« Maja »

Том 1: « Форс-минор »

Глава 17


Кога сонцето штотуку се појави зад врвовите, тие планини што се спротивставени кон него од западната страна, кои се нагласени некако остро, светло, а оние планини,кои стојат на страна од сонцето, како да се потопуваат во влажна, матна магла, како да се бањаат во неа. Тоа изгледа многу убаво, но сликите се апсолутно непотребни - се добиваат едноставно матни слики... така што убавините на планините, искапени во утринската магла, ќе останат само во моите сеќавања.

Денес се разбудив со прекрасно чувство дека повторно фатив некоја искра... понекогаш кога се будам од спиење, после сонот ми останува некое чудно чувство... и ако не се мрдам, не скокам, не се движам и му дозволам да се појават појасно... ако се предадам на таа сонлива дремка... тоа чувство не е поврзан, се чини, ниту со случувањата во сонот, или со нешто од нашиот живот воопшто... тоа е чудно чувство, кој доаѓа од длабочините на сонот... се доживува со некоја трема, можеби дури и со страв... многу се разликува од се она со што морав да се соочувам во состојбата на реалноста или во реалноста на сонот... се чини како да излага од длабочините на "мене"... тоа е порака на мојата индивидуа се во текот на целиот превез на човештвото... големо, или поточно, страшно чувство... кое се гради - или подобро, искуството на ова чувство се акумулира и врши благ ефект врз мојот живот, без оглед подготвеноста или неподготвеноста. Како да го опишам ова влијание? Зошто е тоа страшно и атрактивно во исто време? Застрашувачки, бидејќи тоа претставува закана за сите кои не се во хармонија со неа, колку е појако - толку посилно чувството, толку повеќе како рамна сенка изгледа мојот вообичаен приватен живот. Тоа е атрактивно, бидејќи таму некаде е мојот начин, бидејќи пенетрацијата на директен обид на својата индивидуа, ме прави уште покорисна и повеќе ја исполнува празнината, која ме исполнува целата без остаток, кој се пролива некаде надвор од мене, бескрајно далеку... Ние сме осамени скитници во световите на поделба, така што ова лудило изгледа дека е надворешна свест на денот на било кое сеќавање за тоа што доживувам во текот на ноќта во моите соништа...

 

Се качив на кровот, кој беше преполн со саксии. Постепено почна да избледува негативниот став кон раните утрински часови и работните денови, создаван со децении од одење во градинка, училиште, факултет, работа... Ми се допаѓаше станувањето рано наутро - како во бескрајното далечно детство, кога не морав никаде да "одам". Што, по ѓаволите, најмалите години од животот, безмилосно се експлоатираат? Зошто е сето тоа потребно? Секогаш ќе има мазохисти, кои цврсто ќе тврдат "и благодарам на мама, што ме тераше, таков неразумен, да одам таму, а потоа – еве каде сум сега..." За мене тоа е како потсмев и убиство на се што е живо, и што има добро во тоа што ти сега седиш на некое добро место, ако си се претворил во дрво, дали твојот живот е совршен? Кога имав две години, се соочував со цел куп на скокотливи доживувања независно од тоа – дали лежев во кревет, седев во песокот, дали трчав по ливадата. И сега кога почна "работниот век" - градинка, музичко училиште, средно училиште, базен... сето тоа го снема, ме напушти, оставајќи ми место за вечните маки на новите тмурни утра, на кои не може да им се види крајот. И што остана во мене од сите оние безброј часови, учебници и предавања? Еве поради овој матен лист на случајни податоци, бев принудена да го изменам целиот свој живот... Кога имав пет години сакав да научам математика – едноставно така сакав - го зедов учебникот, и математиката сама излеваше од мене, бидејќи сакав ЈАС САМАТА да ја учам, ми се ДОПАЃАШЕ, без тестови и лекции. Но, кога истата таа математика почна во училиштето... мене ми се повраќаше, и јас едвај добивав тројки. Тоа е разликата меѓу "добрата едукација", што е силување под изговор на генерирање на толпата од самодоволни генијалци, и природниот, спонтан интерес, што е органски вткаен во перцепцијата на убавината, новитетите, исчекувањата и радоста од нови откритија. Па дури и самиот мотив на ова легализирано силување е невозможно глупо, бидејќи тие велат дека на тој начин децата се подготвуваат за возрасен живот... ги припремаат за смрт, а не за живот. Еден добар професионалец, самоуверено ќе го заземе своето место, тогаш кога човекот ќе доживее задоволство, кога ќе ја вложува својата душа во тоа, кога ќе ја пројави својата индивидуалност, така што ако некогаш имам дете, нема теорија дека ќе го пуштам на училиште. Ќе го прави само она што ќе му биде интересно, а јас ќе му помогнам во неговите интереси – ќе му помагам, а не присилувам.

Патем, тука, исто така, имаат интернет... ќе одам да погледнам - можеби Наташа ми напишала!

Во Нагар има два до три интернет-кабини, цените се сосема нормални за планинско место, оддалечено од цивилизацијата, долар и пол за час, така да може да се седне и да се види - што се случува во светот и во моето сандаче. Со Наташа, се запознав во автобус. Таа отиде со пријателките - во Mанали. А ја забележав, уште кога влегував во автобисот и одев кон своето место – каква кукла, симпатична, со живи очи. Помислив дека е израелка, и одеднаш слушнав руски говор. Таа седеше во редот пред мене дијагонално низ просторот, и често ја приметував дека ме гледа. Нејзините сопатници беа апсолутно непријатни девојки – една претенциозна, друга кучка, а забележав и дека лицето на Наташа добиваше глупи црти кога таа разговараше со нив. Одбивајќи ја пристојноста, прилично ладнокрвно ја откачив безобразната девојка, која ме праша некое прашање, и ја приграбив кон себе својата кукла, при што дознав дека нејзиното име е Наташа, дека веднаш и се допаднав, и дека нејзините сопатнички – се случајни познанства со кои таа долетала во Индија и со кои се здружила, бидејќи таа не знаела никого тука. Ние веднаш најдовме заедничка тема, мене ми беше добро со неа, убаво ми бше кога ќе ја допрам со рацете, рамената, ја прегрнам, кога ќе ја погледнам во очи, а и на нејзе и се допаѓа тоа премногу. Си поразговаравме неколку часа. Како и јас, и таа беше во потрага по "нешто, ниту јас не знам што" – тоа, што би го исполнило нејзиниот живот со значење, смисла, радост за пребарување, исчекување. Како и јас, таа не сакала да гние дома и на работа, оставила сè и заминала за Индија, со надеж дека нешто или некого ќе најде, или барем да се обиде да се избори за себе, далеку од секојдневната врева. Ние разменивме е-меил адреси и се согласивме дека мора да се видиме во Москва. Сигурно веќе нешто ми напишала од Mанали!... Токму така! Писмо од Наташа...

 

"Здраво, Маја! Тоа е чудо што се сретнавме! Јас не останав во Mанали - тука апсолутно нема што да се прави, и токму сега сама одам за Дарамсала, ми кажа дека таму има апсолутно прекрасни места - многу тибетски монаси, прекрасни планини... се сеќавам, ти ми кажа за Лобсанг – можеби ќе го сретнам таму:) Јас ќе ти пишам од таму, да ти кажам како е таму. Се заљубив во тебе на прв поглед...
Мајо, ти посакувам успех во твојата потрага, и пиши ми - што направи со негативните емоции, а јас ќе ти пишам од Дарамсала. Те прегрнувам, стискам, бакнувам:) Твоја Наташа ".

 

Хм, има уште неколку писма, вклучително и од родителите... Можам да замислам што тие ми напишале... Ма, точно!

 

"Маја, ние не очекувавме дека така ќе постапиш со нас. Можеби мислиш дека си доволно стара за да ги преземеш повеќето важни одлуки, но тоа што го правиш, јасно покажува дека ти се уште си дете, тешко дете, кое, спротивно на сите наши молитви и грижи, не напушти и побрза со главата напред во таа страшна - Индија. Што ли те привлекува натаму? Маја, ние сме убедени дека си влегла во секта. Зошто не го кажуваш тоа отворено? Па сето ова водеше кон тоа. Секогаш те привлекуваше нешто такво – прво кон рокерите, а потоа и на јога, а потоа кон ужасни тантри ... И секој пат си толку инспирирана од твоите нови пријатели, што секој пат оди од лошо кон полошо – што ли ќе биде овој пат? Само преку нас успеа да добиеш добро образование и да најдеш престижна работа. И што? Ти ги избриша од нас твоите нозе и побегна во Индија. Дали знаеш што се случило со твојата мајка, кога таа те викаше, а наместо тебе се јавуваше онаа курвата Јана? Како се осмелуваш да го изренташ станот на баба ти? И тоа на кого! Можеби сакаш да го продадеш? Не е изненадувачки... твоите пријатели-секташи, нема само тоа да го бараат од тебе!

Велиш дека ние не сакаме да те разбереме, секогаш велеше така... И никогаш не сакаше да слушаш, ниту да разбереш. Каде би била сега, ако не немаше нас? Надвор? Во подрумот? Во затвор? Кој знае... Досега, успеваше да поминеш по работ од бездната и да не исчезнеш во следната дупка, но сега се чини дека си влегла во сериозна неволја и не ни оставаш можност ниту да ти помогнеме. Ако барем ни ја кажеш вистината! Тоа само би било чекор кон разбирање.

Маја, мајка ти се чувствува многу лошо, знаеш колку и е лошо здравјето. Ако не се вратиш во секој момент, може да се случи нешто страшно. Со здравјето не се шегува. Ако во тебе има уште нешто човечко, врати се. Јас ќе бидам во можност да се договорам за работата, барем имам резервен план - постои слободно работно место во Британската амбасада. Маја, ние те сакаме повеќе од животот и ќе направиме сè за ти да бидеш среќна. Ќерко, врати се дома, додека не е касно. Љубени мама и тато."

 

Лизгави, упорни шепи се појавија од мрачното подземје. До сега тие беа во можност умно да манипулираат со мене на многу различни начини - прво со агресија и наредби, а ако тоа не работи, поминуваат на удар со сожалување, вина. Јас не се сеќавам на ниту една забава, која не беше отруена од вина кон родителите, особено кон мајка ми, за сè - затоа што не сум и се јавила, затоа што сум се задржала, затоа што мирисам на возрасен живот, наместо на детски сапун.

Бев многу среќна кога баба ми умре - сега можев да живеам сама, иако и тука морав да се борам за свои права, и покрај тоа што веќе имав 22 години... И повторно, овие раце сакаат да ме фатат, по било која цена да ме натераат да живеам така, како што тие сакаат и тие да бидат спокојни. Што по ѓаволите е љубов, ако тие мислат дека само ТИЕ треба да бидат спокојни? И зошто да морам да се давам со свои раце за доброто на спокојството, поради спокојство на самиот бог? Ете тоа никогаш не го разбрав. Имам своја претстава за животот, имам сопствени желби, волји, а кај моите родители смислата на животот, се чини, е да ме пореметат така, за да нивниот живот биде поудобен. И само обиди се да им кажеш дека не ти е грижа за нивната удобност и спокојство. Веднаш ќе те преплават со "праведна" омраза - ние те израснавме, ние те храневме и се слично на тоа – на сите познато уништување, што на сите им го фрлаат во лицето во секоја прилика, кога ќе немаат што да кажат за основаноста на жалбата.

Овде, во Индија, сиромашните ги прават своите деца инвалиди на многу пософистицирани методи - во раното детство им кршат нога или рака, ги сместуваат во посебна влошка, така што потоа овие екстремитети растат на различни должини и форми, или прстите им ги спојуваат или им отсекуваат нешто, или дуриод ништо прават нешто како крава на четири нозе – нешто такво никаде на друго место нема да го видиш... Но, зарем истото не го прават со психата на нивните деца, сите родители од т.н. цивилизиран Запад? Зарем не им ги ставаат истите окови од раното детство на сите нивни желби, на сите нивни помисли на креативни импулси, истражувања, аспирации? Зарем светот не се состои од морални чудовишта, чии живот се состои од комплекси, стравови и репресирани желби и негативни емоции? И сето тоа е скриено зад непробојна маска на пристојност и целосна лага. Зад овие маски не се кријат невините деца, како што не советува да мислиме психологијата – тоа е штит на чудовиште, кое за своите силувани желби и стремежи сакаат да ти прегризат врат, ако еден ден господ бог земе слободен ден и ја откаже моралната и кривичната одговорност.

Не сакам да размислувам за своите родители, не знам што да правам. Кришнамурти напишал дека вистинскиот трагач нема склоности, нема семејството, нема дом, нема татковина. Шри Рамана ги избркал своите родители кога дошле кај него да го спасат. " Рамакришна напишал дека ако не си се грижел за своето семејство, пред да се замонашиш, тогаш ти немаш срце. Дон Жуан ја испратил неговата сопруга и децата далеку и засекогаш... но не можеме целиот живот да се криеме зад авторитетите! Морам и самата да донесувам одлуки, а повеќето одлуки кои се спротивни на сите столбови на кои се основа овој хибрид од кој истекува гној - општеството.

А, еве и писмо од Макс... Веројатно нема да се отвори, го отвара повеќе од една минута. Но, не - среќа:)

 

"Го земам магнетофонот, радиотелефонот и пола дискови. Предупреди ја Јана, дека ќе и дојди по тие работи. Макс"

 

И тоа е сè што тој беше во можност да ми напише, по две години заеднички живот... зареем немал ништо повеќе да ми каже? Порано сметав дека имаме заеднички интереси и заеднички аспирации, но како можеше таков човек да ми напише, кој е близок со мене? Неговата реакција на мојот живот, јас ја оправдав со тоа што оваа ситуација не беше лесна, бидејќи и јас секогаш лошо реагирав, кога некој ќе ме откачеше – исто така сакав да возвратам на лош начин, иако во други ситуации одмаздата не е моја особина... Затоа, и покрај навредите, во моите сеќавања остана јасна слика за Макс, кој се распарчи на прашина по ова тука што го напишал. Овие реченици ги изнесоа на површина моите фантазии и митски претстави на грдата реалност - две години разговарав сама со себеси, додавајќи во овој човек нешто, што сум сакала да има, за да комуницирам со него, а тој всушност бил празно место, кое се криело зад доста симпатично детско лице...

Доста е, за денес е доволно. Врската умре целосно и бесцелно, во полу-свесна состојба зјапав во мониторот. Минатото ме газеше со штикли, а во иднината можев да видам само пет метри напред и потоа потонуваше во непробојна магла... А во сегашноста со одредени желби за тоа, што следно да правам, засега немав. Беше пладне, и морав да си најдам себеси некоја занимација. Јас дефинитивно сакав да останам во Нагар уште некое време, а потоа да го следам советот на садху и да појдам за Ришикеш.

Па, како да постапам токму сега, кога имам некои конфликтни желби? Како да ги следам, ако тоа "јас" сакам да одам да лежам под дрво, и повторно "јас" сакам да одам во Манали, и ако исто "јас" сакам да влезам во собата и да спијам? Мислев дека садху ми даде толку малку информации и дека не сакаше да ми даде можност да се сретнам со него повторно и веднаш доживеав фрустрација па дури и негативен став кон него. О! Негативни емоции! Конечно имав можност да ги набљудувам директно во времето на појавата и на тој начин да се потсетам на ноторната практика. Дури и срцето почна побрзо да ми чука – еве токму сега можам да се обидам да ги отстранам... Но, како? Мислев за садху и сфатив дека наместо симпатија која ме исполнува со аспирација, се чувствувам замрзната од негативен став. Веќе не можам адекватно да ги разгледувам своите постапки и зборови, и сега сето тоа го гледам низ призмата на тоа замрзнато отуѓување. Го гледам сето тоа, сеуште ја гледам таа призма, тој механизам, но не можам да направам ништо со тоа. Како така? Ете како всушност стојат работите навистина! Јас мислев дека секогаш имаме избор - тоа искуство, и дека - нема, но се покажува дека ова не е избор? Токму сега, тој негативен став ме фати за врат и не се пушта и покрај тоа што следната и истата "ЈАС" НЕ САКАМ, да ја доживувам. Тоа е многу реално насилство! Тоа требаше да биде "над мене"! (А дали воопшто постоеше тој садху?...)

Задишана, се качувам по високите и стрмни камени скали, низ стиснати заби од стрес и фрустрација од отворената состојба на работите. Јас сега видов јасно - негативни емоции - тоа не е"јас", тоа се проклети паразити, кои се имаат заглавено во мене, но тие не можеш да ги изгубиш со еден елегантен потег, мора да се примени нешто посериозно од желбата за нивно недоживување, кое се појавува заедно со желбата да спиеш или да се прошеташ по Манали. Се чувствував како див мустанг, кој сака да го исфрли од седлото арогантниот каубоец.

Гребејќи ја со копитите земјата, гризејќи ги амовите и брзо дишејќи од ентузијазмот кој ме исполнуваше, дојдов до собата, седнав на креветот и цврсто решив да не одам никаде - не сакав да испаднам од овој очај во вообичаен лесен живот. Поминувајќи неколку минути, се најдов себеси на мисла дека навистина сакам да одам некаде, а наскоро открив дека веќе почнав да мислам дека не постои причина да седам во собата во ваква очајна состојба, како кокошка, која неси јајца. Ова "јас" мислам, или тоа тие мислат така, да "јас" мислам? Моите мисли продолжуваа, јас ги гледав, и некој друг го гледаше гледачот "јас"... да... тоа е она што значи да се стои попречно - сè ќе почне да врие и да се тресе. Добро, ќе се пробиеме некако... Значи - што е поентата да седам во собата? Токму во кругот на сите можни ситуации се јавуваат негативните емоции, што значи дека јас повторно и повторно ќе се обидам да ги поправам. Лобсанг му кажуваше на Дени, дека тоа е многу тешка задача, дека во почетокот ништо не ти излегува, но јас сакам да го сторам тоа, сакам да се обидам, како и да чувствувам очај поради тоа што ништо не ми излегува - јас сепак го доживувам тоа како чекор напред. Сега можам да се спротиставам на негативните емоции, а всушност во тоа спротиставување постои нешто ново, што не беше таму, во тоа нешто веќе постои некоја слобода. Токму така го доживувам тоа - токму во време кога почувствував лутина и фрустрација од неможноста да го запрам доживувањето на тоа отуѓување, се чувствував како силна и прибрана личност, го видов непријателот во очи и иако ја изгубив оваа битка, сега знам што значи да се смирена и одлучна, сега знам против кого треба да се борам, и што е најважно – знам за што да се борам. Уште еднаш споредив две перцепции на садху - вчерашен и денешен. Вчера, секоја мисла за него погаѓаше како звучна стрела право во целта – свирејќи од восхит радост, а денес - дамски столпчиња, неуредно забодени во каприциозна глава - во фрустрација, во незаситеност...

Сега сакам во Манали! Немам поим што ќе правам таму... се чувствувам непријатно поради фактот дека не сум навикната да го правам тоа, затоа што секогаш бев свесна што правам и зошто, каде одам и посебно каде патувам. Ги пакувам сите потребни работи во ранец, се појавува вознемиреност... престанувам со пакувањето, се обидува да ја отстранам вознемиреноста, како пекол, но не работи, таа само се интензивира, тоа не е доволно... бран на отуѓување кон Дени - каков вид на практика е тоа, кога страдањата се зголемуваат? – Чувство на вина поради појавената загриженост. Да ти ебам, како да ги убијам овие суштества? – Се појавува големо незадоволство поради тоа што се наоѓам во таква состојба - КАКО? - Самосожалување поради фактот дека ништо не можам да сторам околу тоа. Се појавуваат се нови и нови чудовишта, како од Рогот на изобилство. Паѓам врз креветот и плачам од очај. Скршена сум, речиси уништена од мноштвото на негативни емоции, и не мможам, сакам, но НЕ МОЖАМ ништо со нив да направам, и веќе сум очајна, дури и животворноста не се јавува – само ми се плаче. Значи... најлесно е да се направи лице на страдалник... престанувам со пресврт на рацете и нозете... ја запирам хистеријата. Не можам да издржам хистерични луѓе! Го земам нотесот, запишувам сè што се случи, малку запирам пред да напишам "е гајле ми е работи, но сепак го запишувам и тоа, и во исто време остојбата се променува без напор од моја страна - што сакам да се смеам, и повторно ми се појавуваат солзи во очите, но веќе не од очај, туку поради радост. Мислам дека полудувам. А сепак, постои разлика - само засери ја ситуацијата и засрана е, но сепак нешто фиксирајте во својот дневник, како на пример,се обидував да направам нешто и потоа се случи нешто овде - или, поточно, ништо не се случи. Една мало, но сепак откритие, меѓутоа не разбирам - зошто тоа се случува, но воопшто не се грижам, главната работа е самиот факт: писмената фиксација на она што ми се случува, дури и ми носи мала победа. Супер! Сакам да го споделам со некого моето откритие. Ги бришам солзите и излегувам на улица, да фатам рикша за пат во Манали.

 



<< back forward>>