« Maja »

Том 1: « Форс-минор »

Глава 23


Ашрамови ме дочекаа со голем железен штит со листа на забрани. Првото нешто, се разбира, е забрането љубење, а и воопшто било каква "физичка привлечност". Се прашувам како тоа противречи на духовната потрага? Тоа е чиста хипокризија, па дури и под број еден ја напишале.. можам да замислам каков вид на луѓе живеат тука, ако тие се подготвени да го прифатат фактот дека дури и бакнежот тука е исто дело, како дрогата и алкохолот. После десет е забранет влез – ми замириса на советско време, на пионерско кампување... патем, и никој нема - се чини како никој тука да не живее, а и зградата на ашрам повеќе личи како касарна, отколку на место каде што би сакал да практикуваш. По ѓаволите со проучувањето на ашрамови! Ајде да одам на интернет, да го проверам е-маилот, изгледа дека е добра врската.

... Се е нешто без врска. Апсолутно погрешно. Се зголемува непријатноста затоа што не знаеш што следно да правиш, за малку што не ме распарчи – внатре во мене нешто се загноило и сега не можам да го запрам, не можам дури и на столица да седам. Да останам тука уште? Зошто? Да појдам? Каде...? Писмо од Дени! Пет минути на заборав.

 

"Здраво, девојче мое:) Конечно стигнав во Непал – се претпостави дека е далеку. Сега сум во Покхара - Хималаите се право над мене, над мојата глава, околу се снежните врвови, а веднаш тука - тивка есен на брегот на езерото. Сезоната на мусоните не е завршена - оваа година малку повеќе се продолжи, така што скоро секој ден паѓа дожд, понекогаш јак, во планините беснеат диви потоци на вода, и во таквите денови, јас не одам во планините, чекам да дојде сонце, а потоа еден ден или два, сите патишта се суви, сонцето е силно, па ќе појдам. Затоа уште неколку дена ќе бидам тука, каде што секогаш има интернет пристап, а потоа на еден месец ќе се изолирам од овој свет.

Сакам да го споделам со вас своето достигнување во отстранувањето на негативните емоции. Пред два дена бев проклето исцрпен од долгите патувања, и кога стигнав до хотелот, веќе беше доцна навечер. Уште некое време автоматски ги правев неопходните чекори – пополнував пријавница на рецепција, се распакував, се истуширав, а потоа се чине дека одеднаш се се стиши и дури се уплашив - колку празен и бесмислен мио се чинеше животот во тој момент.

Дождот паѓаше, беше многу тивко, па се сетив дека како дете често се будев во текот на ноќта и не сакав да заспијам. Тоа беше многу вознемирувачка состојба – сите спијат како да цел ден орале, а јас бев принуден да лежам во темницата и да се чувствувам бескрајно осамен. Особено тоа се случуваше во интернатот. Кога имав 5 години, моите родители ме дадоа во интернат, бидејќи тие не можеа секој ден да ме носат во детската градинка. Живеев таму по цела недела, но се враќав дома за време на викенд. Се сеќавам многу добро, како гледав во темнината, па потоа можев се да разликувам во темнината. Така можев да лежам со часови во таа одвратна состојба, сонувајќи само за тоа што наскоро да дојде тоа утро.

Завчера се почувствував речиси како во детството – бев многу тажен и ми беше жал за себе... Сакав до мене да биде некој, некој со кој би можеле да се грижиме еден за друг, и во овие проблеми, би можел да ја игнорирам таа страшна празнина, која ме напаѓа, кога се се стишува и кога останувам сам.

И одеднаш се појави во мене бес. Прав бес! Тоа не беше ниту гнев, ниту омраза, ниту пак воопшто нешто негативно. Од мене како да отпадна се човечко... или обратно - само што овој пат станав човек? Станав цврста карпа, што не ја допираше ништо - никакви емоции, ниту мисли, ниту суетни желби. Одеднаш, повторно самосожалување, па на момент се двоумев - како ова можеше да се случи, ТАКВИ работи да доживувам... ми се чинеше дека брзо умирам во тој момент – бесот се раствори во воздухот како дим и повторно се враќам во секојдневница. Сè во мене се побуни против оваа смрт, и во едно замавнување, во кое се вложив целиот себе си, ја убил жалоста. Јас дури и мислев дека е експлозија... бев напнат и го чекав следниот напад, цврсто определен дека нема да и дозволам да се појави повеќе од половина секунда. Блесок на акутна жалост - веднаш и ја отсекувам главата со еден удар. Повторно, чекам со стегнати заби. И така уште неколку блесоци... и одеднаш, Маја, одеднаш се случи чудо - како низ облачно небо, облаците исчезнаа и преку синото небо се појави светлина, која брзо успеа да ги растури облаците и остатоците од било каква напнатост и се воспостави такво блаженство, таква тишина која ме натера и да сакам да се смеам во исто време и да се смирам. Гледав наоколу, барајќи барем сенка на жалоста или други огорчености, но секаде беше сосема мирно и суптилно сјајно, лежерно задоволство! И тогаш сфатив дека тоа и е тивка радост - штом се сетив на тоа име, сето одеднаш си дојде на свое место, не останаа никакви сомневања во тоа, дека ова е точно она што го зборуваше Лобсанг.

Овој настан ја смени сета моја визија, во практиката на правиот пат. До тој момент кај мене цело време се вклучуваше скептик, кој кажуваше дека никогаш ништо нема да успеам, дека отстранувањето на негативните емоции може да биде невозможно. Јас вложував премногу малку напор да ги проверам сите овие сомнежи, дали да почнам да барам некој друг пат, или да се предадам на таа практика.

Сега немам сомнеж дека отстранувањето на негативните емоции е РЕАЛНО. И сега знам дека МОЖАМ тоа да го правам. Ова бара многу повеќе напор отколку што сум користел, за да ја извршам во било која област од животот, ама јас ја имам таа моќ. Како пријатно е да сфатам дека во мене е оваа моќ, и дека ослободувањето од негативните емоции зависи од моите желби! Маја, направив многу важно откритие - сето тоа зависи од силата на желбата. Таа вечер, страсно сакав да престанам да доживувам жалост кон себе, бев подготвен да умрам, но не и да се откажам. И успеав.

Не знам од каде да се земе таквиот стремеж, кој би овозможил да се отстранат сите негативни емоции, но сега знам дека тоа е мој пат и не можам да замислам што треба да се случи, за да заборавам на тоа искусство, за повторно да почнам да се сомневам.

Интересно е да се знае дека сега размислувам за отстранување на негативните емоции, како на патот кој води кон слободата, кон просветување? Дали уште се сомневаш дека ова е реално?

Сакам да знаеш - не е важно што кој пат ке го одбереш, тоа е ирелевантно за онаа светкава нежност, што ја чувствувам кон тебе. Ѓаволски е убаво кога те замислувам дека те гушкам, кога гледам во твоите очи - нежност и страст, дека твојот живот е полн со пребарувања и резултати, и не е важно дали - со мене или без мене.

Јас многу јасно се сеќавам на сите твои вкусови и мириси, сите линии на твоето тело... Многу ме возбудува кога ќе се сетам кога ти ги симнував чорапите, и ги бакнував твоите нозе и тоа беше толку лудо... твоите чорапи мирисаа толку возбудливо... и... и гаќите, а како мирисаа твоите нозе... во потпетиците – еден е мирисот во потпетиците, а друг кај прстите - од друга страна, и твоите "дланки" - третите прсти одозгора исто мирисаа на свој начин, коленото, под коленото, градите, задникот, пичката, грбот, стомакот, тилот, косата... сето мириса на свој начин – сето тоа има деликатен мирис, и се спојува со нежност, тоа дава така живи чувства...

А вкусот... не можеш ниту да замислиш - колку тоа возбудува, кога те лижам цела, почнувајќи од прстите на нозете, па до образите - со сите тие исклучителни вкусови и тоа е вкус на секс.

Моја мала палавка, не знам дали ќе се сретнеме некогаш повторно, но знам дека секогаш ќе бидеш моето омилено девојче, без разлика на се.

Дени "

 

Со зуењето од возбуда, прстите паднаа на тастатурата како пороен дожд.

 

"Дени, подробно ќе ти одговорам подоцна, треба да се фокусирам и помислам... А во меѓувреме, сакам да го притиснам твојот кур преку панталоните и да почувствувам како отекува во мојата рака. Јас ќе гледам во твоите очи и ќе чувствувам со тебе, а потоа ќе се префрлам на него и ќе го галам по главичката со прстите, ќе ги држам јајцата во дланката, малку дркајќи го твојот топол и малку влажен кур... толку многу те посакувам во моментов... токму тука ќе започнев да мастурбирам, ако немаше никој. Сакам да те бакнувам долго време, со чувство дека ме посакуваш, трепериш од возбуда. Ми се допаѓа толку многу невиното ласкање, лебди, кога се внатре гори од желба. Колку се сеќавам, како ти лежеше врз мене, ме милуваше со својот кур, од кој едвај се задржував, за да не свршам, и сè започнуваше да пулсира, дури и во крајот на прстите. Дени, јас навистина сакам да се видам со тебе - Сакам да разговарам со тебе, да прошетам, да лежам на тревата, гледајќи во постоечките облаците, да се бакнувам, да имам секс. И толку силно, што не постои никакво разочарување, ако мислам дека сето ова не може да биде. Бидејќи во моментов кога мислам на тебе, кога си ја замислувам нашата средба, јас ја преживувам доволно, јас сега живеам!

Сакам да зборувам за многу нешта, и за односот кон практиката на прав пат, исто така. Ова писмо ќе те чека кога ќе се вратиш од планината во долината. Но, едно нешто можам да ти кажам со сигурност - Во овој момент мислата за отстранување на негативните емоции предизвикува кај мене силен одзив, јас ги правам првите обиди во оваа практика. Сега тоа не ми изгледа апсурдно, иако продолжувам да барам други патишта во тоа учење.

Мислам и чувствувам дека ќе се сретнеме повторно... Можеби ќе одиме заедно во Дарамсала до Лобсанг, јас навистина би го сакала тоа, но засега чувствувам дека не е право време, засега немам желба се да фрлам и да појдам таму. Твојата девојка. "

 

Уште неколку писма - од родителите дури три писма (значајно е името на едно од нив - "Опамети се!"), од Јана, па од уште една пријателка... засмрде на стара мувла... можеби ќе го прочитам сето тоа подоцна.

И зошто не можам едноставно да ги избришам? – таа мисла ми одѕвонуваше додека одев по темниот пат низ џунглата од Сварг Ашрам во Лакшман Џула - зошто? Зошто?

Да, зошто ми е толку тешко да го исфрлам своето минато од мене. Си помислив, кога појдов тука, дека е се завршено, јас се чувствував како херој. Но, не, во тој момент не можев да замислам колку е тешко да се спротивставиш на притисокот на стариот начин на живот, кој не сака да си оди и се бори со тебе, за да те поседува. Родителите, кои ги мразев целиот мој живот, одеднаш ми изгледаа бедни, изнемоштени и лесноранливи - Што по ѓаволите? Еве и сега не го прочитав нивното писмото, не сакав да се трујам, затоа што знаев дека во него има уште една порција гној, но сè уште чувствувам жал за нив, јас се чувствувам како еден вид на наказа, која се бори за своите "неправилни" права. И секакви видови на мисли се во мојата глава, како - "можеме најверојатно човечки, без да предизвикаме страдање кај другите луѓе... тие всушност не сакаат да ти наштетат, тие и самите страдаат, зошто да ги повредувам толку многу...." не сакам, не сакам веќе да размислувам за тоа. Сите овие мисли се некако скапани, во што е нивната скапаност – засега не знам, но колку повеќе мислам дека би можело да биде различно, човечно, се полошосе чувствувам, како да копам во рана и не можам да запрам. Доволно е, да ги тргнам настрана родителите... Ѕвездите се светли, толку блиску... Немам таква среќа, повторно се појавија тие страдни лица, и со нив, жалоста кон нив, која се размачкувашекако каша од гриз над сите спомени. Што е всушност напор? Целото тело ми се напрегна како камен, дишењето ми е со прекини, со нагли издишувања се обидувам да ги исфрлам негативните емоции - поинаку, не гледам како да направам напори. Нешто се чини дека се менува, се пробива магла од непробојната темнина, но ослободување од жалоста нема.

Збунетите и болни соништа ме завртеа во опсесивниот вител – жалоста кон родителите ја достигна кулминацијата, кога мајка ми падна цимолејќи на моите нозе, молејќи ме да и пишам барем повремено.

Ме дочека загрижено утро, и покрај светлото сонце, се чинеше дека надвор е облачно. Не појадувајќи, го зедов нотесот, се извлеков од влажната и темна соба (кој идиот ги измислил овие прозорци со дебели цврсти мрежи?)

Проаѓајќи покрај рецепцијата, се сетив дека денес треба да се сретнам со главниот пандит, па ќе ми треба преведувач, човек кој добро зборува англиски јазик. Ми ветија дека ќе ми најдат таква личност, па појдов на плажа, несвесна за ништо освен за густата депресивна состојба, со која бев премногу запознаена - понекогаш траеше континуирано во текот на долгите зимски месеци. Еве и сега ненамерно се подеси фактот дека тоа ќе биде долго и болно, и дека наскоро треба да најдам дупка во која би можела да се скријам, кога ќе ми биде токму најлошо.

Јас речиси веќе се спуштив до реката, кога еден поминувач, млад индус на скутер ги допре во поминување со својата рака моите гради. Со смеа, тие продолжија понатаму, а јас бев изненадена од оваа ароганција што за некое време стоев на патот, не ми е јасно зошто размислував како да им се одмаздам за тоа. Па тоа е најреално силување! По ѓаволите, сепак е многу непријтно...

На сребрениот песок во близина на големиот камен, седеа група на индуси и отворено зјапаа на возбудените европјанки, кои со пискање влегуваа во ладната вода. Тоа предизвика кај мене непријателство, што дури и одлучив да не се соблекувам покрај тие мајмуни. Се чини, дека добив постојано труење од одредено морбидно внимание од локалните "мажи". Сите тие нешто сакаат од мене - да зборуваат, да ме фаќаат, да се фотографираат... Нивните погледи се болни, тие немаат ништо што би личело на здрава сексуалност. Кога тие ме гледаат, тие личат на лути и кукавички животни - тие ме посакуваат, но разбираат дека тоа никогаш нема да се случи, па тоа ги збеснува, но тоа не се осмелуваат да го покажат. Сепак, тешките, мрачни погледи се повеќе елоквентни од било кои пројавувања.

Седнав под сенка и го извадив нотесот. Не сакав ништо. Не можев ниту да се натерам да помислам на тоа, дека сега едноставно одвратно се чувствувам и дека можам да се обидам да некако ја променам таа состојба. Како да се пробивам низ живо мочуриште, поминав со погледот по моите записи, кои ги направив последните неколку дена, во надеж дека тоа ќе промени нешто, дека ќе можам да се фатам за некоја мисла и да излезам од својата пештера. Но, не - дефинитивно не сакав ништо да читам или да запишувам.

Го ставив нотесот назад во ранецот, погледнав наоколу. Недалеку седеше друштво од три лица - двајца европејци и садху, и товко зборуваа за нешто... Да, тоа е интересно - садху многу ретко зборуваат англиски. Ме интересира за што разговараат? Ми беше срам да им се доближам и да се вклучам во разговорот.... А, што ако ова е тоа што јас го барам? Впрочем, не знам каде и кога животот може да ми покаже ново лице. Можеби токму сега, кога се чувствувам непријатно, и е тој момент на избор, кој е толку лесен да го пропуштам, поради своите комплекси? Со уверено одење појдов кон друштвото, возбудата и непријатноста се влечат некаде позади.

- Посветив внимание дека ти зборуваш англиски, штом зборуваш со странците... Не е можно често да се сретнат садху, кои зборуваат англиски јазик:)

- Д-Да, пријателу мој! Зборувам на англиски јазик – радосно кажа садху, смеејќи се и протегајќи го «yes», исто како што прават и цртаните ликови. - Седни! – ми покажа кон песокот.

Не ми се допаѓаат неговите очи – некако ми се празни. Еве сега да ја симнам портокаловата облека, ќе биде најобичен индус. За што тој зборува со овие момци?

- Дали се занимаваш со некоја практика со нив?

- Практика? – судејќи по се, прв пат во животот толку многу се изненадил - практика? На што мислиш?

- Мислам на јога или друга духовна практика.

- Ах, ОК, да, јасно ми е... практика! О, да, се разбира, практика... Имам проблеми со англискиот јазик.

- А како вие разговарате? – ги прашав странците.

- Многу лесно. Тој кажува, колку чини неговиот хашиш, а ние му кажуваме, колку сме подготвени да платиме за тоа :))))

- Па, значи тој продава хашиш?

- А што сте толку изненадени? Добредојдовте во Индија:)

Скокнав како да ме касна оса, и не обрнувајќи внимание на садху и неговите клиенти, се искачив по стазата до патот.

Тоа е затоа што - повторно удрив по нешто верно на фактот дека е нешто право. Но, сепак постои во овој чин е нешто радосно – ја отфрлив непријатноста и отидов да разговарам. Ова е реален тренинг – личи на пумпање на мускулите. Ако некогаш го надминам стравот, во некои ситуации, тогаш кога следниот пат ќе се најдам во слични околности, стравот ќе биде многу помал. И изненадувачки, не е важно колку силен е стравот - следниот пат тој ќе биде уште помал. Во ова успеав да се уверам, кога дојдов во судир со разни "духовни учители" во Москва.

Дали е апсолутно неопходно да се вратам во собата? Но, таму барем можев да лежам под вентилаторот, и никој нема да те замара. Како е Индија сепак бучна земја! Тие постојано врескаат, слушаат музика, свират. Дури и тука, во малиот Ришикеш, јас веќе се уморив од тоа, а што се случува во Делхи! Во првите неколку часа не бев во можност да разберам што се случува - таму генерално нема тишина, никаде во било кое време од денот. Бесен шум на вентилаторот, неверојатно викање на продавачите (нормален глас едноставно се губи во лавината од звуци во Индија), мотори без ауспуси, постојано свирење, носни песнопенија од звучниците на храмовите... Но што да се каже - дури и разговараат едни со други на начин на кој половина од улицата се тресе.

Готово е утре ќе купам билети за Дарамсала. Планини, тибетски манастири... стаклената врата на туристичката агенција блесна на сонцето. Нема билети за утре? Па, за кој ден има? По ѓаволите, уште три дена ќе морам да дремам овде! Од немоќ за да се промени нешто беше повредена до солзи. Во собата паднав на креветот и го забив носот во сивиот чаршав, и тоа конечно ме дотепа - бев прав мртовец.

Во пет часот преведувачот, како што им доликува на индусите, не дојде. Петнаесет минути подоцна, јас нервозно излегов на улица, тражејќи не знам кого. Сфатив дека тоа е бескорисна психопатска реакција, се вратив на стариот тросед во хотелот и не забележав како почнав да ја копам неговата дрвена рачка, и да лупам по неа со прстите. Гризејќи ги усните, зјапав во кружниот позлатен часовник кој висеше над главата на портирот во пробушениот џемпер, кој неколку часа претходно, вети дека ќе донесе преведувач, а сега дремеше со јасна намера да заспие на рецепцијата.

- Здраво, веќе помина 20 минути, не можам да доцнам, имам состанок во Сварг Ашрам...

Се здрма.

- Ха? Да, се разбира, сега тој ќе дојде.

- Во колку часот се договоривте со него да дојде?

- Во пет.

- Па, уште колку морам да го чекам?

- О... Па.... Па... Да, седете, одморете, седете, седете.

- Се уморив од седење, можам и вака да чекам.

Јас често забележувам дека Индијците се многу загрижени, кога стоиш таму каде што треба да седиш - особено во туристичките агенции. Индијците се патолошки мрзлива нација, и се чини дека тие дури и не можат да замислат дека човек може да се умори на седење, дека можеби ќе посакаш да вежбаш, вклучувајќи на пример – да не седнеш каде автоматски се седи, туку да стоиш. Јас го забележав тоа уште во Москва во подземната железница. Дури и да не сум уморна, те влечат како магнет да седнеш на слободното место и ако се спротивставиш на ова и стоиш, тогаш се појавува такво незадоволство (и замор) да поубаво да се откажам и да седнам. Неодамна, кога ќе се најдев во метрото, ми се допадна тоа да се справувам со оваа сенилна навика, наметната од грижата на родителите, и на крајот цврсто се залепи за мене.

- Веќе помина 05:30! – на возбуденоста и немаше крај. – Каде е преведувачот?

- Сега, сега ќе...

- Не, благодарам, не ми треба. Не можам повеќе да чекам. Готово е, си одам.

- Извинете, јас не сум крив, јас само се догово...- вратата се тресна, а јас бев веќе надвор.

Не беше толку топло, и не беше толку бучно, како преку ден. Зедов рикша и за 10 минути бев на местото.

Музика можеше да се слушне од далеку - можеби денес беше уште еден верски празник. Од сцената на Ашрам, скали покриени со зелен тепих кои водат до реката Ганг, и за да стапнеш на нив, мораш да ги соблечеш чевлите, кои се ставаат во кутија и ти даваат специјални бројчиња. Да, многу е голем тој Ашрам - дури и бројчиња делат... недалеку од брегот во плитка вода стоеше скулптура на Шива со глупав израз на лице - не секогаш успеваа да нацртаат неутрално лице на своите божества, тие понекогаш можат да добијат искрена ретардација, но тоа не ги спречува нив, да им се поклонуваат.

Наоколу беа раздвижени идните пандити - носат купови цвеќиња, тапани, брилијантни плочи, темјан и други глупости, кои се придружена опрема на сите локални празници. На дното, покрај водата, има мал камен оган - свето место, во кое се врши пуџа. Во оганот фрлаат овошје, цвеќе, ориз, и сето тоа што се смета за жртва на бога - низ чадот од огнот, тој добива подароци од верниците.

Луѓето постепено се собираа, седнуваа на скалите и, очигледно очекуваа развивање на настаните.

- Дали знаете што ќе има тука денес?

- Како и обично - пуџа.

- Па ова не е празник?

- Не, не. Тоа се случува тука секој ден. Тоа е многу убаво:)

Па, добро секој има свој поим за убавина, - мисли за убавина. Колку подолго сум во Индија, толку повеќе ме погодуваат инфантилното уживање, во кои тонат многу странци, кога стигнуваат на било кои локални верски активности. Судејќи според нивните лица, ништо возвишено во овие моменти не преживуваат, исто така тие би можеле да се возат и на рингишпил. Постои и друг тип на туристи – овие дури и не доживуваат таква радост, но затоа многу насилно го изразуваат своето восхитување со зборови. Ружна слика - гледаш пред себе човек на кој му е досадно и тмурно, но тој постојано се смее и дофрлува запаметени фрази, кои веројатно ги кажува насекаде, каде и да е - "О, тоа е прекрасно!". Или - "Морате да го видите тоа!". Или - "Ах, ништо слично не сум видел, дури ни во сон!"

Но каде е главниот пандит? Јас веќе претчувствував дека под такви околности нема да имам прилика да разговарам со него, покрај тоа, не можев ниту да најдам преведувач. Сепак, имав намера да одам кај него и повторно да му ги поставам прашањата за негативните емоции, за практика со која тој наводно се ослободил од нив, за оние состојби кои тој сега ги доживува. А ако тој повторно одбива да разговара со мене, дали да барам да ме прими посебно... Но зошто ми е потребно тоа? Впрочем, се ми е јасно и така ми е очигледно јасно дека тој е обичен лажго. Тој не може да ми ја продаде својата духовност, како што прават другите "просветени" во Ришикеш, но затоа може да биде во центарот на внимание. А и не остава впечаток на сиромашен, јаден човек...

Во толпата од луѓе имаше и неколку руси, со кои успеав вчера да поразговарам. Нивните чела беа намачкани со ориз и цветни ливчиња - Тоа се прави во храмовите во текот на службата: на видливо место седи важен инду свештеник, пред него стои голема плоча со ориз, цвеќиња, прав (во зависност од храмот), и голема плоча за пари; Сите посетители стојат во редица и му пристапуваат, ставајќи ги нивните чела и фрлајќи парички. На фактот дека Индијците на челото често им виси некоја храна, веќе се навикнав, но да видам русин сељак, намачкан со ориз, изгледаше крајно смешно.

Се стемнуваше, Шива почнува да се осветлува со ламби, ветрот станува постуден, музиката е малку погласна, се палат маслените ламби. Речиси целиот дел од водата, наменет за пуџа, е полн со портокалови млади деца, а сите скали - дотерани индуси и туристи, а него никаде го нема. Идните пандити се однесуваат како ученици на одмор – се влечат едни со други за ракавите, се туркаат, гласно се смеат, а лицата им се толку празни, како и на повеќето нормални тинејџери.

Толпата полека се разделуваше и главниот пандит со нежен, но сигурен чекор појде накај центарот. Тој сјае како Шива, и се смешка како Шварценегер на доделувањето на Оскари. Тој е господар на тој бал, тој со гордост клима со главата на сите страни. Неколку пати дури и застана и ја пружи раката некому, изразувајќи почит. Што е интересно - степенот на неговото внимание се менуваше, односно, изгледот и достапноста со оние со кои дојде во контакт.

Јас ги тргнав луѓето кои стоеја пред мене и појдов кон него, но веднаш ме фатија за лактот и ме задржаа од позади.

- Не може да се оди таму! Зар не знаете дека жените не можат да го допрат него, дури и случајно?

- Да? Па, добро. Воопшто никогаш?

- Воопшто никогаш.

- Леле... јас всушност не сакам никого да допрам, така да пуштете ме - ја ослободив својата рака, оставајќи го натрапникот во дилема.

- Здраво, дали се сеќаваш на мене, вчера ние се договоривме за состанок?

Раскошна насмевка, мирис на темјан и масла - поминува многу блиску до мене, и секако не запира. Зад него мрзеливо се влече цела свита, а полицаецот ја турка целата толпа, вклучувајќи ме и мене, на пристојно растојание. Бев обземена од бес што сосема заборавив за сите практики, сакав да скокнам како дива мачка на тој самодоволен лажго, до кого сега не можам никако да стигнам, освен да почнам да го пцујам, но да создавам такви конфликти со мене...

Моќен удар со главата на земја...

... Каде е болката? Или сум веќе мртва? Не ми е јасно, ништо не разбирам... Некој ме застрела! Болка воопшто немаше, но не можев да паднам туку така - како да сум била отфрлена од експлозијата и паднав на грбот... се обидувам да се помрднам... Што е тоа? Што е тоа? По ѓаволите, стојам, стојам во толпата, од сите страни ме стискаат луѓе - како сообраќаен метеж во метрото. Не можев да паднам во оваа толпа, што беше тоа? О не, што тоа беше, и што воопшто се случува...

Продорен звук кој личи на многу гласна закопчување на патентот, ја крена мојата глава и бев како парализирана. Ме гледаше човек, а јас го видов неговото лице низ тунел, а се друго отиде во матна магла. Не можев да видам дали стои далеку или блиску. Неговиот поглед ме плаши - така веројатно гледа тигар, ако се сретнеш со него на негова територија. Но нешто во мене знаеше дека тој нема да нападне, туку само да ме студира.... Дишењето ми беше испрекинато... или јас сето тоа време не сум дишела? Сериозно се исплашив, почнав со усните да фаќам воздух, тигровите очи веќе не ги гледам така читко... во моите уши ѕвонеше, ми беше мачно, нозете ми се тресеа, ми се вкочанија прстите, пред очите мрак, сега најверојатно ќе паднам, уште по прав пат... се држам за луѓето, кои стоеја веднаш до мене и нечии раце во полуонесвестена состојба ме изнесуваат од толпата.

Се чувствувам како дете во рацете на голем добар џин – ми се чини дека тој може да ме носи засекогаш, за него тоа не е тешко... Ама не, чувствувам студен мермер од клупата.

- Јас не мислев дека си толку слаба.

Слушав низок и многу прекрасен глас. Не, јас дефинитивно не го познавам, но како ми се допаѓа! Во еден момент бев исполнета со доверба кон овој човек, а уште немав ниту време да го видам.

- Веројатно, често свршуваш?

-?

Тој слатко се насмеа.

- Што си ма како стара мома! Зошто можам да те прашам, колку често одиш низ шума, а не можам да те прашам колку често свршуваш?

- Бидејќи тоа е моја лична работа - почнав да го чувствувам моето тело, проверувам дали сум недопрена и се е на свое место - парите и документите. Довербата кон странец веќе ја нема. Морам итно да повикам полиција!

- Веќе е касно, сите полицајци веќе одамна одмараат. Ова не е Америка:)

- Дали ти ги читаш моите мисли?

Бев толку навредена од неговиот упад во мојот сексуален живот, што не ме изненади што тој, всушност, може да знае што точно јас мислам. Го доживеав тоа како уште еден напад за кој сигурно мораше да одговори.

- Одам во полиција! Пуштете ме!

- Во твојата способност не се сомневам, но штотуку ми се довери, и цело време додека те носев, се чувствуваше апсолутно безбедна. Како што можеш да видиш, твоето тело не се согласува со твојата глава.

На површината на моето битие се занишаа повеќе бранови, но длабоко во себе почувствував необичен мир, кој личеше на длабоко небо во ноќ без месечина.

- Што сакаш? – поставувам такви прашања, за да можам да сфатам дали имам основа да бидам така мирна.

- Те видов вчера, кога му го попречи патот на пандитот. Никогаш не сум видел луѓето да се однесуваат на тој начин.

- Така очигледно?

- Не, навистина. И тогаш сакав да знам што те мотивира. Можеш ли да ми одговориш на ова прашање?

- Сакам да ја знам вистината. Читав многу и слушнав за тоа, дека Индија е земја на мудри и просветени, што сега не можам да ја престанам оваа потрага и да ги затворам очите на лаги и лицемерија на кандидатите за учители.

- Сакаш да кажеш дека денес дојде на состанокот, бидејќи се уште не ти беше јасно кое е тој човек?

- Не, не е така. Денес сакав да го прашам неколку прашања, кои тој не ми ги одговори вчера.

- Но, зошто?

Се појави незадоволство, не сакав да размислувам за неговите прашања, што по ѓаволите ме замара?

- Зошто си заинтересиран?

- А ти не се заинтересирана за твојот живот?

- Не, но никако не можам да разберам, што ти се интересираш за мојот живот?

- Одговори ми на многу едноставно прашање - тебе не ти е гајле кој раководи со тебе во твоите активности? Ако не, тогаш јас веднаш ќе кажам збогум и повеќе нема да те замарам со своите прашања.

Таков потег се разбира дека не очекував од него, овој ѓавол успеа да ме интригира. Јас се замислив на неговите прашања за мотивацијата на своите активности и се зачудив кога сфатив дека тоа навистина не беше ништо навредливо. Не разбирам зошто реагирав толку лошо... не многу доброволно ја повлекував мојата гордост, и со помек тон одговорив.

- Се прашуваш што раководи со мене во моите постапки.

- Одлично. Значи можеме да се вратиме на прашањето, што по ѓаволите ти денес доаѓаше тука.

-? Не, јас не знам кој ти дал право така да зборуваш со мене...

- А ти сакаш да бидам љубезен со тебе? Ако си заинтересирана пред се за учтивост, тогаш сепак да си одам... - тој стана и се спреми да ме напушти.

Го фатив за ракавот.

- Па, добро... ниту самата не знам што ми е. И јас се гадам од многу љубезност, но твоите зборови некако ме фрлаат во една сосема несоодветна состојба, иако како тоа го кажуваш, јас не чувствувам никаква агресија, па дури и суровост, но сеедно - ако слушнам груб збор, тогаш реагирам на тоа како грубост, без разлика на се.

- Веројатно, немаш такво искуство, кога...

-... кога лошите зборови се изговараат нежно и се дел од изразување на симпатија, како еден вид на игра?

- Да.

- Еве, што е чудно, такво искуство имам, а понекогаш и јас сакам да користам "сурови" зборови во најнежните сексуални игри. Можеби не е во тоа работата - кои зборови се во прашање, самата игра е важна, а користењето на суровите зборови во контекст на страст и нежност им даваат ново значење, спротивно значење. Значи дека сето тоа го разбирам... но повторно механизмот работи против мојата волја.

Се почувствував целосно беспомошна по ова признание. Како да ме принуди да се соблечам на улица, па сега секој можеше да се смее на мене.

- Ова е уште една причина дека имаш концепт за тоа, дека со странци не можеш да зборуваш за лични, приватни работи. И затоа што твоите високи морали ги навредив со прашањето за оргазмите. Ти сигурно си мислиш дека со познато лице можеш да зборуваш на многу теми, вклучително и за сексот, а со блиска личност можеш да зборуваш за било што. Но, како дефинираш, која личност ја знаеш подобро и која личност за тебе е блиска?

- Ако го познавам човекот подолго време...

- Стоп! Подолго време – колку е тоа?

- Па, па... Па... во – по ѓаволите, колку е тоа стварно?

- Убаво да се види некој кој никогаш не размислувал за овие едноставни прашања:)

Тој очигледно сакаше да ме изнервира, но овој пат ова воопшто не ме изнервира.

- Мислам да, еве како можам да утврдам - дали еден човек ми е близок или не. Ако тој некако се манифестирал себеси на некој начин во тешка ситуација, тогаш можам да кажам дека добро го познавам.

- Да? А ако тој тоа го направил само за да се покаже пред другите? А што ако го сторил тоа мотивиран од комплексен сет на своите стравови, грижи и концепти? Или, пак, за тебе, ништо не значи мотивацијата? Или ти да ти биде "поедноставно" не сакаш да размислуваш за тоа? За мене, на пример, напротив - не е од огромно значење што човекот направил, но неговата мотивација ми е важна, а ако некој ми помогнал затоа што сакал да испадне во моите очи, силен и дружељубив, сакал да се чувствува задоволен со самиот себе, тогаш мене нема да ми се допадне, но ако некој не ми помогнал, но при тоа делувал врз основа на чиста симпатија, тоа ќе ми се допадне.

- Па, тоа секако може да се почувствува...

- Токму така! Чувствува! А да би чувствувала нешто, човекот мора да направи нешто значајно? И сигурно мораш да го знаеш еден месец или година? Ова звучи многу чудно - да почнеш да го чувствуваш тогаш, кога некој ќе изврши дејствие што ќе има вредност во твоите очи, кое се зема како "чувство" дека оваа личност е добра или лоша.

- И, навистина, чудно...

- Но, мислам дека дури и тука се лажеш самиот себеси, и на познати мислиш на некои што ги знаеш едноставно многу одамна - една година, неколку години. Најчесто тоа е едноставно механички збир на околности со кои ќе контактираш некое подолго време – учиш заедно со нив, или одите заедно на работа, или сте соседи... И на оваа личност можеш да и зборуваш за твојот живот само затоа што кога ќе го видиш, механизмот во тебе се активира, него го знам подолго време, тој ми е добар пријател." Но, во реалноста ти веројатно не знаеш ништо за овој човек, зарем не? Знаете само дека е роден механички во твојата глава, како одговор на неговите активности. Ти не гледаш со што тој се раководи, или што тој доживува кога прави нешто, имаш само свои глупави мисли, кои ти кажуваат - "ако тој прави така, тоа значи дека е таков-и-таков... "

- Зошто се случува ова?

- Каква врска има зошто се случува ова. Тоа дури и не е важно. Поважно е следново - што со тоа да се прави, како тоа да се промени... Ајде да прошетаме.

Тој ја зеде мојата рака, и со еластичен бран на топлина, ме лизна од внатре. Јас ја стиснав неговата топла и сува рака како огреана од сонцето, и смело зачекорив напред, неколку пати длабоко земајќи здив во моите гради.

 



<< back forward>>