« Maja »

Том 1: « Форс-минор »

Глава 16


... Ветрот сака да ме сруши. Да се оди понатаму е невозможно. Немам ниту сила, ниту време. Веќе шест часа се движиме на мазен, потечен мраз, за кој едвај може да ги закачиме нашите чизми. Секој чекор - е нагласен удар на чизмата во мразот. Таквото одење исцрпува, нозете треперат од стрес, заморот ми шепоти во уво "било кој погрешен потег е твоја смрт, затоа забивај ги чизмите подлабоко. Дали се закачиле, дали држат? Добро, ја префрлувам тежината на телото од една нога на друга, на следниот чекор. По неколку часа по глечерот со префрлување на јажињата и забивање на мразокршачот, сите бевме мокри, бидејќи сонцето грее на мразот, водата на тенкоит рамен слој го покрива целиот глечер, и кога си исцрпен лежиш на мразот, плашејќи се од тоа што ти следува, а потоа натопен со вода, во почеток тоа е дури и убаво, затоа што е топло, но сега под жестокиот ветер, сите алишта се претворија во ледени панцири, се движиме со последните сили. Пред два дена покрај нас скоро трчајќи помина група од седум лица - тројца од нив немаа лица – им се замрзнале. Не знам како ќе живеат понатаму, ако преживеат. Зошто не почнав да штрајкувам и да побарам да се вратиме? Впрочем, беше јасно дека на врвот има ураган, се исплашив ли од презирот на Олег? Сега е доцна да размислувам за тоа, сега треба да преживеам. Андреј брза напред како тенк, сиот со надеж дека ќе најде барем еден камен, или некои пукнатини, во кои би можел да се притисне надолу, да се скрие, да избега од тој убиствен ветер, кој ти ја вади душата. Уште една цел се покажа дека е лажна - пукнатината, која тој ја забележал, беше многу тесна, но и отворена – обидувајќи се да најде во неа затскриено место, каде што би можел да стави блокади, да ја затвори од страна на ураганот, тој за малку ќе паднеше во неа, е тој момент ќе беше сосема забавно... мислам дека дури и беше блиску до очај, и покрај тоа, што внимателно го крие тоа - паника во планините – е сигурна смрт. Немаме каде - треба да се постави шатор токму тука, повеќе нема каде да одиме, сонцето веќе заоѓа, па ако пред мракот не влеземе во шаторот - тоа е смрт, тука веќе не може да има атмосфера. Олег изгледа толку исцрпен, што се чини не разбира што правиме - неговите раце и нозе автоматски прават вообичаена работа. Аклиматизацијата на различни надморски височини работи кај секого на различен начин, и се чини дека тој сега има акутен напад на планинска болест. Решено е - застануваме токму тука - во средината на големото поле од мраз, на нагиб од 30 степени. Пад од таков нагиб - е како слободен лет. Можеби така е подобро? Ќе се одморам... Уплашено ги бркам тие мисли, но како би сакала да ги затворам очите и да се заборавам... Ги забодуваме мразокршците - оние за јаже. По можност две. Со волнениве ракавици ништо не ми излегува, каде ми се другите ракавици - не знам, ќе морам со голи раце... ми се замрзнуваат, па што, ќе ги покријам со јакната, ќе дувам во нив, и ќе ги стоплам. Мразокршачот влезе само на две третини во мразот. Доста е. Не, не е доволно. Да... доволно е, па толку сакав да сторам сè што е можно побрзо... Не, се уште не можам да се откажам, морам до крај да го забијам. Готово е – до крај. Ставам над него снег, за да утринското сонце не го раскали мразокршачот, топејќи го мразот околу него. Уште по еден мразокршач за секого од нас – тие се за бесење на ранците. Конечно го симнувам мојот ранец... ох... кабелот е премногу долг, ранецот сега виси еден метар под мене, како да го дофатам... нема врска, потоа... сега треба да направам скалила во мразот. Пробивам. Мали се, мора подлабоко. Пот ми тече од челото, а моето тело е покриено со ледена кора. Како воопшто можам да направам нешто? Поради страв од смртта? Според мое мислење, тој го нема, не ми е грижа, но гласните команди на Андреј ги правам. Олег исто така, работи тивко, но жестоко. Ми помага да ја направам првата скала. Сега можам да застанам полу-исправена, гледајќи во таа бесконечност наоколу. Ветерот поминува низ сè - јакната, водоотпорната јакна под неа, под неа пердувест елек, низ се - се чини невозможно, но за тој монструозен ветер едноставно нема пречка. На него дури можеш и да легнеш, што дури и го направив - прекрасно чувство - лежам на ветер! Ако не беев врзана за јаже, едноставно ќе ме разнесеше од планината, кога го симнав мојот ранец. Сега мора да се отпакува ранецот - ќе поставиме шатор. Го откачувам вентилот – одозгора е примусот, го земам и му го давам на Олег во раце - "го зема?" - "го земав", ги тргам раце, и го вадам горниот дел од шаторот - "го зема?" - "го земав". Секое нешто поминува од рака на рака, било која грешка - и сè лета по ѓаволите, а тоа е - смрт. Уште малку, па сонцето ќе зајде.
Секој пат кога ќе се појави желба да се откажеш од се и да го пратиш по ѓаволите, сфаќаш дека не работиш нешто како кога си дома, за да можеш сега да го одложиш или да назначиш некој друг, и не постои начин да избегаш од одговорноста за своите постапки, така што уште еднаш и повторно ќе мораш тоа незадоволство да го надминеш. Олег веќе се обидува по петти или шести пат да го стави шаторот на рамката, можеби сега ќе успее... не, пак, ветрот се превртува наопаку. Андреј го прави истото на другиот крај, исто така неуспешно. Крајно време е да се обидеме да го поставиме шаторот, работејќи на полу-вертикален леден ѕид. Сонцето конечно зајде, но ние се уште немаме ништо подготвено... без сонцето веднаш се смрзнавме, бидејќи се уште бевме влажни! Донесовме одлука - да не поставиме шатор, но тоа не е возможно, неговиот материјал е таков, што се чини дека сите тројца ќе одлетаме доле. Како само шаторот не се искина? Тоа е неверојатно. Ги закотвуваме аглите од шаторот со мразокршачи и едноставно го фрламе на мраз – ќе влеземе внатре како во голема торба. Зацврстуваме уште неколку мразокршачи во предниот дел на шаторот, да ги фатиме со јаже - сега може да се спуштиме внатре и да висиме на своите јажиња. Јажињата ме гушат, ќе биде потребно под своите нозе, да ги обесиме ранците и на нив да се подпираме надолу, но немам сила за тоа. А Андреј и Олег, изгледа сеуште ја имаат! Јас повеќе не можам ништо да направам - висам во полу-делириум, момците нешто прават постојано, но мене не ми е грижа. Ја чувствувам под нозете потпората - аха, значи сепак го закачив ранецот под нозете, можам да се потпрам на него и веќе не ме стегаат толку мускулите. Ќе умреме во секој случај. Да се направи примус е невозможно, како ќе пиеме? Дехидратацијата – е сигурна смрт. Ние не можеме да ја преживееме оваа ноќ без вода - ќе умреме од жед, јас сум жедна, ништо не сакам повеќе - само да пијам, инаку ќе станам и ќе скокнам долу, не можам повеќе... вода... колку вода, цело езеро, се наведнувам и се прскам со вода - каква среќа - колку вода! Ова е глупост, глупости... се тресам, будам од дремката, момците прават нешто, се чини, некој излезе, зема снег од пукнатината и донесе внатре, веќе е комплетен мрак, се може да се најде само на допир, батериите во светилката на ладно веднаш се трошат, може да се свети само со лампа, кој работи од вградено динамо во форма на рачен проширувач. Го топиме снегот во чаши на нашите стомаци, постепено се добива вода, голтка по голтка. Уште еден час помина... или два...? успеав малку да ја задоволам својата жед. Го затвораме влезот во шаторот, но дупката сеуште е голема - 20-30 сантиметри во дијаметар – низ овој отвор поминуваат јажињата на кои секој од нас е обесен. Ветер со ненормална силина пробива внатре, го стегнуваме отворот, не... отворот уште е премногу голем, а снегот – мали снегулки, но колку од нив... дали ќе издржиме до зори... Два часа подоцна, целиот шатор беше преполн внатре со снег - целосно! Лежиме, завиткани
во снежен нанос. Околните слоеви од снег се топеа малку од топлината на телото и се претвора во мраз. Леден ковчег... го туркаме снегот на страна, тој кондензира, а снегулките повторно и повторно паѓаат, и на крајот ние сме затрупани - не можеме да се движиме никаде, дури и едвај се движиме – доро е барем што е топло – снегот не штити од мразот. Немаме време - постои само континуиран делириум, вечен, како што се вечни тие планини, не знам - каде е реалноста, не знам - каде сум јас.

Утро... ова е првото или второто утро? И дали тоа е утро? Изгледа дека е утро поради времето, но сеуште е темно - ураганот е со несмалено темпо, па дури и се интензивира. Не ми е јасно како и кога Андреј и Олег излегле од шаторот и го скршиле ѕидот од мраз, да ги ослободат ранците и да ги извадат замрзнатите како камен колбаси и сирење, но некако во мојата уста сега има храна и морав полека да ја растворам, нема вкус, нема ништо , се фокусирам на тоа да не ми падне чашата со снег, која повторно ја топлам со својата топлина. Слично на тоа, утрото веќе беше, сега е ден или вечер? Сега треба да преживеам до следното утро - имаме шанса... Бисквити - во мојата уста имам бисквит, го гризам – како во мрак и лебдејќи успеале да ја извадат кесата со бисквити под нозете? Каков вкус... во бестрага, не ми е до вкусот, но колку е одвратен... што е тоа? Боже мој, па тоа е бензин! Тие се обиделе да го извадат шишето со бензин и керозин, за да го растворат и истуриле бензин врз бисквитите, ние ги јадеме? Да, тие исто така премногу доцна разбраа за ова - како ми е мака... сега ќе повратам... дајте да јадеме нешто друго... колку е важно да бидеме во можност да направиме примус - тогаш ќе има и вода, а потоа моите усни веќе нема да личат на подуени чевли, а кашлицата ќе престане да го кине моето грло... одеднаш остра болка во моето срце, повторно, повторно - што е тоа? Можеби – отруеност од бензинот? Дали сега е вечер или ноќ? Утро? Друго утро. Ништо не се менува, сè е исто. Не сакам да живеам, сакам да умрам. Дозволете ми да умрам. Телото беше суво, немав вода ниту за солзи. Колку е добро таму долу! Колку среќна бев таму! Многу вода, зелена трева, леб, компири, јогурт, јајца... секс... па јас некогаш имав сексуални односи, зареем повеќе никогаш нема да имам!... никогаш никој да ме има во прегратка, нема да лежам во топол кревет, нема да доживеам страст и нежност... морам се да откажам и да си појдам надолу! Ние сеуште сме во можност, доколку се откажеме и веднаш почнеме да се спуштаме. Барем во било каква состојба, но ќе стигнеме – без рака, без нога, без лице, но ќе останеме живи, сеуште можеме да се обидеме! Јас станувам, излегувам од шаторот, поаѓам надолу - толку лесно одам, ќе можам да стигнам. А... ова е делириум, делириум... блесоците на чиста свест се поретки, покуси, сега скоро цело време го минувам во делириум, но тоа е прекрасно, доживувам изненадувачки суптилни искуства - на блаженство, среќа, радост, восхит поради животот. Колку долго сме тука? Три дена? Три дена!... Наскоро ќе дојде третиот ден, и ако ништо не се промени, ќе умреме. Нема емоции, нема мисли - кристално блаженство, кажува со тонови на непристрасен глас - денес ќе умреш, наскоро ќе бидеш ослободена од сите страдања.

Утро... сончево и јасно, ни ветер, излегуваме, се бориме за сонцето, ставаме примус, пилешка супа... тоа е среќа, тоа е самиот бог – пилешка супа. Н сум мочала три дена, а сега телото повторно ми се враќа во живот, немам сили да се тргнам настрана, мочкам тука со задоволство, кое не можам да го опишам. Ги собираме ранците, полни сме со сила, ние мора да одиме надолу, едвај сме живи, сега мораме само да се спуштиме до зелените ливади и кристалните реки, да лежам, да се сончам, да гледам во небото, да јадам, да пијам. Сакам супа од коприви, сакам варени јајца, сакам мирисни пржени компири... Олег се спушта долу прв, јас сум во средина, а Андреј е последен. Како е пријатно сончево. Крик. Кој вика? Каде е Олег?! Брзо оддалечувачка точка надолу – лежерно движење на ледот - а потоа молк... неверојатно - ррраз, одеднаш за секунда планината проголта човек... не ми е јасно како ова може да биде... толку преживеавме, па... како вака може да биде... кога се приближивме до ранецот на Олег , можевме да видиме дупка во ледот - се е јасно, тој побрзал, а не го зацврстил мразокршачот, горното парче лед отпаднало во вид на тенка леќа, а под него - имало лабав мраз, кој не го задржал на половина закачениот мраз окршач. Дали во планините постои комплицирана смрт? Едноставна грешка, едноставна смрт, тој повеќе не постои, не можам да разберам. Како во сон, ги вадиме сите негови работи од ранецот, од него го земаме само она што е корисно за нас на патот надолу, а останатото го фрламе доле. Нема зборови, нема мисли, но рацете си ја вршат својата работа - треба да бидеме во состојба да преживееме, мора да се спуштиме, да ја поминеме зоната на пукнатините, има многу борба пред нас, и сега немаме право на грешка - ако еден падне низ пукнатината, другиот веќе нема да може сам да го повлече. Што таму блесна? Нотес? Дневникот на Олег! Јас ќе го земам со себе. Андреј ме брза, ние се спуштаме.

 



<< back forward>>