« Maja »

Том 1: « Форс-минор »

Глава 19


... Дневникот на Олег, го прочитав веќе доле, лежејќи покрај мирнио поток, што извираше од под елбрускиот глечер. Речиси сите страни беа мокри со вода - преминувајќи преку малиот планински поток, не ги пресметав добро моите можности, па потокот ме сруши, ме повлече, а Андреј ме повлече и спаси, и сега ние ќе останеме тука еден ден, додека да се исушиме. Едноставно е неверојатно, колку може да биде јак еден таков мал и слаб на изглед планински поток! Но, нешто сепак може да се прочита.

 

"Смрди, секоја секунда, во секоја мисла. Сè е толку скапано. Ова дете постојано тврди: "Па, почекај, тоа е разумно, уште месец дена издржи во Мексико на топлина и полнотија, а таму секогаш е возможно да се вратиш." Кој ѕвер! Тие месец дена се како последната тула во затворот што тој ја изградил за мене. Ја затворил секоја пукнатина, засадил цвеќиња одозгора. Копиле. Се е толку убаво и без тоа, не само јас што се лажам, туку и секое друго битие - сите кои го допреле ова срање, порано или подоцна ", кажале дека таму нешто не е во ред, дека таму не расте ниту еден цвет, дека таму не се сади ништо. нешто има во подрумот - скапано и смрдливо. и неговите раце од подрумот се шират, се шират мислите, и тој вели дека се е во ред! тоа ти се замислило. и на тебе, сопственику, ова ти се замислило, никој ништо не забележал. " а потоа мет ера да ги залепам сите овие дупки, од каде што мирисаше, мет ера да насадам нови цвеќиња на врвот.

а сам, животно, се состои од самите стравови. Да се одлучи? aaaaaaaaa, не. Да се преземат некои активности? нееее!. Се е одлично! Погледни - цвеќињата растат.

 ...

срање, не можам веќе така! тоа излегува од сите дупки, тоа патетично, мало, смрдливо, алчно, злобно, агресивно дете. секоја мисла, секоја активност го оплодува.

 ...

се што тука направив тука - е градење на затвор, сладок гроб, жив закопан. уште еден камен, уште една тула, уште еден дел од гипс, и работата е речиси завршена. но јас сум внатре! за мене тоа е за никаде! За што по ѓаволите ми се тие цвеќиња од надвор? Јас сум во гомна, целосно во гомна. Тој паѓа на каучот и почнува да плаче, потоа тој сака да спие. почнува нов ден - и сè е по старо, затвор под сонцето. се е мазно. Проклетство.

 ...

држи се до луѓето. разговарај: "гледај - има луѓе кои седат во своите куќи, а има и луѓе кои работат! значи би требало и јас така. Ти засега работи таму, а јас сум тука, во меѓувреме ќе ја довршам изградбата..."... превзема се во неговите шепи - сето она што беше силно, искрено, се зема. штом се појави импулс нешто да направам - веднаш, тоа копиле ја дофрла мислата "не постои подобар амбиент за практика, седни и не мрдај, импотентен. Значи, како и се, и со практиката -.!? Се е супер! Што ќе биде ако одиш! Што ќе биде? Па, јас ќе одам со тебе. Тоа гомно е насекаде со тебе. " по ѓаволитееее. Каква гадост

 ...

ми е страв, то ест, тој се плаши да остави се, да почне да прави нешто. никакви чувства и никакви разговори и книги за практиката нема да сменат ништо – се ќе одземат, копиле, ќе ги претстави како свои резултатите, ќе закачи огласна табла со пофалница во затворот. но ќе му ја затворам устата со активности. Се додека не го направам тоа, никогаш нема да бидам сигурен дека нешто се има сменето .. смрдеа, гниење, боца со дијареа, се шири низ пукнатините, јас ќе го убијам тоа копиле. "

 

 Господе, што е тоа!? Еве од каде толкава болка во неговите очи, ама не знам зошто не кажувал? Што друго има да се чита? Листајќи една страница по друга, се убедував дека речиси ништо друго не може да се прочита. Само на крајот уште еден дел:

 

"Се будам наутро во 7 часот, целиот свет наоколу е злобен, се разбудив повторно. како вчера не сакав да одам во кревет. ми беше страв, беше темно. соништа. тие секогаш беа некои кошмари. и еве утро. по ѓаволите. топло ми е и пријатно под ќебето. повторно истиот ден, нешто мора да се работи. Мама, седи во кујната и со фен си ја суши косата. сега ќе се извлечам. со половина очи отворении, во шорцеви и маица протрчувам низ студениот стан и стигнувам до бањата, мокрам брзо и одам во кујната, таму на столот има перница за да не биде ладно, кога ќе седнеш со полу-голо газе. Јас се наежив, на масата веќе имаше чај и палачинки. Седнувам покрај бучниот фен за коса, дува топол воздух. по ѓаволите како не сакам да се разбудам. Мама заврши со чајот и отиде да се спрема за работа. назад во кревет – тоа е еден излез. лазам, до креветот, сепак сеуште е малку топол, влегувам под ќебето, ја ставам главата под перница. Па, ќе залегнам уште половина час, па ќе ми биде полесно. заспав. по ѓаволите, дваесет минути до осум, морам да одам на училиште, во тоа омразено училиште со деца кои ме гледаат, кои ми обесуваат прекари, ми се смеат.

срањe, тие се забавуваат, но мене не ми е интересно? Сакам и на мене исто така, да ми биде како и на нив. каде е оваа скапана училишна облека. сакото - во него се во десниот џеб, гадни трошки од сув црн леб, што го носев пред една недела за ручек, надевајќи се дека некаде во близина на каналот, под некое дрво, ќе го изедам сам и во меланхолија, и, конечно, да почувствувам задоволство. не смеам да ги истресам трошките на тепих, ќе ги истресам надвор на улица. Упс, веќе е пет до осум, морам побрзам. смрдлива торба, во неа е учебникот по математика, а јас не ја направив домашната задача, сигурен сум дека ќе ме повика. трчам кон училиштето, ги гледам децата наоколу. Тие разговараат, се смеат, а мене ми е страв. еве ги овие врати, ми нанесува болка нивното чкрипење, мирисот на ходникот. минута до ѕвоното. одам во одделението, го кријам својот поглед, за да не ни се сретнат погледите со некого. Андреј, по ѓаволите повторно доцни. слушам како за него велат, се смеат. ене го, го гледам од прозорецот, како и обично доцни околу 10 минути, брза и ја носи својата актовка, се прави важен, подготвен мрзеливо да се одбрани при влегувањето. па што, тој е мој пријател, јас не планирам да го бранам, тоа е негов проблем, ѓубре смрдливо. наставничката. само да не ме повика, само да не станам пред сите и да одам пред табла

 ...

Село, јас имам 6 години. тие повторно ме доведоа во село со автомобилот, кој мириса на бензин и мене ми е мачно. тука е досадно, тука е само правлив пат, непознати деца, бабата со нејзината гадна монотона храна, која неразбирливо мрмори дека сум бил слаб, дека морам да јадам. шарик, во дворот е шарик, прилично слатко куче, со обесени уши, со долги светли влакна и завратена опашка. тој секогаш се радува кога ќе ме види, сакам да го погалам. кибрит – интересно нешто, тие толку лесно се палат, а баба само се тресе и прекорува, дека ќе ја запалам нејзината куќа. од другата страна на улицата донесоа некое момче, една или две години помлад од мене. родителите ми покажуваа, алудираа да одам и да си играм со него, да се запознаам. однесете ме таму, јас се плашам да одам во некој друг дом. момчето, колку патетично мало момче. истрчавме во дворот, копавме со стапови во песокот на патот. еве го Шарик, забавен, да си поиграм ли со него. радосен е, трча низ дворот, вртејќи со опашката. кај него на портата во дворот има мал тунел низ кој тој и кокошките поминуваат за да излезат на пат. баба постојано се обидува да го затвори отворот со некоја даска, но Шарик повторно ја откопува. портата – има такви видови на шини, да по неа можеш да се качуваш, и да гледаш надолу по патот и селото. од таму може да се види и градината на баба, таму има цреши и страшна боца закопана во земја, до која има цевка, која продолжува до бунарот покрај патот, и во неа истураат вода за наводнување. на крајот од градината има визба, под земја, со распукана врата, преку која се гледа мракот и се чувствува студената влага, мирисаат компирот и киселите краставички. за ништо на светот нема да влезам во оваа визба. таа, ѓубре, лежи директно на патот што води кон полињата зад куќата, на патот кон шумата. се плашам да одам таму. Порта, јас и тоа момче се качивме на неа, сонце, глупости, нешто морам да смислам за да го импресионирам тоа момче. доле низ дупката се протна Шарик, заглавен на половина и мрзеливо гледа на патот. би било добро да фрлам нешто на него, да го изненадам кучето. се симнав од портата, земав една тула, се качив на портата и со злобна насмевка, ја фрлам тулата на главата на Шарик. по ѓаволите, што сторив, мојот драг Шарик викна, скокна и побегна со лелекање. ѓубре, какво сумм јас ѓубре. и тоа гадно момченце го виде сето тоа. тоа е тој, копиле, тој го направи сето ова, ќе ги излажам родителите. на звуците истрчаа и баба и татко ми, јас плачам, покажувам со прстот кон момчето, како да тој е ѓубре, тоа момче. момчето почнува да плаче и се оправдува, таткото со презир и гнев гледа на нас. тие одат со баба ми да го побараат кучето, го бараат половина ден, јас се чувствувам одвратно, ми сегади, исплашен сум. страв ми е да одам и да видам како страда тоа куче. одам дури до соседното езерце, на стотина метри. Шарик, каде си, мили. тој се врати после 3 дена, плашејќи се од луѓето. се плашам да му пристапам, Шарик, жал ми е, прости ми што ти сторив?

 ...

срање, јас се плашам од сè. цел живот. Се плашам од луѓе, секој, секој еден од нив е туѓ за мене, секој може да ми наштети, да ме удри, да ме нагрди. се плашам да пишувам во овој дневник, се плашам дека некој ќе искаже симпатии кон мене, затоа што ќе се занесам во задоволство, се плашам дека ако ме презираат – тоа ќе биде толку навредливо и болно. се плашам да бидам сам, а во исто време се плашам да бидам меѓу луѓето. седам во аголот во друштвото и се преправам дека се е добро, дека ми се допаѓа сè. но јас не сум таков, ова е само маска облечена кога имав 3 години и од тогаш ниту една секунда не сум ја отстранил пред никого. никој никогаш не знае кој сум јас всушност. често ми велат - дека ме гледаат во очи и не разбираат што мислам. Јас сум горд - помага! Моето криење конечно проработе, сега ми се допаѓа сè. Сега сум комуникативен, радосен, успешен, сега можам да се шегувам како сакам, сега сум пораснал и сум посилен, и сестра ми се плаши веќе да ме тепа, а и татко ми избегнува. тоа е она, не сум повеќе дете

 ...

срање, но јас имам маска, манекен. ниту зборот, ниту мислите, ниту делата не ми се искрени, затоа што тие потоа ќе видат што има внатре, дека таму постои страв, зависност, жалост, ужасен дебел слој на самосожалување. вина, јас сакам некој да обвинам. но како така, јас, колку што можам да се сетам во детската градинка, бев такво срање, исплашено, кое се крие, кое се одмаздува? татко ми, тој е крив за сè, баба ми кажуваше како тој стално бил тивок, неговата гордост била тивка, кога неговиот помлад брат правел нешта и покажувал со прст кон него, а неговата баба го казнувала. Тој сметал дека ова е храброст. Татко ми е, јадно смрдливо суштество, кон кое со презир се однесувале и мојата мајка и сестра и јас. Мајка ми е добра, искрена, интелигентна. по ѓаволите! таа само жали за нејзиниот сопруг, живее со него од сожалување, плаче, но не го напушта, го жали. и жал ми е за неа, Ољежек, ајде да јадеш палачинки. еве ја истата болест, која влегла во мене уште во детството, и која ниту за една секунда никогаш не ме остави.

 ...

Успех, просперитет, надворешни атрибути. Да, во нив може да се избега. што да се размислува за стравот - сè имам, нема потреба да се плашам. Ќе се преправам дека од ништо не се плашам - правам, а потоа мислам, нема да размислувам за последиците. морам да бидам бестрашен. но тоа е бегство, како што секогаш и правев. Воспоставен механизам. пред тоа, кога немав каде да бегам од внатре - бегав надвор, бегав од околностите во светот има се уште толку многу што може да избега, да се најде место и луѓе кои се љубезни и културни кон мене. а сега можам никаде да не бегам - имам сè, можам да избегам во задоволство, во важност, тоа е супер начин! Колку сум паметен, што измислив таков начин за бегство, што толку добро го увежбав, едноставно кристализирав, никој не може така да ме исплаши за да не го почувствувам тлото под своите нозе. Ќе применувам сила, ќе го сузбијам тој страв, ќе помислам на нешто убаво, брзо, моментално.

вчера плачев, стенкав, врескав, па не можам да живеам така веќе. срање, и видов како добро работи овој механизам! за секунда, моќно, лесно ги отстранив врискањата, стравовите, се префрлив во мирна разумна состојба, со смирен глас велев: "па, еве го излезот, еве како да ги отстранам солзите и жалоста." но потоа веднаш ме фаќа ужасен страв, затоа што разбрав што се случи во тој момент. разбирање на роботот, бесцелен робот за адаптирање и бегство, со извртување. И јас завртував повторно и повторно, со уште поголема сила

 ...

каде да одам? без разлика што јас мислев да направам – тоа е дело на тој механизам. не се сеќавам што е радост - таа секогаш е со примеси на задоволство од фактот дека се е тивко. не знам што е нежност - тоа е само жалост. не знам што е симпатија - тоа е задоволство затоа што кон мене имаат добар став. кој ми е симпатичен? Оној што ме третира добро. само нека се обиде да ми каже нешто без врска – веднаш ми се појавува негативен став, моментално, веднаш се појавува заштитен механизам, пребарувам како повторно да се вратам во состојба на задоволство

 ...

луѓе, наоколу луѓе, јас се плашам од нив. Јас гледам во нив, и замислувам како имам меч во рака и ги сечам нив дијагонално на половина, а тие се поделуваат на две парчиња месо. Тоа е храброст, да, зарем не, еве јас сум воин, бестрашен... парче срање, го мразам мизерното суштество без можност за бегство, јас сум во целосна беда. страшно е да се гледам себеси како манијак, да сум подготвен да убивам луѓе, да ги масакрирам, не само во своите мисли, туку и во реалниот живот. Самиот немам храброст да се исечам на пола. Мислите за самоубиство ме фрлаат во пасивност, до застој, со надеж дека сето тоа ќе пројде само по себе, дека ќе дојде утрото, и се ќе биде заборавено

 ...

затвор, тоа е идеално совршен систем, кој супер работи и служи за бегство на себе си внатре, на супер-брз начин. Не сакам да живеам во него, сакам да побегнам, сакам да правам нешто, од што најмногу се плашам – ќе избегам од слатките канџи. викнав на себе, почнав да се однесувам кон некое дете во трето лице, да се приклучувам на неговите мисли и гласно да зборувам со себе, и повторно страв - страв дека ќе полудам, срање, зборувам со своето дете кое е внатре во мене! Да удрам со главата во ѕидот, да го повредам тоа ѓубре

 ...

немилосрдност, агресија насочена навнатре. план, решение – да се отфрли се, продадат работите, остави се и појди во манастир. никогаш ништо не сум сторил сам, сите работи испаднаа сами по себе, случајност, импотенција и пасивност, се успева само по себе, не сакам ништо да правам. се плашам од промени, се плашам да направам нешто сам. па тука е решението – да исфрлам се, во вистинска смисла на зборот, да оставам само ранец и сметка во банка, на која има само пари кои се доволни за една лоша година на живеење. одлучив да видам што ќе се случи следното утро. и еве го утрото, позадина, непријатна позадина од вчерашното самосожалување, главата тешка од солзи, во умот ми се врти одлуката да се откажам. некој веќе знае за тоа, од другите сакам да го скријам тоа. се плашам да слушнам дека ќе ме осудат, излив на параноичен страв, самосожалување, бегство од околностите. но јас викнав во одговор - ако останам да живеам во затвор, тоа е бегство, никогаш ништо не сум променил во мојот живот, тоа може да потрае ден или два, и повторно се ќе биде тмурно, тивко, aaaaaaaaaa... како тоа јас да не сакам, каква смрдеа, повторно одам на работа, да се насмевнам со сила, а во тој момент сите да ги мразам. задоволството, тоа е труло месо, ми го пополнува целото тело, ги полни со својот сладок сок сите дупки. каков е тоа отров

 ...

се плашам да бегам, исплашен сум дека ништо нема да се промени, дека не можам да најдам сила да се борам паралелно против животот во новата средина. се плашам да останам, не можам да направам нешто што ќе остане, дека ќе се плашам од луѓето, нивните мислења, и секоја мисла за нешто да направам нема да прави активности кон стремежот за слобода, а поради механизмот на адаптација кон новите условии

 ...

од каде да земам искреност? срање, бев искрен само кога блеев, кога викав, карав, тогаш не се плашев да истресам се што беше во мене, само во паника и очај, сум искрен. се смирувам, и се оди како по шема, адаптација, прилагодување, стравовите повторно навалуваат, СЕКОЈ МОМЕНТ, заебано... тотално заебано

 ...

Седнувам, се измачувам себеси со овие мисли, бидејќи тие се искрени, не сакам да донесувам одлуки, бидејќи ќе дојде мирот, планот е, се е во ред, се што ќе испадне, има надеж, и повторно почнува да работи целиот систем, повторно одлуките и нивното спроведување – тоа не е искрено дејствување, тоа е дејствување со цел тој резултат да го закачам на табла со пофалби, за да доживеам труло задоволство

 ...

Не знам што да правам, како да се држам до овој очај, како да го задржам, така да нема повторно да ме заклучи во тој затвор

 ...

заебано, без разлика што да направам – се е гнило и се смрди, гнил мирис на слатко задоволство ".

 



<< back forward>>