаде - без разлика дали од мојата глава, или целиот свет заѕвони. Почувствував дека ја губам стабилноста, и се почна да се распаѓа и да исчезнува во пурпурен мрак. Ѕвонењето се засили, а целото тело сега ми зуеше, како стегната жица, што едвај ја допирам со своите прсти...

Дали сонувам? Погледнав наоколу, сè беше јасно и стабилно, но сепак тоа беше сон.

- Ова е сон? - плачев, а гласот одекнуваше далеку како ехо.

- Јас спијам и не спијам! – дали го реков тоа или само помислив на тоа?

Веќе следниот миг се разбудив, тоа беше тивко, и бев жедна. Сакав да ја подадам раката кон шишето со вода, но не можев да го направам тоа – раката ми беше потечена. Се уплашив, мислејќи дека се разболив, сакав да го повикам Шафи, но мојата уста не се отвараше, се чини како да ја немав - без јазик, без усни, без заби. И тогаш сфатив дека се уште спијам, и веднаш се најдов во некој друг сон. Готска црква со високи тавани и шарени обоени прозорци, шуштеше и се нишаше од гласот на проповедникот со очи, кои гореа од страст. Влажно од екстатичното задоволство, телото трепереше во ритамот на гласот кој беше громогласен, и секое движење создаваше бран на воодушевување. Шамбала! Шамбала! - Заѕвонуваше во морето на звуци, катарзично заколнување.

- Шамбала! - вриснав, седнувајќи на креветот, инспирирана од фактот дека го отворив патот напред.

Ми беа потребни неколку минути за ресетирање на опсесијата и да дојдам при себе. Одлично... вака јас наскоро ќе одам во потрага на Атлантида... Остатоците од сонот се урнаа, како прашина, и сфатив дека тоа е само сон.

Шамбала – тоа е мит... Сепак, некаде читав дека Рерих го нашол својот пат во овој мит. Рерих, Рерих... Рерих живеел во долината Кулу!

Брзо се облеков и отидов во градот да купам "Lonely Planet". Дени кажа дека во центарот на градот има неколку добри книжарници, и јас навистина лесно најдов една од нив.

Заѕвони ѕвончето, поставено на тешката стаклена врата која ја отворив, за да влезам во ова царство на книги. Тука беше малку темно, ладно, и некако величествено мирно - еден сосем поинаков свет, кој не личи на оној хаос, кој се гледаше од прекриените прозорци со дрвени капаци. Позади малата дрвена врата, скриена меѓу високите полици, некој дојде и љубезно ме поздрави.

- Рам?!

- Добар ден, госпоѓо!

- Дали работите во оваа книжарница?

- И во книжарницава исто така. Оваа книжарница е на брат ми и јас го заменувам тука често.

- Во ред. Тогаш помогни ми да најдам упатство. Планирам да одам во Кулу, знаеш ли нешто за ова место?

- Се разбира дека знам. Тоа е многу убаво место. Таму живеел Риши, па дури и Кришна.

- Тоа е супер... а, каква е ситуацијата со сместувањето?

- Постојат голем број на хотели и многу марихуана.

- Марихуаната не ме интересира.

- Тоа е чудно да се чуе од еден странец, тука сите пушат. И сите одат во Кулу, бидејќи има одлична марихуана која расте по улиците.

- Значи, таму има хотели?

- О да, многу. Можете да прочитате повеќе за тоа во овој водич. Еве - тој ми даде една дебела книга - ќе ви ја продадам за само 10 долари. Таа, сепак, не е нова, но за новите не можам да направам попуст.

- Во ред, ќе ја земам, можеби уште нешто друго...

- За што сте заинтересирани? Јога, медицина, астрологија, шаманизам, психологија, филозофија, антички текстови, Кастанеда?

- Дали сте го читале Кастанеда?

- Не, ама многу слушнав за него од странци.

- Зошто не го прочиташ? Не те интересира?

- Јас, госпоѓо, само го читам Бхагавад-Гита, бидејќи му се поклонувам на Кришна.

- Ах, се разбира...

Изборот на книги беше навистина неверојатен – никакви ефтини романи, детективи, весници. Сите полици од подот до таванот беа претрупани со книги за езотеријата, претежно на англиски јазик. Немав многу време за да ги разгледувам книгите, затоа од блескавите бои на кориците, кои ми паѓаа во очи, го бирав она, што ми беше познато - неколку тома на Кастанеда во една книга и биографијата на Рамакришна со слики.

- Дали можам денес да одам во Кулу?

- Да, госпоѓо. Ќе ве нацртам, како да ја најдете автобуската станица. Автобусите за Кулу одат три пати на ден. Можеби сега не постои директен автобус, но потоа ќе направите конекција во Џаму, не е тешко. Од таму, постојат директни автобуси до Кулу.

- Колку долго ќе трае возењето?

- Околу дваесет часа.

- О, само не толку! – Уште ми се живи спомените од триесет часа на патот до Кашмир, што телото ми е напнато.

- Кашмир е далеку од целиот свет:) Нема да зажалите, ако појдете во Кулу, тоа е многу древно и мистериозно место. И таму е многу, многу убаво.

- Рам, дали ти тоа го работиш за Кришна ?:))) – тој толку ме намамуваше да појдам во Кулу, како што обично ги намамуваат туристите во продавници, од кои заработуваат процент.

- Во извесна смисла, госпоѓо:)

- Па добро, ако се потребни дваесет часа, нека бидат дваесет часа!

 



<< back forward>>