« Maja »

Том 1: « Форс-минор »

Глава 15


За време на одморот дуваше продорен топол ветер, облаците пловеа во различни правци и светеше планинско сонце кое ги осветлуваше планинските врвови. После не многу комплицираното пет-часовно искачување, целта на патувањето денес е постигнато. Го фрлив ранецот, и отидов на прошетка по тесниот гребен. Раџ падна на тревата и веднаш заспа. Имавме доволно време пред да поченеме да се враќаме, затоа се шетав полека од левата страна, избегнувајќи ги острите карпести испакнувања. Сакав од поблиску да ја видам клисурата од таа страна на одмаралиштето. Само што не се појави целосно видикот позади соседниот рид... не, после следниот... повеќе... ене го! Друг голем пораст на карпи - немаше каде да одам повисоко. Клисурата беше тесна, стрмна, преплавена со сончева светлина, и ја затвораше речиси вертикална на исто растојание планина. Кога гледаш во далечината, од тука од највисоката точка, се имаше чувство како да леташ, високо над кањонот, и јас им завидував на силните птици, кои можеа да лебдат по воздушните струи, речиси без да ги движат нивните крилја, а потоа со целата брзина да се нурнат надолу, веднаш да се претворат во една точка. Затоа сакав барем уште еден чекор да бидам поблиску до оваа убавина... направив чекор кон бездната, два, три... и одеднаш открив дека до доле води добро потапкана одредена патека - толку е супер што може да се види, само кога ќе пријдеш поблиску.

- Раџ!

Тој не ме слушаше, бидејќи ветерот ги носеше звуците на друга страна.

- Raaaaџ!

Нема реакција. Каде е тој? Веројатно, и понатаму лежи зад карпата, криејќи се од сонце и ветер. Морав да се вратам до нашето одмаралиште.

- Раџ, видов патека која води директно долу. Дали може да се помине таму? Што има во клисурата?

- Да, постои патека, но не можеме да одиме таму, бидејќи ќе немаме време да се вратиме пред да се стемни.

- А што има таму?

- На дното на клисурата е селото Малана, но на странците не им е дозволено таму, тоа е свето место, и таму подобро е да не одиш.

- Чудно... И што, навистина нема да ми дозволат? Што, да не стојат граничари таму?

- Нема граничари се разбира, не, но подобро е да не одиме таму, а и немаме многу време. Да се помине низ селото е можно, но само по главната патека што поминува низ средината на селото. Дури и чекор подалеку од патеката многу сериозно се казнува - во најдобар случај ќе бидеш принудена да платиш голема глоба - околу 100 долари (Колку??!!).

- А што е следно?

- Понатаму патот продолжува на десно, и уште два или три часа поминува низ клисурата покрај реката, па се до патот.

- А дали таму може да се фати такси?

- Тоа е тешко да се каже со сигурност... најверојатно да, но се уште немаме доволно време.

- А јас мислам дека имаме доволно време. Гледај, два часа надолу, три часа до почетокот на патот, добро, можеби плус минус еден час, така да можеме да фатиме такси додека сеуште е ден и да се вратиме во Нагар. Сакам да го погледнам ова село, а покрај тоа, не ми се допаѓа да одам како глупак напред и назад по истиот пат. Ајде, Раџ. Ќе доплатам за овој дополнителен дел од патот... уште двесте рупии, добро?

Раџ се колебаше, иако двестотините рупии речиси го влечеа во мојот правец. Конечно, тој се одлучи.

- Само ми вети дека во Малани ќе одиш САМО по патеката, ниту чекор надвор од неа, нема да разговараш со никого, затоа што на крајот ќеиспанам крив и јас, а не само ти. Дури и ако некој, дали дете или возрасен, те повика тебе, во никој случај не ја напуштај патеката.

- А што ќе ме повикуваат, ако тие самите знаат дека не можам да отстапувам никаде? Зошто да ме провоцираат затоа што реално тоа е превара?

- ... Па, ете така ...

- Добро, Раџ. Ајде.

Патот надолу беше убав, но напорен. Патеката беше многу стрмна надолу, така што на моменти се чинеше дека зад следната кривина, едноставно ќе исчезнеш, но секој пат, одејќи до работ ќе видиш дека патот се протега понатаму во незамисливи кривини.Од двете страни имашеголеми карпи, на патеката обраснати грмушки, меѓу кои има обраснато густи облаци на коноп. Конопот беше по целата долина на Кулу, воопшто од горе до доле, што го прави еден вид на рај за љубителите кои сакаа да пушат трава, но тука грмушките беа особено бујни. (Можеби Рерих намерно останал во Кулу:))

Речиси половина час одевме по стрмнината надолу, кога одеднаш видов низ ѕидот на цврстиот камен одвај забележлив пат. Никогаш во животот не можев да го приметам, доколку Андреј во тоа време не ме научи да ги гледам патеките во карпите - тоа е невозможно да се објасни. На пример, Андреј ми покажува на падината и вика: - гледај, таму има патека. Застануваш, погледнуваш повнимателно, минута, две - не, ништо не може да се види - како падина на ридот, прилично монотона грамада од камења, трева и грмушки. Потоа го наведнуваш погледот, трепнуваш некое време, и повторно гледаш. И некаде по десетиот пат, приметуваш - да, точно, таму има патека! Но, ти ја гледаш, но не токму со очите, не тогаш кога ќе погледнеш директно во целта. Да би приметил таков пат, мораш да гледаш на него како нешто тајно, погледнувајќи воедно и на околината, а потоа одеднаш се појавува малку повеќе светлина низ карпите. Ќе погледнеш назад на целта - не, нема ништо. Потоа повторно гледаш пак на околината - точно, гледам светла линија. Да се оди по таква патека може токму на истиот начин - откривајќи ги нејзините пресврти со периферен поглед.

- Раџ погледни, таму има патека, каде води таа?

Го прашав само за да застанам за момент да земам здив, но прашањето предизвика кај Раџ неочекуван ефект. Ми се чинеше дека тој дури и се исплаши.

- Ајде, Маја, ние имаме малку време.

- Па што си толку исплашен?

- Ништо, само не сакам да одам во планините по темнините, и јас...

- Не, Раџ, не можеш да ме измамиш. Ајде кажи ми, јас не ти давам пари поради фактот што едноставно ме носиш тука како коза, па бидејќи ти си мојот водич, ајде и работи како туристички водич, кажи ми за тоа, што ме интересира.

- Па јас и кажувам...

- Па кажи ми, само не ме лажи Раџ, ти плќам пари не за лаги и, тоа генерално воопшто не е пријателски. Истакнувањето на зборот "пријателски" помогна - индусите се осетливи на зборот "пријател", "не е чесно", и др. Колку тие се невоспитани и некултурни, исто толку се и совесни. Еднаш на пат од Делхи до Кашмир во нашиот автобус скокнаа на автобуската станица некои продавачи на нешта, и јас сакав да купам еден куп на банани. Индиските банани не се сосема слични на оние кои се продаваат кај нас - тие се мали, петнаесет сантиметри во должина, и горчлив засладен вкус. И, се разбира тие се многу евтини. Продавачот ми кажа дека цената е дваесет рупии за еден килограм. Во наши пари тоа е околу петнаесет рубли, така да јас не се двоумев, се протегнав по парите, но нешто не ми се допадна во очите на продавачот, и решив да го прашам индиецот до мене - колку чини еден куп на банани. "Осум или десет рупии, госпоѓо." Кога тој дозна дека продавачот од мене бара дваесет, тој одеднаш почна да го... клевети! Токму да го клевети, а не да му се дере, како што би очекувала. И продавачот - возрасен маж - (!) му беше срам, тој само се згрчи, и потиштено се насмевна, со молба во очите ме гледаше, се извинуваше на сите патници во автобусот, зеде десет рупии, рече пет пати благодарам, и си замина засрамен. Еве и сега индикацијата за непријателско однесување на Раџ, проработе, па тој почна да се оправдува.

- Оваа патека води кон пештерата, и изненадувачки е тоа што ја забележа... оваа пештера е необична, и таму е подобро да не се оди.

- Што, зареем и таму може да ми бараат да платам казна?

- Не, никој не ја чува, и таму може да влезе секој кој сака... но никој не сака.

- Дали има змии? Пајаци? Опасни провалии? Што има таму?

- Како да ти кажам, Маја... тоа е тешко да се објасни... само не мисли дека те лажам, јас не те лажам...

Со знак го смирив Раџ, да престане да се нервира.

- Оваа пештера се вика "Пештера на украдените животи."

- Интересно име! Дали е таму опасно?

- Таму не е толку опасно, не, сигурно е таму, но на секого му се случува нешто, и најчесто тоа е трагедија... се плашам да одам таму, но таму беше мојот постар брат, тој ми раскажа за сето она што му се случило на него, или не за се..., сега веќе не можам да знам. После тоа тој веќе не можеше да живее како порано, тој стана несреќен, многу несреќен, си отиде од овие места, и веќе многу години, ние незнаеме ништо во врска со него. Оваа пештера ги прави луѓето несреќни, и нашето семејство, исто така, страдаше.Таа го украде мојот брат.

Беше прилично топло, и сега не сакам да слушам приказни за скршени семејства, тоа нималку не ме допираше. За индусите семејството значи дури и повеќе отколку за Европјаните, многу повеќе, но да кажувате дека го изгубил животот човекот само поради фактот дека го напуштил своето семејство - тоа е премногу. Но, нешто се случува таму, штом луѓето туку така се откажуваат од се и си одат? Јас нема од што да се откажам, и така веќе ги отфрлив сите (ми се појави и исчезна ружното лице на уредникот – никако не се вклопуваше со овие убавини).

- Па, Раџ доста веќе со мистика. Јас треба да знам една работа - ако појдам таму (со овие зборови, темното лице на Раџ избледна малку), дали нема да бидам во никаква опасност? Мислам на вистинска опасност нормално, без мистицизам. Од ѓаволи и богови, јас не се плашам, ги имаме и во Русија во дефицит, па само ќе бидам среќна ако се сретнам со такво нешто.

- Не, ништо опасно нема таму. Само биди внимателна, може да се лизнеш и да добиеш голема повреда поради острите карпи.

- Тоа најмалку ме загрижува од се, јас знам добро да се искачувам. Добро, јас накратко – само ќе одам таму да погледнам. И не ме гледај така како да сум осудена на пропаст, јас навистина не верувам во духови и привиденија.

Патеката не беше премногу стрмна, се искачив на неа лесно, но да се оди надолу, како и обично, ќе биде тешко, но... добро, имам искусство во тоа. Додека се искачував, се сетив како одев со Андреј во Коктебел, а таму веднаш позади ридот на гробот на Волошин има една мала карпа, кон неа води една патека и продолжува да оди вертикално нагоре. Се искачивме до 10 метри, водевме љубов стоејќи на една мала карпа, каде што тешко можеше да застане и еден човек. Уште поголема возбуда ни даваше дека право под нас имаше триста метри долга бездна во долината. Припивајќи се до карпата зад себе, фаќајќи се за испакнатите карпи со рацете од лево и десно и прегрнувајќи го Андреј со нозете, јас се залепив на него, предавајќи се на чувствата, кои беа разлеани по широчината на телото со секое негово движење, и се апсорбираше бесконечно пространство кое се растегаше по сите страни...

Качувајќи се на дваесетина метри, најдов во карпата полица, која се протегаше во десно и во висина, која дури и по дваесетина метри ме доведе директно до пештерата. Влезот беше густо обраснат со грмушки и марихуана, а исто така можеше да се види, само кога ќе се приближиш. Внатре беше шупливо, суво, воопшто не беше страшно, па дури и доста удобно. Овде може да се одмориш под сенка, да се прочита некоја книга. Не беше многу длабока - само три метри, но има и место да се седне. Можеби, тука седел и братот на Раџ и други... и ништо посебно. Многу се страшливци, овие индуси, жими се. Над спротивниот ѕид на клисурата лебдеа птици, небото беше светло сино, седењето беше удобно и постепено ми доаѓаше дремка. Патот влијаеше на заморот. Ќе дремнам минута или две, и си одам...

Но не успеав да дремнам, и обидувајќи се да најдам комфорно држење за спиење, решив да ја завршам својата посета на пештерата. Бев малку разочарана што не видов некои привиднија, мистерии, па дури и нешто друго, почнав нежно да се спуштам. Сепак уште по карпестиот гребен, забележав дека Раџ го нема никаде на повидок – веројатно повторно легнал зад некоја карпа и спие. Да се спуштиш беше лесно, бидејќи за разлика од кримските карпи, каде што речиси секој камен "е жив", овде овие планини се прилично цврсти, а доколку си фатен за некоја испакнатина, би можел самоуверено да се држиш за него. Како намерно да ја негира мојата самодоверба, покрај самиот пат под нозете одеднаш се помрдна еден камен, ја загубив рамнотежа и паднав надолу, летав, за среќа, не повеќе од половина метар, но затоа многу болно се удрив во бутот, и победувајќи ги солзите, неколку минути седев на тревата , се додека болката не стивна.

Раџ не беше на патеката. Да ме остави мене, тој сигурно не би можел, затоа... аха, се разбира, момчето ја искористи предноста на осаменост, и некаде зад некој камен ја слави неговата физиолошка потреба.

Во тој момент, видов дека на врвот на патеката се спушта некој многу брзо. Само за неколку минути, тој ја помина оддалеченоста, која јас требаше да ја попминам за половина час, едноставно не можев да поверувам на своите очи, дека некој може по таква непријатна патека да се движи со таква брзина. Кога човекот се приближуваше, видов дека тоа е т.н. "садху", па уште тој беше и бос! По такви остри камења со неговите боси нозе! Садху - тоа се скитници монаси, сиот нивен имот - е светло портокаловата облека, во која можат да носат храна. И стап.Во Делхи, видов такви, но таму ми оставија впечаток на нормални покажувачи, кои непоколебливо бараа пари од туристите или се фотографираа со нив - исто така за пари, се разбира. Овој садху беше јасно дека не е таков. Не беше висок, неговото движење беше усогласено, точно, целата појава како да дишеше со некаква желба. Како што се приближуваше, решив да се разграничам малку на една страна, но се фатив за камен и само што не паднав од ведро небо. Садху погледна во мене и неговиот поглед ме воодушеви.Но, колку долго би можел да трае овој поглед - добро, можеби половина секунда, не повеќе, па добро, две секунди, максимално, беше испратен од внатре, не однадвор, длабок, цврст. Лицето, телото, работите ги вреднуваме по тоа како тие изгледаат, но вистинскиот, жив поглед може само да се процени по тоа што тој предизвикува кај тебе. Погледот на садху, како ѕвонењето на камбаните заѕвони во моето срце, топол бран го зафати моето тело и предизвика прилив на симпатија и нежност. Ова беше уште почудно па дури и несмасно, бидејќи тој не беше убаво момче, па од каде оваа ненадејна наклонетост кон прашливиот, стар, исушен странец? Ова секако не е еротска нежност, но со што да се спореди... снежна, како нежна снежна виулица на лизгалиштето, каде што лизгав како мала, мразот ја одразува светлината од светилките и сè се врти, дали во мене, или околу мене.

Урочена од ненадејно зголемените емоции, се загледав токму во садху, заглавена како плута на патеката меѓу две големи карпи и му го препречив патот. Можеби садху зборува на англиски јазик? Веројатноста, иако незначителна, но постои - слушнав дека во Варанаси може да се сретне садху, кои имаат завршено високо образование и да зборува течно англиски.

- Дали разбираш англиски јазик?

Садху не кажа ништо, само гледаше во мене. А сепак, на еден суптилен бран на неговите трепки, ми се чинеше дека тој ме разбира.

- Јас не сум турист, односно, јас не сум едноставен турист, јас нема да ти поставам глупави прашања, јас сум заинтересирана само за... (по ѓаволите, како да го кажам тоа...) вистината, разбираш? Ја сакам вистината, го сакам она право, го сакам она што го гледам во твоите очи.

Повторно, едвај забележителен бран на трепките. Кој ќе разбере... човек со такви информации собрани и непоколебливи фацијални изрази, како кај него, таков потег најверојатно значи нешто... изненадување? Па, што да му кажам... тој ќе си отиде, а јас сакам да разговарам со него, добро, ќе му кажам дека сум русинка - обично индусите ги отвораат своите очи и усти и радосно викаат - "аа... Русија", но тоа е глупост. Се чувствував од една страна доволно тупава, од незнаењето – што да кажам за тој да не отиде, но од друга страна, пак, во исто време доживував извонредна јасност - како некоја друга страна на свеста.

- Можеш ли да ми кажеш нешто за својата практика, за својата религија?

Тој продолжи тивко да ме гледа право во очи, но сега не со цврст ист поглед како порано, туку како да согледуваше нешто или се обидуваше да види. Во тој момент, сфатив дека моите надежи не се оправдани. Тоа беше само скитник монах, кој не само што не знае англиски, туку тој и индиски тешко зборува, и знае само некој одамна заборавен дијалект...

- Следи ги своите желби! – се слушна добар, цврст и пријателски глас. Сепак, тој зборува на англиски јазик!

Како е чудно да се слушне од скитник монах, овој совет! Очекував нешто сосема друго - предлогот за аскетички начин на животот. Изгледаше како да ги чита моите мисли:

- Да, јас сум садху, но не затоа што си бранам себеси да бидам обичен човек, не затоа што ги спречувам своите желби, туку токму поради тоа што им дозволувам да се појавуваат, и тие ме донесоа до местото каде што сум сега, и ќе ме водат до наредните. Нема ништо друго, освен желбата која би можела да те доведе некаде.

- Но, како да ги следиш СИТЕ желби, зареем едноставно нема да се претвориш во додаток на своите каприци?

- А што нарекуваш каприц? Желба, која те научила се да сметаш како нешто бесмислено? Желбите се како човечки суштества. Ако тие се долго и систематски потиснати, ќе умрат, а со нив умира и се останато во човекот, ќе остане само болно тело, болни чувства, болен ум. Луѓето себеси си забрануваат се, бранат, забрануваат... ги усмеруваат и тераат другите на нешто што тие сакаат, бараат нешто од своите деца, се разбира за себе и за нив среќа, но кој од нив имаше среќа? До среќата, луѓето можат да бидат доведени со нивната слободна волја. А кога тие се слободни, тогаш тие се радосни, тогаш тие се стекнуваат со посебна свежина, специјална моќ на неисполнети фантазии желбата да стане вистинска сила, а човекот станува вистински креатор, и тој го создава светот, и внатре и надвор - повторно, во согласност со тоа што тој сака да прави.

Јас никогаш не очекував да слушнам вакво нешто од еден монах! Јас бев одушевен од значењето на она што тој го рече и неговото изразување. Немаше театарска претстава, тоа беше ослободена, јасна волја. Додека зборуваше тој, јас дури и престанав да се држам за бедрото каде што се удрив кога паднав. Ако видов слон кој зборува, ќе бев помалку изненадена. Јас беев заробена во разговорот.

- Но што е со фактот дека многу луѓе имаат желба за уништување, за нанесување на болка, на задоволство со алчност, што да се работи со нив, исто така, овозможувајќи им да се појават?

- Дали имаш желба да предизвикаш кај некого бол или да го уништиш?

- Јас немам...

- Па, зошто така ме прашуваш?

- Прашувам за другите...

- Јас не зборувам за другите – јас сега разговарам со тебе и ги следам своите желби, токму сега, а да пред мене беше некој друг, кај мене би се појавила друга желба.

Немав што да кажам на тоа.

- Исто така, доколку човекот е многу болен и чувствува дека треба да убие, ограби, наштети, - продолжи садху - тоа значи дека кај него живеат мноштво на други огорчености, кои сите заедно и се неговите природни ограничувања. А на мене... и колку што можам да видам и на тебе – ни е мило кога сите околу нас се среќни, барајќи и наоѓајќи го сопствениот пат, сакам да им помогнам, но само кај оној кој, според мое мислење, може да доведе до вистинско ослободување.

- Јас токму така сакам да живеам.

- Ти само мислиш дека сакаш, но јас сум сигурен дека тоа не е така, инаку, ти би изгледала поинаку, би имала различни мисли за твоето движење, твоите зборови - на се. Сакаш слобода и просветување само "во принцип", но како ќе го живееш секој твој момент? Јас веројатно нема да погрешам ако кажам дека во најдобар случај само еден стоти дел од својот живот ќе потрошиш во потрага по слободата, а сето останато време ќе се одржуваш во мал, но смртоносен хаос на бесмислени мисли, бесмислени активности – вообичаено пополнување на време, впечатоци кои не носат радост или комплетност, но само посилно те врзуваат за еден континуиран вир на внатрешна тапост и спазматични напори за бегство од него. Тоа не е паметно да се вознемириш дека не можеш да ја отвориш вистината, затоа што повеќето од својот живот не си во потрага по него. Не постои компромис. Веднаш во моментов - тој го впери прстот во земјата пред себе - правиш она што го сакаш, или веднаш живееш механички, и овој момент се наоѓа или на една страна од вагата или на друга. Ако ти тоа го разбираш - не само со зборови, туку во практика, всушност, почни да се бориш за секој миг од својот живот...

Садху само ме турна и појде да си оди, кога одеднаш застана за момент и се заврте.

- Постои приказна, ќе ти ја кажам. Во едно планинско село живеел мудар човек, тој повеќе сакал да пишува за она што тој го открил за време на неговото патување на свеста, но немаше кој тоа да го прочита, она што тој го напишал. Да заработи за живот, тој рибарел и продаваат на пазарот, претворајќи го во лист од неговата книга, а никогаш не се знае - каква е судбината на тие листови, која е нивната судбина, можеби некои од нив завршиле во ѓубре, некои ќе избледнат и искинат, а некои можеби ќе паднат во рацете на некој, и зборовите напишани на него, ќе стигнат до срцето, и ќе остават свој белег таму - кој знае? И бидејќи тоа било негова желба, и затоа што неговата желба била жива и слободна, тој продолжил да го прави тоа секој ден целиот негов живот. Кога јас разговарам со тебе, јас го правам истото - ја следам мојата желба, без оглед на фактот дека можам да размислувам за твојата судбина и судбината на зборовите, кои што ги кажав. Јас не очекувам ништо - јас правам што сакам и продолжувам понатаму.

- Ти рече дека "желбата била жива и слободна." Но, како да се направи разлика...

- Постојат желби, кои кога ги доживуваш ти чувстваш радост, интерес, исчекување, чувствуваш тајност на она што те чека во иднина. А тука се и желбите, кои донесуваат олеснување.

Чекав да продолжи, но тој изгледа како да кажа се сакаше.

- Ми беше задоволство што те запознав – му реков, гледајќи го во очите. - Како многу работи да зависат од случајноста.

- Случајност? Што сакаш да кажеш со овој збор?

- Па... на случајноста и мислам:)

Садху повторно ме дупчеше со неговиот поглед и имав впечаток дека мојот одговор не беше од оние, што можеа да го поддржат неговиот интерес.

- Чекај, сега ќе ти кажам. Случајност - е кога помеѓу два феномени нема никаква врска, не постои причинско-последична врска, тоа сакам да кажам. Фактот дека сум тука во ова време - ова е само случајност, бидејќи исто така би можела да бидам некаде на друго место.

- Но, дали имаш такво доживување, како што е "нема врска" или "со таков ист успех"? На пример, сега гледам на планините и можам да ги опишам - високи, убави. Ги чувствувам своите желби, и исто така можам да ги опишам, ги разбирам своите мисли, и така натаму - сите овие доживувања се дефинитивно таму и нема да ми биде тешко да ги опишам во детали произволно. А какви се тоа доживувања "нема врска" и "со таков ист успех"? Опиши ги, ако ги имаш.

Јас бев тивка и се обидував да го сварам она што тој ми го кажа. Овој пристап ми беше добро познат, но не размислував да ја применувам како таква за толку едноставни работи.

Тој продолжи:

- Дали имаш доживување на мислата: "нема врска", но многу доживување на "нема врска" веројатно немаш. Тоа е огромна разлика.

- Да, јас навистина не гледам никаква "врска" и не гледам никаква "нема врска", можам само да претпоставам дека тоа...

- "Тоа" - кое е тоа? "Врска"? Како можеш да збориш за доживување кое го немаш? Тоа е лага, тоа е самоизмама, која е изградена на лажно размислување. Ако сакаш, зборувај за мислата за "врска", бидејќи зборот "врка" постои, но за самата "врска" не можеш ништо да кажеш - ништо! Ниту дека постои, ниту дека не постои, ниту па дури дека не знаеш - дали "тоа" постои или "неа" ја нема.

- Но, како така, почекај...

Јас внимателно сакав да го разгледам неговиот приговор, за да не изгледам глупаво повторно.

- Гледај, јас сум во можност да видам дека прво има едно нешто, а после него - уште едно, и ова се случува постојано во едни исти услови. Јас фрлам камен и го слушам звукот што удира на земјата. Зарем не можам да претпоставам дека помеѓу овие две појави постои врска?

- Можеш. Но, ова не значи дека сега поседуваш такво доживување како што е "врска". И кога не гледаш никаква шема во настаните, тоа не значи дека можеш да видиш некоја "нема врска", и затоа не можеме да кажеме ништо за нашата средба – дали е тоа случајност или не. Постои огромна разлика меѓу овие две позиции. Позиција прва – да се формираат мислења кога ќе немаш причина за тоа - така се создава лажен начин на размислување, а втората позиција – да не формираш мислење доколку немаш доволно основи за да го сториш тоа. Ако ги разгледаш сите свои ставови и верувања, ќе откриеш дека голем број не се базираат на ништо, и дека ти ги задржуваш само од навика или од желбата да се придржуваш кон мислењето на другите луѓе и така натаму.

- Гледај, јас сум заинтересирана да зборувам повеќе за тоа, ти одиш надолу, а може ли да одиме заедно и да разговараме? Па дури и вака може - јас сум сега во Нагар, како гледаш на тоа, ако јас те поканам да ме посетиш?

- Не, немам таква желба.

- Жал ми е... што сите средби се толку кратки...

- Мислам дека тоа е затоа што во моментот ти ништо не претставуваш од себе. (Како тоа!?) Не си извршила никаква работа над себе, нема да добиеш никакво искуство, а можеби и затоа немам желба да го продолжам разговорот. Ќе имаш ли следна шанса да се сретнеш со мудри луѓе - не се знае, дали тие ќе имаат желба да разговараат со тебе - зависи од тебе, во зависност од она што ќе правиш со тоа, што си слушнала... Појди во Ришикеш.

Последните зборови ги рече некако нејасно, речиси на бегање.

- Во Ришикеш? Зошто? Поради што? Кога?

Но садху толку брзо појде по патеката, како да не запираше воопшто. Да се фати чекор со него беше невозможно - веднаш би ги скршила нозете, а и моите модринки на бедрото почнував да ги чувствувам, модрицата веќе беше пројавена сета негова сино-зелена површина. Но, каде е Раџ? Ова прашање сериозно ме загрижуваше, јас гледав доле, горе и одеднаш почувствував вртоглавица и... се разбудив! Се разбудив во пештерата! Значи дека цело ова време спиев... о бе... јас скоро удрив со главата на таванот, скокнав надвор, истрчав по карпестата полица, и погледнувајќи по патеката, го видов Раџ, кој планираше да фрли уште едно камче во вис.

- Маја, да не погодив тебе случајно? Почнав да фрлам камења, затоа што не те гледав веќе пет минути.

- Колку?! Пет минути?

- Да, пет минути, така некако.

Одејќи надолу по патеката, дојдов блиску до Раџ.

- Раџ, ти цело време стоеше тука?

- Се разбира, те следев со поглед, додека можев да те гледам.

- И овде навистина никој не помина?

- Не

- И садху не го виде?

Раџ се вознемири.

- Садху? Не, никој не беше тука... Маја, дали е се во ред? Изгледаш некако чудно. Што се случило? По ѓаволите... Седнав на една карпа, се фатив за глава со рацете и се замислив. (Само не можам да верувам, дали ова беше сон? Зарем постојат ТАКВИ реални соништа... тоа е невозможно.)

- Маја, кажи ми, дали е се во ред?

- Знаеш, Раџ, сепак сега разбирам зошто пештерата е наречена "пештера на украдените животи." Ти не се сеќаваш што конкретно кажуваше твојот брат?

- Ништо конкретно, речиси глупости, веројатно му се случило нешто лошо со главата тој ден, тој зборуваше за некоја девојка, со која тој се состанал тука, се вљубил во неа, живеел со неа, тие имале деца, дом, тој бил среќен, а потоа сето тоа исчезнало, но што сето тоа значи, јас не разбрав. До тој ден не можеше да си најде жена, тој многу сакаше семејство, деца, можеби затоа и тоа му се случило...

- Мислам дека го разбирам. Пештерата го украла животот на твојот брат, бидејќи прво таа му го дала она што тој го барал, но затоа што тој се обидел тоа нешто што сакал да го направи како основа на својот живот, наместо да го бара тој живот во себе, му останале само спомените, но ништо не се променило во него, а што сега да прави со себе, со таа дупка во животот... а мене пештерата ништо не ми украде, затоа што тоа што ми го даде, не може да биде одземено, бидејќи тоа не е ниту имот, ниту семејство - тоа е она што сумм јас, дел од мене - моето разбирање, мојата желба.

Раџ гледаше исплашено.

- Маја, ајде да одиме понатаму, јас не го разбирам она што го велиш, и јас мислам дека ние не треба да остануваме тука повеќе, ајде.

Речиси со молба, тој ме повлече со рака, а и време беше да се оди, немаше што друго да правиме тука. Се наведнав да го земам ранецот, и речиси извика од досадна болка. Го допрев моето бедро – и на него имаше голема сочна модрица.

 

По еден час на континуирано спуштање по стрмната падина, почнав да се сомневам дека тоа беше добра идеја - да се пројде толку многу во еден ден. Спуштањето само се чини дека е поедноставно отколку качувањето. Додека се качуваш ти се замараат мускулите, но стапалото е на патеката нежно, гледаш каде да стапнеш, а најверојатно и не можеш да се повредиш. Но од ова проклето спуштање, ми се тресеа стапалата, колената и нозете од напор и замор. Немавме време за одмор - беше потребно да стигнеме до патот пред да падне мрак.

Одеднаш во далечината видов неколку куќи, толку органски вткаени во планините по боја и текстура, така што тие можеа и да не се забележат.

- Mалана!

Возбудлива студ ми помина по мојот рбет. Гледајќи наоколу, забележав дека грмушките на марихуана тука се особено бујни, а наскоро се појавија и селаните, машки кои ги намалуваа овие мали грмушки со српови. Не се смееја, и воопшто не покажуваа никакви емоции, тие го поздравија Раџ, а мене дури и не ме погледнаа.

- Гледај, по цела Индија постојано зјапаа во мене машки, но овде никој не ме ни погледна. Зарем не им се допаѓам, или постои некој вид на посебен однос помеѓу мажите и жените?

- Односите се посебни, тоа е сигурно... тука можеш да се ожениш и да стапиш во брак онолку пати, колку што сакаш, ако имаш само дваесет рупии, кои секој пат ги жртвуваш на боговите. Можеш да се ожениш или омажиш најмалку за една ноќ. Можеш да се разведеш исто така безброј пати. Бесплатно.

- ! А што е со моралот?

- Тука има свој морал, тука е различно од другите места. Во принцип, ова село е проколнато, тие велат дека тоа му припаѓа на демоните.

- А што значи тоа?

- Па дека е подобро да се биде подалеку од тука.

- А што може да се случи?

- Може да се случи, било што. Минатата година имаше грмотевици, па во една куќа почина сите кои беа таму. Зошто тие умреа - не се знае, имаше и деца и возрасни, вкупно 7 луѓе. Нивните тела беа фрлени од една карпа, и оттогаш во таа куќа речиси секоја вечер се слушаат различни звуци. Потоа куќата била запалена, но потоа станало уште полошо - звуците потоа биле слушани од грмушките, зад аголите, така што откако ќе се стемни не можеш да видиш никого на улица. А и да е само тоа! Има толку многу работи кои се случуваат тука...

- Можеби тие едноставно премногу пушат марихуана?

- Напротив – затоа тие и толку многу ја пушат... а јас дури и не сакам да мислам, зошто тогаш сето ова се случува, јас сум тука многу ретко, и секогаш заминувам што е можно побрзо од тука.

Влеговме во селото. Покрај патеката, поминуваше поток, и имаше двоспратни дрвени куќи со балкон без ограда, на кои седеа со прекрстени нозе, жени со строги лица и тешки погледи. Сите беа ангажирани во ист бизнис - производство на хашиш, кој потоа се продаваше низ Индија и во странство. Интензивното брусење на грмушките на марихуаната помеѓу дланките упатува кон тоа дека после некое време на кожата на рацете останува дебел слој од конопна маса. Оваа маса се отстранува од рацете и се прави од неа плоча за продажба. Локалните деца од сите возрасти се окупирани со истото - некои стојат веднаш до патот и во своите мали дланки ги тријат гранките од марихуаната, кои висат над патот, а некои истрчуваат да ве пречекаат, нудејќи различни сорти на избор на хашиш, убедувајќи ме дека тука можам да го купам по најниска цена. Го замолив Раџ да ги избрка подалеку од мене овие досадни дилери на дрога и покажав кон малиот храм во далечината селото.

- Дали е тоа храм?

- Да, но таму не може да се оди, па дури не може и да се фотографира. Заборавив да ти кажам да не допираш никакви камења. Мештаните веруваат дека во некои камења живеат духови, на кои тие им се поклонуваат, па ако го допреш тој камен, ќе имаш проблеми – ќе мораш да платиш, а можеби дури и многу пари - зависи од нивното расположение.

- А, дали можам да погледнам таков камен?

- Ако знаев, јас ќе ти покажев, но не знам.

Бев жедна, а ние штотуку минувавме покрај продавницата - полу-темен прозор во расипана дрвена барака, во која блескаа сникерс и кока-кола. Од патеката до продавницата имаше само два чекора и јас скоро ги направив, кога Раџ ме застана, фаќајќи ме за рамо. Дури и таму не смееш! Ти кажав, не ја напуштај патеката.

Дај ми пари…

Му дадов книжни пари, тој му гид аде на локалниот човек, кој стоеше подалеку, тој ги подаде низ кривиот прозорец, низ кој се подаде валкана рака со шише вода. Наскоро стигнавме до крајот на селото, а освен марихуаната и мрачните луѓе, ништо друго не видов. Еве ти ја мистериозната Малана….

 



<< back forward>>