« Maja »

Том 1: « Форс-минор »

Глава 12


... Цела ноќ поминав во болна состојба на граница помеѓу јаве и сон - многу ми се спиеше, катастрофално бев заморена, но да заспијам не ми успеваше. Телото ме болеше како кога имам грип, главата ме болеше, дури и по пиењето на моќни лекови против главоболка. Во стомакот неколку пати имав мали грчеви и панично помисив дека можам да добијам дијареа, а потоа треба да излагам од шаторот на студот и мракот, и да ми замрзнува газето, кое толку сакаше да биде во топло!

Утрото дојде брзо, сонцето брзо го загреа воздухот, излегов надвор од шаторот, но немав никакво олеснување – мразот и продорниот ветер му отстапија место на сонцето, дишењето стануваше потешко, се чувствував како на жешка тава.

Никогаш пред тоа не ми било толку тешко да се извлечам од вреќата за спиење и да излезам од шаторот. Целосно заборавив дека треба да носам заштитни очила и да се намачкам со крем, но штом излегов надвор, заслепувачкото сонце веднаш ме потсети на тоа.

- Ете, вчера се чувствуваше навредена дека ти се обраќам како на дете, - промрморе Олег.

-? Па јас тоа не го реков... или го реков?

- Што е разликата, и после сè тоа беше?

Бев сигурна дека не го реков тоа, иако по толку исцрпувачка ноќ, веќе во ништо не можев да бидам сигурна. Не сакав да размислувам за тоа - спомените, како и сè друго, не ми одеа од рака, но стравот кон претстојните качувања со Олег само се зголемуваше.

Снежните полиња ги рефлектираа сончевите зраци како огромна леќа, собирајќи ја топлината во единствен фокус. Едноставно неверојатно - неподнослива топлина, но снегот не се топи, можеби во ова има некој вид на образложение. Во воздухот – нема ниту едно движење, замрзната снежно-ледената фурна, во која што мислам дека најверојатно ќе се задушам. Влегов во шаторот и веднаш излегов надвор – внатре беше вистинска сауна.

- Господе, како е можно тоа - на таква височина помеѓу мраз и снег – таква сауна!

- Под сенките ќе биде добро - се слушна еден глас од шаторот. - Сега ќе го отвориме шаторот и сè ќе биде во ред.

Од горниот дел на шаторот момците направија нешто слично на чадор, со зацврстување на едниот крај од шаторот, а другиот – со помош на мразокршачот го заглавија во снегот. Во сенката навистина се покажа изненадувачки ладна. Пружајќи ја раката на сонце, па напод сенка, гледав како се променува температурата на раката.

- Да тука е така, - Андреј спремаше да јадеме, но воопшто немав желба да јадам - таква разлика на температурата под сенка и на сонце додава проблем при одењето во областа на пукнатините, бидејќи на сонце може да биде и до плус 80, а во сенка кај пукнатините, кога ќе одиш долу во нив за да се преселиш на другиот крај и до минус 10, па ако одиш гол по топлината, а потоа влезеш неколку минути во сенка, можеш да фатиш настинка, дури и бронхитис на голема надморска височина... тоа е голем проблем. Не сакам да зборувам за прилично банални ситуации, како што е пад во длабока пукнатина во ледник - иако нема да паднеш длабоко - добро можеби, половина метар, метар, бидејќи одиш во тандем, а освен тоа може да те задржи и снегот, со кој често с напунети пукнатините - но сеуште можеш да фатиш сериозна прелада за оние две или три минути, додека не те повлечат.

- Да, бронхитисот, не е пријатна работа...

Андреј се насмеа напнато.

- Таму доле бронхитисот е - непријатност, но тука - голем проблем и сериозна опасност по живот. Од моментот на разболување до почетокот на смртта имаш ден, два. А кашлица, како што гледаш, имаат скоро сите, па сега обиди се да ја утврдиш - дали веќе си добила бронхитис, или е само кашлица. Ако е бронхитис - веднаш треба да ја намалиш висината, што значи, како што знаеш, ги пореметуваш нашите планови, а ако тоа е обична кашлица - може да се оди и понатаму, но цената на ризикувањето е многу висока.

Кога ја виде мојата загриженост на лицето, тој се насмеа.

- Не плаши се, за таква ниска надморска височина - до 5.000 метри - тоа не е толку опасно, но сеуште можеш да се преладиш на таква температура, затоа мораш да бидеш облечена дури и на оваа температура.

Генерално, искачувањето го замислував малку поинаку. Ги замислував луѓето, решени да доживуваат радост поради качувањето, во совладувањето на овие врвови, но всушност... всушност бев тотално незаинтересирана, воопшто ништо не сакав, седев на покривка на снегот и не можев дури и да се движам – било кое движење ми беше тешко. Од огромните темни очила, светот наоколу ми се чинеше тмурен, а беше невозможно да ги отстранам – снегот веднаш ќе ме заслепи, и за неколку минути би можела веднаш да ослепам. Кога немаше ветер очилата за сонце постојано се замаглуваа и морав да ги бришам со рацете. На лицето имав маска од ткаенина, инаку целосно би изгорело, ќе се појавеа меурчиња, па се чувствував во таа облека, како во фурна... и воопшто се чувствував мошне грдо.

Одлучив да го пропуштам појадокот – не можев ништо да ставам во уста, освен можеби пилешка супа... што тоа подготвија момците... ооо... какви гадости... кафе... конзервирана риба...

- Да, ете таква е планинската болест – ме поттапка по рамото, Андреј – ништо не сакаш, стануваш пребирлива за храна, но ништо друго не ти преостанува – освен дека мораш да јадеш на сила, инаку нема да можеш да одиш. Стави го тој оброк во себе, напи се вода, дури и ако ти е мачно од тоа. Ох ти браво, не плачеш, не се жалиш. И запомни - ако продолжиш така да седиш - ќе ти станува се полошо и полошо.

- Се сеќавам... А што да правам?!

- Било што. Барем преместувај го ранецот од едно место до друго. Подобро е, се разбира, да направиш нешто корисно, а најдобро е да одиш нагоре и надолу.

- О! Да одам! Ме зезаш, јас едвај можам да станам...

- Ќе мораш да ми веруваш. Колку повеќе ќе правиш барем нешто, толку подобро ќе се чувствуваш. Никој тука не може да ти помогне - или ти самата ќе ја надминеш својата болест, или таа ќе надвладее со тебе. Застани и започни да го пакуваш својот ранец. А за неколку дена ќе дојде до аклиматизација, ќе се чувствуваш подобро.

Собирајќи го ранецот, потајно го гледав Олег - тој беше налутен и дури не ни погледнуваше на нас. Повторно пројавив сомнежи за неговата адекватност и повторно проблем - како да зборувам за тоа со Андреј, а да Олег не се посомнева ништо. Се свртев кон Андреј и со очите му покажав дека сакам да разговарам со него на само. Тој беше изненаден и сакаше за нешто да ме праша, но јас веднаш ги ставив прстите на неговите усни, покажувајќи му да ќути. Не можејќи да разбирам, тој молчејќи го зема чеканот за мраз.

- Ајде да го погледнеме денешниот снег. - Андреј ми го фрли крајот од јажето и почна да се упатува нагоре.

Ми се чинеше дека Олег уште повеќе се налути, и изгледаше како да го забележува тоа, како да ја приметува својата нервоза, но не може да најде објаснување. ... Или е тоа само поради моите очила, па лицето му беше сино-зелено, и дека јас станав многу сомнителна поради заморот, брановите на вртоглавица и вознемиреност? Било како било, јас сепак сакав да разговарам со Андреј, да му кажам за своите стравови.

- Дали си сигурен дека Олег ментално е здрав? Вчера, кога ти спиеше, тој зборуваше за неговите патувања, а во одредени ситуации го доживував него како вистински лудак. Не мислиш ли дека тој не е присебен?

Лицето на Андреј се искриви.

- Какви глупости зборуваш? Не, јас ништо не забележувам. Што не е во ред со тебе? Гласот ти е нервозен, неисполнет. Сето ова ти се причинува, јас го знам Олег, тој е поразумен од било кои други.

- Ти го знаеш од порано! Само да го слушнеше што зборуваше вчера, и што е најважно - КАКО тој тоа го зборуваше. Андреј, ми е страв да одам со таков човек понатаму. Јас би очекувала од него било што.

- Маја, слушај ме, тоа е само планинска болест кај тебе. Уморна си, не си наспана, ти сега се гледаш мрачно, а не реално. Мораш да се смириш, во спротивно ќе биде опасно да се продолжи со тебе понатаму.

- Со мене? - одеднаш бев обземена со бес.

- Па, ете гледаш колку лошо реагираш...

- Да, навистина лошо – се чувствував засрамена од своите емоции. - Но, вчера се чувствував добро, а сепак видов во него лудак.

- Вчера веќе ти почнуваше планинската болест, таа секогаш се добива навечер, па ајде да престанеме да зборуваме за ова, толку повеќе што е време заедно да одиме нагоре. Наскоро снегот ќе омекне и патот ќе биде тежок. Кога ќе биде полесно да се качуваме, ќе легнуваме во 7-8 часот навечер и ќе стануваме во три часот наутро и ќе одиме нагоре и ќе се движиме - така е полесно. Снегот ќе стврдне, ќе фати мраз, ќе се формира солидна кора и ќе можеме лесно да се движиме со ранец, а да не се плашиш дали ќе пропаднеш.

- Дали тој снежен слој може да биде толку силен, што ќе те издржи со ранец?

- Па... мене можеби и не, но тебе сигурно. Во секој случај, може да се отстрани ранецот и да се влече со јаже по снегот. На оваа височина да се прави патека, тонејќи во снегот на секој чекор до... само да кажам, тоа е вистинско мачење.

Замислив како ние одиме напред, влечејќи ги на јаже дебелите, тешки ранци, па се насмеав -вистинска слика од ментална болница...

Се вративме во шаторот. Капата и големите очила за сонце речиси целосно го криеја човекот, кој толку многу ме плаши, па почувствував очај поради тоа што ја изгубив поддршката од Андреј, и дека ќе морам да барам сите да појдеме надоле, бидејќи патот назад не можам да го најдам сама, или ќе мора да се оди нагоре кон врвот, отруена од зголемената загриженост и планинската болест...

 



<< back forward>>