« Maja »

Том 1: « Форс-минор »

Глава 13


Вриснав, скокајќи нагоре и ги отворив очите. Уште неколку моменти непријатно исчекување обликувано од автобусот, возејќи се преку испакнатините низ бујните тропски шуми и кедровите долини на Kулу. Далеку подолу, се гледаше темно сина лента на река, кој како да стоеше. Никаде нема знаци на цивилизација, па ако не беше вревата од автобусот, тука би била апсолутна тишина, која беше прекината од неверојатно бучни штурци.

Веќе се стемнуваше. Јас престанав да го забележувам уморот од многу долгото седење во една позиција - изгледаше дека така е секогаш и дека така секогаш ќе биде, а понекогаш ќе се занесев во полу-сон, а понекогаш и во половично свесна состојба, што бев премногу мрзлива да излезам од автобусот, дури и за време на половина час застој. Моето седиште е малку искривено, потпората е фиксирана со жица во истата положба – и тоа се смета за удобен автобус... а какви се "Local Bus"... се плашам и да ги опишам. Прозорецот не се затвораше до крај, па со секој изминат час стануваше постудено и постудено... по ѓаволите... топлата јакна ми беше оставена во ранецот, длабоко поставена во багажникот... тоа проклето парче железо, кое е лошо поставено под седиштето... веќе цел грб ме боли од него... кога повторно би паднала во полусвесна состојба... па така ми е малку потопло...

Уште еднаш, нешто ме извади од вирот на визуелни слики, звуци и мисли, кои како ми се чинеше требаше да ме доведат до значајни откритија.

- Нагар, госпоѓо!

Како преплашен месечар излегов надвор, го ставив ранецот и стоев на средината на автопатот, кој исчезнуваше во мракот. Автобусот исплука бран грди црни испарувања (тие наскоро ќе ги засерат цели Хималаи), и побегна во ноќта, оставајќи ме на патот под јасно ѕвездено небо, раширено како купола над црните планински бранови. Од мракот, се појави црно умно лице, кое точно знаеше каде одам јас.

- Дали одите во Нагар, госпоѓо?

- Што значи "во Нагар?" А што е ова??

- Тоа сеуште не е Нагар – од тука имаме уште десет минути да одиме со автомобил по тој пат – мавташе со раката некаде во темнината.

- Колку?

- Само сто рупии.

Малото миникомбе личеше како новогодишна елка – целиот беше украсен со светкави обоени светла, а од внатре се слушаше примитивна мелодија, слична на некоја Божиќна песна.

- Дали сте од Русија?

- Како погоди?

- Во Нагар често доаѓаат руси.

- Ах, јас пак мислев дека нешто слично ми пишува на лицето.

- Напишано на лицето?

- Па, така тоа се кажува кај нас.

- Ах, се разбира...

- Дали мислите дека е можно да се изнајми добра соба? Сега е речиси 9 часот навечер.

- Можете да, тоа не е проблем. Сега нема многу туристи, така да нема проблеми.

Зошто го почнав овој глупав разговор? Веројатно сосема отупавев од седењето во автобусот... Ионака веќе се прочитав во водичот, и не постои причина да бидам загрижена дека нема доволно соби на располагање. Загриженост – таква зараза... поминува низ секаква пукнатина... и ете сега плаќам за тоа непотребно глупо поставено прашање, сега имам еден тон на исто така глупави прашања, кои такси возачите, поминувачите и многу други, сакаат да ги поставуваат:) Не постои желба да го продолжам разговорот, но при помислата дека можам да останам без комуникација, предизвикува нејасен вид на реакција, се појавува необично чувство. Штом замислам дека сега ќе замолчам, веднаш ми се појавува сликата на непријатна тишина... а, зошто се грижам за тоа, всушност, таа тишина да биде напната? Седам во темен автомобил, па дури и таксистот не може да се види, така што за каква напнатост можам да зборувам? Која е разликата зошто молчиме - затоа што не започнувавме разговор, или затоа што јас го запрев? Повторно се појавува загриженост... колку би било добро да ја отстранам... – го замислив Дени, како ми зборува за Лобсанг. Но, токму тука, во автомобилот, во текот на ноќта, на патот кон Нагар... зареем тоа не е најдоброто место за да се обидам да ја совладам оваа наука... а што, всушност, не е најдобро место? А што е подобро место? Како би можело да знам, кое место е подобро, а кое не? Веројатно би требало да се обидам да ја отстранам загриженоста без обзир на се... не да ја потиснам, туку токму, да ја отстранам, бидејќи разликата е јасна: да се потисне – значи да се почне да се преправа дека не ја доживуваш, да се лажеш, а да се отстрани - значи да се прекине доживувањето... да почне да се доживува нешто сосема друго - нежност, радост... да се прекине доживувањето... да се почне доживување... како да почнам? Кон кого јас тука да чувствувам нежност?

Тек на мисли - како бразда од трактор - сега ќе му кажам "не ми се допаѓа да зборувам за себе, јас обично не сакам да зборувам", а тој природно ќе биде навреден, иако тоа нема да го покаже, природно ќе се појави повторно причина за зголемена загриженост... ќе се појави причина... еве замислувам - како го правам тоа, и точно - се зголемува загриженост... но зошто? Што, всушност, подразбирам под "причина" за загриженост? Да речеме дека таксистот ќе биде поагресивен (добро, во Индија тој вид на претпоставка не е многу веројатен), да замислиме дека ќе ме донесе на погрешно место (само затоа што го одбив во комуникацијата?... не...) не, тоа не е тоа, размислувам за глупости. Ако, како резултат на моите постапки може да предизвикам некои проблеми, тоа е само основа за да размислувам на својата постапка, но каде има причина за загриженост? Или - сум загрижена дека силата на мојата желба, ќе ја надмине силата против нејзината реализација и дека јас ќе добијам несакани последици, па ако ги добијам - тогаш од што треба да се грижам? Ќе морам да го решам проблемот, а да не се грижам... не, тоа повторно не е така.

Мислите скокаат, како што нашиот минибус скока по испакнатините, кои се движат некаде помеѓу надвиснатите камења и грмушки. И одеднаш, како гром од ведро небо – по ѓаволите, за сето ова време, додека јас размислував како филозоф, сосема заборавив на таксистот и тој веќе одамна сфатил дека сум запрела да го слушам и замолкнал. Значи вака - тука се чини дека има нешто за кое можам да се држам - само да не паднам повторно во глупост, да не ја изгубам таа искра на јасност. Уште еднаш - сето тоа време додека таксистот зборуваше со мене, јас и понатаму молчев и не посветував внимание на неговите зборови. Во овој случај, можев да чувствувам загриженост. Можев. Имав причина за тоа. Од друга страна јас не ја доживував, но само затоа што ми го одвлекуваа вниманието своите мисли. Суштината... сега ќе ја разберам суштината... уште еднаш – можев да доживувам... да - не само што "можев" да доживувам загриженост, но исто така ИМАВ И ПРИЧИНА ЗА ТОА, а сепак - не доживував. Значи – дека е лага се во врска за "причините". Причините се врзуваат за загриженоста и не утврдуваат некоја закономерност, неизбежноста на нејзините манифестации... Па што - дека постои нешто во тоа... побрзо сега во кревет... со Дени... да разговарам со него за можностите и причините... причини... да го земам цел... цврсто да го стиснам... целиот да потече, да се згрчи, да ја исполни целата уста...

- Тука сме, госпоѓо!

Се раздрмав. Тоа е, по ѓаволите... каде ли воопшто отидов... не, во оваа состојба, јас немам ништо на ум, треба да спијам.

Пристигнавме, значи. Добро. Го извлекувам ранецот. Не, не, не го допирај, сама, сама ќе... задржи ги своите сто рупии... среќен е... значи тоа вреди педесет или дури и триесет... јас продолжувам да мислам - не смеам да ја изгубам јасноста - потребно е да ја донесам до нешто очигледно, транспарентно јасно. Патем, јас и не бев загрижена, кога размислував за нешто свое... па тоа и е суштината - не доживеав загриженост. Не ја отстранував, но не ја ни чувствував - немаше што да се отстрани, така да може да се претпостави дека...

- Добра вечер, госпоѓо. Ви треба ли соба? – се слушна прашањето на менаџерот од терасата на гостинската куќа, која блескав исто како новогодишна елка. Зарем кај нив тука, по цела година е Божиќ?

- Да, ми треба соба. - го земам ранецот и влегувам внатре. – Каде е?

- Дали ќе престојувате долго време во Нагар?

- Бев многу уморна од автобусот, па сега не можам да ти одговорам на сите прашања. Извини...

"Извини" некаде застана... дури и не ни застана, само излезе од устата, бидејќи јас немав намера да се извинувам. Очигледно, во тој момент срамот ја достигнал кулминацијата, па во еден момент ме заслепи... Се почувствував уште повеќе досадна и заморена по тоа "извини". Неопходно е да заборавам на автобусот, таксистот, на бајатата облека, да застанам под жежок туш (се надевам дека има жежок туш?) и некое време воопшто да не размислувам за ништо...

- Дали има топла вода?

- Се разбира, госпоѓо. Свртете го грејачот, и за пет минути подоцна се ќе биде спремно.

Добро, во ред... сега под туш, и на ништо нема да мислам... ќе спијам... Не, токму тоа не смее да се дозволи. Го спуштив ранецот на подот, седам на креветот, преплавена со досадна светлина, и понатаму продолжувам да размислувам. Значи. Можам да претпоставам дека "отстранувањето" на негативни емоции - значи да се биде во позиција, во која нема ништо за отстранување, то ест, во состојба каде што воопшто ги нема. Тоа и ќе биде "отстранување" – еве сега е тука, а сега ја нема. Но како да го направам ова? Јас не сум јогист, не можам да го направам тоа по нарачка, но сега се занесов со некои мисли, заборавајќи на негативните емоции. Но, да сега успеав... да... ама наредниот пат нема... како да го променам тоа? Како да го променам тоа... како да го направам она, што веќе имав можност да го направам... но сега тоа треба да се стори како "по нарачка".

Поминувајќи неколку минути во едно неплодно мелење на ова прашање, сфатив дека сега ќе заспијам, па со последен здив се соблеков, отидов под туш и легнав да спијам. Со искри кои трепереа отиде во заборав прашањето: "како да се направи тоа по своја желба", "како тоа да се направи"...

 



<< back forward>>